Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    До каде стигнаа македонскиве телевизии, да не ти се верува. Урнебесни комедии :lol:
    Прееска дремнав малце, и станувам и пуштам телевизор на канал 5. И има што да видам :rofl:
    Налетав на најновиот бисер - квизот за турски серии, Среќни коцки мислам се викаше. :D Абе тоа не се опишува, квиз над квизовите бе! Се мислев дали да се јавам, ама не сум сигурна, треба Ајнштајнова интелигенција да имаш за да учествуваш :!: Треба да играш меморија (за деца од 5 год.) за да ти се тргнат коцкичките и полека да ти се открие сликата и да погодиш за кој лик од турска серија се работи. Уау :clap: Секоја чест, која креативност, која генијалност треба да ја имаш за да измислиш вакво нешто бе :bow: После имаше 3 чаши, првата покриена а на другите две - слики од Сулејман и Полат. И треба да погодиш дали на првата има женски или машки лик. :geek: И оваа гледачкава вели женско, а тоа Саваш да ти бил, јаоооо :(
    И + сето тоа зачинето со високоинтелигентните коментари на ѕвездата Драган Вучиќ. Вришти од квалитет бе :rofl:
    Пукнав од смеење бе, трагикомедии. Ама јас, бидејќи, да не се фалам, ама сум позитивна и хумористична особа, секогаш избирам да се смеам на вакви глупости :rofl:
     
    На tweety26, sweet-star, Markusa2 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Дека се ми е премногу измешано.
    Затворам една работа, нова се отвора.Нема крај.
    Повторно искористена, и пак и пак и пак не ми иди умот. Ај можеби, можеби, можеби во иднина. Некогаш.

    Никогаш не е касно човек да започне да учи од сопствените грешки, но јас во низа ги повторувам.
    Ете, тие ме искористија ме отфрлија. И онаа цурата, курвата.
    Ама ќе им вратам , нели?
    Карма, се сложуваш со мене? Палец горе ако ме читаш. Потребна ми си. Дај ми да ти ја надополнам листата со луѓето кои ти фалат..

    Барав знак, нешто, чудо, да знам дека не ми е навика да сум со него, дека има и љубов. Благодарна сум што постојат празници како вчерашниот (што за мене не е, ако некој го сакаш нема потреба само еднаш годишно да докаживаш) што повторно ми се јави она чувство во мене, она мило, слатко што прави да го сакам заради она што е.

    И, за крај, што фајде има ако на некој му простиш, а не го заборавиш она што ти го има направено?
    Тој ќе се чувстува подобро?
    Епа не, тој ме повреди, јас не се чувствував добро, тој не направи ништо околу тоа, па нема јас зошто да му простувам за тој да се чувствува добро.

    НЕ!

    и тоа.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Секогаш се нервирам за луѓе кои тоа најмалку го заслужуваат..
     
    На prettyliar и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не, не стои на секој црвен кармин...уствари ретко на кого стои.
     
    На Elichka и prettyliar им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Постои тенка граница меѓу самодовербата и самобендисаноста.
     
    На Chica.Loca, bittersweet, sweet-cherry и 37 други им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    СДк мал чекор за човештвото,голем за мене- No more long hair for me. :D
    Е па на здравје нека ми е шишањево и новата фризура.
     
    На Yowannty и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Денес преубаво си поминав :) со другарчињата си игравме кошаркаа преубавооо беше. :rofl:
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Ми ја открија најстарата финта :tmi: :rofl:

    Нон стоп ми се приклучени слушалките на лаптопот, дури и кога немам потреба од нив.
    И по навика ако сакам на раат да си листам на фемина, фб или други сајтови а малиов иде у соба и нешто е со желба за муабет, јас оп одма слушалките на уши :D

    И он културен нели, не ме прекинува, да не ме вознемирава во слушањето.
    Гледа читкам нешто на сајтови што не ги разбира, али си вика оди ју туб у позадина и ќути чмае до мене.

    Арно ама денеска ме фатија, ццц шејм он ми :rofl:
     
    На bittersweet, Angy.g, Sanniii и 23 други им се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Да ви се пофалам, очите ми напредуваат, и за 6 месеци можно е да ми го намалат диоптерот. :party:
    Колку само се израдуваав. :D

    Него, бев у Пренди (у Штип) и си купив многу убав џемпер.
    Ама овие продавачкиве |( . Гардеробата беше полна, а ја сакав едно кардиганче да пробам и викам ај тука, врз маица. И ми доаѓа продавачката и вика „А нели сте знајале дека у гардероба се пробува“ |( . И незнам шо прават они таму, една си зборе на телефон, една од еден на друг крај трча и ја гушка другата :o

    И така, очите ми се добри :geek:
     
    На bittersweet, sweet-cherry, CoverGirl10 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Луѓето во минатото биле подруги, отколку денешниве. Повеќе се сакале,се дружеле, се почитувале, си помалаге... А, сега?!? Сега секој гледа да му наштети на друг,да го повреди,навреди или слично.
    Ако некој човек падне и му треба рака за да стане, никој нема да го примети. Едноставно само така ќе го поминат, како да е некое куче. Но што ќе добиеме ако се сакаме,почитуваме,помагаме или дружиме? Можеби не многу, но ќе станеме луѓе!!
     
    На tweety26, pamelche, Filiposka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Денешната честитка не оставај ја за утре зошто ќе ти се случи после еден месец да честиташ роденден :rock:

    И приемот на радио денес партал ми ги направи нервните ќелии!!! |(
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ќе се ѕверам во ѕвездите оваа вечер. Ќе можел астероидот што ќе помине покрај нас да се види и со добар двоглед. Ако ме види некој како стојам надвор со двоглед ќе ме окриви дека им ѕиркам, па немој да ми излезе да ме истепа :lol:
    Час околу девет и пол по времето на Гринич, астероидот ќе се движи како да ќе ја пресече рачката на тавата, а.к.а соѕвездието голема мечка. Значи не Умка, туку онаа другата. Ако имате можност да гледате, јас ќе ѕиркам накај комшиите, оти веројатно облачињата ќе ми расипат мене работа.
     
    На bittersweet, ilipili, martinuska и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ма колку и да се чувствувам лошо,колку и да ми е тешко,вечерва нема да дозволам другите да го забележат тоа.
    Ќе се дотерам,ќе се нашминкам,ќе ставам од црвениот кармин без кој не излегувам и кој ненормално добро ми стои,и со насмевка на лицето ќе излезам и ќе се забавувам колку душа ми сака, не размислувајќи на ништо,а најмалку на НЕГО.
    Всушност,треба да му се заблагодарам. Поради него сум ваква. Денешната караница ми помогна да сватам дека треба да си го живеам својот живот и да се ставам во преден план самата себе,а не него.
    Зошто јас да тагувам ако нему воопшто не му е гајле за мене? Мислам дека нема потреба. Ако сака нека ме бара. Но,нека не се изненади ако не може да ме препознае. Веќе никогаш повеќе нема да бидам истата јас.НИКОГАШ!
    А таа па гуската,бившата негова ме додала на фб од лажен профил по 100-ти пат. Аман девојко,проѕирна си веќе,не ме замарај.
    Како и да е,вечерва нема да дозволам небитни работи и луѓе да ми го уништат расположението :)

    Ве гушкам сите :*
     
    На Maroon5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.220
    Пол:
    Женски
    Ми крварат ушиве секогаш коа ќе го чујам она "епа таква сум ја".
    Бич плис.
    Сите ние сме некакви. И по дома можеме да бидеме како ќе ни перне на "долната". Ама надвор од дома ќе бидеш културна. Жено, ако мнозинството, односно сите освен тебе мислат дека тоа шо ти си "таква" не е правилно, ти е укажано милион пати на тоа, и ти пак продолжуваш да се бламираш себе си, ондак сериозно, нешто не е у реду со тебе.
    На секој шо ќе го сретнеш не се кажуваат детали од живот со цел -пажња, на сметка сожалување. Сожалување бре, алоо!! Не е ли мизерно?
    И кој е должен да се прилагодува на твоите желби, да ти испуњава каприци а ти да си ја прчиш, оти така си научена и тешко ти било да мењаш навики? А зошто...зошто ти си.. таква? Ма немој!!
    Нели животов е компромис, прилагодување, промени...тогаш кај си ти во сево ова?
    Ииии освен тоа таква сум ја, знаеш ли ти каква си навистина??
    ***

    Ја треснав вратата зад себе. Мислам дека толку ми олесна, како целиот товар од грбов да се разлета како обична ситна прашинка... ама не, тука е...и ќе си остане, зошто фино се има вгнездено, како бактерија во шоља..кога ќе си најде совршено место да се развива и живее. Апс и дауни имало и ќе има. Како поинаку би си ги ојачале крилјата? Со текот на времето товарот станува потежок, па така, мора да научиме да ја пиеме силата од се шо ни сервира секојдневието. Таков да ми ти бил животот...
     
    На bittersweet, MandyLane, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Постов на Yowannty ме потсети како тоа многу луѓе мислат дека нивната искреност е доблест. Тука лончињата се измешани, па искреноста се рамни со дрскоста да кажуваш се’ и сешто некому, ничим изазван.
    По мои мерила, некогаш е просто алапачирање и безобразлук. Али кој колку му фаќа црпката, кој колку го воспитале дома - тоа е веќе друга тема. Си бидуваме де, со сите можни и невозможни луѓе на светов.
    Варијанти се во прашање.

    Спојлеров се клати, гладот се врати, вечер ќе се Bei The Fishувам со сестра ми, Сај ми пратила слика во чајџилница пуна мачки и солзи ми надоаѓаат. Мириса на пролет.
    Точакот ќе го светнам и на наши стрни ќе си прелетнам.
    Ми треба старомоден чајник во животов.
    И ново седиште за точакот.
    Сфатив и дека доаѓаат моменти кога решавам што со себе понатаму. Ми се оди со него уџум, да си поживееме хипиевски, до моментот на родителство. Закрепостен селанин сум по дома некогаш. Имам плата, знам да се исперам и да си зготвам јадење, не знам што чекам? Ваљда првата прилика на Power couple договор. И ми се сака промена. Сакам за година дена, да сум на изложба во Нант и да пеам придружен вокал на џез багра во Хамбург.
    Чудесна година ќе биде оваа, Фиши во право е.
    Ја чувствувам уште сега.
    Маицата со Никола Тесла наиде на коментар - "A мори жено, не си ти за ова време".
    За невреме сум. Со молскавици и ветер.
    А и за еурокрем со него во кревет и две лажичиња.
    Идам да денсам, утре не знам како ќе станам во 7, ама што е тоа за мене!
    Само време.
    Уште една брчка од уметноста.
     
    На Chica.Loca, bittersweet, ana-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Деновиве премногу брзо се полнам со негативна енергија. Несакам веќе да слушам за проблемите на другите. Неможам повеќе да изигравам љубовен советник.
    Убаво рекле - не му ја затворај устата на некој што сака да ти ги отвори очите
    Но, џабе. Луѓето веруваат само во тоа што сакаат да го слушнат и го гледаат тоа само што сакаат да го видат. Секако нема ефект. Секако јас немам никаква корист.
    Од денес сум себична во крајност. :!:
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да видите како не се симнувам насмевка цел ден кога ќе положиш глупав и тежок испит. И кога ќе влезеш во еден секси фустан и на 50% попуст кога ќе го најдеш. И кога ќе направиш палачинки за цело село, па ќе ги гнетеме со цимерката. Ама од наредната недела да диета. Не, од утре. Уствари од задутре, на вечера одам утре.

    Ма не е битно. Среќата си ја крпам од мали делчиња и секогаш би зела пач-ворк прекривач пред оние секси свиленине на кои ти се лизга газот и кој држат ладно. Ако ти е топло во креветот топло ти е и во душата. Ако имаш со кого да го поделиш креветот имаш и со кој да го споделиш животот.

    Релаксиран петок со филм и нозе во вис. И толку.

    И за инает во грешна тема, специјален поздрав за Дузи која иако не признава си фати дечко на Валентиново. :inlove: :inlove: :D
     
    На bittersweet, ana-girl, L-enna и 7 други им се допаѓа ова.
  18. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Се околу мене тргна надолу.... се надевам рекава нема и мене да ме повлече... ;(

    Од ден на ден се повеќе проблеми кои само се трупаат и решение нема нигде....сите нешто да се караат, да се мразат, се нема пари, автоматски нема слога...преовладуваат нервози и страв ти е да не тие нервози прејдат во нешто поголемо...

    Се она што на времето презирав сега стана мое секојдневие

    Се молам само блиските да успеат да се изборат со ова никакво време и повторно да се воспостави мир.
    Јас се уште се чувствувам како пред мене да има ѕид и не може да ме пушти да учествувам, се надевам ѕидот ќе ги издржи овие проблеми...

    Се молам блиските да ми се здрави и живи и да престанат се да си лепат за срце.....такво е времево никакво за сите...треба само да почекаме да пројде...

    Се молам пријателите кои ги немам видено цела недела да продолжат да ја имаат таја иста безрезерва љубов и разбирање, бидејќи покрај мајка ми тие се вторите личности кои ме познаваат најдобро и кои ме сакаат безусловно...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ако може да отворите во Општи прашања да ми одговорите на она што прашав, ако знаете, многу ми е битно. :)
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Како што може да ти го стопли срцето дете , детска насмевка , детска глупост или некое нелогично прашање на кое најтрагично е што не знаеш да одговориш. А за детската логика па да не зборувам какви се бисери имам слушнато и после години се смеам сама со себе кога ќе се присетам . Овие мали човечиња имаа таква неверојатна моќ абе магија , хипноза . Од никаков ден колку и да си паднат психички и физички успеваат на некој свој прост единствен но свој начин да ми измамат насмевка на лицето . Идни мајка и вие што очекувате бебенце уживајте во тој дар , искористете го секој миг да бидете со нив . Направете многу слики и спомени ценете го дарот . А јас стрпливо ќе го чекам моментот кога ќе станам мајка ако даде Господ :) . Сеуште ми е рано многу рано за мојот иден план но ги обожавам овие мали човечиња и сакам да постојат во мојот Живот :). Кога ќе дојде време сега не е ... :D



    И за животните имам слично мислење поточно за кучињата.Да те налутат не можат , да те предадат ни тоа , лицемерни не умеат да бидат. Може само позитивна енергија да добиеш , никогаш нема да те повредат со збор да те навредат ... Бар си сигурен дека нема да ти забодат нож во грбот и дека никогаш нема да те напуштат , да те искористат и доброто да ти го заборават . Кучињата те секаат и повеќе од себе , а кога оди тоа во комбинација што да кажам двете суштества што ми се слабост ! :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, CoverGirl10, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.