Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ги имам двете најглупи професорки на цел свет :devil: и најдосадни се исто :!:
     
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Немој да ме зезаш. Нашава по Хемија бара некролог, и матичен извод на родените за Менделеев.
    Убичу се. :x
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Прекрасен ден феминки! Најпрекрасен! :lol:
    Си имаме ново бебенце во комшил'кот! Уште сега се радувам оти знам дека летото ќе си играм со него по дворот и брат му ќе трчка околу мене и ќе го лулкам под дрвото! :inlove:
    Обожавам бебенца! Најмили се ми, можам цело време да си играм со нив. Уствари тоа и го правам, со сите бебенца! Пресреќна сум, колку се најмили! :inlove:
    А да, и одамна се немам вака убаво изнасмеано со другачкиве мои најмили! Се потсетивме на глупостите што ги правевме како помали. :rofl: Толку многу се смеев што уште стомакот ме боли :geek:
    Прекрасен ден феминки, најпрекрасен! А сега да се фрлам уште малку на учење, што се мора-се мора! Наминав само да ви кажам колку сум најсреќна. Имајте убав викенд мили мои. :* :inlove:
     
    На tweety26, LittleFairy и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    :o :rofl: Абе на вас сите ви бара што и да ви бара :rofl: А таа едната само со мене опседната |( Само јас си знам што трпам |(
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Озборувани се само луѓето кои вредат!!..:* ;) ПОСВЕТЕНО ;)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ХАхахах кој можи и е на телекабел нека уклучи на TVE (espana) СЕ пресмеав! :D Лудаци!
    И онака е досадно иначе...ДЕнес домаќинка бев,правев дома јадење,едно друго,па сега малце пауза :D
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Oпа,и ти си колку мене а? :wasntme:
    И таа вашата ви копа живци со Менделеев? |(
    Не си единствена,верувај,оваа не умре. :x :|
     
    На T.e.d.d.y му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Колку убаво будење имав утрово. :)
    Обично си спијам до покасно и кој и да ме буди ако не ми се станува јас не реагирам иако слушам.
    Но утрово доаѓа сестра ми од прошетка,ме буди и ми вели "стани имам изненадување за тебе"...
    На почетокот не реагирав и и реков да си оди,ама беше упорна и си реков ај да зирнам за што се работи.
    Кога погледнав многу пријатно се изненадив...ми купила нови црни чизмички на штикла,и да ги барав така симпатични немаше да ги најдам.
    Се изненадив од нејзиното внимание,што помислила на мене. :clap:
    Си се заљубив во нив,сега ми се посебен подарок бидејќи се неочекувани и тоа баш од неа. :)
    Подоцна бев кај другарките да го прославиме вчерашниот празник со винце и весела музика. :)
    Ахх колку убав ден... 8)
     
    На bittersweet, ana-girl, ludoto19 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Зашто бе сите другарки мене ме замараат со љубовни проблеми и се мувал,ќе се мува и други љубовни срања.И сега другарка ми вика,сигурно се мувал вчера знам јас и едно сто тажни смајлиња.И јас што треба да и кажам?Ај знам како обично викам,абе не се мувал од кај знаеш и она пак почнува абе сигурно се мувал со Таа и сега јас едно 29938 саати треба да ја убедувам дека не е така а кузнае дали не е така ама ај ако кажам да ќе почне да кука.И во школо овие едни две мои соученички разговараат и еднава вика,јас нема да сакам ниедно машко,сум пукнала за нив,единствена љубов ракометот.Оффф детее 14 години имаш бе а пази само со еден се има мувано и тој плус ја сака а оваа се прави таква дека не го сака демек ако признае дека го сака ќе биде лесна или незнам каква.
    И така јас тешам другарки а ми се спие ми се плаче,па на едната првпат и дошло и сеа одма ќе не дигнела сите од земја зашто е нервозна.И цела недела чекам викенд и оооп цел викенд треба да учам :tmi:
    Другаркиве се поделија во групи сите се мразат,се оговараат а се прават како да не е ништо.Уште малку ќе се степаат кој да им биде партнер за полуматура :@ Затоа јас си ги наместив тие двајца што си одговаараат па ми е гајле за другите,а за мене немора не ни сакам :lol:
    Само да си ги поправам оценките,да помине сликањето,полуматура и ескурзија и чаоооо луѓе доста ни беше 8 години.Не дека си го мразам одделениево супер сме некогаш ама во последно време налет веќе сите дволични и тоа љубоморни искри летаат во училна.Го чекам денот кога ќе се степаат оофф сеир ќе си фаќам бре уживанции :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Проза, гитара и кутија со Моцарт чоколатца.
    Пурпурно светло, носталгија и еуфорија.
    "Проклето добро ми изгледа чад од цигара."
    Ковчеже со накит, македонски филигран и чаша вода.
    "Зошто секогаш набројувам по три работи" - често се прашувам. Подобро звучи веројатно.
    Мед и млеко. Ете и ова звучи убаво, толку убаво што имам сладок вкус во устата.
    Мед и млеко. Сепак има поголемо значење од само сладок вкус. Многу поголемо.
    Меѓудругото, здраво е.
    Кога сме кај мед и млеко, имам такво лабело.
    Уште животецов така да ми тргнеше. Тој blueberry ми е :D
    Туку, да ви кажам нешто. Вчера открив убава работа.
    http://www.youtube.com/watch?v=BeoU5cJSe_4
    Еве, овие дечкиве ги открив и за прв пат, не познав дека песната е правена од Македонци.
    Прекрасни ми се. Препорачувам. :)
     
    На ana-girl, L-enna, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Она што сакам да кажам е дека.. го имам оноа чувство дека нешто убаво се ближи :) Да не речам преубаво. Ме развеселува и разнежнува.
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Кажав пред два-три дена дека се натпреварувам на тема Наноматеријали и тешка еуфорија ме маваше, ама денес сум разочарана и сметам дека ми е нанесена неправда за која планирам да се жалам и покрај тоа што не добив(ме) поддршка ниту од директорот на училиштето, ниту од некој професор.

    Уште еднаш ми се докажа дека без местенки и без лажење и прикривање на работи не може да помине ништо во животот. Да сме живи и здрави, ни второ место не е лошо.
     
    На Elennaa, ana-girl, Nymeria и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Ден ко чизкејк.
    Преморена сум,а задоволна.
    Хипокризија на сите страни. Мене не ми чуе,не ми се замара.
    Примероци кои продаваат вакуумирана магла и гестикулираат неуморно со рацете. Го гледам и се чудам, од каде таа потреба за усилена нон шалантност која сака да зафрли некого во некоја чудна ситуација.
    Најлесно ќе ми беше животот да го поминев како изложба,ама ќе живеев ко штурец. Мајка ми прееска, коа ти викав да црташ за сериозно, ќе се омужеше за електраш после и ќе си беше ситуирана,ќе шљакаше глупости ко Урдин,а маж ти ќе ти купуваше стадо овци за да остават отпечаток на мега плантото,демек ова не било линија на помал отпор. Бре, хороскопот ли ми е таков? Драга мама, да сакав нештата да бидат поинакви, ќе беа, тешко ти е што се борам, ама мене ми е фино што го правам истото, те сакам со се цела доза на цинизам како форма на окураживање. Сфаќам што сакаш да ми кажеш, дека тоа не би била јас ако се држев до соништата, зошто соништата кои доаѓаат од срце и соништата кои ми доаѓаат од разумот,мене ми одат рака под рака и тоа ме прави многу среќна.
    Животот је правење на се што те прави среќен се додека не повредува никого. Мене ме чуди како луѓе повредуваат луѓе само затоа што сакаат себе си да си се избават од дадена ситуација и се тоа како времено решение со муабет - што ми е мене гајле,јас си мислам за себе... треба да ти е,увлекуваш некого во твоја ситуација и потоа си заминуваш и го оставаш со скршено срце,треба да ти је...ама почесто не им е...И после исти личности бараат љубов? Мое е да го нагласам, твое е направиш како што ќе сакаш,ама никогаш не би скршила човек. Сешто можеш да чуеш од секого, ако доволно ти е здраво егото за да ти остане силно и неповредено, ама кога кршиш срце, реални чувства... е болно. Нема тука вистини има само шарени лаги, зошто луѓето сакаат лаги и после... останува тажна тишина и бол.
    Животот е и правење на нешта кои го помагаат светот. Можев да бидам и хирург што слуша симфонии во операциона сала и пак да си исполнев сон рецимо, диригент.
    Луѓе што живеете со аплаузи... да ве потсетам. Оние на кои денес им аплаудираме денес и се воодушевуваме се веќе многу години ладни... ако ме разбирате. Таква слава не доаѓа од денес за утре,а вие со тие тивки вресоци од длабочините на вашите повредени личности ги правите работите да бидат само една лесно воодушевувачка воздишка која е вечна колку моментот.
    Топол закрепнувачки туш, чиста постела и толку за денов,мене ми прекрасен баш онаков каков што беше. Научив нешто ново за себе.
     
    На bittersweet, Trnche, Johny и 2 други им се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека нема спас од оваа несоница до 6 сабајле да се седи неиде
     
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Астероидот се приближува. Уште да речат дека сме влегле во Европа и ќе почнам да се плашам за крајот на светот.
     
    На Gordana10 и Mishela им се допаѓа ова.
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Колку само лажна и искривена слика за себе можат да дадат некој луѓе за себе, и одлични глумци се ама како што рекле ако лажеш треба да си ги памтиш лагите за потоа да не се удавиш во нив...И секако потребно е многу време за да веруваш и целосно да се потпреш на некого...WTF шо зборам т.е. пишувам јас денес на никого целосно не можеш да се потпреш и точка, автоматски секој збор како самиот против себе да си го рекол овој едно зборче плус, оној минус и ете ти приказна.
     
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    На другарка ми и умре зајакот и реков Бог да го прости и се осетив тапа пошто не знам дали така се вика за зајак не знам како да се понашам.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ова у последно време остануење трудни пред 18 години да не е некоја нова мода шо ја донесе Величенствениот или стварно има некои крајно неинформирани по прашањето што друго да прават со себе и од себе на тие години? Прашајте кој доктор сакате, на 15-16 години телото се'уште не е подготвено како што треба за да носи уште едно дете шо се одразува порано или покасно.
     
    На Agrona, prettyliar, malecka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Со извесна персона не зборувам веќе цела недела.[​IMG]
    Децава одвај ги извелков од кревет да одат на англиски.
    Лудиот комшија сега му текна да ми ги бичка живците т.е. дрвата.
    Мачкава моја изгоре за љубов
    Додуше ева ја сега преде покрај нозеве ама попосле ќе ја фатат лудите.
    Другарка ми,ако се сеќавате таа што се омажи за странец,по низа перипетии и малтретирања,го прибра назад.Значи што прават парите,ја натераа да си го погази достоинството,да ги заборави навредите и алкохолизираните испади и со само едно извини,нема повеќе ,повторно да си бидат заљубен пар.Како е ова можно [​IMG].
    Сабота е ,фрижидерот ми е празен,новчаникот бетер,душава опустошена...а јас си пијам кафе како се да ми е наредно.
    Ништо не кажав што сакав да кажам.
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • burn-cat.jpg
      burn-cat.jpg
      Големина на фајлот:
      7,4 KB
      Прегледи:
      527
    На bittersweet, Trendafilka, Elennaa и 30 други им се допаѓа ова.
  20. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Море шо се дешаца со мене. Во последно време постојано ако видам нешто убаво пуштам по некоја солза. Многу се разнежив. :^)
    Вчера со другарка ми одам на школо и гледам две бебиња близначки беа, толку слатки, само се насмеав и ги гледав ги задевнав а подоцна и испуштив една солза. Потоа гледам кутре кое криве си векам леле душичка и затоа испуштив солза. Ајде за бебињата ама и за кутрето ли. :^)
    Сигурно ова е последица на мојата ново донесена одлука. Одлучив да станам цврста личност.Нема да се нервирам за љубовта и за такви срања, што сака нека биде. Решив уште на 15 години да не се замарам за љубовта никако.
    Почнав да си читам слободна литература, а и повеќе учам и одлично ми е.
    На сите им препорачувам да го направат ова и да не се замрат, животот е прекраток за да се нервираме за средношколската љубов. Вистинскиот ќе дојде во право време.
    позз :*
     
    На ana-girl, CharmedGirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.