Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Искрено се надевам дека е ПМС, зошто не знам друго што би можело да биде. Ме фаќа некој бичи муд и не знам до каде ќе идам вака.
    Да ми идеа бонус поени за секое успешно побивање зацврстено со аргументација против моите, до сега ќе имав најмалце пет животи плус, али можда во некој паралелен универзум.
    Мајка ми ја фаќа климакс, па е ептен напета. Можда е и до тоа.
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    СДК...
    Среќен роденден брату мој најмил!! :* :inlove: :hug: Да си жив и здрав!!
     
    На zhap4e и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    ..Сабота...викенд..и измешани чувства...
    Незнам што да правам тоа е проблемот.Секогаш се запознавам со погрешни луѓе.На погрешно место.И погрешно време.Утрово станав порано во 10 ипол ама и додека спиев сонував,мислев на тоа.

    Си ветив дека ако некогаш се заљубам и ако бидам со некој тоа нема да значи дека ке му верувам.Ни еден процент.Премногу верував.Затоа сега не верувам ни на еден кажан збор,било кој да го кажал.Секогаш се разочарувам.Ама за тоа не е крив никој друг освен јас.

    Вчера бев во центар и отидов во продавницата за облека каде што работеше мајката на мојата најдобра другарка уште од бебиња.Ни сум ја слушнала ни видела некаде околу 8-9 год.Но,сеуште ги чувам сликите,се уште се секавам на неа.Мајка и ми го даде нејзиниот бр и се јавив и на фб ја најдов.Толку време поминало.Но повторно сме другарки.Се договоривме да се видиме.И едвај го чекам тој момент. :)
     
    На julie77 и The-Queen им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    СДК...цело време во глава ми се врти:
    I'm gonna pop some tags
    Only got twenty dollars in my pocket
    I - I - I'm hunting, looking for a come-up
    This is f**king awesome
    :lol:
    Добро бе, постои ли позаразна песна од оваа? :o :^) Неверојатно нешто :x
    http://www.youtube.com/watch?v=QK8mJJJvaes
     
    На CuteEva, Divinebutterfly и Elichka им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Деновиве ќе напишам 10000 смајлија на ливчиња и ќе им лепам по коли, куќи, ѕидови, луѓево заборавиле да се смеат..
     
    На crazylady, Stoimenovska, Trendafilka и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На -20 те прашува дали ти е ладно.
    Логично дека ми е ладно -20 е јеботе!
    И кога ќе го слушни фамозното "да", ќе те гушни.
    Е, сега откако ја стави раката на моето рамо, конечно се стоплив.

    Знам пропала романтика сум,ама не можам, посилни од мене се ваквите "изливи"
    И уште ме прашува дали глумам.
    А,јас мртва сериозна.
    Ашлинг,Ашлинг.. затоа пропали љубови имаш, од што не знаеш да се лигавиш на пропали романтики.
     
    На 2036 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ^^ Моментално мислам нема. И мене а ја чујам, телово само ми се движи во ритам. :wasntme:

    СДК ... Не верував, но сега верувам дека навистина секое тенџерче си го пронаоѓа своето вистинско капаче. Имам лично близок пример ... И денес си размислував, навистина она што е твое и ти одговара во целост ќе те пронајде, па да си и на друг крај на свет. Само е важно да одиш со цел да го бараш она што навистина го сакаш и ти одговара. Еднаш братчето ми рече - Никогаш немој да си ги симнуваш критериумите и по цена да ти треба подолго време за да го најдеш она што ти го бараш и посакуваш. А пред се ти одговара на твоето ниво на изглед, размислување, однесување ... на твојот животен стил. Тој ми е личен доказ за ова. Го живее својот скоро перфектен живот.
     
    На bittersweet, Someonespecial, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Прекрасен ден! Овај... утро де :rofl:
    Се трампав со мајка ми ако иде таа до продавница јас да ја сецкам руската салата :fubar:
    Е сега ти сечи си цело утро ако си немаш друга попаметна работа, добро де, стварно си немав. :D
    Додека ја сечкав салатата го гледав татко ми како работи со другар му од детството. Старче мое најубаво! И двајцата со цвикери, работат ли работат! Може и повеќе го расипаа, ама не е битно, убаво е што сеуште си се дружат. Другари бе! :D
    Лета времето, лета. Ќе дојдат вечер гости, цело друштво, старо друштво... по повод роденденот на тато. Една недела порано :rofl: Ако, не е битно, битно е што сеуште се дружат и се по откачени од многу млади. Кога се заедно ти се чини немаат ни еден проблем, ти се чини во Бардовци си :rofl: Затоа цело утро со мајка ми правиме салати, јадења. Ептен сум среќна, ме исполнуваат такви работи! Се слушнав сабајлето и со брат ми, мило ми е што е среќен, ептен весело ми звучеше. Прекрасни денови. Иако синоќа до доцна учев, пак сум свежа, весела, пресреќна!
    Еве го, за една недела бато ќе си дојде по повод 51 роџендан на старчево. Ама и не е баш старче, во главата по будалест е и од мене :D Најмногу си те сакам, татенце! Најмногу! Премногу! Ти си моја прва љубав. Еве уште сега, недела дена порано ќе ти честитам роденден. Премногу те сакам! И тебе и сите домашни. Незнам ни веќе шо да пишам од среќа. Без некоја посебна причина ептен сум исполнета. Само едно ќе кажам
    [​IMG]
    :l: you Daddy!
     
    На bittersweet, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека искреноста и отвореноста ме прават повредлив, сепак ке бидам искрен и отворен.
     
    На tweety26, Xepp и Ilusionist им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Конечно сончев ден и во мој живот.
    Поставена уште една цел у живот.
    Едноставно кажано живеам и дишам само тогаш кога се борам за Некој/Нешто.
    А Тој вчера ми даде волја за живот, некоја енергија посебна.

    Останувам недокажана. Немам зборови да доловам. Не постојат такви.
     
    На Libera, EleMental и julie77 им се допаѓа ова.
  11. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Ги гледам луѓево колку се оптеретуваат со социјалните мрежи и искрено ептен ми е криво колку време трошиме на интернетов. Ајде барем да го користиме за нешто корисно, ама неее само facebook, twitter итн.
    Остај тоа, па ги гледам и децава си направиле ask.fm, е тука веќе немам зборови.
    Па добро која е всушност поентата да си го раскажуваш животот, дури и најинтимните тајни на некоја си рандом анонимна личност? Што е целта?
    Можеби е ете забавно, да си го пополниш времето (демек нема попаметен начин, ама ајде), но се си има граница, така?
    Гледам сега ја прашуваат една девојка: Со кого ја изгуби невиноста? А оваа пак одговара со целосно име и презиме :o Па што не ја пишеш и позата ако не... Катастрофа!
    Зошто некој би сакал да раскажува за себе и неговото секојдневие, а притоа да не знае на кого му се обраќа? Зошто да дозволува некој анонимец да го навредува и омаловажува? Па уште и сите тие глупости ги објавуваат јавно...
    Најтрагично е што најодвратните прашања често потекнуваат и од нивните најблиски другарки и другари.
    Ајде да беа само деца, ќе си речеш дека се мали, не разбираат... Ама 18-19 годишни пак со ист памет да бидат :x
    Па уште и видеа снимаат, детално да се објасни, немој случајно да не разбереш погрешно.
    Имаше нешто што се нарекуваше приватност, и што требаше да се зачува само за себе или најблиските... Жално.
     
    На Someonespecial и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Денов - нервоза до нервоза. Се надевам нема цел да е таков :|
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
     
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денеска сум многу среќна.Утрото ми започна преубаво.Надвор сронце,чист воздух,зеленило...Си поспав до покасно,се одморив и денес цел ден ќе го посветам на форумов.Подолго време ве немам прочиткано заради школото и обврските, и да знаете многу ми фалевте.Сите околу мене се среќни и весели.Денес дојде и Џастин Бибер во Европа.Сите умираат од радост,а најмногу тие што ќе му одат на концерт.А јас пак се радувам затоа што го дишам истиот воздруг со него.
    Сакам да одам за Скопје па да прошеткам така убаво,да се одморам од се.Колку сакам да сум Скопјанка :D ...На мене ми се чини така или само во Скопје има згодни момци :lol: ,абре кој од кој поубав.Епа да не должам симпатијата ми е од Скопје :rofl: :rofl: :rofl: :lol: ...

    Имајте убав де.Ве сакам!!!
    http://www.youtube.com/watch?v=r2ozuCXpVJY
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Живеам во свет полн со лаги.

    Алчност, лицемерие, тоа се основните карактерни црти на речиси целото наше опкружување. Зар дојде време кога лагата е вистинската страна на реалноста, а не другата страна на чистата и едноставна вистина? Мојот здраво-човечки разум не може да разбере како некој го избира лицемерието и ужасно страшниот товар што истото го носи, наместо искреноста, која колку и да е понекогаш сурова, сепак далеку полесна за совеста.

    Огромниот багаж од подлоста упорно се влече по лицемерните, не оставајќи ги никогаш мирни и спокојни, туркајќи ги во длабочините на своите бесмислени лаги, од каде истите неумолно се обидуваат да испловат, но јазолот кој ги врзува за нивниот товар е премногу цврст за да ги ослободи. И така страдалниците го продолжуваат својот живот со една длабока трага која ја остава товарот кој го влечкаат по себеси низ пустината на недовербата.

    Од другата страна на таа пустина пак се наоѓа искреноста, вистината, кои онака чисти и невини ретко се одбрани за придружнички, бидејќи често со себеси носат болка, неуспех и солзи.

    Најдете се себеси во средината на пустината и кажете ми, ама навистина кажете ми, по кој пат би трганале во животот?!

    Зар сметате дека придобивките на лагите и лицемерието кои не прават уште повеќе алчни се послатки од мирната совест која ни ја носи вистината?

    Луѓето замајани од мирисот на парите се подготвени на многу подли нешта, подготвени се да стрелаат директно во срцето на кралицата на чесноста. А таа, беспомошна, со сè помалку приврзаници околу себе останува речиси сама во нејзиниот запустен дворец засеан со доблест, искреност и чесност.

    Во свет во кој владее разврат, нечесност и алчност сепак сакам да видам една светлина за која верувам ќе осамне како нов ден и ќе го побуди кај луѓето чувството на реалноста, ќе ја избистри матната слика која испарува од лицемерноста. Мислам дека сепак постои барем трошка надеж за продадените души. Како зрак од сонце ќе продре до најдлабоките невистини, мрачни тајни и изопачени мисли, ќе го разбистри умот на секоја барем малку разумна личност и ќе направи секој од нас барем на кратко да се почувствува за нијанса подобар човек.

    Јас живеам за тој ден, јас живеам во свет полн со надеж!
     
    На danichap, ludoto19, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Животот е убав. Животот е преубав. Разбуди се. За момент отвори ги очите и здогледај ја убавината пред себе. Стани веќе од тоа темно дувло. Отвори ги 'рѓосаните ролетни, забриши го прозорецот и погледни надвор. Но овој пат без сивите наочари. Погледни што ти нуди овој свет. Погледни ги можностите, погледни ги одговорите. Барем за момент не се грижи за твоите проблеми. Излези низ вратата со насмевка на лицето и вдиши со полни гради. Ама овојпат вдиши ги сите исполнети ветувања, сите искористени можности, сите завршени должности. Вдиши го животот. Вдиши го со полни гради. Погледни околу себе. Види ги насмевките, искрените насмевки, слушни ги птиците што пејат, слушни ги радосните крици. Барем еднаш не се затворај во себе и барем еднаш искористи ги можностите.
    Затоа што животот е воз со билет во еден правец. Затоа уживај во патувањето и искористи го до максимум. Затоа што кога ќе стигнеш на последната станица, нема враќање назад. Возот нема повторно да сврти.
     
  17. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк ми го забранија фб на работа но затоа фемина е тукааа!!!!
     
  18. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Купив за првпат карта онлајн во Македонија за ракомет за Металург на 24.02.2013 :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Депресивни мислења читам во темата деновиве.
    Уторово и јас се разбудив во такво расположение. По стоти пат ми докажува дека времето премногу ми влијае на расположението.
    Се обидев да читам, ама мозокот на друго место ми леташе, пуштив филм- едвај чекав да заврши, легнав да поспијам- ама мозокот неможев да си го слушам и пак станав.
    Му реков да си пишеме смс, да ги потрошиме бесплатните, и тој некако безволен, мрзелив, без желба за муабет.
    На фејсбук се едно исто па исто, исти луѓе со излитени карактери и еден куп слики од синоќешните излегувања во град. Дури се запрашувам дали излегуваат само за да се сликаат, зошто за забава сигурно не е..
    И како тоа бе јас, што со месеци го чекав официјалното сликање, имав смислено се детално што ќе облечам и како ќе се нашминкам, како ќе застанам, испаднав најгрозно од сите слики што ги имам во мојот живот?! Не, не. :shake:

    Ми треба пролет. Ми треба сонце.
     
    На WhiteSwan, marama, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Тој е причината за радосниот сјај во моите очи... веќе година и пет месеци... љубов искрена, љубов несебична. [​IMG]

    Ова е чувство кое секој сакам да го почувствува! Љубете! [​IMG]
     
    На bittersweet, Moira, julie77 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.