Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Се осеќам прекрасно, башка мајка ми прегеска ми направи емби. Мх мх :mm:
    [​IMG]
    - Гледајте како ви се смешкаат. :P
     
    На Umbrella22, teddybear, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Се плашам многу.
    Не се плашам од Блоди Мери, ни од дракули, ни од вампири. Се плашам од живи луѓе.
    Испаднавме со другрка ми да прошетаме, ама се некои со долги капути, шалови, цигари - страшни, да. После траумата од Нова Година, се плашам уште повеќе. Ми кажува другрка ми, пред некој ден тука кај нас, качиле девојче у кола, го силувале. Пред стемнување, околу 5 сат, попладне. Ај па не се плаши.
    Да е лето, подруго е, луѓе по дворови, по тераси седат до ниедно време. А сега, секој внатре, секаде спуштени ролетни, се е тивко, темно.
    Од летоска знам еден наркоман, многу му ги сакам патиките. Цело лето му ги гледав.
    Неќна од тренинг другарките околе 10 навечер си иделе, и го виделе овој. Каде они, таму и он. И едната другарка застанала, и рекла на другата демек грч ја фатило, и овој викал е и мене ме фати. Па овие двете, извадиле телефон као да видат колку саат и демек каснат и трк да ги нема.
    Преска стојам у двор, правам муабет со другрка ми на телефон, ја чекам да дојде и овој поминува по улица, оде и завртел главата накај мене гледа. Си викам тешко мене да бев на улица.
    Па у право се шо не ме пуштат у СК да учам. Тука колку е страшно кај нас, не па таму.
    Смејте ми се, ама почнав да се плашам и од сопствената сенка. :|

    Како и да е, ја го сакам него. Признавам, се вљубив. Прв пат вака се осеќам у живот. Летам, луѓе.
    http://www.youtube.com/watch?v=SJLxXpy-6dU
     
    На Divinebutterfly, Stoimenovska, teddybear и 13 други им се допаѓа ова.
  3. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Ах штрку мој безвреден. Што к*р си барал тука да ме пуштиш?
    Зар тука, на Балканот, во оваа мизерија ли?

    Дубаи далеку ли ти беше? ХА?
    Некој шеик, ќерка на Бекам? Роналдо за маж можеби?
    Принцеза?

    Али во оваа мизерија, неможам да сфатам. Од сите места на светот, зар тука штрку мој напатен..
    Таква ни била ѕвездата..
     
    На Stoimenovska, anichka94, TennisBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Лесна му земја нека почива во мир.Силна си ќе издржиш :*
     
  5. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Животот е стварно заебан и комплициран ! :!:
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не викам дека државава ни е прекрасна и ни цвета, ама што да речат децана во Африка? Дали ако наместо тука, „штркот“ те испуштеше таму, каде немаат вода за пиење, леб...?

    Некогаш велам, сме нашле па сме зашле...
     
    На kate21, Peppermint и Lov3 им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Само ќе кажам дека некогаш е подобро некого да го оставиш сам да си ги почувствува последиците, иако бил цело време тука додека ти си пател од истите грешки. Едноставно, нема друг начин да научи освен самиот тој да згреши. Жално, но така е, и важи за сите. Барем знам за мене важело. Колку некој и да ми кажуваше да не ја удирам главта во ѕид, едноставно морав да знам какво е чувството.
     
    На bittersweet, Moira, Lov3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека животот е премногу суров господ зема уште една невина душа кој беше верен навивач на МЗТ а утринава наместо да се разбуди и ги види сончевите зраци неговите ги зави во црно. Почивај во Мир ангелу наш ќе останат твојте графите да не посекаата на тебе нас
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... ќе ви зборувам за една, и уште една генерација на сиромашни, и измрцварени луѓе.
    Дедо ми немал ништо, освен една злобна мајка, чиј предмет на фасцинација била само нејзината омилена ќерка. Останатите 4 машки деца биле заборавени, од своите и од светот.
    Дали ви се верува дека до 20-тата година од својот живот, не допрел никогаш банкнота?
    Дека работел макотрпно, деноноќно, чесно и без жалби. Крварело неговото ненаспано и преморено тело, но и неговата распарчена душа.
    Да си сам на светот. Да немаш никого.
    Кога во судбината се вмешала мојата баба, можете ли да замислите млад брачен пар, кој бил толку сиромашен, што немале ниту кревет? Морале да спијат на земја.
    Денеска ми вика - и не беше толку лошо тогаш. Убаво е да се спие на тврдо, добро е за `рбетот, само малку студи зимно време.
    Малку? :worried:

    Тие луѓе се преморени и уништени. А сепак, не дозволуваат староста целосно да ги покори. Се будат со насмевка. Си дозволуваат мали, а за нив толку скапоцени задоволства, како бурек, или меки колачиња... морале ли да поминат години и години, за да уживаат во толку едноставни задоволства?
    И погодете, задоволни се. Горди на постигнатото. Не се каат за ниту една секунда потрошен труд, ниту на целата мака. И се` уште се грижат за среќата на мајка ми. А тоа не` повлекува и мене, и татко ми.

    Мајка ми и татко ми започнале малку „побогато“ - навистина имале кревет, но татко ми на пример, немал ниту една чаша за вода во станот. Мајка ми на шега раскажува како ѝ рекол дека може да се напие вода директно од чешмата.
    Не е смешно, жалничко е. :worried:
    Се селевме од еден, до друг крај на Македонијава, и завршивме некаде на средина, се` за добробитот на единственото дете.
    Удобно ни беше таму во малиот град. Арно ама, некој успеа да не` прелаже дека иднината е тука; дека ако останеме заглавени таму, нема да се снајдам ниту со факултетот, ниту пак ќе најдам работа. Кога ќе дојде време за тоа.
    И ден денес се чудам кој е бенефитот од нашата голема преселба. Можеби стресот и солзите кои ги проплакавме сите, од бескрајно долгото отплаќање на станот (кое патем, се` уште трае)... тродупло поголемите сметки, оддалечувањето од долгогодишните пријателите, мал милион жртви кои ги поднесовме во овие, скоро 15 години...
    И погодете, и покрај се` - задоволни се. Горди на постигнатото. Не се каат за ниту една секунда потрошен труд, ниту на целата мака. И се` уште се грижат за МОЈАТА СРЕЌА.

    А јас... јас не знам дали ќе бидат третата генерација на измрцварено дете.
    Постојано се обидувам да се убедувам, дека некој мора да го скрши проклетството, па зошто тоа не би започнало од мене?
    Иако старинската вели - парата на пара се лепи.
    Се плашам, дека времето ми се лизга низ прстите, а ситуацијата наместо да се подобрува, станува секојдневно се полоша.
    Се плашам, дека нема да пронајдам начин како да ѝ возвратам, и на едната, и на другата генерација, за сите жртви и пролеани солзи.
    Како да го надоместам туѓиот труд? Ако маката и непроспиените ноќи може да се премерат на кантар, колку ќе извадите од новчаникот?

    Вистината е дека мојот е празен.

    И вистината е дека, ова ќе го допре само оној што вистински го почувствувал ова, на својата кожа.
    За остатокот, се само празни зборови.
     
    На Izaabella, linguaragazza, CaperucitaRoja и 60 други им се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    (Незнам дали си сериозна со мислењево али ипак ќе си се искажам , ако не за тебе барем за другите што се бунат цело време :D , )

    Оф леле со овие Мизерии и чуда па уште на Балканот вика ...

    2 саат ноќе ќе дискутираме за ситуацијата и мизеријата , претпоставувам викаш мизерија поради тоа што има голема доза на глупи луѓе и лоша влада и партиски книшки и уште повеќе глупи луѓе . демек тапа држава итн итн.
    Затоа сега ќе ги разгледаме сите фактори што се на Балканот и ќе ги споредиме со надворешниот дел од Светот.

    Така ќе почнеме од географски (така ме учеше Љубица Географија) па ќе идеме така натака (stick on it will be fun)
    Прво Балкан ја има најдобрата местоположба него било каде на целиот свет , ќе ми кажеш Карибите ама кога ќе помине некој ураган тамо ни К од Кариби нема , со најдобрата можна клима што човек може да ја посака , еве денес Фебруари се шетав по кратка маица и шорц (фудбалска утакмица имав) , ЕЈ топло беше а Фебруари .... Опкружена си со 3 мориња и различни дестинации , сакаш да се одмориш со другарките идеш во Грција , ако ти се понашаат идеш да уживаш на Песокливото Јадранско море од прекрасните островски брегови на Хрватска па се до Албански тесни песоливи плажи имаш огромен избор , сакаш забава и секс идеш у Бугарија за ефтини пари све ќе најдеш , и да не должам за разлика тука нема ни торнада , урагани , земјотреси (еднаш во 1000 години има некој многу јак и тоа е... ) вулкани , поплави , цунами , метеори да паѓаат (релативно е ова ама ај) итн, потоа освен тоа имаш и голем избор на каде да идеш за одмор со оглед дека си опкружена со Madafaking 3 мориња и еден куп блиски дестинации .

    Македонија е една од најбезбедните земји во поглед на флора и фауна (Растенија и Животни) со оглед дека тука не живеат гризли , разни смртоносни змии , разни живописни крволочни животињи , има некој мечки ама исто ко да ги нема, , голем вид на разни лековити блики и пред се , нема растенија што сакаат да те ждерат.

    Ама, како што викаш ти мизерија , е фактор човек.Што гаранција имаш дека мизерија нема да те снајде во Дубаи или како жената на К.Роналдо (кој патем неќе да се жени туку има вајда 40 или 50 девојќи до сеа , изгубив бројката) Исто е во секоја држава, глупи луѓе и остало џубре , врски и пари добиваш што сакаш и се вработуваш каде сакаш , криминал и корупција е иста некаде повеќе некаде, помалце , Владата и тука и во соседството и во Америка и насекаде е иста , го ограбува народот и си ги гледа своите цели, и да не филозофирам му доаѓа ситуацијата да е иста насекаде низ светот , некаде многу , некаде помалце ама исто е.

    Трети или кој и да е фактор е среќата, штркот тебе те донел на среќно место , зашто?
    Оти нема ни ден да преживееш да те однел во Сирија или некое запуштено место каде што главно јадење им е пржена бубачка со сос најден како плови низ реката. Или пак треба викаш во Дубаи , е тамо не сум сигурен ама мислам дека жената нема многу права (не сум сигурен али мислам дека е така) за разлика од тука во Мкд. Или пак во земјите како Индија и Блискиот исток каде што неможе да писне. Значи ете ти уште еден фактор , ако мислиш на силувањата и психопатите ги има 20% повеќе во другите земји него тука .

    Пуф што фактор ми остана уште .... хмм ...... не ми текнува ништо сега , ама сигурен сум дека има уште еден куп други фактори

    И така на крај не е до мизеријата , туку се доаѓа на она колку си ти способна да се снајдеш со животот.
    Дали тука , дали во Дубаи , дали во Америка или како жена на Бред Пит , ако си глупа , неможеш да ги искористиш ресурсите и ги обвинуваш другите за твоите неуспеси нема никаде да стигнеш.
    Многу луѓе , барем си читала низ фацебук и остало како од еве буквално 0 почнале ,со печена бубашваба за ручек и сега се милионери . Како они успеале а ти неможеш , еееее...... размисли па пиши ( без изговор дека другите се криви или дека не си способна ... или Бранко е крив) .....


    Така да не ми тука мрчи , ууу Бранко е крив , иди тамо измисли лек против рак или нешто .... :inlove: |-)
    Зашто штркот тука ја донел , оф море ......



    И така , упишавме семестар , во доцните месеци , без казна лалалалалла .... сега иако сум на факс ама бидејќи и така не идам тамо , барем слободното време ќе го искористам и ќе си се вработам , и сега и на лето , гледам јас ќе се соберат парички, тамо на 1 септември кога ќе земам една двојна лесковачка , мерачки ....... :mm: :mm: :mm: :mm: :mm: :mm:
     
    На Abeja, ilipili, Lov3 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Никогаш да не се плашите да го давате најдоброто од себе. Тоа не се троши. Тоа само расте, созрева и ве прави
    вистински да уживате и чувствувате.

    Тоа е материјалот од кој се создаваат спомените.

    Бидејќи кога давате многу, ако не е ценето и возвратено, многу ќе им одземете. И колку и да се гадови луѓето,
    колку и да ви се чини дека не допира до нив, верувајте ќе почувствуваат.

    Ќе ја почувствуваат туѓата злоба и лицемерие и ќе сватат дека сте биле посебни. Сите ние споредуваме.

    Физичкиот изглед ми е важен кај девојка, но само комбинација од интелект + карактер може да го избрише подот со мене.
    Само тоа може вистински да ми ги попушти колената и да ме натера да се борам.

    Јас сум луд, среќен и ја сакам неа. И таа ме сака мене и ниедна препрека, реална или привидна не е важна.

    Цел ден денес рацете го носат нејзиниот мирис.

    Сонцето изгреа прерано.


    I don't need nobody, I don't feel nobody
    I don't call nobody but you my one and only...


    http://www.youtube.com/watch?v=wUNCkXcwGRA
     
    На vinozito1, Hipster, martinuska и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека по првото утринско кафе во неделите се чувствувам многу моќно, не знам зошто. Во дневнава ми мириса на утро, а дома е толку тивко и некако магично.
    Јас, кафе и музиче...љубов.
    Уште малце и ќе излезам, целиот ден ќе си го посветам на учење нови работи. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=eJDSueNSMJE
     
    На Ana.Jones, L-enna и pamelche им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Порано, денот започнуваше со идење до веце, миење, млеко па појадок.
    Сега прво ќе си умотам у кебињата шо ми испопаѓале од кревето додека сум спиела, па ќе земам лаптопо и ќе се наместам убаво. После еден саат ќе одам по веце, па ќе се измијам и ќе одам да пијам млеко и доручкувам.
    Него и денес рано го започнав денот, околу 9, со лаптоп у рака, оф корс.
    Гледам надвор нема сонце, ама не е ни ладно. Сега уште да си најдам друштво па да испаднам да се прошетам. :)
    Ми смрде устата на лук, јадев тост со зачин сушен лук. Џабе паста за заби. :D
    Да имав дечко и ме викнеше сега да испаднеме, ќе се маѓепсаше од мирисот и ќе се онесвестеше сиротио. Душичка. :rofl:
    Ме чека ден за учење.
    А ја шо ќе учам, мхм, да.
    Имајте убав ден. :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=uCg2BoKiuOM
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Јипман друже, ич не ти држи вода муабетов, чекај, рана ти е зимата, ке оформиш и ти еден ден семејство, ке станиш татко, ке видиш што преосперитет имаат твоите деца во државава,едни нови видици ке ти се отворат ..
    Местопложбата дека е добра до негде се сложувам,во однос на клима, урагани и слични природни појави, а метеор секаде може да падне, тоа што се случи во Русија пред некој ден, можеше и нас тука да не снајде, но дека има далеку подобри географски дестинации на кои би сакала да бидам има, имаааа..
    Е сега државата, политичкиот систем, точно е тоа дека во секоја држава кој и да стигни на власт сака да земе што повеке, но овде кај нас никој не остава ништо за народот.Во други држави малдите имаат услови за стабен кредит, за работа според професијата, овде промушкај низ темиве да видиш што можат лугето со нивните дипломи да направат..
    Посебно моменталнава влада(да ме прашаш мене сите се исти), но овие како им го мачкаат окото на простиот народ тоа е чудно нешто, ај они си го тераат нивното, но македонче како им верува, они нешто градат, се прави, работат(земјата во долгови ја ставија, ке видите за едно десет години,ако не и побрзо дека, ке бидиме како Грција, и ова не го тропсм лаечки, луге кои се разбираат кажуваат)
    Па го соприле цел криминал, тоа најголемиот криминал останува во нивни раце, а останатите мали риби ги лапаат.Криминалот целосно не може да се сопре, или државата им остава на ситните риби или таа е мафијата, како во нашиот случај.
    А за народот нема споредба, направи една компарација со животниот менталитет во една Шведска, Австралија.. и тука, таму секој си ја гледа куката, животот, не се замараат со никој и ништо, овде од простотилок ке си изумреме.Зошто на комшијата, роднината, пријателот да му биде добро..
    Прост народ сме да се разбереме, не е ова дека јас сакам да плукам, напротив многу сакам да сме на едно повисоко интелектуално и свесно ниво, но реалноста е друга.
    Чест на исклучоците, кои се мал број во споредба со овие другите.
    А дека има и полошо и тоа се сложувам, но секој во животот цели кон подобро.
    Ај ке правиме муабет за едно десет години, да видам дали со истиот став ке бидеш ;)



    И додека овие денови си муабетиме во жешката тема и ви ја кажувам нашата ситуација, ни се отвори една можност за да земиме евтино станче кое е во градба, поранашен бизнис партнер на татко ми е изведувачот,а изведувачите на станови предвидиуваат дека продажбата на недвижностите во наредните неколку години ке стопираат(одосно има премногу да се понуди, а нема кој да купи), цените ке паднат.Мм ја правеше инсталацијата на струјата таму,добра градба е, не е некоја екстра локација, но е подобро од ништо, татко ми ке помогне со учеството, а наше е во наредните неколку месеци да станиме кредитно сопсобни, јас да почнам со работа и двајцата да бидиме пријавени на барем 18000, најчесто на минимално пријавуваат, но ке направиме борба, ке си ја доплатиме разликата.
    Убаво е кога ке светне некоја искричка во темнината, ти дава простор за надеж :wasntme:
    Сега останува да најдам некоја асолна работичка, чекам од две места одговор, верувам, знам дека ке се најде нешто, но барем да биде нешто асолно..

    Се спремаме за роѓендан неделава, малиот полни годинака, скромно, но со многу љубов и насмевки :inlove:
     
    На Annath, bittersweet, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    * Околу мене летаат срциња :inlove: не, не, не сум заљубена јас, само сите околу мене се заљубени и се во врска, а јас форевер алоун. Не дека не можам да бидам и јас, него не сакам да бидам со било кого колку да се каже дека и јас сум во врска, сакам да бидам со некој што навистина ќе ме цени, сака и почитува баш каква што сум. Од старт да си кажам дека не сум љубоморна или завидлива, напротив, се радувам и сум среќна што има заљубени души околу мене, зошто енергијата која зрачи од заљубен човек е препознатлива и прекрасна!
    Цимерката цел ден ми раскажуваше за нејзиниот нов дечко, како бил внимателен, па ваков, па таков, се најубаво ми зборува и ако е навистина таков каков што тој нејзе и се претстваува, навистина е еден од поретките денес, зошто момци како него во денешницава ги има се помалку. На смеа и викам, ако ако, кажувај ми ти за него, ќе ти го преземам, па ќе видиш после :D Ми изгледа среќно, вчера кога се врати од состанокот со него, очите и светкаа, имаше огромна насмевка, а мене срцево ми се наполни кога ја видов таква. Многу се радувам за неа, им посакувам се најубаво, да си бидат среќни и заљубени така заедно и долги години да си одат. Нека им цвета љубовта засекогаш. :l:
    И ете така, кога тие околу мене се среќни и заљубени се радувам исто како и јас да сум, а кога сум во прашање јас, мене љубовта не ми цвета, ама за тоа сум донекаде и јас крива.
    Како да сум станала мажомразач, како да сум ставила некој оклоп кој ги одбива машките од мене и како да се плашат да ми пријдат, а не јадам луѓе жими мајка ]:)
    Знам која е причината за тоа, не знам дали се плашам да не бидам повредена или се плашам од нешто друго, само знам дека ако сакам да го скршам овој оклоп од мене кој веројатно ги одбива треба да превземам акција и да ги земам работите во свои раце. Си ветив сама дека ако некој многу ми се допадне и ги има сите предиспозиции за да ми биде дечко, а е слободен и неодолив, нема да чекам да ми пријде, него јас ќе одам во акција, па што биде нека биде, да разбијам малку монотонија.
    Пссссссссссссст, не кажувајте никому, ама имам еден комшија на кој му имам фрлено око, можда ви имам пишувано за него, го имам видено вкупно 4ри пати од кога сум преселена тука, ама име не му знам и сега треба да развијам стратегија како да му го дознаам, а имам нешто на ум, само за тоа треба да се затопли. Кога го сретнав претпоследниот пат имаше куче, значи кога ќе се позатопли времево ќе поминува повеќе време надвор со него и баш кучето ќе ми помогне да започнам разговор со него, каков план а? :rofl:
    Не дека не сум згодна, не дека не привлекувам погледи, ама можда не им изгледам за некоја која уште од првата вечер ќе легне со некого в кревет па затоа и не ми приоѓаат, зошто се плашат да бидат одбиени.
    Како и да е, секој заслужува да биде вљубен, макар и љубовта да не му биде возвратена, ама јас откако се преселив во Скопје, не знам за чувството вљубеност и само чекам некој да се појави за да ме натера само со неговата појава да се чувствувам така.
    Ај да не галамам повеќе, отидов да си бркам работа.
    Имајте убав остаток од викендов и убава работна недела. :hai:
     
    На Primavera, lovely91 и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Отворив да ви напишам, а заборавив што сакав да ви кажам :tmi:
    А да, си купив лабело. Ќе си речете што има сега овде да се фалотам, ама има! Па како да не бидам пресреќна кога го барам истот веќе едно добри две а може и три години. Тој мирис на вишна... Кога случајно го видов во продавница мислев лото сум добила! Ама сеуште не бев сигурна дали е тоа тоа. Е кога го отворив и мириснав добив 7ца на лото :rock: Колку само бев пресреќна. Си се радувам на мали работи, повеќе ним им се радувам одошто на големите.
    Станав сабајлево порано само за да седнам да учам и пак заглавив во СДК. :|
    Ако, имам време. И да станев подоцна пак ќе заглавев, кај и да е ќар сум.
    А да и кога сабајлево кога се видов во огледало страв ме фати. Бркот можам слободно да си го мотам- Гоце Делчев у поново издание сум 8) А од веѓите можам суканици да си направам. Косата како што си беше врзана синоќа, истата си е. Мрсна. Акните се кријат под Здравето ( феминките занаат зошто- Здраве рулс :rock: ) , а лишите под устава сеуште си стојат. Ако и таква сум си убава, очите повторно си светкаат. Иако е облачно, сепак времето е убаво, ептен се чуствувам исполнето, па и песните си ги погодив.
    http://www.youtube.com/watch?NR=1&featu ... t1R8LQ5-LI
    Ги слушам и си мислам што сум испуштала до сега. Предобри се!
    И уште нешто... Се мислам дали да ја побарам старата пријателка :?: Ми фали. А кога таа ме побара се направив малку поднаудрена, а сега се каам. Кај ли ми беше паметот незнам. Ама ќе ја побарам, знам дека нема да ме одбие. Многу ми фали. Па кој што сака нека вика, ич галје не ми е! :emo:
    Имајте убав неделен ден мили мои. Кој лежерен, кој работен, убав нека ви биде :*
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сен, сен, сен. Баба во базен, дедо во фиока и си јаде крем.
    Таблата е зелена, кредата е бела. Пуста математика, вода ја одњела.
    Час по руски, сите деца гуски. Час по историја, сите се изморија.
    Час по фискултура, сите деца ура-ура.
    Наставникот крена температура, 39 падна во кревет.
    Се напи чајче. Оф, леле мајче.

    [​IMG]

    Завчера, пред да заспијам, сум земала да си пејам.
    Ринге, ринге јаја. Дошол чичо Паја. Едно јајце муч, сите деца чуч.
    Влегува мајка ми во соба: Бравооо! [​IMG]

    Не знам што се случува со мене. Вчера, решавав математика задачи.
    И си пејам: Кад си сретан, кољена потапшај ти. Кад си сретан и кад желиш друм с дјелит сречу сву. Кад си сречан, кољена потапшај ти. Наеднаш слушам смеење. Сестра ми и дечко и. [​IMG]

    Ова не ќе да е на арно, озбилно. Ама гајле ми е, не се замарам.
    Уживам и пливам. На суво.
    [​IMG]
     
    На Lella, Serafima, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Почнувам да се заљубувам во идејата дека би можело да ми е убаво и почесто од вообичаеното.

    Дојдоа сите кои беа поканети, и страшно ме израдуваа. Особено ме израдува особата која ради мене возеше ко луда по автопат неколку стотици километри, само за да стигне да ми честита. Мислам дека ќе се расплачев кога ја видов. У суштина многу почитувам кога некој ќе стори нешто вакво за мене, и не заборавам, никогаш.
    Почит до јаја и до крај, затоа што, си велам, што и да се деси, е таа особа направи неколку такви работи заради кои не би можела никогаш да не ја сакам или барем почитувам за тоа што го направила.
    Си бев ко принцеза, ме седнаа на почеток, а јас се измешав со толпата затоа што не сакам ситуации во кои мора да сум центар пажње. Ама ич.

    Многу љубов, многу крцкање коски, многу играње, многу све. И сеа што? Нов почеток? Не знам, толку сум збунета што не знам како да се поставам, а ете, во вторник имам пак дејт и збунета сум. Си го чешкам темето, и гледам нагоре.
    Го голтам секој збор што ми го кажува затоа што сфаќам колку е убаво кога некој ќе ти го однесе мозочето на сосема друго место. Плус и има што да каже, со саати, и тебе ти е интересно. Ми збори за животот во Еквадор а ме прашува за Охрид, алоооо! :D
    Со денови не се замарам ни со политика ни со празни муабети.
    Шо имаш ново?
    Еве бе се начукав у Сектор у саботата, сепаренце имавме бе! |( Lame!
    Локални избори, ау! Јак ви е муабетот. Ма јок бре. Ignore mode activated!

    На сите такви би им рекла, не, немате живот. Вие животот не го живеете вие само го сецкате (цитат преземен од филмот Loners, copyright). Тажно е така малку ама....дури и пасење овци би бил поинтересен муабет од ова.
    Можда го немам ни јас, ама не се фалам со искачање у сабота навечер као најголемо достигнување во неделата, иако да признаам, стандардно искачање без некоја дешавка за памтење, не ми се случило не памтам од кога. Секогаш мора нешто да се случи вредно за прераскажување...чудна карма ме следи дефинитивно! :D
    Како на пример избацивачот кога ми врза црвена панделка на раката затоа што му свикаа дека ми е роденден. И тука ме гледате мене како се топам ко сладолед на плажа.
    Ма нели е сладок?! Нели?
    А не изгледа баш слатко :D

    Животов ми е стварно луда железница, не знаеш од која кривина што ќе ти се појави пред очи. И не ми пречи ама ич.
    Колку што сум збунета толку сум гладна за повеќе. Ко залак торта, која е мноогу вкусна. Ќе ти дадат малку и ти викаш, дај уште!

    Епа сакам уште. Отидов да се бубкам и да заривам раце во коса. Да готвам и да мирисам. Да шетам и да дишам.
    Ни затнат нос нема да ме сопре.
     
    На glosipgirl, ilipili, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Работава е лажи ме да те лажам,слушам секакви муабети,и не си верувам на себе како може исти муабети да слушам,или политика,или за кој/а е поголем/а фраер/ка,кој што испил вечерта итн.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.