Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Само зборот љубов е околу мене. Љубов, љубов, љубоов насекаде. Ама ако, за убаво е. :)
    И така...многу сум среќна за другарките. Успеаа во тоа што го сакаа и среќни се знам, а јас со нив уште повеќе.
    Викендот помина бргу, мноогу бргу. Почеток на нова недела, нови доживувања.
    А знаете што за мене е совршен ден? - Дожд, книга, чај и топло ќебенце, да :rock: .

    Имајте убав ден, ве гушка Стоименовска. :hug:
     
    На Serafima, Angy.g и Ann.94 им се допаѓа ова.
  2. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    МАјка ми ми прави палачинки ,ја морам кафе да направам !! Фер размена.. ]:)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Малку да продискутирам и јас.
    Како ги кажа морињава, како до дуќанче да претрчува човек. Знаеш ли за колку луѓе еден Охрид е научна фантастика и воопшто не испаднале од оваа наша убава државичка?

    Не е оти се глупи, туку се нема.
    И не секогаш е доволно да бидеш мирен и послушен ученик и да дипломираш. Не само што работа нема да се најде, туку и таа постоечката лета за сметки. Да некој ќе се снајде подобро од другиот, некој ќе биде на вистинското место у право време, некој со среќа, врски...што ти ја знам. Али некој, не сите.

    Талентот и знаењето не се секогаш ценети. Квалитетот не е соодветно платен.
    За многу морето останува само далечен сон.

    Во однос на убава местоположба, флора, фауна...сето тоа фино, но колку граѓани успеваат да си дозволат да ја искористат таа убава местоположба и да ги почуствуваат тие убавини?
    Кога се мислиш како ќе минеш недела за недела во Скопје и дали да ги дадеш последните пари за автобус до дома, тешко дека ќе тргнеш во авантура низ македонските убавини.

    Еден просечен жител на Германија секој викенд прави излети до Белгија, Франција, Холандија. На море, езерце, парк...и кој видел повеќе, кој доживеал повеќе?
    И џабе ни убавата наша местоположба кога некој од сосема трета земја ќе се тегне на тие плажи, додека македончето со цел погон го доживував благодетите на 50 степени секое лето.

    Ајде да бидеме благодарни што не западнавме во Зимбабвме, оти има бетер и Мак. нели.

    Фрустрациите кога после огромен труд и трошење на својата енергија, здравје и пари си дипломирал и дипломата ти стои за украс и сеуште си на товар на своите.
    Или одиш работиш некоја амалска работа и го потиснуваш својот ментален капацитет и го вадиш максимумот од физичкиот.
    Конечно наоѓаш некое работиче кое е минимано платено и веќе однапред испланирано кои дупки ќе ги затнува.
    Спомна и ДеМело за моментот кога ќе се ствара фамилија и после колку многу нешта се сменети.
    Да не зборувам една неарноќа да не удри...и таа мала наша заштеда ќе летне. За опременоста на фондови за здравство и ниво и квалитет на услуга најдобро знаат оние кои за живот се борат.
    Од убавини кузнее колку велешани испоумреа од рак.
    И јас цврсто верувам дека да беше било која западно европска држава или доктори кои се грижат малку повеќе ќе имав некоја година плус ако ништо више со мојот татко.
    Така да ЈАС, не се обидувам икого да убедувам значи, само си кажувам мое мислење си го делам ставот на девојчето.

    Ова со милионериве...се фино то, али како и горенаведеното не докажува многу.

    Да ме оставеше штркот у Америка ќе држеше вода оваа дискусија, али прво треба да се стаса таму.

    Од раѓање се добива старт далеку поназад од многу многу земји.
    И сваќам секој што си кука, што го колне штркот што го оставил тука.
    Оти ставот дека има бетер и да сме благодарни што е Македонија а не полошо....за мене е најнеамбициозното и најпокорното нешто што може да се каже.

    Само доказ плус дека уште пред раѓање на овој народ криљата му се потсечени и му е обесправено она што за многу други е нешто што се зема здраво за готово.
    Не е доволно да дадеш се од себе оти не зависи само од тебе.
     
    На bittersweet, lana8, Abeja и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Некогаш ако денот не ми е погоден, пуштам музика...
    Кога сум тажна, пуштам музика...и, како нова сум. :sun:

    Музиката ги брка сите лоши чувства кои ни ги бземаат телото и мислите. Кои не дозволуваат да се почувствуваме, така како што сакаме. Да се опуштиме.
    Епа, јас си ја сакам насмевката, си ја сакам среќата и задоволството.

    Нормално, не значи ако сум среќна...дека сите коцки во животот ми се наредени и дека рози ми цветаат.
    Ама барав светлина во темниот тунел. И ја пронајдов. Всушност цело време била тука домене, само не сум ја гледала.
    Ете, некогаш сме при очи слепи и грешиме.

    Но, среќата е тука до нас цело време. Само треба убаво да и погледнеме во очи и да ја зграпчиме што побрзо. Сега се држам до неа, и го сакам животот.
    Јас, ако не се смеам, се` ми е бесмислено.
    Денот без насмевка е празен, како овој ден без сонце. Кој нема живост, за да ви побуди некои позитивни чувства.
    Но, затоа улогата на сонце ја има тој. Да ме стопли, да ме погали по лице...и со самата негова појава, очите да ми солзат од радост...исто како кога гледаме во Сонцето без наочари 8)
     
    На Marjan007, Moira, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Станав со главоболка, сонувам 300 сонови и тоа глупави некои работи, не сакам да сонувам, не сакам денот да ми започнува со лоши мисли аман од соновиве :@

    Денеска исто како и вчера цел ден ќе си легачам, ќе си одмарам, ако другарка ми во комшии е слободна ќе пиеме кафе, да помуабетиме малце ако не ќе си останам дома и ќе си одмарам. Немам обврски така да ќе се дружам со семејството.
     
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Откако заминав на факултет забележав дека некои луѓе ги измешале поимите познаник и пријател.
    Познаниците ми се прават пријатели, а дел од пријателите познаници.
    Што стана со светот?
    До вчера не си викавме здраво кога бевме во ист град, а сега на кафе ќе ме викаш?
    Не, фала. 8)

    Последниве два дена си поминав прекрасно.
    Бидејќи сите сме на различни страни, се собравме овие два дена друштвото, се изнасмеавме, си направивме ретроспекции, се прекинувавме додека зборуваме и го носевме муабетот во сосема трети правци и ми беше интересно да се тагирам на фејсбук!!

    Не ме сфаќајте погрешно, јас гледам на тоа како голема глупост, па уште и проследно со слика од јадење, ама кога се зафркавате и кога тоа ви причинува некое идиотско задоволство, а притоа не ве мотивира мислата кој ќе ве види, навистина е забавно. Пробајте, гарантирам! :!:
    Со добро друштво и најголемите глупости се смешни, како на пример планирање „сигурни“ луѓе кои ќе ја лајкнат вашата „активност“! :lol:

    Се почувствував како да припаѓам.
    Не размислував за тоа дали некој сака да го слушне тоа што сакам да го кажам.
    Почувствував еднаквост и опуштеност.
    И сум благодарна за тие моменти. :)
     
    На Hopeful, francais, Angy.g и 5 други им се допаѓа ова.
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Официјално, ова е крајот на една ера.

    Ера полна љубов. Ера полна смеи. Ера полна солзи.

    Но е крај. И краевите се дел од животот. Мене ми станаа малку чест дел, али тоа е што е.



    Бидете среќни.
     
    На Stoimenovska, Neytiri, T.e.d.d.y и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ти си мојата линеарна равенка,на која не би и извршила метод на замена,ниту пак додала спротивни коефициенти.Ти си мојот х,а јас твојот у и заедно правиме подреден пар.Ние сме еквивалентни системи равенки,графички решени,од видот ax+by=c.

    Е,жими се вака ќе изјавувам љубов после волку решени(и уште толку за решавање) задачи математика.
     
    На Chica.Loca, Serafima, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Арно рекле, и за домаќинка треба школо! И те како!
    Не е лесно да се биде домаќинка и не секоја жена заслужува да биде наречена така.

    Имам една стрина, мрзла невидена, лигава крадла, се чека на готово. Има две деца кои не ги ни гледа, кои израснаа кај нас и за кои не и чуе уво. Битно е дотерана и спремна за шетање, битно сопругот и е на висока позиција и купува лаптопи и таблети.
    Денеска дојде кај нас со помалиот и зема една наша стара играчка. Мајка ми и се спротистави а гускава ја зеде. И добро. Поминав кај баба ми пред малце, се сетив на играчката и отидов горе да ја побарам и да ја земам за да ја донесам дома. Уште преку праг се ширеше чудна миризба на киселина, работи расфрлани на сите страни, неизмиени садови.. ненаместени кревети... Срам ме фати шо се најдов таму. И играчката не ја најдов. Да не беше баба ми надвор, да ми покажеше во градината позади нашата куќа, под сливата кај се ѕиркаше зеленото играче-немаше да го видам. Ете таму го оставиле. У сред двор, скоро у комшиите. :^)

    И се прашувам, дали некој знае колку значи и колку ценето треба да биде занимањето домаќинка?
    Да правиш ручек, да чистиш, да переш цело семејство, да средуваш, да миеш садови, да бришеш прозорци и цел ден да не си на нозе. Доблест е да бидеш домаќинка, особено на денешницава.
    Ама ептен е доблест.
    Ептен!
     
    На kravce, Bright, Ana.Jones и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Топ теми на муабет-социјална мрежа
    Некогаш и повеќе асоцијална, него социјална но океј.
    Конкретно ми се мрчи за сликите што се ставаат на фејсбук.
    Значи океј, кога се става слика во ред е да бидеме посредени,а не како што повеќето си милуваме. Ама природа,истата јас на слика ќе ме видиш и во живо.
    Од друга страна, тој собран стомак, тие надувани цицки, тој агол на сликање, таа сколиоза, тој газ испрчен во комбинација со сколиозата нели, е тоа не го сфаќам.
    Ако го собереш стомакот на слика, нема да бидеш послаба во живо.
    Ако ги наудеп цицките на слика, било преку собран стомак, со чорапи внатре или го стегниш пуш-апот додека од позади каде што ти се закопчува прслукот ти е кренат до врат, нема да имаш цицки во живо.
    За сколиоза знаеме дека имаме сите, така да добро таа ја имаш во живо.
    Ама ни тој газ го немаш во живо за да го прчиш за да ти биди поголем.
    Луѓе треба да те лајкуваат, да те ретвитаат(копираат) во живо.
    А, утре кога ќе излезиш нема ниту да ти се големи цицките, ниту газот, ниту ќе си повисока, само ќе ти остани сколиозата.
    Значи конкретно ете тоа ми смета кај денешниве кориснички на социјални мрежи. Океј е да не си како кликлоп на слика, сте не сме фотогенични, но не е океј да ги потенцираш атрибутите што ги немаш.
    И јас немам слика со цицки зошто немам цицки,ама на ниту една слика не ми пораснале оддеднаш.
    Па уште се прават дами со кавери од Мерлин Монро,Дита Вон Тиз и манекенки облечени во Шанел, Прада каде што го пијат својот утрински чај во центарот на Лондон или евентуално се имаат натоварено со триста ќеси од горенаведените во Париз под ајфеловата кула и со некој си изразуваат љубов.
    Такво нешто не постои.
    Знам, добро нивни живот. Ама ова е за сите вие што ќе ме прочитате и ќе си ја имате мувата на капата, зошто не е .. интересно, убаво и незнам која друга придавка да додам. Толку ако треба внимание, една слика кај што ќе сте голи ќе го привлече целото или можеби вака е поинтересно им пуштате водичка на оние кои седат со курот в раце.
    И истите вие, утре ќе се борите против педофилијата(пошо нели сте уште малолетни),а не сте свесни дека сте најголеми провокатори на истата. Не предизвикувачи, него провокатори.
    Ќе ве нервираат и манијаци.
    Магарето му рекло на зајакот големи ти се ушите.
    Малолетничката со минич, лакована црвена штикла 20ка, прекрасна танга, убаво бујно деклоте му се напрчила на педофилот и му рекла "те молам не ме еби"

    Ееееее, тоа ми се кажуваше.
    А, јас си фатив цагер.
    Некој ме мисли.
    Мајка е сигурно, жал и е за мене.
    Знам мајче и мене ми е жал за мене.
     
    На Bright, Stoimenovska, Abeja и 19 други им се допаѓа ова.
  11. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк...многу ми недостига..уште само 4 денови...и си доага домаааа :rofl: кој ли ке чека ???
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... бидете реални, не си го филувајте својот просечен живот. И некои моменти зачувајте секогаш за себе, не секој го интересира или пак е гладен да знае што се вас (не)ви се случува. Зашто има поединци кои и те како имаат што да изнесат и да поделат со други, ама паметно си го чуваат она нивно совршено катче наречено живот. Вистински богатиот и среќен човек во суштина е најскромниот. Живејте го животот поради себе нели, а не поради другите.
     
    На kravce, ozbilnazena, Serafima и 17 други им се допаѓа ова.
  13. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Некако ми недостига... ми недостига времето поминато со него, не и кавгите. Јака сум, можам јас, ќе издржам, неможам да се навраќам на нервозите. Подобро да не ми се случува ништо, да владее монотнија со животчево, него нервоза.
     
  14. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Чудни работи се случуваат... :|
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.755
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетон за домаќинка.

    Навистина имам огромен проблем кога ќе видам дека некоја жена меси со лак на нокти и со долги нокти. Не дека сум кој знае каква домаќинка на мои години, не дека готвам секој ден, но обично кога има повеќе пипкање на храната со раце, бришам лак.
    Мајка ми никогаш не ни носела лакирани нокти, нејзин избор. Уредни се секогаш, фино скратени, но ете кога треба да меси леб особено обврнува внимание на ноктите. Па по ѓаволите колку само бактерии има под нив...

    Ја гледам прееска Алачки, сфаќам дека е емисија која што се дава на ТВ, но таква фризура, таква шминка не и е потребна. Можеби па јас имам некоја лоша слика за тоа како изгледа домаќинка. Не велам дека не треба да се средени, но не можеш бре да готвиш со нокти од сантим.

    И кога знаеш дека сестра ти сака да се спаси од тебе? Ти полни огромна чаша со млеко и ти дава да пиеш со појадокот. А, да, алергична сум де на млеко. И така сега си седам нафрлана со неколку пликчиња, воздухот ми го снемува ама еве ја се предомисли ми носи лоратадинче ]:) :rofl:

    И помина половина година од кога го видов за последен пат. Ко вчера да беше... му замесив крофни, си сакаше месено. Секогаш ми викаше дур беше жив - Ај Маце замеси нешто, абе со нозе да го месиш ќе го јадам, само напрај. Не направив тогаш, но сега се одолжив, барем се надевам...
     
    На kravce, xoxo..gossip-girl, Bright и 21 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ова здравјево не ме служи. Можеби и јас толку се грижам за него, па затоа вака ми враќа. Ајде од утре Јово на ново.
    Не сум јас човек за во зима, никако, ме напушта енергијата, студот ми е во коски и немам волја за ништо. Се би дала да живеам негде каде што е лето цела година, каде што има сонце нон-стоп, а до некоја водна површина би било бонус. Многу барам, м?
    Едноставно осеќам дека тука не виреам...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima, DeMelo, Ilusionist и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    охохох ама се најдов :clap: крв да ми се стори :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Леле ќе си пукнам, ќе си пукнааааам!

    Ме зезна една утакмица од 15 за 360.000 денари! За 360.000! Ахххх, толку бев блиску, толку блиску! Фатив 14 утакмици, ЕДНА ме зафркна, една! Последната! Проклета нека е!

    Зошто? Зошто нема правда? ЗОШТОООО?!

    Готово, болна легнав, ќе си припукнам од мака!

    360.000 денари! :@ :@ :@
     
    На Stoimenovska, la-chicka, Yipman2 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Гледам почнаа веќе да тупат со изборите :tmi:
    А мене знаете само за што ми е гајле во врска со нив? :geek:
    Криво ми е што во недела се паѓаат, пу бре, јаз'к! :@ Барем во работен ден да се паднеа и да не одевме еден ден на школо, барем некаква корист, некаков аир да видевме од нив :!: :lol: Што не пуштија срце па да ги стаат во понеделник, па да ни се поврзеше со викендот, шо убаво би било. Можда и некој тест ќе ни се одложеше :D Пусти фантазии :rofl:
    Ама не, секогаш така прават, не даваат ни еден ден да изгубиме. Никако да ќариме ние учениците. Што да се прави, тоа ти е. :D
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    Не секоја врска е совршена но секоја е вредна, научив со текот на годините а добрите работи се распаѓаат за да се случат уште подобри, само треба да си дадеме време.

    Секој си го добива тоа што го заслужува бидејки кармата е тука, не се трудам да се променам за некој, нималку! Бидејки во таква врска нема да бидам ни малку среќна..
    Општо правило: Сакајте се себеси , почитувајте се за и другите да го сторат тоа ,во спротивно ни тие нема да ве почитуваат.

    Од грешките стануваме посилни личности, а искуствата не прават помудри.
     
    На Angy.g, Hopeful, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.