Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Некако неделните попладневни часови се секогаш исти.Фамилијарен ручек, кафе после него, некоја книга, учење, малку вежбање, средување ,депилации, туш...Исто , монотоно.
    Инаку да ви кажам синоќа прекрасно си поминав , прееекрасно. :$ Кога и го дадов писмото на другарками се расплачи, па и сликата кога ја виде , ме гушна силно ми кажа дека ме сака. :inlove: Да ви кажам ние се знаевме многу одамна.Од некои 12 години.И згора на сето тоа бевме замерени.Скарани. :lol: Деца.. ;)
    Кога дојдовме средно така да погоди да седниме заедно.Муабети едно друго многууу се здруживме.Особено многу ја сакам и таа мене.Никогаш не сме се скарале.Пупу машала да не почудам. :lol: Супер ми е со неа блиски сме , ме советува, ми помогнува. :*
    Добив голем број комплименти за изгледот. :$ И повторно се качив на вага и повторно ме издрадува, душата ми ја наполни.
    Сакам да кажам дека има луѓе кои тотално си гледат само нив да им одговара.Ќути си дупи си.Ич не им е гајле. :!: Не го бива така...Срамота.
    Нема врска.
    Некако не ми е денот погоден, а и плус врнежливо, ладно, а баш се надевав дека ке излезам на Широк Сокак на кафе, прошетка, сонце , насмевка.. :| Ама тоа е .Ке поуживам уште малку во викедот и ке ги полнам батериите утре е Понеделник, нов ден, нова недела, нови обрвски...
    Убав ден. :*
     
    На Someonespecial и pamelche им се допаѓа ова.
  2. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Во право си ајде. |( Да да, психијатрија и психологија исто е да ;).
    Смотан |(
    Сабалје кога се разбудив бев во фазон "кој ден е денеска, каснам за во школо, ме чека некој" |( и цел ден ми помина така. Ајде кажете ми дека оваа недела барем некој ден нема да се учи, кажете ми!!!! :( :( :(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Кога ќе ми текне дека денес е неделаа.. епа многу тешко на душа ми паѓа. Сакам да има повеќе одмори, повеќе саботи, повеќе да се ужива.Искрено многу ми е тешко првите 5 дена после викендот, само на него мислам и посакувам лето, плажа, мирис свеж, сонце.А богами и повеќе секс. Со овие вагиналетиве ептен се запустив аман, да неможе човек да си го добие она што заслужува.. :lol: [​IMG]
     
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Карти купени за екскурзија до најсеверниот дел од Норвешка, седум дена уживање во магијата на Аurora Borealis !! Колку само едвај чекам ах !!!
     
    На Bright, Moira, Hopeful и 15 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Јас за ова имам поинакво мислење :)
    Не мислам дека да бидеш домаќинка е нешто што ќе те исполни.Можеби жената која ја спомнуваш е таква ,ама ако би се споредиле јас и таа,можеби ќе има разлика.Ова можеби е затоа што не ја знам жената,нели има разлика од карактер до карактер.Сакав да кажам сигурно таа е среќна во својот неред ,за разлика од мене :) Што ми вреди што е секогаш чисто,кога тоа не ме исполнува.Преку чистењето само си ја олеснувам нервозата. :| А таа сигурно не се заморува со такви будалаштини како мене,туку едноставно си го живее животот.Дури јас гланцам,месам,готвам таа работи,се дружи.Максимално.

    Сакам да кажам дека размислувам колку сум се променила јас во последно време...како тоа не сум повеќе јас...за тоа како се борам со секојдневието,а толку сакам да си бидам старата јас...Зар е можно некои настани,луѓе,толку да не обележат,и да остават неизбришлив траг во нас.
     
    На Moira, CuteEva, DeMelo и 3 други им се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не е тоа затоа што коваат заговор против ученици, туку изборите секогаш и секаде се во недела, освен во Америка каде немаат изборен систем ко нашиот.
    Баш затоа што тогаш учениците(полнолетни) не се на училиште и вработените не се на работа.

    Затоа `не се паѓаат` во работен ден.
     
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Почна почетокот на неделата - почнаа и кавгите во друштвото.
    Личноста која пред две години даваше критики дека пријател ти е оној кој не те издава, кој те сака и кој никогаш не ти мисли лошо, денес истата личност ја направи таа грешка.

    #Значи луѓето се најдобри судии за грешките на другите, а најдобри адвокати за своите. :clap:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.792
    Блиску сме. И двајцата летаме. Ми се пее по улици. Доаѓаш.


    Љубов.



    Толку!
     
    На Bright, ljubam, tigerlady и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е од некои работи....Некои се претешки за човек да ги издржи.
    Попрво ќе се изедам себе си, отколку друг да уништам.
     
    На ozbilnazena, Angy.g, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  10. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Да имаш брат е нешто прекрасно :inlove:
    Мојот брат е постар 5 години... Како мали постојано се тепавме, секогаш имав по некоја модрица или гребаница од него... Не се тепавме како останатите, нашето беше веќе крвничко :lol:
    Колку ли пати само мајка ми губеше нерви од нас и ни велеше: Па тепајте се ако не ве боли :rofl:
    Ама затоа само ние двајца смеевме да си се кршиме од ќотек, друг никој не смееше да ме допре.
    Секогаш ме бранеше од сите, без разлика дали некој ми направил нешто или само ми кажал некој збор. :punch:
    Башка и мене ме исчеличи со сите тие меѓусебни тепачки :muscle:
    Сега сме веќе големи, знаеме некогаш да се потскараме ама нема веќе тепање :D
    Во последниве 2 години научивме како да комуницираме меѓусебно и тоа ме прави многу среќна.
    Кога го гледам понекогаш колку се труди да ме направи среќна, жал ми паѓа за сите караници што сме ги имале.
    Нашите убави моменти се сосем нови за мене...
    Душата ми се исполнува кога ќе дојде да ме гушне, кога ќе ми рече: Извини... Кога ќе ми каже: Ти си ми мојата најубава сестричка... Кога ќе ме праша дали ми треба нешто или дали имам доволно пари кога излегувам, дали треба да ме однесе до некаде, или кога се интересира за мене и она што го сакам јас...
    Не знам што би правела јас без него :) Те гушкам братче мое :hug: :*
     
    На cute12, Stoimenovska, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Досадно, за жал вечерва ќе си останам дома, ама утре нема утре ќе испаднам па ќе бидам во прегратката на дечкоми :)
     
  12. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Вау,само што го изгледав документарецот на Beyonce "Life Is But A Dream" ,,(го има на youtube поставено,кој сака да го погледне,)..Господ да го благослoви тој што го поставил :clap: ....Значи прекрасна е !!! Господ се и дал..Толку Моќен глас,доволно е само да погледнеш еден нејзин настап во живо ...во нејзиниот танц има нешто толку волшебно,стопати сум ја гледала и пак,зјапам и не трепкам..не престанува да ме изненадува!! За восхит,уште сум под импресии..Страшно е добра !!!
    Ете тоа сакав да го кажам!
     
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Го гледам Игор на мтв1.Ова ли е шоу?Ова ли е смешно? :swear:
    Ееее...нашава држава до кај истера.
    Да можеше секој човек вака лесно да заработува,супер ќе беше.
    Зарем ова е некоја идеја? :fubar:
    СТРАШНО !
     
    На AIT, hrcace и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Се восхитуваме на работите кои не сме се потрудиле доволно за да ги направиме. Треба да престанеме да се восхитуваме.
     
    На hrcace и Hopeful им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку поразговарав со една пријателка докторка-матичен лекар е инаку и кога и објаснив што ми испитувале и што ми се случува со стомакот последно време кога ми рече најверојатно пак ке те пратат на гастроскопија мислам дека косава на главава ми се крена од страв :worried: :x
    кога ке се сетам низ што се не морав да поминам за да се испразни организмот-страв ме фака :puke:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Не осеќам дека е недела навечер, дека е 11 ипол, дека треба да си легнам.
    Како да е петок попладне, околу 5-6 саат.
    Имавме до сега гости, едно девојче и еден школски беа од децата. Уште за шо муабет не направивме.
    Сега си местам книгите и гледам за во среда колку имам за учење. Не дека се жалам, ама утепување е.
    Музичко испрашување од 20-30 страни, граѓанско повторување на цела тема и физика тест.
    Е да, супер4е. |(
    Уште идеме прва смена, до крај на февруари ќе сме прва. Колку и да ја сакам, мака мачам насабајле да станам. Кога за наредниот ден имам за учење не спијам попладне, само се врткам |(

    Него, осеќам дека ќе се расправам вечер со фејсбук френдови.
    Објавиле слика од еден (не е добар, беше на лечење у Негорци мислам) и му пишуваат „Алфа“, „Полат“, „Мемати“.
    Ја како и секогаш прва за барање правда се умешав. Сум била како него, само шо ми стигна коментар. Мхм, да. Многу ниско е тоа шо го прават, многу.

    И така.
    Нема правда.
    [​IMG]
     
    На Adi888, Glossy-girl, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.242
    Феминки ми бркаат бивши дечковци?! :o :D
    Па кај го има тоа бре?! КАЈ?
    Ни у Београду! :D
     
    На Moschino, Monna.Monna, Lepaaa и 10 други им се допаѓа ова.
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК не да ме живцира неделава :devil: дефинитивно ден шо го мрзам од дното на душата,утре па понеделник :| па уште коа ке помислам уште 5 дена во 6 саат станување ми се плаче , ах распусту,кај си .. :( .Туку да не тупам,малце ви е на фејсбук постови “лееллелеле понеделник утреее’’ “tomorrow is monday’’ итн итн.Прочитав нешто што ми го одвлече вниманието оддамна планирав да пишам,еве како цитат ке го ставам зашто незнам од која поточно форумџика беше напишано,а ги памтам зборовите колку толку ,неможам да го најдам мислењето,незнам зашто,од темата кога последен пат плачевте:
    Некои луѓе плачат за корка леб,зашто немаат денар во себе,и немаат со што да ги нахранат семејствата,некои од големи проблеми,сиромаштија и слично,а некои плачат зошто си отишла чистачката,па неможе да земе крпче да избрише,мора да има потрчко по нејзе.Жално е да знаеш дека некој плаче за сериозни работи,дека нема што да јаде,нема што да му јадат децата,а некој ке цмиздри и ке се лигави заради тоа што си отишла чистачката.После ке ми кажат за некое дете што нема врска со разгаленост дека е разгалено,а ова што е?Некој нема што да јаде,некој ке се размазува и ке цмиздри зашто незнае да фати крпче и да избрише вода.Незнам што да кажам.Сличен пример со шмизлите од школо,што бегаат од прашинка,и се чудат како тоа ја сум можела да измијам садови дома или да избришам прашина кај мене во соба.Да,тоа сум јас и тоа е моето семејство,немаме до толку пари да се разгалуваме со чистачки ,ако не јас и мајка ми и понекогаш тетка ми кој ке чисти дома?Баба ми на 78 години?Тетка ми што некојпат ручек ке направи или ке си зачисти кај нејзе у соба?Татко ми што по цели денови и викенди е на работа и што кога ке се врати одма седнува на компјутер?Брат ми на 8 години?Нема кој,нема,па после ке ми мрчат у школо како сум можела садови да измијам.Чудна сум за нив,зашто не сум богаташка и како што спомнав во еден пост немам 1000 парчиња облека,и додека не износам некои работи не купувам нови,не ми е цела облека од бершка,најк,пул енд бер и слично,имам една блузичка можда од таму купено,и обично од теранова купувам,да имам,да не бидам ептен “проста’’ измеѓу нив.Неможам веќе да ги поднесам да ме гледаат толку криво и разлигавено.И чудна им сум што не се гушкам и не се шљапутарам со секоја втора другарка на скали,зашто таква сум,несакам лигавење иако многу од вас мислат дека се лигавам што уствари нема везе.На феминава може се понашам некако,ама заприметувам дека сосема различен карактер имам,дека сосема поинаква личност сум и дека не сум таква,вие уствари незнаете каков песимист сум,иако тука често знам да бидам расположена и насмеана,незнаете какво повлечено девојче се крие позади никот ЛитлФејри.И тие што ме знаат да ми прочитаат пост нема да веруваат дека сум јас.Туку ај да не ве тупам со глупости,ама морав да се олеснам негде па дури од кога го прочитав ова со чистачката незнаев веке како да се изразам,немам коментар...Среќна сум што постои Феминава,зашто можам да си кажам се што ми лежи на душа,иначе нема на кој дома да му мрчам...Тоа е..А да,можеби прочитавте дека имав напишано “од таблет сум’’ на 2 мислења,не беше мој таблетот,да не речете оваа не мафта тука,којзнае колку пари има ово оно,таблетот беше на братучедка ми што е дојдена од Германија :)
     
    На Chica.Loca, Someonespecial, Stoimenovska и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Обично сум многу самоуверена, амбициозна и решителна кога е работа во прашање.
    Ама, кога пред 10 дена го видов тој оглас за работа, занемев :x
    Исчезна и мојата самоувереност, и амбициозност, и решителност...И све у п.м. отиде!
    10 дена ме мачи овој оглас!Кошмар ми е и ноќе и дење!
    Се плашам да аплицирам....
    Јас, која сменив милион позиции, јас која сум била на куп интервјуа за работа и сум интервјуирала уште толку купови кандидати!
    Ја сакам таа работа, баш во таа фирма одамна.Ете, после 5 години , има оглас...
    Се плашам дека ќе се разочарам...

    Ама, неколку минути пред да почнам да го пишувам ова, конечно аплицирав :sweat:
    Ете, ми падна тој тежок товар кој го носев со денови...
    И, искрено ми олесна!
    И да не ме повикаат на интервју, и да ме повикаат,а да не ме примат, барем знам дека имав шанса- се обидов да ја искористам.ВАЖНО, се обидов!Не седев со скрстени раце.
    Полесно ми е вака, одколку никогаш да не се обидев и да си мислев што би било, кога би било!
    Многу,многу одамна имав еден дечко, кој еднаш низ муабет ми рече- Кога се двоумам за нешто дали да го направам или не, секогаш одбирам да не го направам тоа,за подоцна да не се каам за тоа што сум го направил.
    Врската некаде во тој период и ни пропадна...
    А, јас сфатив дека кај мене ставот е обратен - Подобро да го направам тоа, отколку подоцна да се каам зошто не сум го направила.
    Фала му на Бога, до сега не сум се покајала за своите постапки.
    Ајде, да видиме како ќе поминам сега :)
    Во секој случај, мнооогууу ми олесна, одкако аплицирав :)
    Уфф, обично не се расприкажувам волку :sweat:
    Ви посакувам убава и успешна недела Феминки :hai:
     
    На ludoto19, marama, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  20. vecipeci

    vecipeci Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Утре имам испит, еве цел дел се спремам да седнам да прочитам нешто но се ми е поинтересно од учењето.

    Пет пати јадев (најмалку), сите серии ги изгледав и тие што вообичаено не ги гледам, си ја светнав собата па почнав и со кујната и еве сега ми се приспива.

    Сега си седам на форум а мојве мислат учам. Влегува мајка ми во соба, ме гледа, затвара врата и му вика на татко ми "потивко бе детево учи". И сега си размислувам ако паднам утре ке ме сметаат за глупа зашто мислат дека се утепав од учење. А јас пустата........ААААААААААААА мора да фатам книга.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.