Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ќе биде некој љубезен да ме потсети што беше тоа викенд?!
    За осум часа имам важен испит, црвени очни капаци и многу стрес. Тоа е поводот за моето целодневно ѕверење во ѕидот и филозофирање до бесконечност и назад. Ако го немаш м уабетото со себе, го немаш со никој. Така велат, што знам ... Ама добро, па не е лесно ни да имаш вишок слободно време. :?:
    Хаос во вистинска смисла на зборот, ја менувам ноќта во ден, вечерта во пладне, утрото во ноќ.
    Ги предизвикувам сетилата.
    Има стварно многу досадни личности и страшно ужасни тролови на светов. Дали луѓето на сe каат само заради тоа да им биде полесно на душичката? Па кога истата ќе почне да ги гризе тоа каење
    да го користат како алиби? Повеќето можеби. Не знам.

    Тој вели дека мирисам на дом, а моите воздишки се толку силни што рушат планини.

    Сакам сега да заврне еден дожд додека јас се давам во пудингов од чоколадо.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес дојдов овде за да кажам нешто за, според мене, најквалитетниот македонски бенд моментално, Фолтин. Вчера присуствував на нивниот настап во Штип и се’ уште сум воодушевена!

    Фолтин не прават музика, тие раскажуваат приказна. Доколку сакаш вистински да ги почувствуваш, мора да ги слушнеш во живо. Звучат подобро отколку на лента, ја пренесуваат својата енергија, водат љубов со инструментите. Особено хармоникашот, свири и се смее луѓе мои, свири и среќен е :) И покрај техничките проблеми, кои доколку самите не ги споменеа, никој немаше да ги забележи, имаа извонреден настап. И додека останатите скокаа наоколу, јас стоев простум, ги набљудував, и се радував. Не можам да се шуткам на Фолтин, доволно е само да ги гледам, да се нишам малку лево и десно и да уживам.

    Имаат нов мини-албум од 5 песни кој може да го купите во Југотон, јас деновиве ќе одам да го купам и да ги поддржам. Ги слушнав песните и не знам која ми е омилена, сите се прекрасни. Тешко е метафорично да се изразиш на македонски, а тие го прават тоа толку добро. Оваа ќе да ми е омилена од новиот:

    http://www.youtube.com/watch?v=7iDTXxYOmq4

    Следнава никогаш не ја свират на настапи, а омилена ми е од сите, се прашувам зошто:

    http://www.youtube.com/watch?v=1MtnI0S3Xro

    Да не трупам линкови, немаат лоша песна. И ако ви треба малку љубов, ви треба малку Фолтин (фол тин = нит лоф = need love) :)

    А јас сум добра, по целонеделно лутање низ Македонијава денес конечно дојдов дома, за утре пак да заминам. Видов малку ранобудно Скопје, јадев мекици на Стража, видов малку езеро, вчера насмеана танцував на Фолтин во Штипот, денес сум дома, утре, којзнае :) Имајте продуктивна работна недела :)
     
    На marama, Mishela, mamma-mia и 7 други им се допаѓа ова.
  3. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    немам спиено 7453 саати , и после ми кажуваат сум имала подочнаци пошо наркоман сум била.. еооо,свашта :D
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред некој ден се допишувавме со една другарка од средно да се договориме сите и да се видиме-10 години од матура и ми даде идеја кои би можеле да организираат и и пишав на една соученичка соученичка- не е Македонка ама никогаш не сме се двоеле секогаш комунициравме мегу себе и патем да ја прашам за една нејзина другарка како да ја најдам на ф.б., од истиот клас и денес ми кажа па и предложив пријателство а кога видов каде работи :o останав во државна институција незнам како влегла таму ама кога подобро ке размислам е Босанка и татко и гарант и има помогнато преку врски-мајка и мислам дека била исто ко неа и да ви кажам дека другарка и е сопственичка на козметичко-фризерско студио -тато помогнал гарант, пошто кај нив во семејствата глава се мажите , жените ко за украс и за потомство се сметаат :x
    искрено не ме чуди ова е Македонија и сите успеваат-Роми, Албанци, Босанци, освен Македонците со еден збор да побегнеш и да не се вратиш тука :!:
    а да преминев јас во Муслиманската вера :?: можеби подобро ке беше :nod:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Секој понеделник викам дека ова е последен понеделник како се влечам со куфери, стандард пцујам кога ѕвони алармот, сите ги мразам кога ми се обраќаат, колнам по тоа што зошто толку работи сум зела и секој петок упорно си одам. :D

    Како и да е, како мине времето, се повеќе сфаќам како животот ми се пренасочува овде. Сите што ги знам лека-полека си дојдоа или овде, или отидоа уште подалеку, дома ми останаа мал број на луѓе, и фамилијава. Лани не беше вака. Мислам дека дури годинава конечно се преселив целосно во Скопје. Се повеќе обврски и трчања, и поголема потреба да бидам присутна овде за викенди и желба за во петок да се одморам, а не да трчам по автобуските. Секогаш има некој состанок, курс, нешто се полага, годинава имаме најголем фонд на часови, па се договорила ваква средба, па на кино да одиме, ваму, наму, па и момакот плус испадна во сета гужва... И кога ќе видиш, целиот живот ми дошол тука. :|

    Некна кога си одев, преморена, претепана и откако дојдов дома имав помалце од 48 часа пред па да тргнам назад, во автобусот видов една девојка. Како јас да се гледав за 4-5 години. Сабота пладне, касно си одиш, не си спиен, си бил на работа. А сакаш дома. Ѕвонеше на телефон цело време, договораше средби со овој, со оној, и храбро викаше дека не е уморна и сака да се види со сите.

    Трчај ваму, трчај наму, многу работи заборавам и станувам изгубена. Навистина сакам да помогнам на секој и да стигнам секаде, ама ако денот имаше уште 1 час, и тој немаше да ми биде од голема помош. Само се молам и се надевам поскоро да се стабилизирам, и дека никој нема да ми замери, затоа што верувајте, растргната сум ама баш на сите страни. :tmi:

    Оф, 9 и 56, според моите проценки, за отприлика 12 часа ќе се приберам дома. :geek:
    Ај, за арно, за убо нека е. :D
     
    На ludoto19, sweet-cherry, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  6. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ај за уба нека е....денес цели 12 часа на работа :emo: шубо....кој забава ќе ја имам ]:) имајте убав ден чупиња(ова по Битолски) :!: :D :D
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Дузенка, пред точно 10 години и јас бев вака, ама не секој Петок, секој 10ти Петок, си одев дома многу ретко, сега помалку жалам. Немој да се жалиш ти си на пола поблиску од мене мила, јас имам уште толку колку ти што си извозела за да стигнам дома. Ах времиња беа тоа, секое идење дома пакував огромно куфериште со гаредероба, а на крај во ќесата со валкани алишта ставав само два три партала, и секое идење дома истата песна, нареден пат не носам толку облека, не ги носам сите овие книги и блокчиња кога не цртам и не учам ништо преку викенд дома, па и оние огромни папки куфери :tmi: Сте виделе ученик од средно уметничко? Епа знаете за што зборам ;)
    Инаку јас сум конечно стабилизирана, ако се лажеме. Денов ќе биде тежок, болнички кревети, столчиња и молење за 5 минути повеќе. Срце ми се пара, толкава грамада од човек плаче од болки и челото му е наросено со капки пот од тие проклети болки. Се надевам денес ќе го видам во подобра состојба, ќе биде свеж и ќе го оставам во подобра состојба од онаа во која го испратив со амбулантното возило во Петокот. Ах викенд, се ќе беше добро ако не се чувствував како да сум со двете нозе на различен брег потпрена а под нозете тече река од грижи и мисли. Баба ми ја испративме, таа си го проживеа животот и тоа онаков живот каков ние никогаш нема да доживееме, полн со разбирање, почит и многу убавини во него. Мислите ми беа цело време со татко ми, како е, да не го боли, да не ми е лошо... Денес се надевам докторката ќе ми објасни за што се работи и ќе се смирам малку, мајка ми и сестра ми ништо не ги разбирам. Ах татичко, толку болки ми имаш зададено во животот, толку пати сум те проколнувала, но ете срцето ме боли за тебе и не можам да престанам да те мислам ;(
     
    На Glossy-girl и Doozy им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Aххх....се чувствувам успано. А имам премногу за учење за денеска :@
    А како да научам кога ништо не разбирам? План на кадри, план на директна работна рака, план на средствата за работа, план на директни материјали, план...., план....., план..... ааааааааааааа :@
    Преку глава ми е од сите овие планови....

    Синоќа пред да си легнам гледам ми пристигнуваат покани на фејсбук за различни настани. Всушност не можам да поверувам во тоа што го гледам. Па аман нека направат една граница која музика е за во кафиќ/дискотека а која за во кафана. ЗОШТО турбофолк во ноќен клуб кој го прават "најкул" во градот??
    [​IMG]

    Па и времево депресивно,сиво...никако да те мотивира да направиш нешто. По утрото денот се познава??
    А по понеделникот цела недела? Се надевам нема да биде вака...
    Ви посакувам убав почеток на неделата :*
     
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    18 Февруари, точно две години со Фемина.

    Во последно време не сум активна, само читам. Најактивна ми беше првата година. :) Фемина ми помогнам подруго да гледам на работите, да бидам позрела и ме научи на многу работи. Како што се менува се‘, така се менува и форумот и членовите. :d:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, pamelche, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    И по толку долго време пауза, еве ме повторно. Не се напушта ова катче толку лесно, навистина :) .

    ***

    Утрово станувам со толку спомени на себе, како албум за слики. Спомените се разбудија, за она што го посакувам, мечтаам, но ете тоа е тоа.
    Си размислувам:
    -Зошто понекогаш толку влече тоа минато?
    -Зошто спомените на детствто поминато со баба и дедо, никогаш не бледеат и не се напуштени и оставени на заборав?
    Она што моментално го гледам е само вистинската грижа на бабите и дедовците, која ни била потребна и ни недостасувала од нашите родители.

    Дете како дете, посакува да биде на рамниште со родителите. Денес децава некако не ги интересираат играчките, туку вистинскиот и реален живот. Работата, грижата... се она што го гледаат секојдневно во своите родители.
    А баба и дедо, тоа го овозможуваат. Додека мама не дозволува детето да ги извалка своите алишта, на баба и дедо тоа не им е важно. Важно им е детето да биде среќно и радосно со нив.
    Ете тука гледам еден голем хендикеп на скоро сите родители и ќе се трудам во иднина тоа да го избегнам.
    Некако денес не им дозволуваме на децата да бидат деца. Се‘ правиме ние. Наместо да им овозможиме да се трудат и да ја сфатат реалноста онаква каква што е и да се сооочат со неа, ние тоа некако затскриено зад родителската грижа, го предизвикуваме сосем спротивното. Од љубов кон своето чедо да не се измачува и да нема тежок живот, ние им предизвикуваме поголема себичност, мрзеливост. Им садиме во душите едно семе кое не носи ништо друго освен пропаст.
    Грешиме, мораме да признаеме.
    Го гледам тоа во скоро сите околу себе. Можеби сум тетка, вујна, но не сеуште и мајка, но скромново искуство што го гледам околу себе, нешто друго кажува.
    Мама не дозволува ништо, додека тоа малечко душиче копнее за да твори нешто корисно. Посакува да помогне, посакува да биде добар човек. Ние тоа не го гледаме, но тоа душиче се’ тоа го чувствува, но сепак ние од грижа и љубов не им го овозможуваме тоа.
    Заклучокот е болен, но реален.
    Своите деца ги правиме инвалиди и покрај што се потполно здрави.
    Не им всадуваме работна навика, не им дозволуваме да бидат луѓе кои ќе творат и ќе допридонесуваат, не им ја вежбаме љубовта, она најважното што се гради додека се мали, но само спротивното. Ги учиме да бидат себични да не даваат ништо, ги учиме да бидат мрзливи со изговор, дека тие треба само да учат, да го надоградуваат образованието, како цел на животот, како нешто најважно. Но навистина не е најважно тоа.
    Додека баба и дедо, не учеле сосем на спротивното, на вистинското. Кога работеле и тие, ни давале и нас таква задача, а ние сме се труделе да ја исполниме колку што можеме поубаво. На крај сме ја извршувале, но со преголема радост во себе, иако тоа не била ништо и била само колку да ни помине времето. Ама сме научиле и тој спомен се врежал длабоко во детското срце, дека сме направиле нешто. Дека сме меселе нешто заедно, дека сме правеле некој појадок заедно, дека заедно сме суредувале...
    Тие бабички и дедовци не учеле да се жртвуваме. Да ја почувствуваме сладоста на жртвувањето кон другиот, да ја видиме насмевката на нивното лице дека убаво сме ја завршиле зададената задача, да ја вкусиме радоста што ја дава само работата.
    Денес, оној кој твори ќе ме разбере. Колкава е радоста кога ќе направиме нешто и сме средиле нешто! Бесценето. Сме постигнале нешто што го посакуваме.
    Додека завртени за миг наназад, кон нашите најмили, ние тоа не го правиме за нив, за и тие да го вкусат истото. И после ќе се чудиме како децата ни биле бесчувствителни?! Ќе се чудиме, зошто има толку убивства, самоубивства, а помош, жртвување се помалку?! Е ќе се чудиме, зашто ние како родители не сме го постигнале тоа.
    Ретки се денес тие родители, но секоја им чест. И овде постојат такви што сум ги читкала и навистина им се восхитувам :bow: . Ќе издвојам само една ситуација. Кога таа личност еднаш неделно (или месечно) им дозволувала како работна задача да прават некој оброк на децата, внуците. Па што има поубаво од тоа? Да го учиш детето да се натпреварува во доброто, во убавото, во жртвата и радоста што ќе ја имаат на крај. Со душа да го очекува тој период и со радост да работи.

    Можеби овие редови ќе ги прочита некоја девојка која утре ќе биде мајка, но нека стави некој збор во себе и нека го заклучи во срцето.
    Воспитувањето е темел на се. Ние, родителите, градиме градба. Не градба привремена, туку вечна. Од нас зависи како ќе го воспитаме детето, од нашиот пример на живот. Немојте никогаш да дозволите вашите деца да бидат мрзеливи и да не работат. За почеток тоа нека биде средување на собата, некој лесен оброк, миење на садови, чистење со правосмлукалка... Верувајте нема да ги мачите децата, туку ќе им помогнете. Да сфатат дека работата го краси човекот.

    Од малку за кажување, убаво си се распишував :lol: .
    Ви посакувам убав почеток на оваа работна недела :) .
     
    На stylishh, marama, DeMelo и 15 други им се допаѓа ова.
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека ништо не е сигурно во животот.

    и тогаш кога мислиш дека 100% си сигурен дека си утнал, се јавува трошка надеж можеби и повеќе од трошка, се појавува човечноста кај луѓето и вербата дека сепак некој е желен да ти помогне.

    сега редот е на мене, се чудам од каде таа желба да не ги разочарам и луѓето што толку малку ги познавам.
     
    На anabel-a, Moira и Serafima им се допаѓа ова.
  12. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Денот за мене започна порано отколку што беше навиен мојот аларм.Се разбудив со страв,сеуште го чуствувам тој страв во мене.Сношти сонував како мајка ми умрела и дека наеднаш сме ја закопале а на никого од роднините не сме кажале,да сме ги собрале прво потоа ќе сме им кажеле.Премногу плачев,премногу ми беше тешко.Поставував милион прашања и посакував таа да се врати меѓу нас.Ја гушнав силно баба ми(по мајка,најдобрата жена на светот) и ја молев да не умира,дека таа ми мајка сега,дека не смее да умри мора да ме гледа.Кога ке се сетам на сонот солзи ми доаѓаат во реалноста.

    Сепак се разбудив и тоа беше само сон.Веднаш и се јавив на мајка ми и посакав да е таа до мене и сватив дека таа е најдрагоценото нешто.

    Неделава почна? Бргу ќе заврши! хах мала утеха...Со душа го чекам викендот затоа што ме чека креветот и спиење а не креветот и книгата!Го молам господ да не ни пушти дожд пошто пешки ке одам до училиште да не ме накисни.. ^^


    Драги Феминки
    Имајте убав понеделнички ден и убава недела :* :)
     
  13. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
    Сакам да успеам во животот, не сакам и несмеам а дозволам да бидам пропалица.
    На ум имам некои идеи, ги зедов и ги напишав настрана, ке ги `проучам` и изберам тој што мислам дека највеке вреди. Нема да помогне ниту чекањето да дојдат подобри времиња, да ни дојдат некои пари. Кој чека, ќе замине возот. Тој нечека.
    Не е важно што направила мајка ми а што не направил татко ми. Јас сум одговорна за енергијата која што ме креира мене, за мојот живот сум одговорна ЈАС!

    Не го обвинувам слабиот систем и `слабата` економија... туку слабата намера и желба.

    За успех се потребни само 3 работи... свежи идеи, посветеност и делување.
     
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Нема нешто што може повеќе да го мачи човек од сопствените грижи и спомени.Не знам што ми е последниов период,како да сум во некој конфликт со самата себе.Од нигде ми изникнуваат некои спомени и личности кои сакам да ги заборавам.Без разлика колку и некои спомени да се убави,во момент како овој знааат прилично да болат.Секоја вечер до касни саати се измачувам со дилемата како сум требала да постапам во одредена ситуација и што би било ако сум изиграла поинаку.И во моментов пак се наоѓам во ситуација кога треба да бирам,а јас не знам која опција е поповолна и која ќе биде помалку болна за мене.Се надевам ќе се појави некој знак кој ќе ме насочи кон правилниот избор.И нешто што најмногу ме нервира е тоа што за се во животов сум решителна ,а кога станува збор за вакви одлуки кога треба да бирам помеѓу помало и поголемо зло јас не знам кој пат да го изберам.Се тешам дека мутавово време влијае вака на мене и дека во скоро време работите ќе почнат да одат по нагорна линија...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Тмурно е времево,и утрово..
    Откако станав едвај се молкнам и неможам да си направам кафе,од што сум толку поспана и мрзелива утрово,стварно незнам што ми е,изгледа многу се разгалив вчера па денеска немам поим дека имам напорен ден.Село гори,баба се чешла.
    :D :D :D
    Имајте пријатен почеток на неделата и цела седмица да ве следат успеси,ви посакува киккки. :*
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Во ред е да превземаш дел од текст, ама доле барем потпиши дека е превземено ... :)

    СДК ... некако приметувам се јавуваат се повеќе ајдентити и иго (его) ишјус по луѓево ... тука поготово.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Се чувствувам како на фејсбук. Сите се жалиме на времево па еве и јас. Катастрофа е!!!
    Како и да е, мене денов ми почна со фитнес. Се направив жииива вода :sweat:, ама ако. Ќе ми се исплати знам! Па уште кога вежбаш со убави мажи околу тебе, мх мх мх :wasntme:.
    Денес и пофалба си добив од еден, вика "гледај девојчево бе, алал да му е". :$
    Шо бе алал, сум набацала 10 килограми фазла, алал |( хахахаххахха :D
    Али небитно, ќе ги нема до лето, т.е до мај.
    Си се истуширав, пиев чај и мнооооогу вода, апнав житарки и спремна сум за во школо |(.
    Лажам бе не сум, ми се спие ми се плаче, како би си легнала сеа.... ама шта се мора мора се, не?!
    Имајте убава недела, гушки за вас!!! :inlove: :*
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.283
    Денов турбо!

    Пак се издигав од ниедно време, и пут под нозе на полагање.
    И стандард патешествија. Автобус касни, воз не запира на посакуваната станица, трчав по транваи...али нема веза. Поради мојата оправдана параноја си тргнав ептен рано и пак стасав на време.
    Море и добро минав :$

    Во понеделник уште еден испит.
    Поим немам што треба да учам и од каде да набавувам материјали али веќе почнав да се консултирам со колеги па белким ќе биде. Тој ми е последен :emo:
    Потоа имам уште две семинарски за предавање, но колку и да се тешки, од целиот стрес и тормозење кои го носат полагањата на испити барем сум поштедена. И на крај нА раат ќе си пишувам дипломска.
    Ова мотивирана од денешниов испит, па крајот веќе го видов :rofl:
    Али ситно се брои, многу ситно.

    Втора смена сум на работано пред тоа треба да поминам до школата за јазик.
    Синоќа се пријавивме он лајн за курс по Шведски :inlove:

    А1 секако, али ептен ми е мило. Се надевам дека пријавите се прифатени и дека веќе од утре ќе почнеме. Секој вторник во наредните четири месеци, почнувајќи од утре.
    Убав ден :hug:
     
    На marama, stetoskop, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Денес.. :coffee:

    [​IMG]

    #British Literature
    #Sir Gawain and the Green Knight
    #time to kick ass on this paper
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Денес се поинаку читам.Наместо лиценца за сметководител,јас лудница за сметководител,паричка наместо раничка на грлото на матката,ниски мажи јас нилски мажи..[​IMG]


    Секој дел од телово ме боли,како да ме прегазил багер,а најдобро е да се вовлечам под ќебето, да грицкам нешто и да уживам [​IMG]Грбот ми е укочен како да имам 70,надуена сум како жаба во сезона на парење,градиве,во фаза,само-пипни-ќе-ти-ги отсечам-прстите :devil:
    Мозокот не ми работи,само емоцииве работат турбо.Признавам дека успеа да ме расплаче обична реклама .За вода.

    Нели е пмс-ов фантастичен [​IMG]
    Само да ве поздравам и си отидов во моето дувло [​IMG]
     
    На mims-89, marama, Moira и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.