Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Безброј пати до сега ја имам слушнато истата приказна и секогаш со истиот интерес и желба посакувам уште еднаш да ја слушнам.

    Јас и баба ми со по еден филџан кафе во рацете.. Тема на разговор: Љубов

    Била девојка од село. Како таа ми ја опишуваше селската идила, јас и да се обидам да ви ја прераскажам нема да биде исто.
    Била убава млада девојка. Црна коса, сини очи, витка става.

    Еден ден, додека работела на некоја нива, срамежливо го здогледала дедо ми.
    Им се сретнале погледите. Таа вели: Тоа било љубов на прв поглед..
    Судбината направила да се сретнат уште неколку пати потоа.
    Не им биле потребни многу зборови, вели дека тие двајца со погледи многу добро се разбирале.

    Пред првпат да ја слушнам приказнава, мислев таква љубов дека постои само во филмовите.
    Нејзината љубовна приказна многу ме потсетува на филмот Зоне Замфирова.
    Гледајќи ги сликите од нејзината младост, тврдам дека била најубавата девојка во селото.

    http://www.youtube.com/watch?v=iZWVVAfGh6c
     
    На Buttterfly, marama, pamelche и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Лелее ова зараза играва зимски ѕвончиња, морам да го поминам рекордот на ларагаза :devil:
     
  3. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    СДК.....да умрат сите наркомани...до еден!! :!: :!: веќе преку гла ми се дојдени,ми се смачи да се расправам со нив секој ден...ѓубриња!
    не се контролирам шо зборам :x :x ама то е...ми припука филмот на велико :devil: :@ :swear:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ја знаете ли онаа наместена како фластер залепена американска насмевка? Еееее гол смееш да излезеш од дома, ама без неа јок.Ама кај нас таквите насмевки не “растат“ и иако почнаа масовно да се увезуваат како токсичното млеко.
    Факт е дека по нашите улици владее ужасен дефицит од насмевки.Дури ни на спомениците ги нема.Макар, кога лично би ме прашале баш ни фали еден огромен споменик на маж/жена(не мора на коњ, или хиена) што се кине од смеење.Барем странците ќе речат, да нема насмевки по улиците ама еве според спомеников, нив ги имало порано, па луѓето фино во таа чест подигнале споменик.
    Еднашка така си бев бајги порасположен и ми се испушти, на познаник му упатив широка, топла речиси човечка насмевка.Кога летна човек да бега,трча и се погледнува од рамената надолу да не се исфлекал да не му е скината кошулата, да не помисли дека ќе му побарам на заем 100 евра.Го снема зад првата кривина па морав веднаш да си ја приберам насмевката за да не ме приберат некои од високо специјализирани институции за ментално понежни суштества, факт е дека владее општ недостиг на оние стари, благи(како сутлијач) погледи и насмевки.......а насмевката за што ли ја чуваш?? За првата свадба, крштевка, матурска или дипломирање, оти што ако ја дадеш и на обичен ден ќе се скине ли???
    Затоа ценете ги малите работи во животот ценети ги искрените насмевки и уживајте во нив.Љубете и сакајте без предрасуди,на крајот на денот битно е мирно да се заспие нели.
     
    На Someonespecial, mims-89, marama и 15 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.652
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Ауу потпис за ова. Не можеш низ врата да излезеш додека фацулето не ти стане тмурно како дождливо време, или пак не го кренеш носот, санки Скопје си го ослободил. Те гледаат сите ко од Марс да си паднал, се огледуваш по излози, ништо не ти фали. Сеа се уверив дека насмевката била во прашање.
    Где да се селим работава...или пак облеката...Боже пази ако не им се засвиѓа...тема на муабет со комшиките три цели дена е.

    Се повампируваме полека но сигурно. Кога ќе ми текне секоја втора вест од кај нас е за силување, мислам стварно...нешто неубаво се дешава, мора да се смени.

    A и почнаа многу важни да ни` стануваат материјалните работи пред духовните. Тоа ќе не` дотолчи. И добро познатите наши предрасуди на 567 безвезални основи шо може само нам да ни` паднат на памет.
     
    На DeMelo, Lov3, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Наречете ме г-ца вработена :D
    од денес па... здравје Боже :D

    У ЛААА ЛААААааа :D :dance: :party: :dance: :party: :dance:

    кхм кхм :bow:
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, Buttterfly и 42 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Не бе не ги можам задачиве Математика |( Кај дрво математика па и задачите а и плус тест правиме во среда.Јас иначе не си се секирав за екстерново ама наставничката Географија кога почна да збори нешто ќе не мешале,па повеќе предмети и др такви глупости и се исплашив малку али пак си немам гајле :D И оваа недела сигурно ќе биде тешко,мислам во учењето а па само како ќе бидат последните недели :| Брзо ќе си летне времево.Имаме екскурзија,па тоа сликања за алманах и некој други работи и планови за вечерта кога ќе славиме,абе се тоа добро што ќе помине брзо ама оценките се катастрофа а јас уште сега си планирам дека ќе ме примат во Орце и се тоа. :( АМА мора да си мислам позитивно,и дека ќе си ги поправам колку толку оценките и ќе ме примат во Орце па не за џабе сум поминувала одлична претходните години.И така си се тешам.... :D
     
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Вчера се преселивме во нов стан..Во центар директно, се ми е блиско 8) Нова средина, нови комшии, нова соба.. ;) Собата си ја наместив убаво и мислам дека поубаво ми е од предходната :) Само шо во таа соба имав многу постери..А тука немам ни еден :| ама ако ке напелам други постери ;)
     
    На CharmedGirl и Katerinceee им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Работнава недела понеделнички ми започна со печење торта.
    Искористив моменти додека бев сама дома за да ја окупирам кујната. Па си пуштив радио и ги отворив сите врати за убавата миризба да се расшири низ цела куќа.
    Мајка ми ме пречека дома покриена во брашно и какао :wasntme:
    Па и викам: Каква Канела, Моцарт и Марфи, ЈАС правам најубави торти!
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, tweety26 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Добро е што понекогаш не важи она „по утрото денот се познава“ :)
    Бидејќи мене ми почна со тежок турбофолк шунд во приватен автобус :lol: Ама ни тоа, ни облачново време, ни поспаноста не успеаа да ми го расипат денот. 8)
    Најпрекрасно ми е вака, кога сум среќна, исполнета со позитивна енергија, без некоја посебна причина :sun: А има и супер другари коишто уште повеќе ми го надополнуваат тоа. Дефинитивно најдобри и најдраги другари се оние духовитите, со смисла за хумор и позитивна енергија која со задоволство ја шират. Затоа секогаш и јас се трудам да бидам таква. :) Најголемо задоволство е некому да нацрташ насмевка на лицето, тоа и тебе ќе ти го стопли срцето и ќе се чувствуваш прекрасно. ^_^
    Смејте се и засмејувајте ги луѓето околу себе :sun:

    Инаку, полека но сигурно, го чувствувам доаѓањето на пролетта. Иако времето не го навестува тоа. :D Еве веќе помина половина февруари, времето бавно но сепак поминува. :f:

    И така. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=CtlE9k55Tjg
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека мало ми е Скопје,некако ми стана тесен град,станавме милионски град,гужви,собракај почна све да ме нервира.
     
    На CharmedGirl и Ann.94 им се допаѓа ова.
  12. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Денешниве луѓе ко мува без глава се , најискрено.Среќата и пред носот да им е нема да видат.[​IMG]
    ;)
    Ова со учењево тешко ми оди ама ќе запнам сега.Ќе се омачам ако треба :D Да учам додека временцево е поладничко така после оти спринг тајм , шеткање , уживкање.Се мажи братучетка и бев кај нејзе прееска го пробав фустанот абе принцеза ]:)
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly и prettyliar им се допаѓа ова.
  13. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180

    Хахахахахах О Боже.. Женски премногу сериозно сте го сфатиле мислењето. Едноставно сум разочарана од посраната политика во државата, лошата економска криза, невработеноста, сиромаштијата... и ред други работи кои ме демотивираат страшно. За што ќе ми е диплома, кога за бришење рафт во обична продавница даваат тестови за интелегенција... Мислам страшно.Разачорана сум менталитетот на луѓето, а и на нашите соседи ..
    Одиме натаму..
    Животот на Балканот зборам за нашите соседи е исто така катастрофален, можеби за нијанса подобар од нашиот.
    Следно..
    Нее мислев ниту спомнав геогравска местоположба и тие ствари!!! :|
    Следно... Во Дубаи мислев маж да сум, шеик. Не жена.
    За Роналдо спомав да сум некога жена! Значи сопруга.
    Принцеза ок е :)
    ААА и мислев за подобро место од ова. Тука брат со брат војува, работа ти нудат ако 2-3 години им служиш на политичка партија, со книшка, за на крај евентуално под знак прашалник ти најдат работа, односно 10% . Ни толку.
    Конкретен пример ти е врабувањето во РЕК.


    Ситуацијата ни е страшна, само барам подобро место од тука, некаде каде целиот мој труд ќе се исплати. Тука не.


    Не мислев дека ќе си го објаснувам мислењето.. Озбилно.. :?:
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Замина повторно,дојде и си отиде.Остана во мене уште еден куп нови спомени кои што вечно ќе ги паметам и секој пат се се поубави и поубави.Ми го даде своето срце и ми покажа колку сум среќна што го имам.
    Туку доста кажвам и летам во облаци,тоа ќе го зачувам за себе,да не ви досадвам вас.
    Не можам да останам имуна на она што се случува околу мене повеќе.По прошетката со него се упативме накај дома со такси кое што се плаќа по 20 денари бидејќи не можеме да си дозволиме да платиме 150 денари.Чекавме 15 минути за да дојдат уште двајца и таксистот ни се пожале дека мрзне и го врни дожд цел час и половина за само 80 денари. Тоа го прави бидејќи нема друга егзистенција,а мора да ја прехрани фамилијата.Колку само има такви кои што се заборавени и оставени сами на себе,да се борат и да живеат така.Тоа е нашата реалност за жал. Се бориме,учиме,се мачиме за на крајот да завршиме буквално на улица и да бараме било каква работа во мизерни услови и мизерна плата. Сега пред избори се силат,ветуваат вработувања и лажна надеж која што веќе ја губиме. Не велам дека некаде е подобро или полошо,едноставно кажувам реалната ситуација каква е кај нас.Роми питаат за други,со нив се прави организиран криминал или пак доколку заработат за себе тоа го трошат на лепак кој што го дишат дури и 5,6 годишни деца и потешка дрога ,се повеќе луѓе гледам како бараат шишиња по контејњери за да се прехранат или одат по куќи и бараат се што е е застарено и од метал.Едноставно ми е доста од секојдневието што не опкружува и сум бесна на сето тоа а уште повеќе ме лути тоа што не можам да превземам ништо околу тоа.Полека не зема машинеријата на животот а ние упорно сме слепи и им го даваме својот данок.Сите станавме роботи на секојдневието кое што е околу нас и место да одиме нагоре,ние пропаѓаме се повеќе надолу.
     
    На Serafima, Jagoda123, DeMelo и 4 други им се допаѓа ова.
  15. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Вистинските жени никогаш нема да признаат дека масажерот понекогаш ко употребуваат како вибратор...еве на пример јас не го употребувам.... :D
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Животот покажува дека мора да ги има насекаде. зборувам за оние празноглави прчли што неписмени се раѓаат и ако не ве сретнат вас такви и ќе си умрат, значи ги просветлувате,им ги менувате навиките без вас нема да ја видат светлината на денот, ќе ги направите од животно- луѓе и нема фала да ви кажат ;) јас можам да набројам пример каде што едни на други ги учат да читаат да фатат лист у раце, наместо да седат цел ден пред компјутер, ги учат каква квалитетна музика да слушаат како да се однесуваат , какви манири да имаат у јавност, да ги остават лошите селски навики и да се претворат у луѓе прифатени насекаде и тоа најдобронамерно а тие после се китат со туѓи перја, муви празноглави
    дај му на човек риба, ќе се најаде но научи го на човек да лови риба и ќе биде сит цел живот, девојки глупави, мислам дека ке сватите оти ова значи дека вашата слава кратко трае и дека еднаш роден глупав останува секад глупав... жалам

    Овој пост им го посветувам на сите глупави девојки кои во животот свој се што направиле направиле со туѓа помош без да го мрднат малото прсте, до сите мрзеливи таму у светот. Да живеете, зашто без вас немаше да знам колку многу вредам јас :l: :* :*
     
  17. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    СДК дека во сабота ќе бидам многу busy незнам дали на се ќе стигнам но знам дека многу јако ќе си поминам хеееее :rock: :rofl: :dance: :party:
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Додека ги пишувам овие редови, мислам дека срцево ми трепери како лист на силен ветер, како воздухот да ми заглавил во гради.
    Го чував овој миг можеби доста себично, да не излезе од мене, но некако морам да го споделам.

    Има точно еден месец од тој ден, утрото на 18ти јануари.
    Тоа утро со мм заминавме малку подалеку, во родното место на татко ми. Бидејќи на 19ти е Светото Богојавление, таму има убава традиција, па скоро секоја година одиме таму за тој празник. Беше некаде 5-6 часот утрото кога тргнавме за таму. По патот за тоа место има висока планина и премин на околу 1000мнв. На половина пат има една убава кривинана налево. Од десната страна има река, чие корито е веќе пресушено, но сепак убаво високо да погледнеш, додека од другата страна провалија, стрмна, карпеста, без банкина, без ништо. Возевме не многу брзо, јас задлабочена нешто во мислите, размислувам за тој ден. Во еден миг го слушам гласот на мм како се помоли:
    - Господи помогни ни! Господи помогни ни!
    Се здрвив, срцево ми престана да ми чука. Како да се разбудив од некој сон, а пред мене што да видам. Колата ни се движеше лево-десно. Патот замрзнат и фала му на Бог што немаше други коли од спротивната лента. Колата започна да оди прво на левата страна во провалијата. Не знам што се случи, но во истиот миг се најдовме на другата страна од кај реката. Буквално возевме на ивицата и само милиметри не одделуваа од таа река. Над колата изгубивме целосна конторла, бидејќи патот беше потполно смрзнат. Во еден миг се сеќавам дека и јас само тоа го изговорив: Господи помогни ни!
    И искрено не знам да ви објаснам, зашто во тој миг мислам дека летавме за во реката, но колата се заврти за 180 степени и буквално застана на средината на автопатот. Како некој да ја фати во раце и да ја остави таму на средината на тој автопат. Господ и само Господ не спаси.
    И денес навистина се чувствувам малку збунето и потресено. Само размислувам дека уште 10 денови од денес ќе ни пееа помен и парастос. Слава на Бог што не спаси, зашто денес немаше да ги напишам овие редови.
    Никогаш нема да го заборавам тоа утро и тоа чудо што Бог го направи, 18 јануари 2013. Тој ден мислам дека повторно се родивме.
    Слава ти Господи :bow: !
     
    На sweet-star, stylishh, Kasandra123 и 60 други им се допаѓа ова.
  19. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Фејсбук и Твитер направија луѓето да се интересираат и за она што воопшто не ги привлекува. И тие што не беа такви станаа, се зборува се и сешто. Секој е против секого и нема вистински пријатели. Се моли за лајкови а ако не лајкнаеш муабет ќе ти извадам. Ама да, секако ќе извадиш. Али ај, мала си, ќе мине. Не сум и јас голема, ама знам кога бев колку тебе дека уште поголема се мислев. УФ! [​IMG]
     
    На CharmedGirl и NoellePage им се допаѓа ова.
  20. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ... и така, конечно дојде денот да почнам да ги бројам деновите, да си ставам цртки на календарот ^_^ Иако јас неофицијално уште одамна ги бројам, уште кога се уплатени картите, ама еве од вчера веќе официјално уште две недели до поаѓањето, па веќе се пакувам во глава :lol: Едвај чекам, таму, со него, со други прекрасни луѓе......и се радувам како мало дете ^_^ И не дозволувам нешто да ми ја наруши возбудата и среќата периодов. Иако имаше обиди денес, но нејсе, ќе ги игнорирам, како и обично :D

    А којзнае, може и бројам денови до дента кога ќе дадам отказ.....Никој не знае што ќе се случи кога ќе се вратам од одмор, дури ни јас не знам :D Знам само дека тотално се опуштив во врска со тоа, некако не ми чуе баш многу и си се помирив со ситуацијата дека нема уште долго да се вртам таму. И некако, убаво ми доаѓа со самата помисла на тоа дека ќе се спасам од тој пекол таму :)

    Инаку, добив наредба од дечко ми да сум ја гледала епизодата од The big bang theory....Наводно ќе ми се допаднела, знае дека не ја гледам серијата.....Ај да видиме што ми препорачува. Упорно ја чекам епизодата да се симне, ама ова интернетов да го туркав побрз ќе беше, никако до 50% да стигне..... :| Се надевам дека ќе дочекам и нема да заспијам додека се симне, па ќе можам да ја гледам пред да заспијам. Ако ништо друго, барем ќе си продолжам со книгата, во двата случаи задоволството е гарантирано :D

    Одам да си го допијам какаото и да се мушнам под ќебенце :) Лека ноќ на сите :hai:
     
    На Jagoda123, Noemi, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.