Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Размислував за маските кои ги носиме, лицата кои му ги покажуваме на светот, работите кои ги криеме себично во нас и ги откриваме само на некои личности, а можеби и на никој. Без разлика колку го негираме тој факт, сите имаме некои скриена страна која несакаме никој да ја виде. Без разлика дали е тоа заради тоа што сакаме да не гледаат на одреден начин, заради тоа што сметаме дека не смееме за тоа да зборуваме, или заради тоа што сакаме да имаме нешто за себе, никој неможе да го негира тоа. Јас правам работи што си ги чувам себично за мене, и тоа е во ред. Кој вели дека не треба да си зачувате еден дел од себеси за себеси?
     
    На curlygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Денес ги направив првите кифлички што навистина личеа на кифлички.. ЈЕЕЕЕ :)
    Па мајка ми ми вика: Ајде сега знајш да месиш и да правиш, спремна си за мажење :D

    И така имав тежок ден. 20 км поминати за 42 мин на орбитрек си го направија своето. Настината сум, цел ден цедам лимончиња и портокалчиња. Мх мх витаминии :)
    После долго време бев излезена со школските. Ми недостигаа оние денови каде немавме некои грижи освен да научиме. Сега е подруго, секоја од нас си го гледа сопствениот пат, има цел.
    Не заборавивме да се насмееме за старите добри денови.

    И така, времето очај, камен ладно. На факс уште поладно, исто како да сме во паркот на клупи, и слушаме предавања, сите завиткани, шалој, капи.. Тешко нас. Го гаснат парното после 11 сатот и само така малку млако е. Колку да не е без ич.
    Сите испонастинавме.. Катастрофа со еден збор.
    Некогаш уживам во ова време, онака облачно , врнежливо, но само кога јас сум дома во ќебенце и сето тоа го гледам од топло. А вака како денес, цел ден да шетам завиткана ми пречи.

    Уште повик со саканиот, затоплена соба, ќебенце и јоргаче и денот можи да заврши. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК едвај чекам да дојде 22-23 да прекинам да се мачам со овие мисли. Аман. Бар да знам на што сум. Дали да мењам планови или да се ослободам од макава. Стварно е мачно да си у неизвесност и животот да ти зависи од тоа. Муки. Од друга страна ми се свиѓа промената на работното место. Поубаво ми е таму кај што ме ставија сега. Од трета страна денес на дечко ми ко да не му се сите овци на број, а јас ко задњи идиот сум осетлива на тоа и се мислам дека е до мене-а знам дека не е. Едноставно није му дн. Али оди докажи ми. Малце напето ми е денес све. Надам се утре ќе е подруго. Ај бар ќе се опуштам у теретана со друштвото за вежбање ко и увек. Вајда и ќе се видиме утре со дечко ми и конечно сите работи ќе си го добијат стариот тек. Турбо на работа, турбо на тренинг, турбо надвор. Секаде турбо. Барем нема да се умарам со датуми. :^)
     
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Песни пуштени во позадина.
    Навраќање на многу убави моменти.
    Од спротивната страна брат ми спие во слушалките а уво,вертојатно си заспал со некоја музика која допира до неговата душа,како што мојата песна ми предизвикува бура од емоции.

    Држам цигара во рака и пишувам,потсвеста ми вели да ја изгасам за да не го угушам детето.Ама ќе отворам прозор и ќе излуфирам,таман ќе се загледам во некоја сијалица во далечината и ќе помислам на некого.

    Многу луѓе околу мене во овој период,но никој не е како неа.
    Сите ги познавам,прочитани ми се одамна,знам што можам да очекувам од нив.

    На многу луѓе кои ми значат им ветив нешто.Еве,давам се од себе за да го исполнам.
    Се надевам ќе успеам.
     
    На CharmedGirl, SparkyAngel и Elichka им се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Колку и да си срекен, 1 реченица може да ти го расипе цел ден...
     
    На kate21 и DigY им се допаѓа ова.
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Се прелија чашата веќе.Неможам..
    Знаете ли колку е тешко да имаш татко кој ја изневерува мајката со 2 жени истовремено?
    Знаете ли колку е тешко да гледате како дома не комуницира никој со никој и сите се лути.
    Мајка ми и татко ми не комуницираат , брат ми тера свој филм во пубертет влегува и сеуште незнае ништо , а сестра ми е премногу мала за ова.
    Сето тоа најмногу ме погодува мене , јас сум таа која за ова знае уште од 9 годинки и се бори со чувствата на тој безмилосен идиот.Мајка ми рече дека не сака да го остави поради нас 3цата.
    До некаде во право е , кога ќе го остави ќе ги носи тие 2те ку*ви дома , а направил 3 деца.
    Тешко ми е , многу ми е тешко.
    Пред 1 година собрав сили и му кажав се во лице , тој не ме послуша и продолжи.Срцето ми се кине кога ја гледам мајка ми.
    Единствена подршка ми е тој , мојот најмил.Има тој и свои проблеми неможам да му додевам секојдневно.
    Тешко е , многу , многу , премногу.А уште трае и трае.....
     
    На sweet-cherry, Stoimenovska, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ме фаќа матурска еуфорија...а реков нема шанси да си го дозволам тоа замарање,нервирање,кинење живци растрчување и што уште не ..
    Ама шит не било така,не ми викајте дека е рано за пола од работите е решено што каде како ..
    Диши длабоко аничка ќе го пребродиш ти ова -.-
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Многу е чуде(се)н начинот на кој остануваме закоравени во туЃите сeќавања.

    Во нечии глави добри, во нечии лоши и бескорисни. Но што се сеќавањата во споредба со наШите очекувања?

    Се сеќавате ли воопШто Што некогаШ сте очекувале?

    Ви значи ли неШто тоа?

    Што не прави подобри личности?
     
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    За Валентајн до сеа иам добиено само менструација.
    И не сум задоволна.
    Не , ич!
     
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека расположението ми се менува на секој 5 мин
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.231
    Допаѓања:
    157.173
    Градов вреска во звуци на секс.
    Јас толку похорни период не сум видела кај луѓево во мојава околина.
    Февруари се понаша ко порно ѕвезда. Мачорски месец,навистина.
    Сите тоа ми зборат, се јавуваат по телефони,договараат состаноци треќе врсте, сите сексуално напети.(да не се разбереме погрешно,не мене, мене само ме информираат...а јас не знам зошто сум информирана... може да бидам дежурен матичар и ако сакам можам да отворам една предбрачна кладионица,коефициенти да пресметувам и да се кладам дали и кој дете ќе направи на несакајќи и кога ќе се роди :D )
    До моево окружување ли или мене ме јебе потсвеста,јас не знам. Јас збунето си глеткам и си слушкам... фореваалоун. *драматично плаче* :D
    Ако, боље напнати од љубов какваидае,отколку од муки.
    Јас си имам добиено и се осеќам блеснато. Ми одат моите пет минути шо ќе траат пет века,осеќам.
     
    На Elichka и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    139.691
    Ако не можете да заспиете поради некоја незавршена работа... станете и завршете ја!

    И така Ариел си стана од креветот и сега ќе си ја врши работата. Утре ќе има подочњаци и глава ќе ја боли, ама ќе биде среќна поради завршената работа!

    Би сакала да можев да функционирам поинаку.

    Има нешто што ме тишти, некое внатрешно незадоволство... уште да знаев од што ми е, па да можев да го решам. Порано барем знав дека е од ПМС, предвидлива и повторлива појава. Откако си намонтирав спирала веќе не знам ни кога доаѓа, ни кога си оди, ни колку трае. Ни кога ќе ми удрат хормоните во глава.

    Ќе експлодирам!
    Еден момент среќна, друг тажна.
    Еден момент зен, друг со река од солзи по образиве и тоа од нервоза.
    Ме мачат незавршените работи.
    Ме мачи тоа што многу лесно губам концентрација. И тоа пак ќе ме чини непроспана ноќ.
    Ме мачи се поизвесниот нов почеток кој сакам да се случи, но страв ми е.
    Ме мачи тоа што со него поминувам многу малку време. Тој повеќе време поминува со новата игрица, а јас со фемина.
    Ме мачи тоа што не можам да ја утврдам причината за гневното, агресивно и нервозно однесување на ќерка ми.
    Ме мачи тоа што малиот веќе три дена има температура.

    Мислев дека оваа година ќе ме заобиколи јануарското расположение. Ама ме фати само подоцна... во февруари!

    Добра ноќ на сите кои ќе спијат. И пријатна работа на сите кои имаат незавршени работи!
     
    На Peppermint, CharmedGirl, Waka-waka и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не ми се верува колку безобразни некои луѓе можат да бидат. Изморена сум, сакам искрена прегратка.
    Ужасно напорен ден имав, уште поужасен разговор. Ме брка минатото, ме гуши иднината, а за сегашноста не ни пишувам. Мислам дека ќе ме докрајчи денов.
    Не сакам да си легнам без да го слушнам. Ама не му се јавувам јас, идиот :!:
    Официјално кревам раце, не се борам веќе за ништо. Од денес можат сите да кршат глава.
    Нема ни пријатели, ни љубов, дури и семејството ми е далеку.
    Пола пакета цигари за една ноќ. Доста е.
    Не им давам љубов на луѓето веќе.
    И сега имам странец во собата. Што личи на манијак. Ќе си умрам, вечерва
     
  14. BuBeMa

    BuBeMa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    zosto taka mislis kreni ja glavata site mineme po nekoj teski momenti ako te saka toj ke se javi ne mu davaj do vaznost tolku ,a za idninata nikoj nemozi da kazi kako ke bide veruvaj deka ke minis niz podobri denovi
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Како само ми текнуваат интересни поими за гуглање баш пред спиење тоа чудо некое. Тогаш излегуваат некои интересни и новооткриени сајтови, па морам да ги проверам. Се прашувам каде ли се крие оваа креативност кога пукам од досада...?
     
    На CharmedGirl, anabel-a, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    А јас па копам стари песни пред спиење :D Сега ли најдоа да ми текнат? Ама мора в кревет сега...можи уште некоја песна на моб. :)
    Good night женски :*:
    За добра ноќ од мене
    http://www.youtube.com/watch?v=5anLPw0Efmo

    Serafima
    Значи тотално истото го имам преживеано како помала,5мина со моите в кола и замрзнат патот,исто колата ни шеташе,татко ми изгуби контрола,исто до нас провалија,канал и едвај татко ми ја сврти некако,закочи и исто за 180 степени се завртивме :sweat: Да идеше кола од тој правец ќе не собереше,ништо не се гледаше.Застанавме 1 минута и одма назад.То ми било најстрашниот ден во животот.Сите спискавме и исто баба ми викна знам Господе поможи,нешто...И фала му на Господ што не спаси тогаш.И не само тогаш.Мило ми е и вие што сте добро :*
     
    На Peppermint, bittersweet, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Што да направам да ми дојде сонче,стварно не знам.. и уморена цел ден, синока ненспиеана,како е можно?
    А цел ден ке биде турбо.
    Минатата година во овие утрински часови водев борба на боксот, ах кога ми се врака сликата колку нечовечни луге има,на кои им е преку глава работата и си ги лечат фрустрациите, не носам убави впечатоци од таа нок до порагајот, освен дилериумот од болки, се секавам на една реченица од сестрите во далечина
    - Што прави добро, ке направи глупост, не е сеуште спремна за порагај, што ја тера да напнува... :|
    По долга и напорна борба во 4 и 35 утрото дојде на свет бебе, топче мало, ми ја стопли душата и тогаш и сега веке ништо друго не ми е важно, само што ми го ставија на гради на се заборавив, баш магичното нешто наречено живот.
    И ете таа петлица денес прави годинка, веке година дена ми го ремети сонот, ми ствара најспокојна насмевка на лицето, ме загрижува, ми го преукупира цело време..
    Срце само за него чука .. :l:

    Сонце мое најмило, да ми раснеш големо и здраво, срекно и паметно во прегратките на мама и тато, да те прати цел живот убава и срекна ѕвезда, бог да те чува од лоши луге и работи.Во животот да те водат духвните работи.А ние покрај тебе да бидеме срекни и горди родители :inlove:

    Повелете парче торта, додуше ич не ми се сече, ке ми биде жал утре да ја исецкам :party: :D
    Хакуна матата! :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 0224.jpg
      0224.jpg
      Големина на фајлот:
      135,9 KB
      Прегледи:
      575
    На Elichka, Foreveryoungiwannabe, Lov3 и 48 други им се допаѓа ова.
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Треба ли да се биде храбар? Да треба, да се соочиме со животот и луѓето, некогаш и да се спротиставиме ако сме во право. Треба ли да се биде мудар? Да треба, да се научиме да размислуваме, дури и пред да направиме нешто. Треба ли да лажеме? Во некои ситуации и треба,за да се заштитиме, но со лажењето не добиваме ништо само можеме да ги изгубиме нашите најблиски. Треба ли да се биде оптимист? Да,секогаш треба да се размислува позитивно, и да се гледа животот напред. Треба ли да се биде среќен? Секако. Што ако имаме се,а среќата ја нема? Тогаш сме како без едно крило,треба да се биде среќен и да се почувствуваат најубавите работи во животот. Треба ли да се биде лош? За оние кои ти прават лошо,треба. Треба ли да се биде упорен? Да ,треба, дури и кога животот не влече назад, ние треба да ги препливаме сите мориња,да се трудиме да не се удавиме, и да одиме напред...
    [​IMG]
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Денес ми е роденден!
    Се радувам како мало дете, едвај го дочекав. Станав порано за подолго да ми трае денот. :sun: Како минува времето, не сме свесни. Иако надвор ме прават мноогу помала по изглед, околу 10-11 години, а овде на форумот повозрасна, јас стигнав до 14.
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Lov3, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    12 години непребол....
    Ете тоа е животот - еден слави роденден, друг го споменуваат....

    Денес било Светото Богојавление, ама овој ден, додека дишам, за мене ќе биде Денот кога те испративме...

    Лесна ти земја татко, знам дека си секогаш тука, живееш преку мене.
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, Lov3 и 38 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.