Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не ми се веруваше дека на овие години, во овој век ќе доживеев муабет од стилот - ја остави, затоа што неговите му мрчеа дека сеуште нема завршено факс. Не е девојче баш од фамилија. Знаеш од тој и тој град е :headbang:
    Што све не трпи државава наша не ми е јасно. Ајде тоа, ама ќе ми биде тужно ако сфатам еден ден дека мнозинството се токму вакви.
    Кој критериум еј!
    А истиот тој, со 30 и кусур набутани години у дупе, ама факс има завршено нели, доаѓа дома (нормално дека сеуште живее со мама и тато) и и вика на мама, да му зготви јадење и да му спреми облека пошто вечер големиот фраер ќе искачал! Ќе брка пи*ки со факултетско образование!
    Почит до тебе и внимание до цурите - оваквите обично за ништо не ги бива. Не бараат тие цура за соживот и партнерство на ниво, бараат замена за мама! Слугинка да не речам.

    Луѓе, луди ли сте вака малку?! Ама сериозно.

    Нека ми збори кој што сака, и нека ме осудува кој како сака за моево размислување, ама не, не е нормално да се седи дома со родителите, да се биде зависен од нив, да не се мрдне по дома со најмало прсте, сеуште да чекаш мама да ти зготви топло јадење и да ти го донесе до под нос, и не е нормално сето ова да е нешто што е секојдневие на еден возрасен балкански момак. Зошто бре кај нас толку се тинтрааат мужите, не ми е јасно. Пошто е прво па мушко? И што? Освен мандалото меѓу нозе друго нешто има ли што го прави посебен?

    Не ми е поентата да сме „модерни“, ама ако тоа да се биде денес „модерен и современ“ подразбира внесување малку разум во животот, дајте да сме барем малку разумни.
    Па поисплатливо ќе ми биде кучешка тенија да си чувам отколку вакво муже, само затоа што е маж. Море ајт!
     
    На thelittle17, sweet-cherry, Lov3 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Каде ми е крајот и мојот нов почеток? Не целосниот крај ама оној дополовичниот!
    Знам дека не е културно, но јас многу си сакам дапцујам :tmi:. Океј не пцујам онака каде и да бидам и да одам. Си пцујам најчесто дома кога сум сама. Или кога правам нешто и сум во исчекување да го направам в ред и во процесот додека истото го создавам си пцујам. Абе мераци сум кога и некој др. ќе слушнам како се зафркава со пцуењето и си се смее. Но да се разбереме не да пцуе други, тоа никако.
    Вечер ми доаѓа новиот костум за капење :inlove:. Новото фустанче исто така. Само ако едното ми е мало а другото големо! Ќе убијам некој.
    Тој сега станува и ми заличи на динусаурсот big foot. Од цртанчето. И сега го слушам како го милува кучето. Тоа се моите утра! Спокојни и чисти! Кога му ги слушам плановите незнам како ама ми е страв. Тој сака нешто такво, а јас не сум многу решена.
    Треба да одам на фитнес. Сега едно нес и да и се јавам на мајка ми да ми направи манџичка без кромид и лук. И морам да научам да готвам леќа и грав! Пица се научив да си правам, а сега и другово.
    Ми кажаа дека судбина ми било друг да ми најде работа. Ми исчурија ушите. Ма неможе тоа да е така! Јас сама ќе се снајдам. Само гледам дека треба време. Ама нечу бре друг. Дедо Боже спаси ме од моите уплави и дари ми патоказ да си ја најдам мојата златна работичка. Немора да е златна може и железна.
    Суптилна критика на нашето секојдневие - Петар. Тоа навистина треба тука во Мк. За сите кои користат Цуци, маци...и за ред други работи.
    Сакам летово да го видам Тунис или Египет.
     
    На Serafima и Moira им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк денеска една пензионерка во автобус ми вика дечко ајде стани да седнам,и јас и викам несакам и сега
    што ми можете? и таа добро дечко извини,јас и велам ништо повелете и другпат :rofl: :rofl:
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    8.537
    ^Леле браво што си умен |(
    Разбирам дека можат да бидат напорни пензионерите ама мене ќе ми е срам така да се однесувам со некој.
    Плус бабичката очигледно била културна штом така ти вратила.
    Невоспитан 20 и кусур годишен маж.


    СДК...рано започнато утро а веќе завршена една голема работа. Интервју.
    Го имате почувствувано она кога си го слушате гласот како почнува да ви затреперува на пола реченица и устата ви се суши? Е тоа.
    И...па ме примија. Ама на две мислења сум.
    Ако не прифатам, она за што зборував и зборував цело време го погазувам. Кариерата пред се. Имам можност за развој, доволна плата и осигурување, а се уште студирам.
    Ако прифатам, го зацврстувам мојот престој овде и трајно се оддалечувам од дома, нешто што го избегнував потајно веќе 2 години. Плус сега е и тој во игра.
    Многу тешки мисли за толку рано утро.
    Па и кафето си го полеав врз мене. Ајде, му се пиело некому, кхм. :)
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    У последно време све живо детективи, проучувачи, истражувачи, измислувачи на топла вода, за туѓи животи експерти, за нивните не ни треба да бидат, имаат свои експерти задолжени за тоа.

    И ние едноставните луѓе на дневен ред не можеме да дојдеме.
     
    На julie77 и Mikako им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    ^Леле браво што си умен |(
    Разбирам дека можат да бидат напорни пензионерите ама мене ќе ми е срам така да се однесувам со некој.
    Плус бабичката очигледно била културна штом така ти вратила.
    Невоспитан 20 и кусур годишен маж.


    Ај ке бидам културен и фин и нема да ти вратам.поздрав :)
    инаку многу сум незгоден за вакви коментари.
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Намќорест ден,ама сепак сум весела,и тоа многу,на татко ми му е роденден ^_^ После ке му купам нешто,ама што.Ај ке се снајдам и брат ми ке ми помогне и така :D
     
    На Hopeful, Serafima, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК кога ли ќе мин е добро и кога нема веќе да се чуствувам уморна?Аман више.Ми се плаче. ;( ;( ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Прекрасен почеток на денот..
    За разлика од порано сега веќе почнав да уживам во утрата и убавините на денот.
    Денес имам некое еуфорично расположение,па се надевам на исполнување на сите обврски кои ги имам..
    Одамна немам почувствувано како е да се ужива во раните часови од денот. :D
     
    На london-girl, Serafima, bubuce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера во АРМ имаше трибина за здравството и познати доктори беа говорници-директорот на фондот за здравство, директорката на детската клиника, директорот на детскиот оддел на онкологија, детски психолог
    и мегу другите теми беа спомнати вакцините,на колку месеци, како, што, пресадување на матични клетки, третманот на дечињата болни од рак и на крајот имаше и прашања од страна на публиката-говореше татко на дете болно од церебрална парализа, му се извршени 13 операции и му е подобро а е потребно 50000 евра за да се набават епруветите со матични клетки да се вбризгаат во рбетот и баш кажуваа дека може и во Македонија тоа да се врши , би чинело 9000 евра а со партиципација 1000 евра ама да се зголеми квотата и фондот за здравство да го одбри тоа и верувале или не бев единствена од УМС и останав до крај за да слушнам се и после трибината кога доагав накај дома ;( ми течеа, а не разбирливо ми беше смеењето и шегите од страна на лугето, толку ли да се немало осет, и човечност :fubar:
    колку е тешко да си родител а посебно да си мајка :!:што ли не мајка ми преживеала ;( и баш размислував за мојата здравствена состојба , сите компликации, што докторката што го има истиот проблем како и јас со тироидната жлезда што ме советуваше да не станам мајка никогаш, колку влијае на мене :worried:
    понекогаш се прашувам зошто се родив женско :worried:
     
    На Peppermint, Katerinceee и Moira им се допаѓа ова.
  11. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    srcekrsacka церебралната парализа е болест која не се лекува,јас ја разбирам беспомошноста на родителите со вакви деца и состојбата во кои тие се наоѓаат,но болеста е макотрпна,долготрајна и за жал нелечлива.
    А зошто да те советуваат да не раѓаш деца,ако имаш проблем со тиреоидната жлезда?
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.113
    Допаѓања:
    163.678
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш се заинтересирам за политика (што не верувам ни 0,05% дека ќе се случи ама си праам филмчиња само :lol: ), ќе се потрудам да имам некоја висока позиција во врска со образование. :!: И тогаш, абе луѓе, чудесии ќе правам. :D Прво учебната година ќе ја направам да трае најмногу 4 месеци, и секој ден да има максимум 4 часа. :sun: А и да, моментално и под итно има да укинам математика, физика, хемија и биологија, а ќе воведам италијански. :inlove:

    Инаку, луѓе, јас отидов под итно да видам што е финтава со Харлем Шејк. :!:
    Гледам некој нов феномен е изгледа, сите за тоа зборат, само јас неинформирана :$ :lol:

    Ај ариведерчи :hai: :*
     
    На Glossy-girl и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  13. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Денеска поспана бев, спиена 6 саати, одвај отворив очи. Цел ден нерасположена и сириос. Демек скокови на физичко, ја паркур. Хех. По две цели недели дома, со грипот, испуштив тренинзи и сега одвај чекам да одам. Волкава волја одамна немало.



    Имајте убав ден :)
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Замина викендот... уствари замина уште пред 2 дена, ама ја спиев до сеа...
    Му направивме 1 година. Недела унапред, пред тој кобен ден, така требало. Со сите дандани и марифети...да не му фали ништо.
    Цела година без него... не можам да верувам дека помина цела година...како вчера да беше.
    Јас сеуште го чувствувам.. и смртно сум исплашена дека тоа некогаш ќе престане, а не сакам.
    Љубоморно го кријам во срцево.. и за него можам да зборувам со денови без престан..
    Многу ми недостига...
    ***

    Го сањала мајка ми песот наш, Диор :). Го сањала малечко, како шо беше кога го земав од вардариште. Као ја и неа, сме го однеле некаде и сме го остаиле. Коа се разбудила сабајлево прво отишла кај него, почнала да го гали, го мазела.. (да се разбереме, таа не е баш некој љубител на животни, ги трпи ради мене :D )... и течеа солзи додека ми го раскажуваше сонот.. -толку не сум го галела за цели 3 години како го имаме, ми рече таа.
    Загубата си е загуба, боли......и на јаве и на сон.
    ***

    Тмурен ден. Ааааама за некој тоа не е повод да се повлече во себе и да чека на поубави денови. Да се откаже и предаде. Некој бре не го занима тоа шо денеска нема сонце, тој некој се дига нагоре, се издига, кога е најмрачно....толку мал, нежен... а истовремено силен!
    Ех, сите да можевме да се поистоветуваме со нив.
    Битките со себе и за себе, не чекаат да замине невремето, не чекаат да изгрее сонцето, не чекаат да порасне ноктот шо си го скршила..ниту трпат пролонгирања... едино трпат последици..
    Имаме толку да учиме од нив.
    Еве ги првите убавини кај мене во двор. :)
    Кокиченца :l:
     

    Прикачени фајлови:

    • Image3103.jpg
      Image3103.jpg
      Големина на фајлот:
      211,1 KB
      Прегледи:
      583
    На Hopeful, kate21, Marjan007 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Бремена сум!!!
    Сабајлево дознав, бев на лекар, ми потврдија бременост. Пресреќна сум, просто не ми се верува!
     
    На Sw3et.Ang3l, thinkerbell, Lepaaa и 115 други им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ајде кој е за караоке :D
    http://www.youtube.com/watch?v=skrPiEY9udM

    Туку станав во ниедно време оти не можев да долежам, што ми е бутур, дренки берам, станав си ставив слушалки и си шетам по јутуб, премотав се живо од Доли Партон до Јастин... ааа Тимберлејк :D
    И само што седнав да учам, те го ми се приспа :yawn:
     
    На bittersweet, DzingrlakaDzikica, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Во право е Ноеми.
    Барем да го прескокнеше делот каде што ти се извинала и да ти врачевме орден за почесен хејтер на пензионерите во Скопје.
    Да, океј нервираат.
    Но,да станиш на постар е доблест, а тоа ќе го видиш кога некој пилиштар ќе ти се прави фраерчина со истиве зборови.
    Освен ако навистина имам потреба да седам, ќе седам, но во спротивно немам потреба од тоа.
    Не се криви до толку и пензионерите, колку државава што го направи ова безредие само за да соберат глас повеќе.

    Еднаш така натоварена требаше да одам со автобус,ама не знаев точно на која станица треба да слезам,а автобусот полн со прашина,ништо не се гледаше,освен ако не му дишиш во врат на шоферот.
    И сум погодила прекрасен термин 4 саатот кога сите се враќаа од работа.
    Кога се ослободи место еден чичко ме гледа таква едвај се носам сама са собом и ми понудува да седнам,иако пред да ме види се упати тој накај седиштето. Јас сепак како помлада му реков дека нема потреба, иако се пцуев,ама можеби крај краева и тој се враќа уморен од работа и во автобус гледа еден тон исфрустрирани фаци кои мудруваат наоколу.
    После тоа јас така стојам пред него,се напрегам да ги видам надвор семафорите за да ја погодам станицата зошто втор пат одев на тоа место.
    На крај ме праша каде треба да слезам, му кажав и точно кога застана автобусот ми рече дека сум стигнала на станицата.
    Ете со едно добро, ти се враќа друго добро. А, јас ако седнев на седиштето пак ништо немаше да видам и сигурно ќе промашев.

    Само пример ти давам.
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, Hopeful и 12 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Само за миг ќе погледнам толпа луѓе обично,овде нема ништо,ништо што ми е потребно...
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Стварно си откачен :) Ме насмеа нема шо :D
     
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Прееска ми се откачи деснава нога, ко на барбиките |( И така ме глоѓаше едно време додека не мрднав некоја жичка и пак си ја наместив,
    исто ко на барбиките
    :emo:
     
    На Someonespecial и LittleFairy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.