Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Hakuna matata!

    It means no worries for the rest of your day 8)

    Колку посакувам барем еден Hakuna matata ден, ама нема ;( Ајде, петок ќе дојде soon enough :)
     
    На prettyliar и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.174
    Вчера го преспав цел ден.
    Како легнав попладне у 4 синоќе до 12 спиев, станав колку са си наместам книги и у 1 па си легнав до сабајле до 6 ипол. :mm:
    Би спиела и сега, и те како. Камо да немав за учење :doh: .

    Си го испланирав времето за учење (уште така да испадне).
    1 саат хемија, 1 сат музичко и 1 саат граѓанско. Ќе седнам, ќе јадам (кај без јадење) и ќе се вратам да доучам музичко.
    Мхм да.
    Ќе испадне сега, ќе пуштат доле у соба турците да брмблат и ја ќе држам у една рака книга у друга млеко или какао и ќе гледам у телевизорот.
    Вака шо неможам да учам, моите се криви.
    Да си имав посебна соба, таму на раат ќе учев. А вака овде у детска брат ми гледа серија на лаптопот, доле тато ќе ги гледа турците, кај баба и дедо не ми се влегува, само ќе ме прашуваат нешо (испит треба да полагам), у спална ладно а у веце не ми е згодно за седење. И немам каде!
    Уште ова да го сфанат наставниците.

    Него, пуштете ми среќа за утре, мноооооооооооооооооогу ќе ми треба.

    Убаво пладне имајте :hai:
     
    На Monroe, mims-89, prettyliar и 9 други им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... штедиме! Од денес вложуваме за идни денови, штедиме за истите ... сакале или не да признаеме финансиите се битен фактор. Си викам, па кога среќата не сака или слабо се труди да ми помогне во друго, барем кога се работи за финансии секогаш е тука. Фала Богу, имало, има и ќе има.

    Инаку многу тешко времево или мене ми се чини?? Тешко дишам, тешко станувам, тешко седам ... уште потешко прифаќам одредени работи ... :doh:

    Ах, уште ова, во последно време се нешто каваљери се појавија од секоја страна ... :wasntme:
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Жештината ми го прекина сонот, се разбудив сабајлево нешто пред 6h цел испотен и наеднаш си помислив, ми текна.......кога таа ќе беше болна, а беше прилично често болна :?: ме будеше некогаш во ноќните часови цела испотена, ќе ми речеше:-.....л, испотена сум, и јас цел сонлив што побрзо ке и донесев некоја моја маица и пижама, ќе се облечеше и ќе се свртеше со грбчето кон мене и ќе продолжеше да спие, а јас ќе ја гушнев за кратко и потоа...потоа незнам што, ќе пропадневме во сонот :)

    Сакаше комоција додека спиеме, но бев како магнет за неа, спиејќи се приклештуваше до мене, мислам дека да паднев од кревет и она ќе паднеше со мене :lol: се чувствував како татко со мало дете покрај мене. Но, што ни останува освен да се присеќаме на убавите мигови, но ни тие не се убави ако ти предизвикуваат чувство на носталгија и можеби тага. :bow: :D
     
    На babaDara, martinuska, SEKERLEMA и 3 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.783
    Пол:
    Женски
    Грдо чувство, да останеш без работа за ала минут. Но подобро е вака, ќе најдам нешто подобро сигурна сум, морам да најдам. Од денес Вработување.ком, Најди раобота и Огласи24 се моите нови најдобри пријатели. Шта чеш, борба за опстанок :@ Најмногу ми е жал што ја изгубив работата заради една од најлошите студентки од генерација, која за воља на вистината е внука на другарка на директорот и ќе работи беспари, колку да видела како ќе течат работите, да не била без искуство. Морам да речам, после година ипол работа овде не е лесно да бараш работа и да чекаш со душа да дојде 1ви.
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сакам да кажам дека ми треба еден убав згоден одмор. Едно 10 дена во Аурора во Берово, ама пред тоа нормално лото да ми падне прво... Се трудам од петни сили и жили да сум ведра и весела, си се лажам самата, па тук-там ќе успеам и да се убедам, и се си оди така. Дали дека ме стегнал ова ПМС-ов, со се комплет болки и останати женски проклетии па малку сум по раздразлива од остали денови, абе муабет со мене не се прави. Додека некој ме погледнува и ми кажува било што, јас како харпија некоја одма скокам во самоодбрана, мислиш дошол да ме утепа човекот... Свесна сум дека претерувам, а неможам ништо против тоа. А да не збориме дека од сабајле изедов 100 грама чоколада, еден ѓеврек, парче гибаница, некаков чуден колач од една колешка, кафе, сок и како да не е доволно, се утепав од острење на леќата што ја имам дома... Цревата ми кркорат како оркестар на дувачки инструменти, мислиш од лани не сум јадела. А таман ми земаа мерки за венчаница, само ако не е нешто како што треба, ќе се самооштетам. Цел ден на јадење и на карање да се мислело, кај е онаа Елена од времето, ееееј? И таа добиваше секој месец, и таа имаше сериозни проблеми за своето време! Ми фали... Ми фали одразот во огледало без 3 пара подочњаци, виталноста, енергијата, темпераментот, хиперактивноста. Ама ајде, ќе се навикнам и на оваа Елена полека, само доколку не се обиде да ми ја одземе насмевката, вицевите, зезанциите до сабајле и милите ми работи кои ме прават мене. А се обидува, ама се борам, балансирам помеѓу едната и другата, и завршувам каде - каде по уморна од претходно, ама не се предавам... Имам потреба што побрзо да заврши глупавиов ден и да си одам дома, да си ги гушнм кучињата, денес и двете ми се дома... Души мои, само они ме разбираат.... :rofl:
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.113
    Денов да оди на боловање под итно. Има температура,се тресе и му течат мрсули.
    А за мене еден дечко,кревет и кафе,да си правиме пилоу ток.

    http://www.youtube.com/watch?v=jmJGZxZC218
     
    На caroline.costa, Libera и lovely91 им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ќе кажам нешто многууу ,многу познато на повеќето од вас...........но бре да се намало идеа и свое јас .
    Имам една пријателка во мое блиско опкружување ми ја отече пи...та жила постојано ме копира (простете на израз ).
    Ај едно ај две, ај три ,четири па и пет, ама веќе нема простор за нејзините глупости .
    Ама танана, нана ,нана ,баш ми е гајле толку сум модерна што на глава ќе застани да биди ЈАС :D :D :D :muscle:
    Тоа исто ти доаѓа како јас со мојата боја на коса , или строгиот поглед да се умишљавам PENELOPE CRUZ :lol: адиос .
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Уште еден, уште еден испит и после имам пет дена за перење и пакување. Мистеријата како ќе ме собере ни другарка ми Кристи нема да ја реши. Гледам ваква ќе бидам на аеродром.
    [​IMG]

    Него, и најдов совршен поклон на мајка ми. Го гледам секој ден, го мазам и пазам и не и кажувам што е. Многу ги сакам моментите кога ќе најдам убави поклони и лицата на луѓето кога ќе им ги подариш. Денес учам во соба со зајаков кој потајно шпиунира се од кафез. Жал ми е за него, ама ако го пуштам ојде кабелот. Навечер несоница, насабајле не можам да се разбудам. Имам лошо чувство дека здравјето ми е на незавидно ниво. Премногу сонувам деновиве, и секој ден се будам со нова песна во глава од нигде никаде. Па почнав да си ги запишувам во планерчево, си прават плејлиста од 2013. Денес Тоше, Усни на усни. Од каде само се прашувам на оваа песна ми текна.

    https://www.youtube.com/watch?v=4CtJs9CicYs

    Ме нервира онаа што треба да ми биде другарка и сакам убаво да и ја залепам една. Аман бе сестро, па ни сам Бог не е толку зафатен за една порака и Скајп. Сфаќам и дечко и се, ама претеруваш. И ќе терам инает, па да видиме кој ќе попушти.
    Таман еспреса како никој и се враќам на учење.
     
    На sweet-cherry, tweety26, Hopeful и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Имам многу да кажувам,најмногу на себеси.
    Си ги читам мислењата и си се чудам. :o Прочитав едно мислење мое дека сум напишала за во диско дека треба да се оди после 16,а јас за кратко ке правам 15 и дека тоа не е за мене.А зошто тоа сум го мислела и сум го напишала? Зошто? Затоа што некој сосема 3 ке ми каже дека сум мала?
    Нешто што најмногу мразам е кога ке ми кажат мала си!? :o Мала за што? Зарем јас незнам после се што се случи што треба да правам а што не?
    Мала сум...? Зарем јас не научив од грешките? Зарем не сфатив?!
    И што ке се случи ако отидам? Ке се опијанувам? Ке се фатам со било кој? Ке одам по миничи и деколте? Ке ставам тон шминка? Ке се вракам рано наутро? Не.
    Ниту ке се опијанувам ниту ке си факам дечковци,ниту ке се одам разголена ниту ке ставам тон шминка а најмналку да се вракам наутро.
    Зарем ке биде нешто ако отидам во 10 и се вратам во 12? Зарем ке биде нешто ако излезам со другарки? Ако обличам фустан што не е краток и не е отворен и многу убаво изгледа? Зарем ке биде нешто ако одам со штикли?
    За дека ми е страв толку доцна страв ми е,ама не сум сама. :) А и накважно не пијам алхохол....
    И знам какви се луѓето.Знам дека денес на никој не треба да веруваш.Дека ништо не прави добро за тебе без причина.Знам дека ако сама не се чувам нема никој да може да ме чува. :)
    И најважно ако не уживам сега кога? Секако уживање ама со гриници бидејки се има граници.
    И затоа во петок вечер ке излезам секако со дозвола на мајка ми.Мајка ми ми дозволи но во 12 на полноќ дома да сум,да не пијам и да не пушам.Секако едвај ја вратив нејзината доверба па сигурно нема заради една цигара,вотка или дечко повторно да ја изгубам довербата на мајка ми.Мајка ми е најважна во животов. :) Затоа ништо не вреди повеке од неа.Довлно маки и зададов и на неа и на мене...
     
    На Elichka и Katerinceee им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК таков е животот денес, на луѓето и Св.Петар у живо да им се појави, пак ќе мислат дека лаже, се маскирал, ќе проверуваат дали е тој или не е.Тоа е како да велат си веруваат себе си, а проверуваат дали навистина постојат или не.Затоа има хаос, а не хармонија.
     
    На tweety26, bittersweet, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    СДК синоке околу 8, 8:30 беше се вракам од балет и поминувам од едно место каде шо имаше некоја забава, роденден мислам дека беше и како шо одам од едно 10 метра пред мене ги гледам девојчиња по 12, 13 години во 15 цм штикла, фустани до гз и кило шминка на нив.. Сериозно останав шокирана..Јас шо сум поголема од нив и дадо можат да ме викат немам облечено штикли а тие 12 години 15-ка, а за фустан до гз да не праиме муабет.. Ги погледав малце и си заминав..Значи стварно неможам да ги сватам некој..Мислат ајде 7-то сум (а она факирката деветолетка е) и 15-ка можам да носам..Незнам како и даваат родителите од дома така да излегуваат..И на 12 штикли носе, шминка се ова она..ОК на 16 мајка ке биде 100% Ама знам дека уште малку и на таквите крајо ке и дојде ;)
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Фааааааааала богу татко ми го зеде компјутеров во свои раце откако формат не му помогна, го отвори го размонтира цел го исчисти го испопремести и веќе не крева толкава температура и не кочи, што е најважно од се - не се гаси. Стопати сум доаѓала со голема инспирација за пост и секогаш кога сум стискала „испрати“ ми се гасел компјутеров, АМАН! Заврши тоа. Се надевам нема да е краткорочна среќава.
    Датумите за полагање се океј, сакам да постигнам и да одам и за Солун со мајка ми одма после нив.
    Летово сакам да го искористам максимално, пракса од факултет, па да одам на некој курс по јазик и било какви активности поврзани со образование. Ма секакви активности, само да не е досадно и да не дремам дома и пред компјутер. И секако, да одам на одмор. Ма сакам да се надминам себеси.
    А дотогаш... одам да одморам малце зошто од утре како што ми е редот до недела во комбинацијата од секојдневието влага и учењето. Ахххх да ги испружам нозеве ко чоек, зошто денес од 8 до 4 не ми беше лесно. :hai:
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Сакам да кажам...
    дека денес и покрај тмурниов ден се чуствувам супер...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Толку сум уморна што само сакам да лежам и да м’мкам некој текст од песна.
    Еве на пример оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=-_yCNhw3TCM
    No se por que te quiero , sera que tengo alma de bolero ...mmhhhmmmm..... :music: :music: :music:

    Туку...денес - прв работен ден.
    ХА! ХА! ХА! Бубби вра-бо-те-на-таaaaa!!! :D
    Ќе ми киднеше бусот сабајле. :lol: Трчав и се потсетив на деновите кога идев на предавања на факултет, т.е. неидев , каснев секогаш. До околу 11часот некако стигнував до факултет. Ама сега јоооок...си трчнав сабајле и среќа што го фатив зошто ја избегнав утринската гужва низ градов. А на работа супер. Фина колешка (2 год постара од мене) и после првото кафе, се расонивме и почнавме со работа. А Бога ми и со муабет. :lol: Тешко доаѓа 10-11 саат, ама кога ќе помине пладне после брзо стигнува 15часот додека заврши раб. време. И такаааа.... фино е. Реално сум уморна ама не дека паѓам во несвест. Ми се спие за спиење ама ќе издржам до 22 за да си легнам во нормално време.

    Е ова сакав да го кажам....
    До душа уште нешто. Татко ми бе....душа човек. Ми се јави на мобилен дека загрижен за дали да ме чекал на авотбуска зошто видел дека не сум понела чадор па да не накиснам. Се загрижи и дека прв работен ден па уморна и клацкања со автобус, па ми направил салатичка за да се освежам одма чим се вратам. Тааато е тааато!

    И сега што ?!
    Ја чекам првата плата за да половина ја испијам, а половина да се фалам во темата за Што последно си купивте :D хахаха

    Querer como te quiero, no tiene nombre ni documentos....mhmmm mhhhhmmmm trm trm :music: :music: :music:
     
    На sweet-cherry, Neytiri, Elichka и 13 други им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.113
    Чудото во нашата држава. Откако не успеваат да направат пари со реални нешта, се некој се наоѓа да одржува ОБУКИ... Експерту фала,ама ај примени ги твоите способности на реална основа,па после држи ми обуки,во ред?
    Страшно,страшно нешто...
    Сите станаа експерти... Не дека се немам излажано,ама дур не беа толку актуелни и чести,сега ги жалам парите кои сум ги дала,зошто кога седнав и ги слушав тие наводни предавачи...колку се полни со нелогичности и недоискажаности,а се мои врсници или пак 5 години максимум постари од мене... Што дури смешно ми беше што морав да влезам во конфликт што се мултиципативни обврзници (?!)... Ја корегирав своевремено,ми се придружи еден дечко,очите ќе ни ги ископаше....ја прашав што е по професија,правник...Добро,држи ми ти предавање за економија онда со прочитана основи по економија од Таки Фити,ти стана експерт...јас сум будалата тука,не си ти крива што ми ги зема парите...

    Не се они криви,ние сме овци... со надеж дека тоа ќе ни помогне при вработување или дообразување.
     
    На Johny, Hopeful, ljubam и 4 други им се допаѓа ова.
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    perfect family?!
    рили????
    што се случува и сама неможам да објаснам.
    тешко е. :|
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Неможеш да загубиш нешто што никогаш не си го имал ...........
    [​IMG]
     
    На tweety26 и xoxo..gossip-girl им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Прв ден добиено, втор пат во рок од еден месец, ужас невиден... уште од последниот циклус не поминале ни две недели бааам пак. Дождови, глупави дебати на факултет од типот каква ќе биде позадината на апсолвентските слики, за истата позадина мене многу ми е гајле коа ми тече нешто као водопад, коа ме кинат јајници, кога имам мокри чорапи, главоболка, кичмоболка... како го издржав денов јас си знам а веќе не е ни битно зошто пројде и сега сум во кревет со топли шишиња околу мене, чекам да ми се симнат сериите, пуканки и чај и крај.
    Не мрдам од креветов овие три дена.
    И така.
    :bandit:
     
    На sweet-cherry, Hipster и Doozy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.