Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Ѓубрето ми направила ќофтиња и торта. Ај не јади! :(
    И, газ сум одимала. Е, ќе одимаш и ти вака да се раниш! ]:)

    Тукуу, дај да си олеснам.
    Јас немам непријатели. Има завидливи луѓе отсекогаш во мојот живот, но тие не ми можат ништо. Не можат да ме кочат и да ме запрат ако јас одлучам да одам напред.
    Непријателот сум си јас. Се плашам само од самата себе. Бидејќи колку можам јас да си наштетам никој друг не може. Се плашам дека ќе потфрлам и нема да го направам татко ми горд. Дека ќе се разочара и од мене. ;(
    Сакам да ги остварам лично моите цели. Цели кои ми се чинат невозможни. Имам зацртано толку многу, а се плашам дека ќе остварам малку. Но, кога ќе размислам поубаво, сакам само да бидам среќна. Каде и да одам, што и да правам. И слободна. Никогаш веќе да не ги почувствува прангите кои ме опашуваа ланската година. :|
    Не знам ни самата што сакав да кажам веќе. Не знам ни што сакам.
    Се плашам и од животот. Се плашам да одам понатаму за да не згрешам. И никој не може да ме сфати.
    Од неуспех се плашам.
    Се занесов. Ми се олади какаото. Е, и од тоа се плашев. :D
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    ми го погоди ова а :) :up:
     
    На SweetChild и hrcace им се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Кога ќе се сетам - чиста вистина! :tmi:
    1 слика 1 000 000 зборови... :D
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry и hrcace им се допаѓа ова.
  4. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    СДК би сакала да споделам со вас почитувани мои мили феминки нешто што го напишав многу одамна,имав околу16-17 години. Не сакав да остане заклучен и непрочитан во старата тетратка со шкрабаници кои ги срочував од време-на време.
    Сон

    1дел-Сонување
    Сонував дека сум пеперутка.Жолта. И со благ трепет на крилцата предизвикав земјотрес во Индија, поплава во Чиле, ерупција во мене, некаде околу стомакот и меѓуножјето, фисија на сите мисли, помисли и размисли, цепење на разумот и логиката на безброј non sense фантазмагории и авети. И додека во ретровизорот го гледав кожурокот во кој скапуваа остатоците од човекот-ларва, пиев вино од јоргован и се боев модро, црвено, жешко, жешко. Се подкревав и паѓав, летав надоле, паѓав нагоре и се се вртеше околу мене или пак беше обратно-јас се нурнував вртоглаво во предметите и случајни фрагменти ми одзвонуваа како ехо во slow motion,повторувајќи се и повторувајќи се, бавно,тромо, психоделично, пак и пак, се дури не сраснаа со мене. Горев од невозможна топлина иако утробата ми ја режеше студенило, се потев и испарував, а во пареата беа заборавени спомени. Телото тивко ми беснееше, минував молскавично низ метаморфозите, јачев и болував. Не, не беше ништо сериозно, ништо заразно. Нормална дијагноза. Само сонував. Сон.

    2дел-Бдеење
    Сонувам дека сум човек. И дека живеам. Имам кошмар, но не можам да се разбудам, не можам да побегнам. А знам дека ќе се разбудам како пеперутка, жолта пеперутка, но кога? Заплеткана сум во пајаковата мрежичка, окована сум за животов, и сите тие очајни, конвулзивни препелкања само ме заробуваат повеќе. Грчевито и неспретно се трошам и трошам, пајакот ме цица и цеди, и се уште сум тука-во стварноста. А стварноста е абортиран сон, недоношче;изобличено квази детуле, се уште во инкубатор, се уште под инфузија, со привремени, умерено дозирани допинзи на сон, на магија.
    Сонувам дека сум човек, се уште. Сонувам дека живеам. Животот е сон. Недосонет.

    3дел-Безимен
    Те сонувам тебе. Некое нејасно чувство,длабоко и вознемирувачко, се провлекува, ме обзема. Тука си. Темен и треперлив, толку близок, толку моќен.Ме мамиш, ме опиваш, ме сладиш и ми горчиш. Не прогонуваат зашто страста е профана, не кудат зашто љубовта е бласфемија на стварноста, зашто те најдов. Конечно-емпатија, конечно-разбирање. Медената замелушеност од емпатијата ме заспива и ме трезни, ме подкрева и врти, јас сум пеперутка, јас сум човек, јас сум сон. Исполнет.
     
    На LittleFairy, francais и Dog-lover им се допаѓа ова.
  5. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    The world is a better place when it's upside down. Obviously.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Се поминува. Само спомените остануваат.
     
    На sweet-cherry, Elennaa, Glossy-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  7. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    СДК дека разликата меѓу Титаник и Македонија, е тоа што Титаник си го најде дното. Ние уште тонеме. :D
     
    На CuteEva, CharmedGirl, lana8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Како бе како какооооо :@ Сите си сфаќаат како нив што им одговара!!!!
    Па и на крај на краиштата јас сум одговорна за тоа што сум кажала, а не како ти си сфатил/а :@
    Проста нација цццц не ми се верува |(
     
  9. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Сите ситници како на пример грицкалката за нокти, игли, конци и сл. си имаат свое сопствено местенце каде што си ги чуваме (Обично во корпи, фиоки или кутии).
    Кога било кој таков предмет не го наоѓам на своето место косата ми се крева.
    И не е фер.. Не е.. Секогаш на место ги враќам, а ретко кога таму ги наоѓам!!!
     
    На tweety26, bittersweet, CoverGirl10 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Дека наредниве два дена можи многу да се изнервирам
     
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Дефинитивно тврдам дека најнеодговорните луѓе се собрани на Филолошки :!: .
    Од кај сакаш почни - од професори, до службеници, од прв до последен сите се неодговорни.

    За еден документ, што всушност ти е неопходен, треба да се спружиш добри неколку илјади и треба да чекаш 100 години, а притоа да го почитуваш рокот определен ОД НИВ :!: , да имаш разбирање и да бидеш толерантен и љубезен, а за возврат да бидеш заебан!
    Им ѕвониш секој ден, прашуваш до кај е работава, а веќе требаше да биде готова пред еден месец, тие те упатуваат кај надредениот, таму никој не ни крева на телефон, а не па да ти каже што и како, па ако сакаш и на глава преврти се!

    Се прашувам дали овие луѓе воопшто одат на работа?
    Дали има некој достапен за прашања и работи што се негова должност и обврска?
    Дали овие луѓе се воопшто компетентни да си ја извршуваат својата работа или одат таму само за да пафкаат цигари пред влезот и да пијат кафиња во бифе?
    Или целта им е само да ја фатат фотелјата и да ги пикнат парите в џеб?
    Дали некој имал потреба од нешто, дали некој бара појаснување за нешто, дали некому му е итен некој документ - нема врска, и онака нема да ги најдеш, а и да ги најдеш - или не знаат или тоа не е во нивна надлежност!
    Да му е мака на човека што завршил факултет!
    Си дипломирал, си средил се’ и мислиш готово е, па ќе барам работа, а тие ни документите на време не ти ги даваат! А шансите си доаѓаат и си одат, а ти си чекаш, си вртиш по телефони, па јави се ваму - па јави се онаму, па погрешен број ќе ти дадат, па чекаш да те известат кога да си го подигнеш уверението, а ни уверение готово, ни ништо!
    Барем него да го дадеа навреме, ај дипломите подоцна ги даваат. Што ќе ми е кога ќе ми го дадат заедно со дипломата? Тогаш никаква функција нема да има, само парите ќе бидат за џабе дадени и шансите ќе бидат пропуштени.

    Навистина немам коментар :x , многу неодговорност на едно место :devil: .
     
    На green.eyes, tweety26, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Нас не не спречуваше дождот. На првиот состанок врнеше - истураше, и никој од нас не ни се обиде да го откаже. Јас со чадорче, ти со чадорче, одбив кога ми понуди да го делиме.

    Ме однесе во Соул Паб. Една другарка вели, ако сакаш да фанеш девојка, однеси ја во Соул Паб. Епа тебе ти успеа. На враќање делевме чадорче и некако успеа да ме бакнеш, иако јас, според тогашните мои „стандарди“, се противев затоа што не сум се бакнувала на први состаноци :roll:

    На првиот состанок ми кажа се’ што чувствуваш за мене, твоите очекувања, твоите желби. Игравме со отворени карти, или барем ти. Јас срамежливо ги отворав една по друга, но никогаш целосно не ти се предадов, некои работи никогаш не ти ги кажав, се прашувам зошто. Не е дека не ти верував, ти верував повеќе отколку на било кој, но ете. Време минуваше, поблиски станувавме, љубов си изјавивме, но јас се’ уште не истапив целосно разголена пред тебе, напротив, се’ повеќе се затворав во себе, те криев од другите, нашето никогаш не стана официјално, знаеја само луѓето кои требаше да знаат, и тоа донекаде беше океј. Се додека престана да биде океј и почна да ми шеташ по нерви, се што ќе кажеше и напишеше ме нервираше и поинаку го толкував, мислев дека си супер дечко, но едноставно ти не си тој, јас заслужувам повеќе и подобар и врскава кога-тогаш ќе прекине, па зошто да не денес? Ја завршив денот кога го помислив тоа, пропратено со други споредни причини кои тогаш ми се чинеа ненадминливи.

    Дали ќе најдам подобар? Дали ќе завршам со некој полош? Можеби со некој попаметен, но многу веројатно со некој не толку. Би сакала да ме видиш денес, само да си помуабетиме, макар што ти тоа поинаку ќе го протолкуваш, па затоа и ја немам храброста да ти пишам или да ти се јавам. Порасната сум веќе, поуспешна, поискусна, со поопределени ставови за се’, не сум веќе малото девојче кое едвај знаеше да се бакнува, немаше омилен поет, се плашеше од нови луѓе и нови места и секој викенд брзаше во родниот крај. А ти и таква ме сакаше...

    http://www.youtube.com/watch?v=Cjp9Zi7atw8
    Нашата.

    Не сакам да те вратам. Само сакам да ти кажам некои работи.
     
    На anuskaNESTLE, Peppermint, Elichka и 16 други им се допаѓа ова.
  15. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК дека преку глава ми е од нив. Да да - од мојата "созреана" другарка и нејзиниот дечко.
    Верувајте да сте на мое место исто така ќе се чувствувате. Не сум и љубоморна ама баш ни 1%. Нема потреба да бидам. Си имам јас свој живот. Но ја претеруваат.
    Значи секој ден се караат за нешто од пред 254654741 години а во врска се веќе година и пол.
    Секој ден на секои 5мин се караат а наредната минута се смирени -.-
    Иритира тоа нивно однесување. И тоа премногу. Ептен се лигават...Па ако сакаат љубов да си изразуваат нека го прават тоа кога се сами. Демек сите сакаат да знаат колку тие се заљубени? Па и не би рекла баш!!

    СДК дека немам мотивација за учење. Не можам уште овие 2 месеци да ги истуркам. Не знам што ќе правам.

    СДК дека моментално се чувствувам задоволна од мојот живот само што ми недостасува дечко ми...веќе 3 дена се немаме видено :$ но ќе биде и тоа.

    И на крај СДК добра ноќ на сите. Сонувајте слатки сништа :*
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денот поубав не можеше да ми биде.Кога човек има вистински прекрасни пријатели тогаш е најбогат на свет.Јас сум среќна што иако се бројат на една рака ,сепак сум благодарна на бог што ми ги дарил. Иако неиспланирано за вакво друштво како денес би дала се.Смеа,шеткање,споделување на емоции,убави мисли, утеха со по некој убав збор.Како што тие се среќни за мене кога ми е убаво така и јас сум за нив кога се среќни,но кога се тажни и јас сум тажна за нив.Тие заслужуваат се најдобро,ни секунда да нема тага на нивните лица,секогаш да се исполнети,среќни и да не им фали ништо никогаш. Иако времето беше никакво,истураше дожд и не искисна не беше пречка да уживаме во меѓусебното друштво. Една од тие вистински пријателки е Дивајн- која што иако ја знам краток период сепак се зближивме многу бидејќи е толку мила,искрена,полна со многу љубов која што се надевам дека многу наскоро ќе ја сподели со некој кој што ќе ја сака,почитува и цени како совршенство без мани каква што всушност е и таа. Ги заслужува сите убавини на светот.
    Враќајќи се накај дома денеска заедно со нив се пресмеавме и ми се продолже животот за не знам колку години. Ве сакам мили мои пријателки,вие сте дел од мене :* :inlove:.
    Сакајте луѓенца,секој миг ,секој ден и бидете некому пријател,само еден ваш убав збор некому ќе му го направи денот прекрасен и ќе биде полн со убавини во душата.
     
    На green.eyes, ludoto19, anuskaNESTLE и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Добро, гледам колку им е интересно на луѓето да глумат. Ова одмаздољубие од Шпанските серии го научиле, со примеси од Турските |(
    Навика им стана на сите да прават лице. Е, зошто тоа лицемерие кога ќе прашам? - Па само така се опстанува во ова општество! (Ова мене не ми е одговор.)
    Епа, јас не мислам така. Ова излезе дека, еден се фрла во Вардар и сите по него (а уствари незнаат ни зошто).
    Еден рекол дека се опстанува во општествово со лицемерие, и ајде сите тоа. Како некоја дефиниција за опстанок да кажуваат!

    Абе кажи си слободно што ти лежи на душа и не ме прави будала гледајќи ме во очи.
    Почитувам, искреност пред се`. Ама на такви искрени, без влакна на јазик, што си кажуваат се што си мислат ретко кога наидувам. Речиси никогаш.
    Ги има на форумов, и страшно ги почитувам.

    Јас душа да си трујам со нешто што ми смета кај тебе. Нема шанси. Треба да се каже отворено, така мислам подобро е за сите. Што добивам со тоа ако јас нештата ги премолчувам, пикам во мене и се правам како се` да е океј? - Ништо не добивам. Уствари, добивам, тежина на душа. И совест која ме гризе зошто не сум си го кажала мислењето во тој момент. Па, јас да неможам да спијам поради некој, НЕ.

    Нека зборуваат дека не се опстанува без лицемерие. Ама јас насмевка неможам да си нацртам, кога душата не ми се смее. Вистина е дека ретко кога да ме видеш без насмевка, ама сигурно има некоја добра причина зошто си се смешкам. А не, извештачена насмевка, со сила. Абе толку е проѕирна, се познава дека не е вистинска. Барем јас веднаш забележувам кој искрено се смее, кој искрено ме гледа во очи додека ми кажува колку ми била убава ташната или новото ланче, бла бла :^)

    Епа, ако е така. Нека не опстанам овде! Нека бидам отфрлена и од општество и од луѓето во него и од сите. Ама барем искрено ќе си живеам, како што јас сакам, како што душава ми ужива...не со сила ќе се правам нешто што не сум...нешто што неможам. Нешто што страшно ме иритира кај луѓето во мојата околина...а морам секојдневно да се соочувам и дискутирам за истото.

    Дефинивно ми треба прошетка надвор од границиве на нашата мила и сакана земја.
    Ми треба мала промена на средина. Други луѓе. Други култури и обичаи.
    Нов воздух :|
    Барем на кратко да се одморам, барем на кратко да живеам во свој свет. Какви задоволства таму си уживам...слободна и со тело и со ум.
    Без ограничувања....
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, ludoto19, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Ми се пакуваат куфериве и ми се оди дома. Ќе трчам до дома сериозно.
    Знаете што сфатив!? Кога не трчаш по некого и кога ќе му завртиш грб, во истиот момент тој трча по тебе... бла, бла, бла :puke:
    А и уште нешто сфатив кога на некој ќе му направиш нешто добро, тој некој ти враќа со три пати полошо. Ама :!: затоа некој друг ќе ти врати за добрината. Некој што најмалку очекуваш |(
    Сеедно ми е.
    Пмс? Мислам дека да.
    Доста ја тупев за вечерва. Да го гушнам дури не е заспан :D
     
    На Elennaa, julie77, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека едноставно не знам дали е се` само еден сон од кој ќе се разбудам. Иако веќе сум повеќе од 40 часа будна.
    Го сакам, ме сака - тоа ми е доволно.
     
    На L-enna, kate21 и Primavera им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК некои луѓе можат да бидат доктори по злоба, незнам како такво нешто нема :^)
    И така, некои го играат лесното оро, а други тешкото оро во животот.Кој, како.
     
    На LittleFairy, tweety26 и Ilusionist им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.