Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.223
    Допаѓања:
    157.094
    Кој е ретардираниов квиз на МТВ?! Уана би Најслабата алка?
    Кој сосед го користиме кога сакаме да кажеме дека некој е должен?
    Кој хороскопски знак е на Петровден и подоцна, кој хороскопски знак бил Галилео Галилеј а бил роден незнамнеслушнав кога?
    ВТФ?! Убиј се!


    И луѓе...прехраНбени,стаНбени...ок?
     
    На LittleFairy и Edie.S им се допаѓа ова.
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека го баталив учељето за утрешниот испит што биде нека биде па има и Априлска сесија ,ова и не е баш така лесно да се научи 2 недели учам и никако да научам
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    17.172
    Многу ги сакам овие утра кога ќе станам у 6 ипол.
    Лагано ќе си се спремам, ќе си направам млеко, ќе си пуштам музика и расонета ќе отидам на школо.
    А не у 10 за 7, па на брзина да се облечам, млекото го пијам на 2 голтки, нема музика и у школо уште спијам.

    Надвор -2, ама не се разочарувам за тоа.
    Се разочарувам од прв час музичко, е тоа ќе ми го уништи денот.
    Ајде, имајте убав ден.
    :*

    http://www.youtube.com/watch?v=hEwhWsQ-O5g
     
    На Glossy-girl, bluegirl7 и kravce им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Шта речи, а не заплакати.
    Толку фрустрации, толку негатива, толку политика :puke: Му се молам и клањам на единствениот ден во претходнава недела што ми дозволи безрезервно и гласно да се смеам.
    И тој што има и тој што нема, нема. Сите станаа сиромашни. Дали луѓе зборувате за пари, за психа, за здравје, за памет? Понекогаш и лебот не се јаде покрај толкав притисок, чувствуваш дека некој лош чичко, џин ти гази по глава. Се будиш со болки во врат и те притиска од сите страни, синуси, мигрена, пмс, притисок? Сивото време или сивите луѓе?
    Колку е тоа добро да се живее во ова време? Што можам јас од ова време да впијам и да им пренесам на моите, здравје, внуци? Колку тоа мизерно ни било на сите, секој секаде се исповедува, а се туткаат дома под ќебенце, зборуваат за борба, а животот исто продолжува да тече. Толку. Сите политичари станаа. Ако не побараш нешто, нема ни да добиеш народе!
    Толку многу ме притиска политиката од сите страни, што, да не беше оваа работа во толкав метеж, мислам ќе побудалев. И од едните и од другите и од третите, разговори до бескрај, на секое ќоше политика. Аман, стварно аман! Ако и зборуваш на комшивката дека мажот ти иде по барови, не си го решила проблемот, треба со правиот човек да разговараш. Што дека се шушкате за што бива и не бива, кога јавно се молчи. Страв. Колку ми е згнасено од се што слушнав. Луѓе.
    Другиве па, која и да им е долгорочната политика, тоа што јас го гледам за следните години е лизгавица по стрмен пат надолу. Кога ќе застанеш на ваква точка, и проклетите избори што треба да се прават, за кого по ѓаволите, треба да гласам? :puke:
    Ме стега главата и од луѓето и од политиката и од времето и од притисокот. Тик так, тик так, како бомба.
    И ќе си појдеш во продавница, внимателно ќе одбираш што ќе земаш, читаш состојки и упатства и резимираш и кога ќе дојдеш дома, тоа што си го купила ќе го дадат на вести, канцерогени состојки. Да бидеме реални, што тоа денес е здраво? И на комшиите на баба ми им текнало кравата да ја продаваат. |( Сеуште се сеќавам на вкусот на јогуртот кога бевме мали, овој јогурт не е ни јогурт, кој знае што е. А лебот...уште кога ќе прочитам без конзерванси, 100%природно...секое влакненце на косата ми вришти.
    Ако сите претходни се криви, пред Бранко, Тито? На овој народ џабе му се одврзани раце, Илинденските востаници може се криви. Внимавај на кого даваш. Или Ацета, оној на коњот. Сами сме си криви.
    Се одјавувам до подобри денови. Многу луѓе се превртуваат во своите гробови овој период.
    http://www.youtube.com/watch?v=lOaBFGSLlFs
     
    На green.eyes, Nymeria, ludoto19 и 23 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.513
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,телово ми праќа сигнали,дека старее.Ништо не е како порано.Вчера бев на ехо преглед на дојкиве.Никако да се сложат дали имам цисти или масно ткиво...Мислењата им се два спрема еден.Изгледа ќе ме праќаат на оној тостер,мамографија де.Фино лепо ќе си ги распоредам градите на металната плочка ,па фино лепо ќе ми ги стиснат како на тостер...
    Што би рекле ,да не сум луда ќе полудам [​IMG]
    Не сакам да дрндам за политика,за Грујо и Бранко,не сакам да мислам што денес за ручек,не сакам да мислам дека немам пари...Ништо од тоа не ми е важно.Не сакам зашто желбите не ми се исполнуваат.Можеби се исполнуваат на некој друг?Нема врска,нека се исполнат,штета е такви добри желби да пропаднат.
     
    На green.eyes, ludoto19, AnaKarenina и 12 други им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ахх,колку е убав денов..
    Поготово дека лесно се измолкнав од кревет,и пак на фемина.
    Ако има време,се надевам ќе стасам се да си завршам,станав рано,бар да ми се исплати мачењето.
    Прекрасен е денов,а и среќен среда е де.Имајте убав ден,и добро расположение.
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Тој Хенри не можел уште еднаш да се ожени? :wasntme: Немам јас работа, цела вечер ќе му ги учам жените и децата.

    Зомби сум, зомбиии. Страв ме е во огледало да се погледнам деновиве. Јас што не сум обожавател на турско кафе голтам цели чаши. Притисок ми се качува, раце ми се тресат. Еве, чекам малку сон да ми дојде, барем малку да отспијам, вака не ја бива работата.

    Како би слушала сега музика, само тоа ми помага да го одморам мозокот и секое сетило што го имам. Земајќи во обзир дека овие денови главата ми е на многу различни места.

    http://www.youtube.com/watch?v=gnIZ7RMu ... ure=relmfu
     
    На Divinebutterfly и Hipica им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    ..незнам кој ми го прочита последниот пост , ама надоврзувајќи се на тоа ќе кажам дека особат` х`дојде до таму да си сече шишки` исти` како моите :lol: :rofl: ...добро е сега сме исти , ет лист тааа така мисли,само што нејзините се АЛА ТУЛУМБА поназад неколку години со времето .
    Како бе народов нема свое јас и свои идеи :?: Барем на некој начин ќе ни послужат да се насмееме.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк ...тоест многу пати сум кажал дека не треба да си искрен,затоа што се дрзнуваат некои луѓе да те критикуваат како си ти малоумен,дека тоа не чини што го правиш,двоен морал,а самите не се погледнале какви се,ја гледа роската кај другиот а не ја гледа гредата во неговото око,е од такви ми пука филм,мене ли ке ми продавате демагогија,демек вие сте фините,културните,а јас сум тој некултурниот,хејтерот итн,море мавнети ми се од пред очи,неможам да ве гледам.
     
    На tweety26, Ilusionist и simoncelicius им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Скд....нема ништо побетер од моментот кога ќе излезеш од испит и ќе ти текне дека си го знаел одговорт.
    [​IMG]
     
    На Elennaa, anuskaNESTLE, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум мислела дека е доблест да им ја плеснуваш вистината на сите во фаца |(
    Со тек на годините научив дека поголем дел од времето не вреди да се објаснуваш со луѓе.....магарето лета.....лета и си продолжуваш со денот :lol:
    Бесполезно е да си ги губиш нервите да објаснуваш дека магарето не може да лета, ќе објаснуваш дека нема крила, физичка предизпозиција итн за после два саата нервирање истиот тој ти вика....ама лета кажаа таму и таму :@

    Или колешката на работа доаѓа со некоја OMG фризура, ти кажува дека е тоа најнова мода и супер и стои, треба да и плеснеш во фаца дека и е с*ање фризурата, нема потреба и викаш дека е супер и продолжуваш со денот.

    Е сега ако ти дојде најдобрата другарка со таква фризура, ја вадиш машинката, и ја сечеш косата, ја бакнуваш во ќелавицата и ставаш капче на главата и и кажуваш да не се секира ќе и порасне косата за 2-3 месеца :lol:

    Pick and choose your battles :!:

    И се придржувам до таа девиза дека нема потреба од докажување, инатење со луѓе кои не ми значат ништо во животот се додека не се најде некој да ме извади од контакт затоа што ме потценува а знам дека сум во право, е тогаш и се инатам, докажувам и најчесто излегувам како победник од битката.

    Денес имав блиска средба со таков идиот, се враќам од работа, влегувам во мојата улица, од двете страни на улицата паркирани коли и место само за еден автомобил (комшиите го женат синот, свадбата трае веќе 5 дена) и бидејќи ми идеше во пресрет друг автомобил дадов трепкач да знае дека влегувам во таа куќа.
    Идиотот бидејќи е маж |( и нели се знае во врска со возење почна да ми свири, да блендира со светлата , да вреѓа се што е женско што вози......и ме фати инает бетер од магарето лета.
    Му покажувам со рака да се врати малку бидејќи нема шанса од тој агол да влезам во двор мора да влезам во рикверц (прва лекција за паркирање е таа ама што знам јас женско од возење) и не мрда идиотот.
    Гледам дека ќе стоиме како магариња на сред мост :D излегов од кола, го извадив малиот, отидов му ги подадов клучевите и му викам:
    Еве бидејќи ти си маж и знаеш се, внеси ми ја колата во двор.....you scratch it, you pay for it ;)
    Влезе во кола, напред, назад.....не може, се испоти ама не попушта, после 10 миути од напред, назад излезе и вика не може, невозможно било да се влезе од било кој агол.
    Му викам ај врати ја твојата кола назад 2 метра and watch and learn how it`s done :D

    Нешто што можеше да се реши за 1 минута ми одзема 30 минути од животот само затоа што некој има напувано его и мисли само затоа што има мандало вреди и знае повеќе од мене............во вакви моменти вреди да се расправаш и убедуваш и чувството кога ваков идиот ќе ти се извини затоа што не бил во право е....priceless :)
     
    На Hipster, Artemission, Bozica1980 и 48 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кога мајка ти, во паника да дознае како си поминала, ти ѕвони од домашниот, а од мобилниот има бесплатни :D
     
    На bluegirl7 и tessie им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.648
    Допаѓања:
    22.241
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што сум на форум, свесна сум дека ќе има мноооооооооогу кои нема да се согласуваат со мене, како и оние кои ќе се согласуваат. Самокритична сум, кога ќе згрешам имам храброст да се извинам, но тоа не ме прави и нема да ме прави помалку доследна на сопствениот став.

    Секоја чест на исклучоците, не сме народ кој лесно прифаќа поразлично мислење. Пример, јас не плукам по оние кои имаат различно мислење од моето. Не се ни навредувам кога моето мислење е цитирано, па дури и разглобено на повеќе делчиња за кои е посебно даден коментар (независно од тоа дали се искажува согласување/несогласување со истото). Напротив, чест ми е. Тоа што сум го напишала носело нешто, доволно богато со содржина за некому да му биде тема на размислување.

    И не сфаќајте лично кога некој не се согласува со нешто! Па побогу, ни сама веќе не бројам колку форумџики има со кои своевремено сме се контрирале (и се`уште се контрираме) на одредена тема, а жестоко браниме исти/слични вредности во друга. И не, не не` прави тоа лицемерни, туку едноставно форумџики. Кога ќе седнам на фемина, јас не гледам личности, јас гледам зборови, мислења, текстови, изрази на чувства, постапки кои побудуваат во мене одредени мислења и чувства кои ги изразувам. Не ми се појавува личноста спроти мене и не ја знам автоматски сто години. Ако имате некој издржан став во врска со моето мислење, повелете цитирајте, реплицирајте.

    А ако сте само за навреди затоа што моите мислења некако ве иритираат, идете офтопик како прво, а како второ ништо не сте постигнале, само самите ќе си се изнервирате. Доколку кога ќе видите мое мислење, без разлика за што се работи, се иритирате од одредени причини, бујрум, додадете ме во листа на непријатели и завршена приказна.

    Има време, се` се учи, само треба добра воља. ;)

    П.С. Ова не се однесува на никого конкретно, ниту пак за некое мое конкретно искуство. Е реакција на општата состојба која ја имам забележано на форумов и сакав да споделам совет за многу од нас да сe поштедиме од непотребни главоболки.
     
    На kravce, Hipica, green.eyes и 11 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.780
    Пол:
    Женски
    Да ви ја кажам мојата добитна комбинација? ПМС, избркана од работа на среде месец, сама дома, лоша емотивна состојба предизвикана од неодамнешната смрт на баба ми и несреќата на татко ми, несоница и чувство на неизвесност :@ Аман побогу човек сум, од крв и месо, поштеди ме Господе :@
     
    На green.eyes, ilipili и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    286.185
    До кога ќе се учиме на некои основни работи и јас не знам.

    Не се испраќа ЦВ ниту било каков маил од официална природа во касните вечерни часови.

    Непрофесионалниот пристап кога на полноќ си седнал и се занимаваш со работи кои требало да ги сториш во текот на денот е првото што се воочува од работодавецот кај кого аплицираш.
    Оти нели не работиш, па потрагата за работа ќе биде добро да ја започнеш порано, а не да спиеш до пладне.

    И да, маиловите кои се пратени последни најбрзо се читаат.
    Доколку го пратиш на полноќ не само што си го испуштил тековниот работен ден, туку наредниот ден сите кои порано станале и го пратиле маилот ќе бидат погоре во листата на непрочитани.
    Користи ја несоницата за да бараш огласи, составуваш цв...но аплицирањето остави го за наредниот ден.

    Ова јас да си кажам и тука оти денеска морав по кузнее кој пат ова да го објаснувам на некого.
     
    На kravce, bittersweet, Hipica и 14 други им се допаѓа ова.
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се стануваше од кревет.
    Си се задлабочив во мојот свет на фантазии и си уживав во него.Колку ми е убаво така...едноставно се исклучувам од надворешниот свет а се вклучувам во оној мој свет...
    Уживав додека можев ама кога сфатив дека треба да станам и да си дојдам назад во реалноста не ми годеше.А соништата секој ден поубави и ајде иди стани. :lol:
    Еве веќе почнаа другаркиве да звонат за да пиеме кафе,ама веќе сум договорена со две така да другите ќе ме извинат сега.
    Сигурна сум дека убаво ќе си поминам. :)
     
    На ludoto19, AnaKarenina, ana-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ајде може и јас ќе почнам да ги разбирам девојките што постираат од нивните нови чевли, ташни фустани и што да е.. и оние што сакаат да делуваат опасно на јазик, ете тие таквите што ги имам за ич ништо на фб, не дека нешто ќе ме посочат или научат денес ги бришам, прво почнувам со онаа група што сум им дала шанса па сум ги ставила на хајд, зошто мислам дека се предозирав од ништо. Како и да е , не сум од оние што константо се тепаат за фолоуерииии и се друго..

    Туку ако не сте го погледанле линкот вреди да се погледне..

    http://think.mk/2013/02/20/dokumentaren ... liot-film/
     
    На antonina, sweet-cherry, Lilit и 10 други им се допаѓа ова.
  18. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    СДК едвај чекам да помине и овој школски ден,претерано за учење имам за денеска дури и до вц со книга одев сабајлево :) па не се нормални мајке ми има уште месец до тромесечие почнаа да не тормозат со тестови и секој 2 час испрашување.. :tmi: македонси ај што имаме повторување денес треба да ја научиме и следната нова лекција за на час... :?: |(
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сум ви кажала колку мразам кога парите се викаат 'десетче','дваесче','пеевче','стотче','петстотче' итн.. ?
    Бог да чува :^)
     
  20. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Можете ли да ме замислите во ситуацијата ,кога некого прв пат гледам у живот почнува да ми објаснува некои работи ,некои правила ,да ми дава совети као ја да сум паднала од марс.И јас на тоа упорно климам со главата дека е во право дека тоа е стварно така ,се чуствував како идиот :envy: ,а сето тоа само да не навредам зошто сепак личноста не ја познавам.А бре луѓе бре кога запознавате некого обидете се прво да го запознаете ,а потоа да му судите и давате совети.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.