Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Денес ми пристигна уште една петка во школо. :party:
    Онаа за која што вложив најмногу труд. Онаа за која што сум најсреќна и најгорда на себе. :rock:
    Петката по најтешкиот предмет за оваа година и тоа на најтешката тема. Петката по биологија. :f:
    Толку многу се изнамачив викендов, ама еве вредеше. :sun:
    Навистина е прекрасно кога трудот ќе се исплати и ќе вроди со успех. ^_^ Плус уште и придружен со прекрасни зборови и пофалби од професорката. Смејте ми се ама ќе полетав од среќа. :wasntme:
    Ах луѓе, какво олеснување, не ми се верува. :whew: Пресреќна сум. :dance:

    Виртуелно ви држам среќа на сите што правите некој тест, полагате некој испит или било каква слична стресна ситуација. :hug:
    Ви посакувам најубав и најпрекрасен ден :*

    http://www.youtube.com/watch?v=lePp5r6KgKM
     
    На Hipica, tessi, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Сум си смислила текст за во алманах,уште само да се сликаме и ја прешкртнувам таа работа.Ќе останат само за полуматура што ќе носам и екскурзија еее напорни ќе бидат последните месеци.Денеска тестот математика катастрофа не беше нешто да не можеш да ја почнеш задачата ама после кога ми се натрупа се па пиши,бриши и ми се скина дури тестот од бришење за на крај да не ја дорешам.Денеска си ветив,нема да фатам книга ааа па 3 дена се мачам,правам ливчиња и нешто прочитнувам сега одмор,ќе си симнам серии и филмови и цел ден во крвет. :D
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.974
    Пол:
    Женски
    I having my bad hair day today...

    Еден од оние денови кога се шо сакаш е да заминеш некаде далеку од се и секого..
    Мало место само за тебе...без никој да те вознемирува, без гужви, галама и хаос... некаде каде едино твојата психа ќе ја полни тишината..
    Каде шо ќе можеш на раат да си напраиш муабет сам со себе!

    Наместо тоа, ја праам муабет со компјутеров. Желбите се бесконечни, можностите речиси и не постојат.
    Не ги можам кавгиве повеќе... не ги можам!!!!
    Толку ли е тешко да замолчат сите на 5 минути барем?!?! Ушиве ми плачат за тишина...сериозно!

    Баба ми одкоа дојде... мрднав!
     
  4. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    многу лош сон сон....
     
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Мајка, еден збор, бесконечно љубов...
    [​IMG]
     
    На antonina, sweet-cherry, FortuneTeller.xD и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Како тоа најубавите мисли ми доаѓаат во кревет пред да заспијам?

    Денес сакам да ви опишам една млада љубов, каква што и мојата беше некогаш, на почетокот.
    Еден мој школски, со кого едвај прозборувам 3 реда муабет, си фати девојка.
    И ништо немаше да ми биде чудно ако тој беше онака нормален дечко, ама не, школскиот мој едноставно незнаеше да направи нормален муабет со девојка, знаеше само корпи да дава. Па нели фраерите така разговараат?
    Кога пред месец дена дознав дека фатил со неа, една прекрасна, мила девојка се шокирав.
    Не знам дали повеќе се чудев на фактот дека тој има девојка, или дека таа се фатила со него.
    Секое утро доаѓа прв во училницата и застанува до прозорот, да ја види кога таа ќе дојде на школо. Се прави мутав демек така случајно станал многу рано и затоа доаѓа прв. Па и што мора на сите да им објаснува за вистинската причина? Важно дека таа е онаа која го натера секој ден да станува во 6 и 45 за на школо.
    Постојано погледнува во телефонот. Ја знаеме сите таа неизвесност со кој погледнуваме во мобилните во исчекување на повик или порака од саканиот, ама неговата е премногу забележителна.
    Тој што порано ретко излегуваше, оти му бил предосаден градот, сега ја користи секоја можна шанса да излезне за да ја види.
    На Валентајн танцуваше со неа како на филм. Сигурно и шепотеше нешто убаво затоа што таа беше насмеана цела вечер. Беше среќна. Исто како него.
    Им се појавуваат збунети и вцрвенети фаци кога ненадејно ќе се сретнат во ходникот. Сеуште се во фазата кога се срамуваат еден од друг и незнаат што да си кажат на такви случајни средби.
    Идвајцата немаат поранешни врски, можеби и затоа им е толку слатка љубовта.
    Мило ми е за нив. Мило ми е што тој почнува да созрева покрај неа...
     
    На CoverGirl10, Hipica, Elennaa и 27 други им се допаѓа ова.
  7. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Едвај чекам да помине Февруари само поради мачкивеее :@ Секоја вечер пред прозор мају мају ( очи си копаат :lol: ) и не ме оставаат ниту да читам ниту да спијам. Значи синоќа за влакно не станав да ги кренам на колци. Вечерва ако ме пренервираат, ќе им станам и ќе ги шутнам најдалеку што можам.
    П.С. Ако видите мачка каде што лета да знаете јас ја имам шутнато... :devil:
     
    На LittleFairy и candygirl им се допаѓа ова.
  8. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    го сакам премногу што бев спремна да му опростам што ме изневери но ете откако му опростив излегоа други проблеме никако не си ! само проблеми од проблем во проблем влагам дали некогаш ке бидам и јас нормална како сите?!?!?! или додека не умрам нема спас за мене !!!!! :@ :@ :@ :@ :@
     
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Многу сум среќна!!! :dance: :party: Тра -ла- ла- ла -ла!!! :rofl: :sun: :l: И чувствувам дека наскоро ќе бидам уште посреќна! :inlove:
    Конечно пресврт во мојот живот! :inlove:
     
    На Just.Passing.By, sweet-cherry, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Еве ја и Ади одамна нема пишано тука.
    Го изчисти 1 семестарр :wasntme: Го положив и последниот колоквиум, она шо стварно ми тежеше на душа, ама сега е готово, конечно уште индексот да се наполни со оценки :D ,
    Па тешки борби со математиките сега овај семестар, многу се сакаме, ама ќе ја смачкам бе ќе ја смачкам ]:) нека биди сигурна :D
    Ќе паднеше и еден викенд во Скопје можи, ама имам за учење еден куп, сега најде да ни закажва колоквиум, и да го пропуштам роденденот на другарка ми, но нема љутиш, факултетот е пред се. Скопје не бега ќе си стој уште на то место кај што е :)
    Не знам друго шо да ви кажам, истото е се, брлива сум уште, се успивам секое сабајле како и секогаш и спијам на првиот кревет шо ќе го најдам празен :D
    Не ми има пишано неколку дена мојот, би сакала да му помогнам во се она шо го снајде, но далечината е поголема од љубовта овај пат, имам претчувство дека се ќе биди добро.
    Господе само чувај ми го, те молам :doh:
    Одам сега од лево креветот вика, а игрите на фб пиштат вриштат, ама ќе си го послушам креветчето јас :rofl: , има време за на фб, утре не сум на факултет па ќе имам време за се.

    Останете ми создравје, до следното читање.
    Ади воли вас :*
     
    На anabel-a, bittersweet, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Голема благодарност до типот од шалтерот на гастро за тоа што влезе кај докторот и без проблем зема лабораториски упат со печат од докторот :hug: покрај тоа што имаше еден куп луге пред мене
    и пак утре во лабораторија-треба да ми земат крв за анализите, и ехо на дојките-треба редовно на 6 месеци ама по малку забушавам :wasntme:
    решив малку да шетнам низ центаров после толку часови поминати со луге во бели мантили, сретнав некои ликови ама една фаца не се заборава а тоа е Амди Бајрам и веднаш ми текна на реченицата-јас за тебе сум Кока Кола :rofl: а гледајки ги Албанките на Медицински факултет ми текна на песната http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... uSFq2QMf5Q :rofl:
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Ден во кој зборот засекогаш ме вади од памет.
    Ама ич не сум истата од лани. Си се радувам кога гледам како си растам... се прашувам да не се грижев дали се ќе беше вака? А тек колку за свои деца ќе се радувам кога ќе ми растат.
    И добро,што фалеше да се родев некаде во Калифорнија? Некој да ми одговори на тоа...

    Луѓе кои ти даваат на телефон да ти збори мало дете и остали пејн ин ди ес. Па ко за беља магнет сум за такви. Па ти дери се по телефон,прај му муабет,оно ќути,ќути,ќути или нешто неповрзано ти збори,а ти си ааа уат д хел ем ај дуинг... Постојано ми се случува...и имам повеќе мука да зборам со мало дете него ли со некој ЦЕО... мајке ми...не дека зборам секој ден со ЦЕО,впрочем никад не сум зборела де,ама ме разбирате... Ако другата страна не ти рече дај ми го бебушот да го чујам,значи луѓе драги,не инсистирајте...ве молам...


    Ахахахаха...ме фати глава од смеење. Мајка ми за Јанкуловска - Леле,се исушила,ослабела, само брковите на неа... умреФ!!! :rofl:
     
    На anabel-a, bittersweet, tessi и 4 други им се допаѓа ова.
  13. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Морам да ви се пофалам: Два дена по ред јадам домашни мекици мејд бај мај фјучр ту би свеки. :D

    Ептен ми скрши филм другарка ми вчера кога ме откачи за "Мекиците на Стража", нејзе и врнело, :^) па предложи директно во кафич да одиме и буквално речено останав со прстето во уста и пуста желба да се налапам тазе, сочни, таман потпржени мекици.

    Али судбина не е зафрканција, кога требало да биде едноставно ќе биде.

    Дечко ми се врати и гес ват? Ми донесе цела ќеса мекици од вкусни повкусни ^_^
    Леле кога ми кажа по телефон мислам дека полетав за да стигнам кај него. Па кога им се фрлив на јадење се додека не ме заболе стомак ама беа вкусни просто да не ти е жал и ако офкаш цела вечер. Па уште ми донел домашен ајвар и сирење абе ми идеше да клекнам и за маж да го побарам од што ќе си пукнев од среќа. Си се нагостив ко царче и на секој залак си стенкав како Алачка од задоволство.
    :rofl: :rofl:
    И така еве ме пак денес на гости, ви го пишувам ова додека правам пауза меѓу мекици :lol:
    Купував малце време за да се подослободи мешето па да го докрајчам.

    Овде завршувам со муабетот и се враќам на лапачка.
    Од утре ќе бидам поактивна во темине за диети.
    :sweat: :lol:
     
    На imelda, sweet-cherry, Neytiri и 20 други им се допаѓа ова.
  15. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    На Hipica, Lepaaa и xoxo..gossip-girl им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Некои моменти не се забораваат така лесно...
     
    На tweety26, blond и Katerinceee им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    "Терај работа"
    Колку грдо звучи... Особено кога е кажано од близок.
    Два факинг збора кои ме доведоа до солзи. Фала татичко :clap: :clap:
     
    На CoverGirl10, Elennaa, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    + = Вистинско УЖИВАЊЕ!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Знаеш животе, се навикнав на она што го нудиш. Се навикнав да уживам во оние ситни малечки работи кои ме прават среќна, задоволна. Во тие моменти можеби и не ја доживувам среќата онака: еј среќна сум во овај момент, фала. Можеби тоа го сфаќам покасно но, откако ќе ме изгазиш сфаќам дека сум била среќна, сум станала.

    Сум се разочарала мн пати, сиот труд кој го имам вложено не ми е исплатен.

    Но се радувам како дете на моето патување надвор од оваа земја, се радувам зошто имам човек до мене кој секогаш е полн со оптимизам кога јас го немам. Што имам најдобра другарка ...
    Многу пати сум ронела солзи, сум заспала на влажна перница, сум се преколнувала, сум те прашувала Зошто животе , не си драг со мене.??!
    Сум ја барала среќата, а таа секогаш била до мене, зад мене, пред мене..

    Се трудам да го уживам секој даден момент, да вложувам се повеќе , да давам се од мене. Надевајќи се еден ден се ќе ми биде возвратено. Надевајќи се!

    А, и уште еднаш ја барам кармата. Да ми возврати дека ме слуша, дека гледа. Најдов нешто како за неа. Така добро тазе , ново.
    Вреди кармо моја, да се погледни. Вреди да ја посетиш и да и објасниш како стојат работите.
    Оставам на тебе.

    Искрено твоја, Лана :)
     
    На Hipica, ilipili и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Значи зошто, о зошто секогаш мене ми се лепат емотивно нестабилни/лабилни фацки и ме смараат до максимум? Зошто?

    Колешка денес ме удави добри два часа за нејзиниот бивши |( Значи... Why me? Why, God damn it?

    Мислам, се` е тоа ок, жената имала потреба да си се искаже, но како ќе и` помогнам јас со тоа што ќе ми раскаже за нешто што е минато свршено време и што не може да се промени? Дали јас нешто би можела да направам во врска со тоа? НЕ!

    И може делува арогантно, ама НЕ САКАМ да разговарам за приватниот живот со колешките на работа. Што помалку знаат за мене, тоа подобро. Ниту пак ме засега нивниот приватен живот. Не сакам да слушам приказни за тоа дали детето им плачело вчера, што ручале завчера, свекрвата што и` рекла, кај била со мажот и`... Значи, НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА!

    Не сакам ни кога некој ме испрашува за мојот приватен живот, демек одоколу (а всушност толку проѕирно што дури е и очајно) за да извлече што повеќе информации. Во последно време дури почнав и да избегнувам да одам на пауза со одредени колешки слеш душкала :^)

    Некогаш е неизбежно да споделиш и некој детал од приватниот живот, сепак најголем дел од денот го поминуваме на работа, се гледаме секој ден. Ама, мора бре да се има граница! Би сакала да не ми изумрат сите мозочни ќелии од бесполезни муабети, ако може. Фала многу, чао |(
     
    На Sanniii, CoverGirl10, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.