Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Јас и немам толку проблеми со лошите спомени , дури и порадо ќе се сеќавам на нив . Мене убавите спомени ме мачат , ме горат , ми стојат како кнедла во грло , абе како да ме касапат од внатре ! Зошто се спомени , зошто мора да ме потсетуваат колку подобра и почовечна бев едно време . Зошто направив некои работи и зошто не ме гризе совеста колку што би требало? Ете да не беа тие добри спомени ќе си мислев дека таков ми е карактерот и имам пуста желба за адреналин и компликации цело време , а од друга страна сум надпросечно живчана и нервиве не можат да го издржат темпото што си го диктирам . Bожем да се смирам , да не правам некои глупости веќе и се смирив и пак не сум мирна , сега ми фалела акција , компликации , глупости !!! Ни сама не знаш што сакаш ! Уствари која иронија , цел живот имав страв од врзување и милиони прилики , за прв пат во животот мислам дека ќе ми годи некое благо врзување а за такво сега нема прилика , зошто ? Епа зошто си ги избрка сама сите прилики . И на сите вас што толку многу ви се допаѓа како го живеам животот и се би дале да можете како мене нели " к*р да ве боли за све " , да ви кажам ве лажам ! Ме боли и тоа како и не го сакате ова моево , гарантирам ! Како некое проклетство на носам со себе , никогаш не сум можела крајот на си го најдам се нешто мене ми фали и во најубавите моменти во животот мислам дека не уживав него се плашев ,што ќе правам кога ке поминат , зашто сум глупа и не знам да се препуштам ! И не знам веќе што да одговорам на коментарите од типот : блазеси ти , силна си ти , еее да можев јас така , секоја чест! ; што убаво е како тебе ич не се замараш ... Мора многу да сум се усовршила у глумење самата себе ... Срцето е потрошен материјал господине , потрошен материјал е ама и не заборава ... за прв пат како да ми зборувате со човечки јазик ... она човечкото во мене не е и најдоброто .... ( А.К )
     
  2. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    тркалото се врти..
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Денов ми завршува толку нервозно, а да помине уште некој час, ќе кулминира.
    Живееме многу црно бело, и после завидуваме на туѓите виножита, без сознанието дека белата е основна боја и од нејзината призма излегува виножитото.

    Ако некој чувствува монотонија и досада, најверојатно си ја заслужува. Скопје можеби не е Лас Вегас, и Македонија може не е било која друга држава (мислев да пишам Америка, ама ми текна дека сите имаат повеќе избор за забава од нас, немојте ни да сте помислиле да споредувате со Африка, нив ги бркаат лавови, адреналин раш) ама колку толку можеш да се забавуваш, а впрочем забавата најпрво зависи од тебе.
    Кога ќе слушнам некој кога ми се жали како не правел ништо, а претходно можеби 5 пати одбил обично кафе пиење на рандом кафич, коса ми се крева, кожа ми се ежи и слични вакви синтагми.
    Уште полошо ми е што истите тие не ни имаат интузијазам за нешто повеќе, проголтани од животот. Им раскажуваш како си скокал банџи од мост во не знам каде, и тие те гледаат со нивните сиви очи и убиен поглед, и одеднаш спонтано ја вртат главата и велат „и?“.
    Сфаќам дека секојдневието убива, и дека на никого животот не му е розов, и дека на некој можеби веќе и му поцрнува, ама не треба и други да страдаат за тоа.

    И како може некој да одбива знаење бе? Бесплатно, на тацна сервирано? Како може да не сака да слушне туѓо искуство, да му биде пренесено знаење, доживување, од прва рака и тоа! Како може воопшто да не го интересира ништо друго освен на пример струката, јас бре се сакам да знам. Не мора да бидам експерт, ќе си се насочам во мојата најголема љубов, ама не треба да се затворам во истата.

    И така, бидете си себични луѓе, и не го планирајте петок уште од понеделник, барем не со некој друг. Верувајте, сечиј план е поважен од вашиот, ретко кој си го одржува зборот. И можеби немаше тоа да ме нервира толку да не беа бедните и проѕирни изговори.
     
    На anabel-a, Artemission, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Денес сум нервозна. Тоа е ПМС. И не знам што правам. Навредив многу луѓе, намерно, вклучувајќи ја и мајка ми. Простете ми и покрај тоа што е тешко да се простат такви навреди |-)

    Патем кога пишувам нешто во сдк ми се исполнува. Па, желба ми е да ја решам задачата.
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.469
    Допаѓања:
    17.167
    Пред некој ден Љубам беше пишала дека ќе направи смајлиња на ливчиња и ќе ги лепи низ градот, оти луѓето стварно заборавиле да се смејат. Ќе направам и ја, само сега сум у фаза на збирање пари за такви ливчиња (оти, ич немам).
    Ќе направам и вакви и ќе ги лепам низ градов.
    [​IMG]

    Ваљда ќе измамат нечија насмевка.
    :)
     
    На sweet-cherry, AnaKarenina, Angy.g и 23 други им се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Се се враќа-се се плаќа.
    Денес уште еднаш се уверив во тоа.
    "Другарките" што се насладуваа на тоа што имам љубоморен дечко ги стигна иста, дури и полоша судбина. Сега веќе не се однесуваат така спрема мене, ама џабе е. Јас ја изгубив довербата во нив еднаш засекогаш. И точно е дека, кога ќе му дадете до знаење на некој дека сте разочарани од него ќе направи се за да ви докаже дека не е така, а уствари воопшто не се сменил.
    Иако ми беше многу тешко тој период, благодарна сум што се случи, бидејќи ако не се случеше јас немаше да знам кои луѓе се вистински во мојот живот, а кои се само маска. И не, не се насладувам. Јас не ги мразам после се што ми направија. Бидејќи знам како е. Знам како е да бидеш со таков. Ама не очекувајте помош од мене, не мислете дека можете да сметате на мене веќе.

    Уште две инвестиции во самата себе денеска. Напорниот дечко кој ми правеше сплетки зад грб и премногу ми вршеше притисок и уште понапорната другарка која сакаше да ми командува, да ми наметнува мои ставови, да ме уценува, навредува и заканува. И одма ми е полесно. :whew:

    И добро бе луѓе, на себе што си смрдите си смрдите, туку и на околината смрдите. :fubar: Пудра од 400 денари и римел од 300 извади за да се нашминка, а еден дезодоранс не стави под мишки. И цел ден до мене. Ми залипнуваше на носот ако ви се верува. Мислев ќе се задушам и стварно се изнервирав. Јас разбирам, се нема пари ама за еден мочан дезодоранс да се нема покрај другите работи! :puke: Па кога бев малечка секогаш гледав на школа да не одам така, и си купував од оние малечките сапунчиња од Рексона што беа. И сега, сагламска римела немам ама барем не смрдам наоколу. :x
    Редактирам за да кажам уште дека иако и јас имам проблем со прекумерно потење не си дозволувам вака.

    Ама барем на мачкиве им е убаво. Секоја вечер ми стенкаат под прозорецот. :wasntme:
     
    На tweety26, Marjan007 и pamelche им се допаѓа ова.
  7. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Многу сум расположена :) .Се раувам.А зошто незнам ни самата.Неколку збора што значат многу,што ми ги кажа личност што воопшто не ми е важна ме спушти на земја.Се освестив.Не се навредив.Туку сфатив која сум јас всушност.И после се посилна сум и тоа многу.Сфатив каде погрешив.И тоа ми помага за поголем успех понатаму.

    Живеј го секој ден како да ти е последен. Јас од денес така живеам и така ке живеам до крајот на мојот живот без разлика колку ке живеам.Дали 10 месеци дали 10 год. или повеке не е важно.

    Секако во животот има и победи и порази.Има и радост но и тага.Тие работи не се избегнуваат.Но секогаш треба се трудиме повеке да има победи и радости,а поразите и тагата помалку. :)
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Крофни..Многу крофни околу мене.Со прелив,со мармалад,со што сакаш со тоа.
    Цел стан мириса на нив,ама ако,имам полн стомак со крофни.Сериозно размислувам да отворам некој бизнис со крофните,луѓе што се вели за ич пари незнате колку крофни ми излегоа.
    Јас ги правев брат ми ги пржеше.Ќе имаме и утре за пред факултет.
    Мекиците од стража можат вода да им носат на моите крофници,верувајте ми.

    За денот ништо посебно.Уморно се чувствувам а не се заморив воопшто.
    Мислам на него денес.Цел ден.Додека ги правев крофните си мислев како еден ден кога ќе ми биде маж ќе му ги правам со многу љубов.Маж ли напишав?Простете ми,пишувам глупости,па ние овој период не сме ни заедно.
    Кога машките би знаеле какви планови имаме ние женските за со нив..Би се смееле,со сигурност.Ама ако!

    Кога бев помала,мислам кога одев во основно,секоја вечер пред легнување си подготував алишта за сабајлето.Потоа во средното ја изгубив навиката,наутро облекував што прво ќе здогледам,па така моите комбинции повеќе пати се повторуваа.
    Кога почнав со факултетот,имам некои мисли пред спиење за мојата облека,за да си ја олеснам задачата кога ќе треба да се облечам.
    Но,вечерва си ги извадив алиштата и ги ставив на столот,за да ми бидат спремни.Арно ама после 5 секунди ми текна дека можат да ми мирисаат на крофни,и ги вратив назад.
    Се предомислив.Таква сум од после нова година.Многу брзо се предомислувам.
    Штета,сеуште се немам предомислено за него.
    Него не можам да го вратам во фиока,пошто е така поголем вол,ама барем можам да го вратам таму каде што му е местото.

    Имајте убава ноќ.
     
    На sweet-cherry, CoverGirl10, AnaKarenina и 12 други им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Памелче мојата кавр фото на фејсбук си ми ставила. :D
    Како не поминав на ул.Македонија кога стоело ливчево и јас да си земам малце љубов. Доста ми е едно ливче.Не барам многу.

    Него убав ден денес.Сладоледот во зимо од некоја причина секогаш ми бил повкусен него во лето. Лимон,јагода и кршен лешник од Џино и животот е одма поубав. Со најдобрата другарка порано традиција ни беше тој сладолед од Џино. Во последно време некако почнавме да ги напуштаме традициите.Тоа не ми се допага воопшто.Од секогаш сум сметала дека колку и да сме зафатени и да имеме обврски секогаш треба да одвоиме време за најблиските. Не мора да се седи во некое луксузно место.Доволна е и обична прошетка,колку да дадеш на знаење дека и покрај се ,сеуште си тука.

    Таков беше денешниов ден.Наместо на кафе да седнеме,решивме да го испоштуваме сладоледот во Џино во име на старите добри денови.И не згрешивме.Како ни го донесоа пред нас,така уста не отворивме додека не го изедовме цел. Во тие моменти секој муабет е сувишен.Доволни се спомените што ти навираат во главата.Понекогаш ми фалат тие моменти кога владее тишина,а сепак е погласна од секој кажан збор.

    Чесен пионерски збор,ветувам дека никогаш нема да дозволам да ми замрат традициите што си ги правам со другарките.Никогаш.
     
    На Jagoda123, marama, Elichka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Не,не... кога у полусон ќе ти доаѓаат спомени од типот стоиш на видиковецот и ја гледаш тврдината,околу тебе морето и носиш долг фустан како тогаш,а тој со по еден сладолед во двете раце ти се приближува,а очите му се необично светли и све тоа натопено во ванила скај во бои на зајдисонцето...знаеш дека побудалуваш... Како пресвета Богородица да ми се јавила да однесам масло у петок у црква,да ставам грав и да постам 40 дена,е така изгледа јас треба него да му се јавам,ама на телефон.
    Што би ми рекла една членка, вие сте ко Чак и Блер...не дека имам поим шо праеле они двајца после 2-3 сезона,ама претпоставувам дека се двајца идиоти и серијата постанала ретардирано глупа...
    И така...притисок ми е нула.

    Живот полн спомени е живот...Болеле,не болеле мои си се и ги сакам,не би променила ништо... Имам се што ме прави човечуле што може да каже дека живее,впрочем многу среќно гномче сум си јас. Следно, ќе си купам црн коњ, мазен, со убава гривна,еве Лилит да не се викам. И ќе одјавам или со коњаникот Сабја до бесконечноста или гола ќе дојавам на плоштад или ќе му бидам принцеза на црн коњ па он нека ми ја мисли...
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ... кога имам лош ден, само ова песниче ми ѕенѕа во главата, додека не се соземам за да не приплачам.
    http://www.youtube.com/watch?v=XC7YozBwcCY
    Отсекогаш сум сметала дека тие што плачат на работа се шупаци.
    Што мајка имам јас да се мрсулавам пред мршојадци и лицемери, си го имам мојот дом, и моите четири ѕидови и прегратката на дечко ми, и утехата од другарка ми, немам намера да излевам кофа солзи пред непознати.
    И така си стиснав заби и си се насмеав.
    За инат.
    :)
     
    На eli25, marama, Tambolina и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Сеуште немам работна навика. Телото не ми е навикнато. Биоритамот не е подесен.
    Можам само да Ви кажам дека ви посакувам добра ноќ и дека Бубби Ве сака сите! :l:
    Еве и цветче за Вас :f:
    Море буууукет брее! :f: :f: :f:

    Бубби Ве персира зошто сте и битни и иако е уморна и и' се спие, сепак двои време да Ве читне и поздрави, па и да пише некое мислење колку и да е кратко. Феминава ми стана побитна од Facebook-от зошто прво тука се уклучувам. Прво Вас да Ве читнам, да се допишувам, да си видам хороскоп....

    Сега разбирам зошто го сакате петокот...
    Имајте убави сни |-)
    :hug:

    ПС. Лилитке, те замислив на коњот и како јаваш позади ти се развејува некое платно полу-прозрачно или светло кремаво платно :lol: :D :*
     
    На tweety26, Umbrella22, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.203
    Допаѓања:
    139.602
    Мачно ми е. Ме стега душава.
    Политика не ме интересира. Ама ова со Талат Џафери како министер за одбрана ми дојде како голема шлаканица.

    Тоа се тие денови кога се прашувам дали вреди да се остане тука.
    А ја сакам Македонија. Необјасниво многу, искрено и безусловно.
    И не сакам никој да ми ја земе. Ме боли секој обид.
     
    На CoverGirl10, marama, Shelea и 15 други им се допаѓа ова.
  14. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Абе коњак беее, тоа бил лекот! Со кока кола секако и песничиња за душа :) е тука е лабавото, опуштено и само опуштено. Проблеми да ве нема од собава!
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бре бре што ке беше само црни мисли :x
    мене никој ме ме сака, секое тенџерче свое капаче- само јас сум гезве
    убави, млади девојки разочарани од љубовта
    изненадена сум и тоа многу :!:
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Време е да тргнам во насоката во која би сакала да се движам!
    Се запишав на театар! ^_^
    Па, замислете ја мојата радост кога слушнав со свои уши зборови формирани од уста на искусен актер со кои објаснува дека гласовните способности не го ограничуваат капацитетот на еден актер!!!!
    Можам и да фалширам, па што!
    На пример претставата е прекрасна и луѓето не сакаат да си одат по крајот и јас тука стапувам на сцена и почнувам да пеам. Реакцијата на публиката е напуштање на салата за 2 минути! :rofl:
    Ете, за се имало лек. Хард ворк бил клучот. Епа добро тогаш, ќе работам хард ако треба!

    Исто си земав изборен предмет кој треба да го полагам, наместо друг кој бара само потпис, па за арно нека е. Мислам дека предметов ужасно ме интересира, обврска плус која се надевам ќе се исплати. :)

    Можеби има нешто во сите тие срања за позитивното мислење.
    Можеби тоа е единствениот начин до успехот.
    Сите големи умови кажале и се согласиле со тоа дека најдобрите идеи се најпрво апсурдни и невозможни. Ако е така и тие што ги реализирале го знаеле тоа, значи дека и покрај тоа верувале во себе. Никогаш немало да успеат во спротивно.

    Падни, стани и продолжи понатаму, падни пак, стани уште еднаш со голема насмевка на лицето и не чекај потврда дека тоа за што работиш, за што се надеваш ќе се исплати, туку тргни веднаш во поход. Не размислувај за разочарување и неуспех. Не размислувај воопшто за ништо. Една мисла и една цел во главата - таа кон која се стремиш. Ништо екстерно не доволувај да влијае врз твојата мотивација. Honorthyself - ТИ МОЖЕШ.

    Тоа е моето мото од денес натаму. Јас можам и јас верувам! :)
     
    На AnaKarenina, francais, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Ќе ве молам пуштете на тв ЕДО и гледајте ја оваа ЕПСКА борба на министерот!!! :rofl:
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    ... Добар ден! Добар ден,повелете ми вика љубезната продавачка.. ја возбудена,ја наогам совршената нијансана темно кафеава( фала богу,постои само во мојата глава |( ) на ташна... се извинувам колку пари е ташната?? Прашувам онака као ноншалантно. 5000,00 ден ми одговара со насмевка,знаете кожна е!! А имате иста ваква да не е кожна? :tmi:

    *оди да си врзе еден шамар*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    А водителкава се разголела,на човеков му е глупо у очи да ја погледне. :fubar:
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Денов како ми почна добро заврши.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.