Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    5.952
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам да, глупости се, ама некако секогаш се смеам на Харлем шејк! :D
    Барем подобро е од Гангам стајл |( |(
    Иначееееееееее....
    Фемина Харлем Шејк... Во случај ако не го ставил некој.
    Ако го ставил, извинете на спамање.
    Чао пријатно :wasntme:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.593
    Ма гледа у плафон, гледа надоле, се подместува, гледа на спротивна страна... :rofl: Кој знае колку му е тешко да се совлада да не загледа подобро!
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    А затоа ли нема филм на едо :D
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК Доколку сте во можност бидете во четврток во 19.00 часот пред гимназијата Јосип Броз, во Скопје да покажеме став и револт против назначувањето на терористот и дезертер од АРМ Талат Џафери за министер за одбрана.
     
    На Hipster, Lepaaa, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Утре или следниот?
     
  6. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Секојдневно добивам голем број на пораки со повици за организирање на протести против националната катастрофа која ни се случува со месеци наназад. Иако порано гледав со недоверба на ваквите пораки, овојпат повеќето од нив ми изгледаат искрено поради што одлучив преку Facebook да повикам луѓе кои ние од “Достоинство“ лично не ги познаваме.

    Затоа, ги повикувам сите наши вистински Facebook пријатели, но и сите останати пријатели и подржувачи на “Достоинство“, да дојдат во нашите канцеларии, да ви ја кажеме нашата визија за Македонија и заедно да се договориме што ќе преземеме понатаму против великоалбанскиот екстремизам.

    Поучен од моето досегашно искуство, не очекувам ниту масовен, ниту голем, дури ниту мал одзив на овој мој повик. Знаејки дека стравот е всаден во коските на нашиот народ, познавајки го менталитетот на нашиот народ, ќе ви бидам благодарен доколку се одважите и дојдете барем десеттина, десеттина граѓани со вистинска подршка, десеттина граѓани со искрена подршка. Бидејки, за нас од “Достоинство“ еден вистински пријател, еден искрен пријател, еден храбар пријател вреди повеќе од 100 интернет сеирџии.

    На 100 годишнината од Букурешкиот договор, на 100 годишнината од поделбата на Македонија, на 100 годишнината од окупацијата на Македонија да го започнеме процесот на семакедонско помирување и обединување. Да се собереме и да започнеме, бидејки патот долг 1000 милји започнува со само еден, единствен чекор. Дојдете за заедно да го направиме тој чекор.

    Сите вие кои сте сигурни дека ке дојдете, испратете порака во inbox на моите два лични Facebook профили со ваш контакт телефон и место од кое доаѓате.

    Зборно место: пред гимназијата “Јосип Броз Тито“ (оттаму ќе се упатиме во канцелариите на “Достоинство“ кои се наоѓаат во непосредна близина)
    Време: 19.00 часот, четврток, 21.02.2013 година

    Претседател на “Достоинство“
    Стојанче Ангелов
     
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://www.hajdpark.mk/intervju-za-igor-madjirov-2013/

    Не сум сигурна како може да е ова вака? Млади, толку сакани, а толку толку длабоко тажни. Тешко ми е кога ова го гледам. Може и најтешко од се во животот. Кога гледам млади умови, ама умови уметнички кои, на кои ова им се случило/случува.
    До сега не сум запознала човек кој лично би ме воодушевил на овој начин на кој многумина велат дека овој млад човек ги фрапирал. Ама чекам и се надевам! Ми фали ваков другар/ка.

    Денови обични, малку сиви, без сонце, но со љубов. Сакам да бегам, бегам и бегам од смотаните безвезалци.
     
    На Nymeria, honorthyself, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Денес имав напорен ден за кој што ми требаше малку повеќе енергија од вообичаено. Ама баш како за инает синоќа, неместо да се одморам и утрото да бидам свежа и спремна за исполнување на обврските, јас маки мачев со несоница. Од преголема оптеретеност на мозокот, со и не потребни ствари, мислите успеаја да ми ја надвладеат подсветста па бев како во некое бунило или бладање, на раб меѓу сон и јаве. Несоницо страшно те мразам.
    Сто пати го проверив алармот дали сум го наместила да ми звони, таман ќе го оставам го зимам пак телефонот да видам дали во точно време сум го наместила, по некои си 15тина минути го поместувам да звони сааат покасно, демек да поспијам повеќе ( додека правејќи го тоа губам време узалуд).
    Недоволен сон, пмс и напоредн ден, за да на крај денот заврши со топол туш. Како сите грижи и сиот товар што ме пропратија денес да ги видов како се сливаат заедно со водата и нечистотијата која истекуваше од кадата.
    Одам да спијам да надокнадам за вчера, и за завчера, и за недела и за уште многу денови на кои што им скратував од сонот. И добра сум, само ми треба одмор, психичка одмор.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.394
    Сите гледаат преноси од кралски свадби, оскари, назначување папа....ама промоцијата на плејстешн 4 |(

    Туку што ме чуди два кога дома ги имаме :^)
    Графиката била многу добра, еве тоа ме информираа, ако ве интересира и вас :D
     
    На ilipili, Trendafilka, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога сите денови би биле како претходниве 2-3 дена би било прекрасно.
    Овој пат само 2 дена не бев дома,и чудно, но едвај чекав да си дојдам иако сум била отсутна и подолго време и некогаш не сум сакала да заминам од прекрасната Битола,се разбира,поради друштвото,кафето на Широк Сокак и моите цимерки :)
    Овој пат беше поинаку.Едноставно сакав да се вратам дома. Исполнета сум.
    Се чувствував како 100 години да не сум се видела со моите. Ги сакам. Премногу! :)

    Вчера журкање до лудило. Така не сум поминала не памтам од кога. Со убаво друштво, малку алкохол и пред се одлично расположение кое траеше цело време. После враќањето од дискотека продолжеток на забавата во стан,а на крајот исцрпени од целовечерното денсање сите изедовме по еден сендвич и право во кревет. А за сабајлево,да не зборам. 3577893 чаши вода сум испила. Тежок студентскиов живот :)

    И уште една работа која пријатно влијаеше на моето расположение последниве неколку дена. Се разбира...ТОЈ! :inlove:
    Се сменил.Или можеби само јас така мислам??? Но,како и да е,подобро е. Се забележува разликата :)

    Очите ми паѓаат,а не сакам да си легнам. Ама изгледа ќе морам. Одам да каснам нешто (се надевам ќе се залепи колку толку на мене) :lol:
    Ве поздравувам. Имајте убава ноќ :*
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.593
    Разгледувам огласи со станови... и можам да заклучам дека сме нација без вкус. ЕКСКЛУЗИВНО, ЛУКСУЗНО, АТРАКТИВНО ФУЛ НАМЕСТЕН,НАЈМОДЕРНО...и гледаш кожи од крави...кози,овци...драматични тапети,некои сводови,чудни ниши,некои прскани ѕидови со глазура како на лижавчиња,еден па и кварцната греалка си ја сликнал со чорапите што ги си суши пред неа. Бои,строго црно-бело,црвено,сиво или евентуално, кафено,ама она каки...Не можам да сфатам дали се зезаат или што е работава,а башка цениве... кааааде бе? Гет рил пипл!
    Нека,нека,не мора мебелов...фул ќе го платам,ама земете си го мебелов,ВЕ МОЛАМ!!!
     
    На Phyramide, mims-89, AnaKarenina и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Како да престанам да се разочарувам?

    Како личност со секогаш високи очекувања, честопати наидувам на разочарување. Не сум ја добила оценката која сум ја очекувала, не сум положила за кола, времето се расипало и другарките не ми се расположени за шетање по дождот, па неколкучасовното спремање отишло по ѓаволите, сум добила корпа од симпатијата, не сум го добила очекуваниот фидбек и покрај добро извршената работа. Како ова да престане?

    Мислам дека го најдов решението.

    Бидете активни! Бидете активни и нема да се разочарувате. Нашата младина е толку пасивна! Можеби љубовниот живот не ми цвета, но добив стипендија. Можеби не положив за кола, но наредниот ден отидов на концерт и супер си поминав. Можеби не излегов со него вечерта, но наредните неколку дена ги поминав со добро друштво во Охрид. Преокупирајте се со многу нешта и ќе откриете дека сте доста успешни во некои од нив. Ако не успее првото, нека има второ. Ако не успее второто, нека има и трето. Секогаш нека има нешто за правење, не минувајте долго време во депресија и длабоко разочарување поради неуспехот на една работа, туку веднаш започнете да се занимавате со друга. Тоа го правам последниве неколку месеци и се чувствувам одлично, ма немам време да се разочарувам. И последната работа - излегувајте! На предавања, на кафе, на кино, во трговски, во локалниот супермаркет, по ресторани, пабови, паркови, мостови, влезови, лулашки, било каде. Моето најново животно мото е: поминувај што повеќе време надвор од дома. И онака повеќето спомени што ги имам се случиле под ведро небо :)
     
    На zarah, CoverGirl10, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Секој некаде брза.
    Јас брзав да го фатам автобусот. Шоферот да стаса порано да ја изненади девојката. Луѓе растрчани на сите страни да стигнат на време на работа.
    Но, не можам да ги сфатам девојките што брзат да пораснат...
     
    На sweet-cherry, Speechless, Lov3 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Јас уште сакам да сум дете. Длабоко во себе и сум. Интересна работа, дали е до некој феномен или е едноставно карактер, кај мене дури ни во пубертетот ја немаше онаа желба да пораснам, да бидам голема девојка, да земам да се шминкам со шминките на мајка ми и да го ставам накитот на сестра ми како што правеа мои другарки на тие години, секогаш си се чувствував удобно во сопствената кожа, доволни ми беа детските игри, не го брзав времето. Ден денес гледам цртани, се радувам на ситници кои само дете може да го израдуваат и супер ми е. :D
     
    На Someonespecial, blond, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Моментот кога во школо имате 2 часа,од тие 2,вториот правите тест математика.
    И Свит ќе извади тројче,или двојче.

    Fuck.Ќе одговарам во понеделник. :swear:
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ да имав тројка математика ќе се ваљав по тепих, ќе ја пеев wonderful life и сите ќе ги частев пица. Па сега ти види. :D

    Иначе сакам да кажам дека животов е најчудното нешто.
    Го знаете оној момент кога со години посакувате нешто, од ден во ден го дооформувате за да биде совршено според вашите критериуми и еден убав сончев ден, кога најмалце очекувате посакувањата ви се исполнуваат? :wasntme:
    Среќно дете сум, во глобала. :D
     
    На kate21, sweet-cherry, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк ..денес ми доаѓа либето конечно..уште само неколку часа..... :inlove:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Добро утро драги феминки. Пред нас е нов, прекрасен ден. Се надевам дека го започнавте со насмевка!? Зошто? Затоа што практично енергијата која ја праќаме во универзумот, истата и ни се возвраќа,секогаш сум расположен за позитивни личности,особено за девојките. :)
     
    На glosipgirl, Lepaaa, Angel.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  19. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Срцето од гради ќе ми излезе!Каде брзат сите не ми е јасно,да знам оти сите имаме обврски и сите сакаме да стигнеме на време на одредено место .Но не така ,внимание треба да обрнат повеќе возачите .И не се сите за возачка,не!Незнам што ги тера така да возат ,дали стресот или неодговорноста?Сите ги чекат последните 5 минути .Важното јас се преплашив .Секој ден истиот пат го поминувам два пати во денот,но ова ми се немаше случено.Зарем е мошно да те прегазат на пешачќи :x ,не ми се верува .Добро е спасив глава ,инаку ќе се залепев како слика на тоа камионот.И потоа ќе ми се извинува ,абе ај му се молам не ми треба никакво извинување само го погледнав на г и продолжив така пребледена ,уште нозиве ми се тресат.Ај ај да престанам оти ќе претерам .А и за крај че заборавев ВОЗАЧИ возете со ум :fubar:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Толку многу соништа, а толку малку време за да се сонуваат. Одамна се мислам, измислија секакви чуда ама да измислеа некое апче за обновување на енергија не ќе беше лошо. Лично сметам дека спиењето е само губење време, ама толку е слатко особено кога е човек преморен.

    Како легнав вчера после работа, така заспав, се разбудив задоволна дека барем малку сум отспала и сум го надокнадила сиот тој дефицит на сон...и се префрлив во спална. Си реков, денес мора да станам весела и напукана со позитива и се случи. Неочекувано, затоа што човек кога планира обично ни П од план не се исполнува.

    Решив да не следам повеќе вести. Мудра одлука, затоа што ми се блуе од глупости и тажна реалност.
    Плус и онака ни сервираат само тоа што им одговара да знаеме. Освен глупости фактички не дознаваме ништо полезно.
    Не дека не ме интересира, ама - talk to my hand ќе ја реши работата.

    Еј да. Сабајле по телефон едно сонце така ми го осветли денот. Ми кажа пар убави зборови, онака мислени искрено, не дека рече нешто посебно, ама ме оклешти од шеска до осмица. И така решив и јас да делам збор два наоколу. Не ни треба многу, само малку.

    План за следниве денови: ќе причам пуно француски у секој можен смисол, ќе делам гушки и зборови, ќе си ја полнам душава само со убави работи, и ќе покажувам раче на оние кои не ме интересираат. Да видиме што од ова ќе излезе.

    Па сеа. Немам и не сакам да имам време за будалаштини и негативности. Не сакам и крај. Животе стисни ме, згмечи ме и гушни ме и викај ме Џони ако сакаш не ми смета, немам повеќе сили за двоумења и тешки одлуки, барем засега не.
     
    На bittersweet, mims-89, DeMelo и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.