Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Неорганизација и факултет се два збора кои ја формираат нашата траги-комична судбина наречена студентски живот. И не важи ова само за Македонија, така да ви кажам. :!:
    Аман бре жено, од сите информации кои си ги ставила на интернет биваше да не ставиш дека мора двапати на вежби пред полагање? Или не ти текна да ми го спомнеш тоа 50-те пати кога доаѓав на консултации? Ојјј, не знам дали да се радувам или да утепам некого. Цела недела се маткам со книгиве и проектот, конечно завршив се и она ми вика Ама ти не можеш да полагаш. :@ :@ :@

    Среќа ги имам од претходно кредитите иначе ќе пуцав некого. Аман и од факултети и од се. Кога ќе ми текне дека во Скопје уште година и пол ме чекаат драмите со студентски прашања ми се темни пред очи. Како бре факултетите не се организирани, па како Високо Образовна Институција се водите. Жими високото, освен комплексите ништо друго не ви е високо.

    Во ред, сега длабоко воздишувам и престанувам да се замарам со глупостиве. Случајно најдов прекрасни хулахопки по 10 центи и ќе ги шверцам во Скопје. Пa цела моја долга нога ја собираат, ваква премија не се пропушта. Се натоварив од библиотека со книги со рецепти и планирам да фотокопирам како никој додека не го потрошам кредитот на глупавата картичка за фотокопии. 5 евра дадов за таа глупост, и уште сама си фотокопирам. |(

    Диши, издиши. Оф леле.
     
    На LilBaby, AnaKarenina, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    17.134
    Залепив неколку листови со бесплатна љубов, операција успешна.
    Ова едното како ги кинеле ливчињата го давало зборот FREE колку само одговара :D

    Ме видоа неколку полицајци и викат ако, убаво ова шо го правите :$

    [​IMG]

    Од дождот фломастерот почнал да тече ;(
     
    На the.vampire.girl, I.love.your.lips, Lepaaa и 38 други им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    2:30....црни темници, немирно спиење, превртување, тешко дишење, бучење, и бучење, и бучење, и наеднаш ми кликнува - вклучен е Дормео прочистувачот на воздух!
    Викам Ах малава пак не може да спие, сака да си игра. Се вртам да ја побарам - таа ЛЕЖИ до мене! Срипав ко поулавена, Леле некој ни влезе во станот, а у, ко напипавам - тртлево со стапалото го вклучила :o Ах, добро е....

    Земав да го исклучам нели, и наместо тоа копче, сум го фатила првото, и вртам ли вртам, а со тоа палам и гасам сијалица, и тоа не знам колку пати, зошто секој пат мислев дека другото копче го фаќам :rofl: Се врти мм во полусон, ме гледа и ми вели: КОЈ го вклучи филтерот? Викам Л, со ногата.
    А ТИ ШО ПРАЈШ?
    Еве, го гасам.
    Е па ај изгаси го конечно!
    Куку мени :D

    И така, се смеев во себе ко полудена од 2:30 до 4:30, кога и смислив многу добри идеи за животов. Сабајле едвај се разбудив, ама барем донесов некои добри заклучоци.
    Сега чекам мм да доврши некоја работа, па да ми ја раскажи неговата верзија на синоќешните настани, ама верувам дека таа ќе е подобра, оти рече дека во таа прсти вмешале и духови.

    [​IMG]

    Ал смо сви полуделииииииииииии :D
     
    На kravce, ludoto19, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ете, поминаа и анализите-мислам дека ми ја исцицаа крвта од вените 3 ампули :doh: + урина ама незнаев дека треба, кога ми кажа сестрата ми се стемни, па ај пиј течности за да можеш да мокриш
    инаку гладна прегладнета-храбра сум,издржав ама кога ме праша сестрата дали сум сама :tmi: па нема белки на 27 години армија да дојде со мене друштво да ми прави :fubar: бог да чува и да брани
    резултати утре а за утре имам закажано и ехо на дојка
    следната Среда кај гастрологот на разговор ама дефинитивно овој пат ке одам порано :!:
    и очигледно дека имам барем малку срекичка во наградните игри-две грепки по 30 денари добивка :rock:
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Малку во мојата дома, па после назад во Нашата.
    Немам зборови за да ја опишам сета убавина што Љубовта ми ја приредува, и допрва ќе треба да ја осознавам, обликувам, да ја растам, пламнувам и гушкам.
    Тука си ми. Спиеме заедно и мирисите се спојуваат во наша позната симфонија. Експлозии на секое ќоше. Топлина извира од сите страни. Мекост.
    Се трепериме уште еден од друг. Ми се подари себеси и цел еден свет што никогаш не помислив дека можам да го дофатам, намирисам, осознаам. Фотографии, подароци, чоколадни бакнежи, топли пива и ручек после 6 месеци, заеднички. Јас, со мојата омилена престилка, ти со твоите омилени чаши за вино.
    Ние. И нашите планови што во тишина се развиваат.

    Би сакала, барем еден миг од сета таа енергија да ја споделам со светот. Зошто тие запалени фенери на среќата, ги вивнавме до небо и погоре.
    Денов тмурен, но насмевките ќе му дадат нов видик.
    Вечер, ве канам да готвиме надреална приказна за едно Меше полно масни наслаги, книгата на мојот најдобар другар Иван доживува промоција.
    Јас, ќе бидам легална вештица и ќе мешам зачини во котелот наречен Уметност.
    Уште не ми се верува дека Љубовта веќе не морам да ја пишувам до лудило, ами да си ја доживувам нова, свежа, Наша. И да си ја чувам како скапоцен дар.
    Како сите оние чудесии, миривчиња, зачини, радости што ми ги донесе.
    Ми се донесе ти Самиот. Најголем од сите мои желби.

    Дојдете вечер, да готвиме Љубов. :inlove:
    Повелете линк:
    https://www.facebook.com/events/463639603691958/
     
    На antonina, Lepaaa, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Неможев да поверувам до кој степен е доведен народов,се додека не видов човек кој застана по пат затоа што виде 1 денар на улица и се наведна да го земе.А инаку :!: денарот беше во вир полн со кал.
    Ах...политичари! Гледате ли каква е сурова реалноста? Или само знаете пари да собирате?!
    Господ ќе ве казни(или можеби награди) еден ден!
    Секој со своја заслуга.
     
    На rici.aaaaa, simonka93 и bubili61 им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709

    Браво за идеата...Камо да имаше повеќе луѓе на светов како тебе :)
     
    На Trendafilka, CharmedGirl и pamelche им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    СДКД денес тема на размислување ми е семејството...моето семејство.

    Каде сме сега, каде можевме да бидеме, зошто бевме/не бевме...и дојдов до следниот заклучок.

    Не` има многу малку со лоша душа (и покрај се`, сакам се`уште да верувам во тоа), но многу кои веруваат на оние кои ја имаат.

    Раскарани кога требаме да бидеме најсплотени, сплотени кога веќе нема ни некоја полза од тоа.

    А можевме...навистина можевме многу повеќе...

    И после лесно е да се каже „луѓето беа криви...тие другите луѓе, ние не.“
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    До пред некое време толку се нервирав,толку си ставав на душа тадури повеке бев во солзи отколку да имав насмевка на мојот лик.Е сега веќе некое време ставив се под игнор... и многу ми е добро,камо ли ова да го правев и порано од толкуте мои солзи досега ке бев мулти милијардерка...добро е што ја научив лекцијата...никогаш не е доцна нели? ;) :)
     
    На srcekrsacka, AIT и tessie им се допаѓа ова.
  10. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Ми го претвараш животот во пекол,не сваќаш ли? Неможам повеќе ! Сакам да си заминам и никогаш да не се вратам. ;(
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Amen to that sister!
    Јас и салто нанапред плус ќе додадев ;) :D.

    Него, полека, полека почнувам да се враќам во колосек. Нема ништо потешко верувајте од прекинување на постоечките и создавање нови навики. Со себе и едното и другото си носат свои прос и конс, наше е само да го извлечеме најдоброто и од двете. Само што одвикнувањето е еден дооолг, долг процес кој бара многу од нас. Дефинитивно бара!

    Имам многу идеи, многу планови, многу започнати и недовршени работи, тон книги за читање, закажани средби, преголем заостанат материјал за учење - а премалце време. Кога сум веќе кај учењето, повторно си ја потврдив тезата дека јас најдобро функционирам ноќе со многу кофеин во мене, кога сите спијат и е мирно! Ете што ми бил спасот бе :D.

    Денеска на мајчето и е роденден, категорично го одбиваше секој предлог за торта, не сакаше - годинава решила кифли ќе прави. И сега што да правам јас со миризбата на печени кифлички што се шири низ цела куќа, да беше торта пример бап у фрижидер и мирна глава, нит миризба нит ништо :devil: Ми рече ќе правела 39 кифлички, во име на годините :d:.
     
    На sweet-cherry, kravce, ludoto19 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Не излегов од дома ни денеска.Кога размислам ,освем тркнувањето до блиската ординација,пред некој ден, не отидов никаде,не сретнав никого,не запознав никого.Денов тмурен ни сонце ни бутур.И студено ми е .Сонувам со отворени очи,замислувам,се навраќам на чудниот сон од ноќеска ,ме сретнува чудниов лик во огледалото во ходникот.Преосетлива и импулсивна,еднаш така ме опишаа.
    Посакувам да сум маж.Барем еден ден.Во позадина мал медитерански град.Некогаш пред мене многу море,некогаш многу небо.Јас сум рибар и крпам мрежи.Невечер пред некоја таверна си го испивам виното.Се спуштам до брегот и оставам плимата да ми ги натопи босите стапала...
    ...да, ама не сум маж...имам срце со видлив гриз од заби...незавршен допир на неговите прсти на моите усни...
    ...сакам да љубам,да го вдишам неговиот здив ...сакам...да ме сака...
     
    На NoellePage, stetoskop, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Кафенце,кафенце,ти убава магична течност :D Ќеф ми е вака да си го пијам кафето и да ве читам :) Само,денес слабо сте напишале,нема што да читам :( Ама како и да е,тука се и другите теми.
    Денов тмурен некако,ме тера да ми се спие,а и расположението ми го потиска.Како не дојди побрзо пролетта,па да излезиме малце на сонце,да не галат сончевите зраци,да пешачам и да гледам се околу мене активно.А кога гледаш инаку,дождот е ок за оние што се тажни и седат дома,се греат и гледајќи го си размислуваат (а и мене ме потсетува на тоа кога требаше да учам,не мрдав со денови и го гледав дождот,ја тргав целата завеса за да е посветло и читав.На вакво време најмногу и се чита) Но ако имаш обврски е непогоден.Сепак,никогаш не ме спречил да си ги завршам обврските или да излезам.Ако сакаш ти да направиш нешто,па ништо нема да те спречи :) Треба само мотивација и цврста волја,да си кажете можам,ќе го направам тоа,ќе успеам,ништо нема да ме спречи! (Само за жал некои луѓе дури и во непотребни ситуации се незапирливи) Бидете упорни,вложете секогаш се од себе.
    Ете дождот не ме спречи пред некој ден да излезам,да се дружам,да се насмеам,да се расположам :) Среќа што имам прекрасни луѓе околу мене,што ми помагаат и се секогаш тука за мене.Таквите луѓе заслужуваат да останат во мојот живот,ме направиле среќна. А има и такви кои не заслужуваат да останат. Само имам една мана,лесно се нажалувам и простувам,но оној што ќе си заслужи да не е така,нема да заборавам.
    Уште малце ќе има и нови луѓе во мојот живот,ќе имам нови колеги и колешки,па ќе видиме дали ќе ги фалам или кудам.Се надевам да се сложувам со сите (е скоро сите барем) Веќе си имам една колешка што многу си ја сакам,бидејќи е мила и фина,а и навистина си е добра во струката,ја знаете и вие,оние барем кои се постари членови,се работи за Zlatusko.Фали многу овде,ама таа си знае дали ќе не дружи пак.
    Еве,ми се исклучи мозочето,па заборавив што уште ќе кажував,ама добро,ќе пишам пак :)
    Имајте ми убав ден сите! :sun:
     
    На kravce, ludoto19, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  14. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    песниве од нирвана ми го разубавија денов :)))
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Дивајн, ме насмеа со кафето :D Навистина магична течност, уживам во него, не толку во вкусот колку во атмосферата што ми ја прави, мирисот ме опушта, и си го пијам полека зашти додека пијам убаво ми е расположението. Порано само ако имав друштво пиев, сега некако сама ми е убаво. Дури еднаш ми се случи имав гости, варев кафе и си реков, ќе си сварам јас за мене откако ќе си заминат :D Ама ај си направив и за мене после, не ми изгледаше фер така :D
    А денов, и јас сакам сонце, но денес некако убаво ми делува тмурово време (ова ретко се случува) и мислам дека ќе уживам малку вака... Уште да си најдам некоја занимација, да го оставам компјутеров, можеби да зготвам нешто, do it yourself, или пак да земам да плетам нешто :wasntme:
    Отидов да си направам кафе :coffee:
     
    На ana-girl, ilipili, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Слушам тоа имало во јадењето ова имало и тоа штетно било...па си вика вејќе не знаеме што јадеме т.е. што има во храната што ја купуваме... :(
     
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    СДК дека Памелче ме инспирираше со својот пост , такви треба да има во секој град. :)
    Ќе направам и јас па да има насмевки , љубов и живот насекаде . :angel:
     
    На Someonespecial и Angy.g им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.190
    Допаѓања:
    139.376
    Утре е важен ден. Од заебанција може да излезе сериозна работа.
    Држете ми среќа, уште еднаш да покажам што знам.
    Се надевам следната недела ќе частам...
     
    На Lepaaa, ozbilnazena, ludoto19 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Кога млекото е канцерогено, сакале не сакале ќе мора и денски на алкохол да удриме !
     
  20. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Ајде еве јас го допивам виново од ручек шо ми остана :D
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.