Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Јас сум ви камен кога се работи за љубовта.
    Во душава не сум воопшто таква,арно ама со тоа колку и како ја искажувам можете лесно да мислите дека никогаш во животот никого не сум сакала.Арно ама не е така.
    Сум била заљубена многу,сфаќам дека уште сум.
    Неколку луѓе кои ја знаат нашата приказна ми рекле "Добро бе како може толку да се сакате а да не знаете да функционирате заедно"? Ете не можеме,изгледа сеуште не сме ни научиле.
    Имаме гордост во големи количини и многу зборови кои ја делат душата на парчиња..

    Не сакав овој пост да биде толку посветен за ова.Ама надвор е ладно и мене тоа веднаш е асоцира на него,на љубов.
    Плус,читајќи ги вашите постови за вашите сакани и за тоа колку уживате во љубовта си помислив "И ти си девојко иста како нив,само што неможеш да го покажеш тоа".
    Вертојатно само една крената слушалка од нечија страна би променила многу работи.
    Замислете,тешко ми е да му кажам дека го сакам,а веќе ги знам имињата за нашите деца.
    Знам дека ви е чудно..И мене ми е.
     
    На DeMelo и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Навистина не можам да си поверувам што е ова само за политика брбање, ами така де... Легни со политика, стани со политика, јади со политика, на визита политика.Абре вака малку опуштете се, дишете малку, слободно живејте, смејте се, љубете доста е пак со таа политика та политика.Па што е ова сите започнува да ги фаќа политичка треска, сите започнаа да лажат и да се критикуваат како политичари.На денешницава изгледа ретко кој е искрен, а пак ако си искрен те јаде волкот, одма те критикуваат како си бил малоумен, дека не си чинел тоа што го правиш не ти треба така.....и што демек тие се знаат и идат да ми покажат како треба да си го живеам мојот сопствен живот, абе ај мавнете ми се од пред очи оти ми пука филм кога ќе наидам на такви луѓе, критичари на туѓи животи, паразитни животинчина кои се хранат со падовите и тагата на поединците, пријатели ти вртат грб и ти глумат, ама тоа е навика им стана на денешниве луѓе да се дволични, можеби сега е модерно да си дволичен не знам......
    Но едно со сигурност знам, полека но сигурно срцата полни со љубов започнаа да се заменуваа со обични камења, да да камења, дали златото или парите, дијамантите ќе направат да бидеш задоволен исполнет со љубов?Дали тоа што си го предал другарот или пак си му забодел нож во грб ќе те направи посреќен, дали тоа што си му ја прелажал девојката само затоа што имаш повеќе пари ќе те направи посреќен? НЕ верувајте во животот се се враќа добро со добро, зло со зло, денеска си на врвот утре си на дното.Парите, желбата за моќ,политиката се тие што го расипуваат човекот тие се најголемите непријатели на човештвото.
    И на крајот, оставете ја политиката, оставете ја лагата на луѓе кои што решиле целиот свој живот да го поминат во лаги и црнила, немојте да бидите сите како нив да живеете во нивна сенка, биди човек каков што нема на светот. Биди пример за сите. Така ти ќе бидеш среќен, а на светот ќе му направиш сериозна услуга.
     
    На julie77, srcekrsacka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    3.543
    Многу ми е убаво кога ќе видам татко како го шета своето детенце, го пази додека трчка, и врзува репче на керќичката, му става капче на синчето... Се топам во тие мигови, буквално! :inlove:
    Посакувам еден ден и мојот маж да биде таков.
     
    На sweet-cherry, marama, Primavera и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    :swear: Струјава кога ќе ја снема не знаат да ја пуштат по 8 саати :@
     
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Ах платичко платичко , заостана со развојот , м ? :|
    [​IMG]
     
    На Rose96, DeMelo и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Пукнааааавввввв :swear: :swear: :swear:
    Секој поглед ме нервира,секој искажан збор,секој неискажан збор,секоја реакција,секоја акција,сите луѓе ме нервираат и должни и недолжни..а најлошо од се е што и сама јас не се поднесувам.
    Нема да ширам негативна енергија тука, бидејќи ми се чини дека е ПМС.
    Проклет да е,прави да се карам со моите најсакани :swear:
     
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Пушиш? - Не!
    Пиеш?- НЕ!
    Се дрогираш? НЕЕЕЕЕ!

    Седиш на цименто?- НЕЕЕЕЕЕ!!!
    Ами од шо ќе умриш?
    Од млеко.

    Хах, само еден од многуте статуси на фб.

    Што да кажам драги дами..Од каде да почнам..
    Имам толку мн да ви кажувам, ама незнам што, ни од каде да почнам.
    Времето не ме сака, ниту пак трансакционата сметка.
    Саде нули, никако позитивно салдо.
    И тоа ќе биди.
    Овде се откажав од пишување за состојбата на државата, и политиката.
    Каде ќе им оди душата бе?

    Викаат, невремево започнало после ново-излезениот спот на Вале Гулабица, и промоцијата на нејзината црвена танга.
    Не верувам дека некој не ја знае.

    Мама ми ја направила мојата најнајнајНАЈомилена торта. Читајте НајнајнајанајНАЈ калорична.
    Како сега да сум на диета , мајко? Или да се истурам од потење на орбитрекот. Па си ги направилаа огромнииииии тие парчињата. Ах мајкооо..АХХХ.
    И онака си го отворам фрижидерот само колку да видам шо има , да ми светни сијаличката и да го затворам. А сега, отворам гледам торта , затворам. Отворам сечам торта, затворам.
    Ахххх мајкооооо! Тешко е да одолееш на парче торта. А и на зелник од баба.
    Аххххх жени сте се свртеле против мене , и мојата диета..
    Инаку имам мензус. Уште нешто?

    Поздрав дами, ве чекам да ми помините на парче торта за да ја снема порано, да немам кошмари на вечер. Калориите ме прогонуваат.
    :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Некој не ја затворил убаво чешмата во кујна, па еве веќе 15тина минути си тече капка по капка.
    И како што капките удираат во мијалникот, така мене како да ме мава чекан по глава! Ја слушам преку 3 соби! Никој од домашниве не реагира, а мене ме вади од такт.
    Сите се чудат како воопшто ја слушам преку пуштен телевизор и галама.
    Па татко ми ми вика: Нервите дете, нервите на млади години ги губиш!
    Во такво време и место живееме бе тато, сите невротични станавме, и младо и старо.
    Општествово ме фрла во блага депресија, страв ми е вести да пуштам или весник да отворам. Просто посакувам да сум од оние што си носат розеви очила и се плитки во паметот. Ним полесно им е.

    И ете така, решив да заминам некое време на планина.
    И сериозно да ја разгледам опцијата да станам овчарка.
    Па да си ги пуштам овците и паметот на пасење.
     
    На wendy2, Lepaaa, antonina и 35 други им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... мало дополнување на муабетот на АнаКаренина, мене како мала татко ми ми викаше - ако не учиш, ќе ги мериш улиците.
    :^)
    Значи постојано го слушав тоа, ми остана врежано во умот, мој вечен страв и трагедија, леле улиците ќе ги мерам, полошо е од скитник најверојатно. :D
    А пред некој ден кога ги загледав оние школуваните мерачи на улици... па кога ми кажаа колку плата земаат, како си подголтнав тешко.
    Па не било така лошо да мериш улици, нели? :D

    Како мала татко ми исто ме зафркаваше дека ќе станам овчарка.
    Ќе сум си пасела овци, а дома ќе сум ги снабдувала со сирење, млеко и волна.
    И јас плачев, се молев навечер да не завршам на некое пасиште.

    Малоумно дете.
    Денес сфаќам дека тоа не би биле двата најтажни и најтрагични избори и судбини.
    Оваа е многу погорка. И полоша.
    :|
     
    На wendy2, kate21, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    Има нешто во Франкфурт што ми е страшно одбивно.

    Како да се судираат два сосема различни светови. Оној на сите оние банкари во некоја од висококатниците во центарот на градот, и оној на сите други останати.

    Ме потсетува на криминал, нечистотија, џган.
    Добивам впечаток дека се чуствувам несигурна и набјудувана од некој од многуте странци кои дошле до оваа метропола за да се стекнат со брза заработувачка.

    Туку патот денес беше необичен, посебен.
    Покрај чистиот автопат и солидната прегледност можев да си дозволам да уживам на совозачкото седиште и да гледам како крупните снегулки се одбиваат од шофершајбната без да стравувам од евентуални споредни ефекти поради невремето.
    Делуваше како некој сон сето тоа пробивање низ благата магла и завеаниот автопат.
    И наеднаш сонце.
    Од никаде тукутака исчезна снегот и сонцево блесна право во очи.
    За да биде почудно ова се случуваше неколку пати. Од интензивен снег наеднаш сонце, како ништо да не било.
    Си помислив баш како животот. Некогаш вее, некогаш грее, некој е затекнат на улица, некој со чадор некој со кола.
    Сам или со придружба одбројуваш секунди, минути, саати за повторно да дојде сонце.
    Во тој момент на радио Ксавиер :inlove:
    Малиов одма попушти, ме погледна во делче од секундата во очи и се насмевна. Ех животе :inlove:

    Завршивме што завршивме работа и ај да прошетаме малку низ центарот. Влеговме во омилената продавница на малиов мој. Упорна бара еден модел на јакна кој го видел он лајн, но никако да најде соодветна големина.
    А оваа продавница е единствен застапник на брендот од Англија, па се надеваше дека ќе му се потрефи. Но ништо.

    Додека се акавме видов плакати за неодамнешно отварање на еден дуќан за облека кој ми е познат по квалитетната а ефтина облека.
    Одма јас на гуглето и најдов адреса. Го запнав да одиме за да видам што има :tmi:


    Туку со маж не се оди на шопинг, ама да не се жалам. Со оглед на тоа дека имав само 15 минути за да поминам 3 спрата пред да почнат црвите да го фаќаат одлично беше. Ништо не пробав, туку од око земав, си се знам колкава сум си де.
    Сега си замислувам што ќе беше да бев сама, со неограничено време :angel: :rofl:

    Туку многу кривини фаќам, испитов понеделник сам нема да се спрема.
    Пријатна вечер девојки. :hug:
     
    На DeMelo, tweety26, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е Памелче, браво за прекрасната идеја :clap: :*
    Многу се восхитувам на вакви позитивни личности како тебе, ех да имаше повеќе вакви, светот ќе беше многу поубаво место... :bow:
     
    На la-chicka, Libera, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    само да знаеш колку си во право
    ама избори се ближат и се додека не поминат вака ке биде, за жал сурова Македонска вистина
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК се чувствува какви се луѓето спрема некој, се во зависност од тоа каква душа има тој некој.
    Не е тука проблем верба во некој, туку едноставно се прет/чувствува.
    А за тоа, не е потребно време.
     
    На Someonespecial и Ilusionist им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Убав датум, прекрасен. Го сакам датумов многу, значаен ми е. Годишнина на сестра ми и зетко :sun: Овој пат 9-годишнина, се надевам ќе им се множат понатаму се' поубави, посреќни и подобри.

    Како вчера да беше кога сестра ми со стомакот до заби буквално трчаше во 6 сабајле на фризер и на шминкер.....Сама :!: Од еден тон луѓе и возила на располагање дома, не сакаше никој да ја носи, таква каква што беше нели предсвадбарски трудно-неуротична невеста, запна сама да оди. Се јави испаничена едно време дека сватовите веќе ќе тргнуваат, а таа уште се шминкаше :D Се разминаа со сватовите долу за буквално 2-3 минути. За малку ќе ја начекаа невестата во патики и тренерки со невестинска фризура и шминка доле пред зграда :lol: Леле која паника беше тоа.....Едвај го облече фустанот, што од возбуда, што од тоа малецкото внатре што растеше неверојатно брзо. Едвај се стокми некако :D И толку беше од тремата, во моментот кога зетко се појави на врата лицето и' доби боја и една неверојатна насмевка која до ден денес си ја носи :)
    Не дека е наш, ама не можеше подобар избор да направи. Иако се за некои работи дијаметрално различни, тие двајца совршено се надополнуваат. Сестра ми е таа која најчесто размислува и реагира со срцето и чувствата, зет ми е тој кој секогаш ја гледа реалната и позитивната страна и можното решение на проблемот. Сестра ми е онаа која е потемпераментна, импулсивна....зетко е смирен и ја спушта топката на земја. Сестра ми цел живот секаде доцни, зетко е тој кој ја доведе во ред, заштo никогаш никаде не доцни. Позитивен, секогаш ведар и насмеан, со неверојатно добра смисла за хумор. Самиот факт што сестра ми после скоро 17 години поминати со него се смее на неговиот хумор, доволно кажува :) Не велам дека имаат совршен брак, зашто јас лично не верувам во таков. Ама само едно ќе кажам-ако некогаш во животов мој се омажам (што баш и не е нешто многу веројатно, ама тоа е друг муабет :^) )-сакам да имам брак како нивниот. Полн со разбирање, голема љубов, хармонија, доверба, посветеност на семејството и на вистинските вредности.

    Нека ви се множат, најмили мои! :d: :^:
     
    На tweety26, marama, Phyramide и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Што ќе ми е да учам математика кога постои дигитрон |(
    Иначе сум добила 3,за 2 бода ќе била 4.
    Ама ете ти,коа си има наставници што се нефер и тоа е.
    Многу ми е галјле далалалала |(
    Инаку,мометот кога читаш на фемина од телефон и одеднаш ти заѕвони.
    Е,прееска ми се случи ова. :sweat: :tmi:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Dala и кај мене е така ама многу не се замарам знам дека ем наставничката не ни предава плус не ми оди воопштоо математиката и другите природни науки како што се физика ( се оправив малце :rofl: ) хемија.. :D
     
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Каков ден..
    Станав со добро расположение. Се дотерав, се средив и ајде да излезам. Што да видам надвор, дожд истура.
    Барав чадор половина час. Цела куќа ја превртив наопаку, за да ми текне дека моето ново чадорче го заборавив во ташната, минатиот пат кога го носев. Е, добро е. Не ми текна многу рано |(

    Добро, ај да се нервирам за глупости. Си излегов од дома, полна енергија и позитивност.
    Толку убаво се чувствував. ^_^
    Поминувам низ чаршија, сама, со чадор во рака. И наеднаш дувна силен ветар. Можете да замислете што се случи со чадорот :^) се преврти! Жив резил. :$
    Океј, си велам. Држи се, ништо страшно. Се случува.
    Си продолжив по патот. Чекам на семафор, зелено. Поминувам и еве го еден лудак залетан...за милиметар ме промаши |( Од памет ме извади, си реков...толку, до тука ми бил животот.
    Ајде, се најде некој човек (во права смисла на зборот) и ме праша дали сум добро!
    Постоеле и такви. Застана човекот на тој силен дожд. :clap:
    Само што се прибрав малце. Ми помина целата паника и се вратив во нормала, застанав со една пријателка на две минути муабет. И ете ти пак беља. Уште еден залетан тип со кола, го погодува вирот со вода и ме избања од глава го пети!
    Добро бе, го пцуев. Па си заслужи. Целата вода ме стори, ме истушира! :sweat:

    И веќе немаше што да се прави, се откажав, си свртив круг на лево и правец накај дома!
    Стигнувам дома, сушев коса...триста чуда...и ми кликнува во глава каде ми е мобилниот??
    Целата во прашалник се сторив? Барај, мисли, нервирај се...и на крај знаете каде го најдов?!
    Џебот од капутот ми се скинал...телефонот се спуштил внатре :x

    И, така...јас денес велам фала му на Господ што жива останав.
    Денов жива иронија. Мислев ова може да се случи само во Американските филмови...ама сум се лажела!

    Затоа сега си легнав во кревет. Чекам таванот да ми падне врз глава. Уште тоа недостигна. Да ме докрајчи нешто денес...или повеќе среќа следниот пат |(
     
    На marama, kravce, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    И официјално си имам партнер за матурска! ^_^
    Си го прашав комшивчето дали сака да ми биде пошто претходниот партнер ми го истераа од школо. А еден шмекер што беше. Ту јазк :D Да, јас си го прашав, водејќи се по филозофијата ај ем а стронг, индепендент воман јеа. :rock:
    Не даде да му докажам, и тој сакал мене да ме праша. :lol: И еве, свечено се колнам дека ќе бидам најубава на свет и нема да го засрамам. :angel:

    Денот ми помина убаво, одбележан со петката по англиски и математика. Си најдов добри книги и сега со чаша какао ќе се дружиме со некоја. А утре, ме чека пиво и лут чипс во омилениот кафич и нова фризура. Едвај чекам пак да бидам редхед! :)

    И то. :)
     
    На marama, kravce, FortuneTeller.xD и 6 други им се допаѓа ова.
  19. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Некни се разочав. Стомак имам повеќе од што си имав а вагата слегува и ај шо муабет... :^) И реков мора малцее.Па така пупу машала овие 3 дена малце построго и одма полесно си се чувствувам.Шо да прам си се радувам а не дека сум ослабена туку ете така си мислам дека намалив и одма послаба сум. :lol: :fubar: И да не се почудам многу ми е убаво вака несакам да се откжаам ке речам доста беше диета и ко ке видам нозе, три рала стомак одма си почнувам одново. :lol:

    Денес како да е ке си пукнам. Три теста утре. Ама арно некни си научив за едниот, вчера за другиот и денес за најтешкиот вежбав.. :wasntme:
    Потспремив едно ливче, малецко.. :$ Ученик секкао го личи.. :lol: :!: така велат
    Знајте вака кога си мислам дај да пораснам , ама па си викам некам да сум голема, особено детството ми фали многууу......И сите истото го кажуваат што поголем толку поголеми проблеми...А сега единстевено се замарам со тестовите, испрашувања кои минуваат во минимални 45 минути ..

    Имајте убава вечер. :*
     
    На Someonespecial и pamelche им се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ууууфааа а бре женско кога се рекло и женско :devil: една мала да реЧЕме дека е мала работа сто ја имаме ме направи за никаде,не можев ни да мрднам ни дуса да си земам...уфаа ајде сега 4 дена ке си трпам ами тоа е :^)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.