Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк дека ако го положам утрешниот испит мислам дека ќе се преродам, на волку читање ништо не ми влегува во глава.

    :(

    Среќа,среќа ми треба утре.
     
    На Lepaaa, ilipili, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.907
    Пол:
    Женски
    Знаете шо секогаш ми било пријатно за очи... кога некаде по пат ќе здогледам баба и дедо како потпрени еден на друг се движат. Поминале низ свашта во животот и сеуште гордо стојат еден покрај друг, се поддржуваат, си помагаат, се чуваат. Секогаш ми измамуваат насмевка.. и во тие моменти страшно ми фали некој на кој ќе ме потсетува секоја љубовна песна на радио. :$

    Јас не верувам дека љубов во брак нема...дека се е навика...не сакам да верувам во тоа. Всушност јас верувам дека вистинската љубов доаѓа во бракот, или доаѓа...или развод. Верувам дека љубов не е оној детски занос, предизвикан од хормони без разлика на возраста...туку на чувството, односно емоцијата на взаемна доверба, почит, разбирање, толеранција.

    Текстчево, мислам дека го имам и во некоја друга тема постирано...меѓутоа во склоп на муабетот и тука ќе го има. :)

    Некој ја праша: “Има ли во животот нешто поубаво од дечко и девојка кои ги поклопуваат рацете и си го подаруваат срцето на патот кон бракот?” А одговорот гласеше: “Да, има нешто поубаво од тоа – слика на стар човек и стара жена кои заедно го завршуваат патувањето на тој пат. Нивните раце се млитави, ама сеуште ги држат заедно, нивните лица се збрчкани, но сеуште зрачат, нивните срца се уморни, но сеуште храбри. Докажале дека е возможно да се има среќен брак и го оправдале пред потсмевот на циниците!”

    ;)
     
    На CoverGirl10, marama, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  3. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Едно научив во животот.Не треба да се устручаваме многу кој што рекол и да гледаме да си ја наредиме самите на себе.
    [​IMG]
    :*
     
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК од денес кинез ќе си имам дома. :wasntme:
    Брат ми почна на курс по кинески да оди :D На кинески името му е Би Д (баш така , би д) па сеа кој знае кинески ке знае како се вика :wasntme: :lol: .Ме насмеа денес наставничката негова,отидов да го земам и едно куче комшиско што можам да кажам дека кај мене се пресели дојде со нас,и оваа им вика - “Не плашете се,тоа е кучето на Би Д’’ :lol: Абе кога ке зборнат нешто на кинески ми иде да се испонасмеам :rofl: .Го носам и си викаат здраво односно - Нихао :D Вака така ме зарази со кинескиов. Друга работа,претераа со Харлем Шејков, п-р-е-т-е-р-а-а |( Да,разбирам и за забава и за се,ама веке па,цел фб ми е со видеа од Харлем Шејк .Башка и сестра ми ке оди :wasntme: Коа ке ја грабнам ,највише си ја сакам и точка. :D Од друга страна болна сум,во четврток ми е роденден,незнам дали и кај ке го славам,незнам ни кој ке викнам и дали ке викнам,се ми е испомешано во главава,а грлово ми цркна веќе,амоксиклав земав прееска што ми препишаа да се напијам,мислев камен голтам,па и колкави се... Туку ај ке помине,ке средам, ке испланирам...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, CoverGirl10, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Just.Passing.By

    Just.Passing.By Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    60
    Дека полагам за 3 дена.. Полагам: Понеделник, Вторник, Среда, Четврток .... а јас немам 20 страни прочитано се на се ... ако положам по нешто ќе си го лизнам лактово!
     
    На Stoimenovska, Ilusionist, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го убијам библотекаро.......па толку да си арогантен :swear:
     
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Многу Риани гледам.
    Луѓе, не бидете Риана.

    Не бидете ни Крис Браун. Мавнете си шлаканица на себеси.
     
    На Stoimenovska, crazylady, Cataleya и 13 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    “It is better to take many small steps in the right direction than to make a great leap forward only to stumble backward.”

    Апсолутно се согласувам со старава кинеска поговорка. Затоа со маж ми си направивме план и чекорче по чекорче ќе стигнеме до целта. :) Ќе треба да си почекаме малку, ама како што вели и една наша стара поговорка, трпение-спасение.
    Само се надевам дека нема да испадне работава Man plans and God laughs, според старата еврејска поговорка. Како што гледате полна сум денеска со мудрости. Annoying.
     
    На Mrs.Cuper, tweety26, CoverGirl10 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Како ќе се спие вечерва, мх, мх, мх, мераци. :D

    Па тоа едни оризови крукчиња од КАМ како легнуваат со кафенце додека се муабетиш, што да ви кажувам. Реков дека помалце ќе јадам и озбилно планирам да намалам уште повеќе, не сакам да бидам пак таква каква што бев. |( Празниците беа и поминаа, и тоа уште од многу одамна, ама јануари како еден од најпасивните месеци досега во мојот животен тек, некако ги успори работите.

    Пак ќе речам, февруари како што филмски за една недела разреши ама баш се' од сите три клучни прашања за 2013, никогаш досега така не се случило. :D Ју уин сам, ју луз сам, се ла ви. Едно иде горе, друго иде доле, едно сабајле сум три кила минус, наредното четири плус, ако може вагата да полета, ќе полета. Не знам што и е, ама планирам да покажува пет минус. :rofl:

    Денеска се акав по дождовиве, ама стварно многу е незгодно кога врне а ти имаш работи да си завршиш. Уште понезгодно е кога не носиш чадор, ама среќа моја, па не истури и не се излеа сета вода на мене, делумно бев наврната. А и фино е кога наредно испаѓање ти иде паметот, па си носиш во ташна мини чадорче... ама најфино е кога друг ти го носи чадорот, па ти мораш да се пикнеш во момакот, а момакот пробува да те покрие тебе и да не ти капе од сите страни, малку неуспешно, ама нема врска. Ти капе ли, водена ли си? - НЕЕЕЕЕ! :lol:

    Не знам како се нафана да се справува со мене, јас се карактеризирам како многу тежок човек за справување, Боже мили, некогаш и огледалото не сака да се справува со мене, ама тој, ни А ни Б... браво бе. 8)

    Многу среќни луѓе околу мене, само нови и нови и нови планови, озбилно сакам едно тефтерче и да почнам да запишувам распоред за тоа со кој кога и како излегувам, затоа што со сите сакам да се видам, а неделата има само седум дена. Иначе, мене ми е убаво и фино, уживам во ова темпо. Ме плаши помислата дека студентскиот живот завршува за две години, еве три да ставиме затоа што Дузи сака да пише едно м-р напред, ама сакам времето да запре. Ме плаши тоа што следува, не знам, може ќе ми се смачи дотогаш од ова, ама ме плаши иднината, каде, што, како...

    А многу веројатно дека дотогаш ќе се сменат милион работи, ќе го сменам мислењето милион пати, и на крај, ќе завршам таму каде што најмалце сум се надевала. Исто како што беше пред да дојдам во Скопје. Ни на крај памет не ми беше сето ова, најнесвесно влегов во овој вртлог. :D

    Скопје засекогаш ќе го памтам како град кој најмногу ме сменил и ми донел најмногу среќни моменти досега. Кога ќе помислам, дека на почетокот го сакав само заради ламбичките и широчината, се губевме и кружевме низ големите улици, а сега секоја раскрсница, кафуле, трговски центар, тротоар, ресторан, клупа и автобус и се' што го гледате, си имаат приказна во нив.

    Моја приказна. Со мои луѓе и мое време поминато таму. :hai:
     
    На thinkerbell, DeMelo, Lepaaa и 36 други им се допаѓа ова.
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ваков ден сум немала многу одамна.
    Пресреќна сум навистина...за ситница според многу ама за мене е нешто огромно. :)
    Се врткам цел ден околу куќа и си подрипнувам од радости. :rofl:
    Колку е убаво кога секој ден се будам насмеана,или пак ме дочекува новото утро со прекрасна вест...
    Најинтересно нешто ми беше што сонував сон со поедини личности и во текот на денот за секоја од личностите или нешто слушнав,видов или беше нешто поврзано со нив,затоа и сум радосна. :wasntme:
    Често ми се случува така да сонувам и дента да се исполни на некој начин сонот,баш ми е интересно тоа. :)
    И така толку само сакав да си кажам дека сум мнооогу радоснаа. :rofl:
     
    На marama, kravce, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Премногу разочарана од професорката англески ,изгледа она мисли ние со англески сме израснати па се на англески да и збори ме но ќе се потруди ме некако основното за да се разбереме го знаеме а другото ќе го научиме сакале или не.
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.147
    Еве ме луѓе, пак дома.

    Си заминав многу самоуверена во моите ставови, мислења и желби, али се враќам повторно цела покиснета.
    Да, пак се вратија декември и јануари наново ... А јас не бев спремна да ги пречекам, мислев оти ги испратив на доолг период од мене.
    Пак сум ранлива, скршлива, напната.
    Пак немам волја за ништо.

    Типов којшто требаше допрва да го запознавам, ќе остане незапознат.
    Толку затворена личност, таинствена, мистериозна, немам видено. А со такви не можам да комуницирам, затоа што тие ги немаат основните вештини за комуникација.
    Почна да ми се допаѓа, тоа мора да признаам, али гледам дека не води никаде, затоа што не води.
    Мразам кога некој не е искрен и директен со мене, мразам што им верувам на луѓето и покрај сите мои убедувања дека не треба, мразам што им верувам на машкиве, кои никогаш не сум рекла во животов дека се ѓубриња и дека така треба да се однесувам со нив!
    И да, малце ме повреди тоа такво однесување, затоа што не сум навикната луѓето така да се однесуваат со мене.
    Му лепам етикета Идиот со право.

    Оххх ....
    Мојов бивш ме побара пред некој ден.
    Да, да ... Бараше да ме види, сакаше да збори ... Не знаев што ќе рече ...
    Не сум рамнодушна кон него, воопшто не сум. Мислев дека поминало се, дека ќе преболам набрзо, дека ќе помине се, али пак ми го сруши светот. Коцките пак се размрдаа од тој момент.
    Се однесував премногу ладно кон него, додека тој беше неверојатно внимателен. Не памтам кога последен пат бил таков. Се расплакав после тоа, не можев да поднесам.
    Ме побара повеќе пати после тоа, али секогаш бев ладна и му викав дека е џабе сега се.
    Денес може јас ја направив глупоста. Јас го побарав, јас барав да го видам ...
    Му ја вратив накратко надежта, а сега не знам ни сама дали требало да го сторам тоа ...
    Толку празно, шупливо и никакво не сум се осеќала.
    Ништо не знам.
    Не знам дали имам повеќе чувства кон него, оти тој сите ги уби пополека, дали и да се вратам со него би се смениле работите на поарно ... Иако знам дека и двајцата би се потрудиле многу повеќе сега. Тој е спремен, го видов тоа, се чека мојот одговор ...
    Ништо, ништо, не ми помага моментално. Тотален хаос сум!
    Само едно знам, и во тоа сум 100% сигурна.
    Дека ние двајца сме така поврзани, што и по година, и по две, и по пет и по 10, би ја имале таа поврзаност. Едноставно, не можам да објаснам, али поврзана сум со него за цел живот, иако не би го поминала покрај него.

    Имам прв колоквиум за две недели.
    Книга немам фатено. Не знам ни дали сум способна да се оттргнам од работиве во глава и да учам.
    Дома си е дома, веднаш се насмевнав. :)

    Се надевам дека од утре ќе почнам да учам.
    Се надевам дека за брзо време ќе сфатам што сакам.
    Се надевам оти нема сега јас него да го повредам, ако решам да продолжам сама, без него.
     
    На Lepaaa, tweety26, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам или да прашам :^) само мене ли ми се смешни коментарите во темата Пофалби ? Толку љубов, срциња и бакнежи за обичен сајт, ахх Фемино што те направија ?!
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сакам да биде се во ред. Потребен ми е секој можен љубовен поглед.
    Си купив зелено ланче. Какво еее.
    Америка ме очекува да ја гушнам. Ама си ги зимам со мене и нив тројца + тој што ќе ми биде водилка. Тие ако се до мене јас ќе бидам добро. Тие се моите зеници. Тие се мојата насмевка и само за нив срцето ми чука во ритамот на салсата.
    Калабалак ли беше зборот кој ме голицка зад ушенцето.
     
    На tweety26, marama, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Пак џабе станување,ама овој пат имавме 1 час. :!:

    Не е феррррррррррррррр :devil: :devil: :devil:
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    * Само ова, кратко и јасно: мерката во се' е најдобра!
    :hai:
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Добро утро :yawn: :)
    Денес времево пак за нигде,јас одвај станав,кафенцето го направив :coffee: ,па се спремам да средам една работа :) Ќе одам да се разберам за да одам на пракса,барем да имам нешто да правам,а и ќе ми е од корист,па се надевам да испадни се во ред.Иако ќе патувам од понеделник до Софија,после тоа можам да си одам редовно.Си се радувам бидејќи почнуваат да се средуваат работите,јас ќе почнам нешто да правам,а и дај Боже нешто повеќе да испадни понатаму,па и работа да си најдам.
    Знам и вие сте секој со обврските,еве гледам жалби дека оделе за џабе од сабајле,па не е џабе SweetChild,барем си се видела со другите,си го одржуваш ритамот за станување рано (јас на пример едвај станав бидејќи досега не станував рано),а и после ќе ти фалат тие глупости и дешавки,ама нема да ги има.
    Камо јас да се соберев пак сега со сите од средно или сите од факс,баш ни беше убаво,смешки,ззаедничка работа,се...Но еве,сега доаѓа друго,па ќе се прилагодам на новото.Не можи целата средина да се прилагоди на нас,треба ние на неа.Секој го плаши новото,но,ќе веруваме во себе си и ќе успееме :)
    А сега ви посакувам успешен и убав ден,се читаме пак :*
    [​IMG]
     
    На Lepaaa, moonlight-girl.55, ilipili и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... сум ја изгрицкала Меше на годината од Шопов посабајлечки во автобус.
    И сега главата ми е бродолом, ем вртелешка, од толку впиени мисли, хуморески, чукнати компарации, кои само Иван може да ги смисли.
    :D
    Му благодарам.

    Си носам кошула, која мајка ми ја окарактеризира како - за баба.
    Баба ми убаво се облекува да ви кажам право, не знам што сакаше домашниот поет и сезнајко бр. 1 да каже со ова. :^)
    :D

    Домашната територија е поделена на два фронта, на кои се окупирани двата телевизори.
    Едниот емитува турски и индиски сапуници, а другиот врти телетекст со резултати, фудбалски натпревари и чат-пат понекоја емисија за парење на комарци или трка со желки, што да е.

    И вчера им кажав - неподносливи сте, оттуѓени и здодевни.
    И уште ми враќаат - па ние не се караме, ниту расправаме.

    Па да бидам искрена таа самотија во која си се склопчил секој поединечно во својата соба е понекогаш полоша и од караница.
    Со караницата барем, ќе се конфронтираш, ќе му го видиш суратот на другиот, жив ли е, здрав ли е, има ли уште елан и сила за заедница.
    А вака, како некои самотници, секој на својата страна.

    Мора под итно да се изнесат тие луѓе од дома.
    И стриктно со наредба - да се држат за рачиња каде и да одат.
    :)
     
    На thinkerbell, bittersweet, Shelea и 27 други им се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    СДК дека во ова мрачно и тмурно време , малите нешта ме прават среќна.Врапчето на прозорецот што секое утро доаѓа по храна , јас задоволно го послужувам.Обожавам животни , дечко ми највнимателниот на цел свет во 9часот се појави со поклон во раце.Го отворив и едно прекрасно снежно бело животинче со црвена панделка на вратот ме ѕирна срамежливо со небесно сините очички.Испиеното топло чоколадо до каминот и читање на омилената книга додека се опивам во прекрасниот мирис на страниците.Разговорот со пријателите ме прави среќна.Бакнежот во чело од него ме прави среќна.Растењето на сестра ми ме прави среќна.Имајте прекрасен ден ! :*
     
    На Angy.g и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.485
    Пол:
    Женски
    Вчера во автобус на враќање дома ме обви носталгија за некои дамнешни времиња...за некоја пролет, за нечија радосна насмевка и потоа надвисна тагата и се прашував што сега ми текна...тогаш го сетив нејзиниот омилен парфем...незнам дали си замислував или вистина некој мирисаше на него, ама толку ми натежна на срце...и доаѓа март,уште еден потсетник дека ја нема да си го прослави роденденот... го мразам зошто во него се роди и во него замина.И сега ќе имаше 22 и не ми се верува дека поминаа толку години, а некои спомени се толку свежи...како оној кога ме гушкаше на училишната клупа и смислувавме поклон за Валентин за дечко и...кога се жалеше како нема доволно пари и тогаш како магија пред нас излегоа 100 ден баш онолку колку што и фалеа...тој спомен се закачил за мене и ќе го помнам чинам дур сум жива.

    И секој спомен влечи друг со него...тогаш се сетив и на други болки...на тагата која ја имам чувствувано ради некоја кавга, ради некоја друга во срцето на оној кој го сакаш, заради некоја друга на неговите усни кога мислиш дека ти си му се...ради некој болна кавга на твоите, поради некои ситни запечувања на срцето...се редеа спомени, се редеа и таги, па и песните беа троа депресивни...незнам како се воздржав да не плачам оти ми се плачеше од тага за сите проживеани таги.

    И имам некоја грутка на грло...некоја тага ме обзема и сега, не онаква што се гледа на лицето туку некоја длабока во срцето, некоја за која мислиме дека поминала, а таа се јавува од време на време да те потсети дека сеуште си жив и дека не си од камен...

    И се трудам да не живеам во минатото, ами како кога тоа е толку богато и кога некои личности ги има само таму, а очајно сакаш да се присутни и сега...кога има толку радости случени тогаш и никакви слични во сегашноста...кога има моменти кои сум посакувала вечно да траат...
     
    На Deemy, bittersweet, moonlight-girl.55 и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.