[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Wild.Child, Oct 26, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    Сдк дека девојките што ги толкуваат соништата,или на кафе,треба да се наградат,ама најсериозен сум,колку членки има тука,замислете кој труд тука вложуваат,јас кога би бил модератор би им купил по еден убав женски парфем,на крај краеви и заслужуваат,секоја ви чест на трпението и вниманието.
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    2,031
    Likes Received:
    15,673
    Денов тргна однаопаку. Не можев ни да претпоставам дека и покрај тоа што е петок ќе биде напето посабајлечки, а ко за беља кутијата со Б6 вчера ја завршив. Ќе терам без дневна доза мир или можда ќе претрчам да си купам - зависи од околностите.

    Дури и утринското кафе го конзумирам со грч. :worried:

    Ма всушност цела недела ми е турбулентна и напета.
    Пред некој ден бев излезена со еден другар за да ми врачи покана за свадба и пола од времето го поминав во тоалет за да можам на раат службено да разговарам и да завршам работа. Сто пати се извинив, но тоа е, понекогаш работата мора да е на прво место макар и после работното време.

    Јас сум од оние да не речам помлади генерации и не ги фатив пионерските денови ниту пак сум учела Српско-Хрватски во школо. Знам дека има и помлади од мене на кои тоа не им е проблем и го владеат јазикот, но јас се грчам секој пат кога ќе треба да изговорам збор на Српски или Хрватски.

    Работава како таква ми налага чести контакти со странство и ќе беше едноставно ако сите ми се обраќаа само на Англиски, но комшииве наши мислат дека ние овде сите причаме нивни јазик. Понекогаш им враќам и со секој изговорен збор мислам дека земјата се повеќе се отвара и ме голта па затоа најчесто им зборам на Македонски или во краен случај на Англиски. Можда некултурно од моја страна ама не се чувствувам пријатно кога не можам да се изразам и морам да импровизирам, половично да зборам и одговарам претежно со "Да" или "Не", а одамна не сме ЈУ и не сите знаат да разговараат на исто ниво.

    Ако некој мисли дека го разбирам додека ми збори, зошто да не се потруди да ме разбере и мене додека си зборам на мајчин јазик? Во спротивно ќе бидеме странци и ќе си спикаме Инглиш, ОК.

    Туку пишете некоја ефективна антистрес терапија што не вклучува шопинг, денов ќе биде долг осеќам.
    Се надевам второто кафе ќе биде повкусно, тој грчот ко што гледам не ќе да е од стрес.
    :D
     
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    Свит, вчера 2 часа, сега 1? :o Жити се кажи ми во кое школо учиш, да летам моментално таму :lol: Ние еднаш во 2-3 месеца еден час ако изгубиме журки правиме...И гледај позитивно, барем денот порано ти почнал ;)

    Инаку, сакав да кажам, на моменти ептен ме фаќа носталгија за детството.
    Кога ќе поминам откај моето основно училиште или откај некоја градинка, па кога ќе видам како убаво си играат во двор, срциња мали... ^_^ Или кога ќе слушнам некоја стара песна, веднаш се навраќам на тие времиња. Така денеска во автобус слушнав една песна и ми дојде носталгијата, ах како не можам да се вратам барем 7-8 години... :(
    Многу ми се слатки и симпатични мали дечиња што сакаат да пораснат. :D И секогаш ги советувам да не брзаат. ;)
     
    ana-girl likes this.
  4. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    883
    Likes Received:
    1,756
    Gender:
    Female
    Зошто?? Шо ке постигнат кога ке те навредат некој?? Дали ке се над тебе?? :( НЕ!! Само можат да ти го расипат денот ;( Веке неможам да продолжам..
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Joined:
    Mar 31, 2012
    Messages:
    2,746
    Likes Received:
    4,846
    Значи неможам да се изначудам на простутилокот на луѓево..
    Особено оние на сител што синхронизираат,Муриии-за ова се кинам од смеење,занчи баба ми ко што е наглува така малку,го пушта на гласно,па ти и на улица ако сакаш биди ќе слушнеш кај што викааат.Кај што не ги бива па и муриии е врв на се.
    А, и вчера ми текна на песнава,стара е многу,и сум ја слушнала поима немам каде,ама ми текна во точно 1.00(по полноќ,ова е генијалност човече) и рефренот е највпечатлив:Она е...Она е...Она е...преку глава де ми е.Она па она.
    Не дека е единствен збор во песнава за кој ми се крева косата,ама највпечатлив е.
    http://www.youtube.com/watch?v=EhoymnYVDpc
     
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Joined:
    Jan 10, 2012
    Messages:
    5,519
    Likes Received:
    18,510
    Gender:
    Female
    на факултет дома сутра :lol: лелее кој ќе чека до 6 вечер
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Joined:
    Mar 6, 2012
    Messages:
    2,475
    Likes Received:
    48,842
    Gender:
    Female
    Моментот кога со неродено бебе кое уште се наога во стомакот на мајката ке си направиш муабет ко да ти е најдобар другар 100 години. :D
    Знам дека многу мајки се љутат кога некој им го допира стомакот,и ги прашува во врска со бременоста,но јас вчера неможев да издржам. Не дека мајката ја тероризирав со глупи прашања од типот,што пол е,не си се здебелила доволно и сл. ,но од пусти мерак си застанавме до нејзе и на нероденото бебе цел образовен план му направивме во иднина. Мераци живи.На крај нормално следеше нежно галење по стомачето и бакнеж.Одамна така не сум се разнежнила.

    Мајки дозволете им и на останатите да ја делат вашата радост и не се љутете кога ви го тероризираат стомакот со муабети како јас вчера што направив. :D
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Joined:
    May 14, 2010
    Messages:
    1,863
    Likes Received:
    2,848
    Теј што народ, абе мора да те украдат секаде. Не се живи во кафана ако не ти наплатат плус уште една ракија, во копирница ако не ти ископираат 5-6 листови повеќе, во кафич плус едно мартини кое си го чекал еден саат, уште па кога ќе ја потсетиш келнерката со фаца убијца, ти врти очи во стил, аман еве ти ја пијачката, во маркет мора производите да ги измешаат со тие на акција, па наместо поевтино да си платиш дупло на каса, уште па ,,имате картичка за попуст,,? Кој попуст бе..... :|

    И да, Srekicka is engaged! :d:
     
    Libera, AngelOfArh, Neytiri and 53 others like this.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    2,412
    Likes Received:
    18,409
    Gender:
    Female
    Граѓански последен број, баш ме натажи, можам да кажам дека е најквалитетното списание кај нас. Штета голема штета.
    Девојчиња мили сакав да ви кажам доколку бидете избришени од мојот фб на кој имав накај 4000 сега стигнав до некоја бројка - 400, ама ќе се намалува, ви се извинувам, не гледам потреба да имам секого за контакт, и да гледам и читам тоа што не сакам, или пак некој да не ја разбира фотографијата и да ме пријавува, така да селектирам, оставам квалитет, не ми треба кванититет, оние албуми кои треба да останат отворени ќе останат, сакам да се задржам до оние луѓе кои ги почитувам, ме почитуваат и од кои можам да научаm, и се надевам дека не се лутите, монгу од овде ме додадоа, искрено изгубена сум со идентитет оти не памтам кој е кој.. ама сепак ми треба некоја мала интимност на фб.. премногу ми е дак фејсес, момци со мускули, екстремни религиозни личности, без хумор, политика и се.. и од штикли и фустанчиња.. без една умна реченица напишана.. имајте убав ден..

    “Invest your life in what you love!”
    - Jessica Jackley

    И чујте нешто убаво..

    http://www.youtube.com/watch?v=KpcBjt8Wqg8
     
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    667
    Аман бе какви родители се тие шо стават кавр или профајл пикчр од децата од по 3 годинки со цигара у устата и пиво у рацете, не е секој да биде родител дефинитивно!!! :) И абе одма потхитно ги чистам таквите од френд листата. Неможам да ги гледам. И точно е дека родителите од мали го создаваат карактерот и личноста на детето. Можда интересно и смешно му е сеа коа детето ке му земе НЕЗАПАЛЕНА цигара и ке ја ставе у уста, или пивото на татко му, ама ќе си ја маваат еден ден главата у ѕид шо тогаш се смееле и не обрнувале внимание. Јас еве уште сеа кажувам ќе го карам моето дете ако направе некогаш така :D
    Инаку ми се живее повеќе од било кога. Среќна сум. Мислам и дека додека одам потскокнувам. Знам дека он е тој кој што ми треба, тој кој што ме надополнува, тој кој што ме прави среќна. Он е тој кој што сум го барала секогаш. И покрај сите недоразбирања ни за миг не ја стави нашата врска под знак прашалник, ни за миг не престана да верува и да ме сака. За разлика од мене. Јас сум послаб карактер, јас некогаш многу брзо знам да се откажам од нешто и на најмалата пречка, ама почнав да учам од него и правам работи со него кои никогаш не сум помислила дека ќе ги правам :)
    Ова ми е последен семестар а мене не ми се уче. Со сила читам, зошо знам дека нема да имам време да научам се за неполн месец ако не почнам од одма. А има многу :D Ама мрзааа денес ке прочитам 100 страни, утре ич. :D
    Ми се оде некаде надвор од државичката ни, у која се гушам веќе. Сите зборат за сите, сите против сите. Нема ништо вредно останато шо ќе ме замисле дали да останам ако ми се појаве некоја прилика да заминам надвор и тоа засекогаш. Порано тврдев дека неможам јас да ја напуштам мојата татковина (патриот сум била) :D не тоа туку неможам без моите, ама сега како што стојат работите, нем ама ич да се замислам, моите ќе ме сакаат и на далеку.
    Ете така, отидов да го мрднам газето малку, а вие имајте убав ден :*
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Joined:
    Jan 7, 2012
    Messages:
    797
    Likes Received:
    837
    Двете радосни се сретнаа....можеа со денови само да се гледаат и да не можат да се наситат една на друга. Секоја нова средба ја сметаа за ново запознавање...сето време на светот им беше малку...многу зборови остануваа недокажани. Насмеани од едниот до другиот крај на светот само ќе се погледнеа и во истиот момент ќе зажалеа што не можат да ги занемарат обврските и да се посветат на оние малите нешта кои ги правеа најсреќни. А верувајте, иако беа мали-ги имаше многу.
    Се сретнаа и денес. Само среќно се погледнаа и знаеја дека тие два саати нема да им бидат доволни. Додека беа заедно светот беше нивни, но во првиот момент кога ќе се разделеа од сите страни навираа збиднувања.Едната, незадоволна од секојдневието и од Февруари, често бунејќи се за општите проблеми на светот, ги занемаруваше клучните проблеми. Другата пак, со растегната насмевка, ја потиснуваше сета узбуна и го правеше светот повесело место. Таа вечер иако се сретнаа за убав настан, не беше се сјајно. Од едната посилна и побитна страна причината беше извонредна, од друга страна себичноста не дозволуваше разделба. Имаа уште шест месеци да се наситат една на друга, двете знаеја дека тоа не беше возможно. Со оваа од една страна посреќна вест, се изгуби целиот концепт на вечерта.Седеа една до друга молчејќи. Едната даде се од себе да биде силна а другата само ги потиснуваше солзите и изгубена во музиката која ја надвладуваше тишината, даваше се од себе да ги потисне солзите. Одвреме-навреме само ќе се погледнеа. Знаеа што мислат..зборовите беа сосема непотребни...мислеа за тоа преостанато време, мислеа за тоа време кое нема да бидат заедно и да си бидат најсилна поддршка. Само едно штипнување по образот беше доволно за момент да се разбуди реалноста и да стапи во сила...но сето тоа траеше само во наредните 5 минути..потоа по старата постапка се се враќаше назад.
    Нејзината палавштина ме врати во сегашноста. :) Ми подари уште еден час полн со радосни вести и изненадувања. Нејзиниот живот, конечно го пронајде вистинскиот пат и ме направи среќна за нејзината радост. За момент знаеше како да го разубави светот и да ме натера да не мислам на иднината туку да и се веселам на сегашноста. Таа е повторно среќна, а заради неа ќе бидам и јас...па што се девет месеци во цел животен век? Па...многу се...ама барем не се цел живот.До август ќе ме држи оној 1%, од август натака кога ќе преовладаат оние другите 99...тогаш..за тоа потоа...
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2010
    Messages:
    1,280
    Likes Received:
    1,422
    Ако имате со кого да направите ваков муабет, не штедете зборови.
    Јас немам.

    [​IMG]
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    Конечно една добра вест
    ми се јавија да ми кажат дека сум избрана за поротник-во Понеделник полагам заклетва ^_^ :party: :rock: само се надевам дека нема да се сретнам со тој типот од обезбедувањето што ми рече кога аплицирав ако те примат ке пиеме кафе :D
    да не заборавам да и се заблагодарам на мама за помошта-конкретно за молбата :* :hug:
     
    Lepaaa, Anouk, Someonespecial and 8 others like this.
  14. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    352
    Likes Received:
    633
    [​IMG]

    ДА! Конечно луѓенца. Што убави планови за денеска. Ќе се изнауживам. Исто и само 2 часа сабајлево. Позитивна сум денеска, расположена. Ви посакувам најубав викенд :sun:
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Не знам со кого тоа Милице си се љубела скришно во градината на чичко ти, ама јас од кај чичковата градина цреши берев :$ Дал беа слатки како бакнежи, или бакнежите слатки како цреши? Ху ноус, ху керс, слатки беа :D

    Почнав прееска да пишувам ама во брзање, морав да станам од пц, стиснав нешто божем да зачувам, Бог знае кај ми отиде мислењето :rofl: кравјо беснило. Женско беснило, овде во моја околина жениве све побудалеле, ама ајт...да не идам на таа тема.
    Туку да продолжам, пишував за моите професори по македонски јазик, специјален поздрав до сите нив. :angel: Ми се гушкаат спомените од училишните клупи. Имав хепи хај скул дејс.

    Знам Милице, знам. Најслатко ќе беше и цреши да јадевме и да се љубевме. :$ Црвени усни од бакнежи и сок. Ама дома со румени усни и образи...тешко тајни се чуваат :!: Само некои љубови имаат исти вкус како првиот пат и по 100тиот.
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2010
    Messages:
    1,426
    Likes Received:
    2,172
    Да, има луѓе кои се страшно иритирачки! Абе немој случајно да им ги користиш услугите кои им се наменети за тоа. Доколку асално им ги користиш, бидејќи многу нормално за тоа и си платил, веднаш те гледаат попреку. Немој ни случајно да се дрзнеш да би го пречекорил времето! На сиротите ќе им ги амортизираш објектите. А ти си си платил за тоа.

    Така бизнис не се води. Прво научите се за основни правила за водење бизнис па потоа обидете се да го започнете истиот.

    Прости луѓе живеат во Мк. Многу се, абе многу скржави!
    Пример една наша реномирана компанија која е за никаде и која од ветувачките 60 програми даваат само 48, несака да приклучи кабли во нова зграда само затоа што се работи за побарувачка од еден дом-едно семејство! Па добро идиоти ниедни а како ставате кабли во куќите само за 1 семејство???
    Абе сите гледаат само да искористат повеќе, да си ги лапнат паричките, а услугите кои ги нудат се нецелосни, па често и ужасни!
    Дали знаете дека од Америка само за 20 долари на дечко ми му купив убав, дебел блузон од преубав материјал. За мене за 7 долари преубава кошула. Што е апсурдно тоа што кај нас не ни се нудат ни истиот квалитет па макар и да е по повисоки цени.
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2012
    Messages:
    1,597
    Likes Received:
    2,987
    Gender:
    Female
    ....дека опасно добро ми стои виолетов кармин ! Толку :rofl: :wasntme:
     
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    758
    Likes Received:
    3,659
    Бидејќи сме нација на сезнајковци, затоа нема да одиме никаде. Експерт можеш да бидеш само и само во едно нешто, никако во се (со чест на ретки таленти). Ама и ние не сме криви, самиот образовен систем е таков, стигаш на факултет и пак учиш општи работи. И бидејќи секој знае од се по нешто, на крај никој не знае ништо, и се случуваат секакви грешки во сите полиња. Па има општ лекар кој може да помине и за замена на некој специјалист, има адвокат кој може да биде и нотар, банкар кој може да замени и маркетинг менаџер, важно сме слушале по еден предмет во еден семестар од областа.
    Значи не е интересно, до некаде ниту корисно кога има ред, хаосот ги движи работите кон напред, ама ова овде е страшно претерано.
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,522
    леле леле :x Значи рандом типка ми излегува на фб за пријателка и онака чудна ми изгледаше па ајде да видам шо е цурава. На нормален човек сликите му се заклучени, не може секој да ги гледа... Ама веќе знаете за што зборувам и за каква цура станува збор.. сите 700+ слики и се гледаа... абе тоа шминки со вештачки трепки, абе тоа скулиоза (што вика Ашлинг), абе тоа гардероба... и се смеев додека јадев :rofl: И ајде си викам доста е глупости во еден ден, ама налетав на слика дека девојката е 1ва година средно. 300 лајкови има минимум по слика, а не е убава бе (да не речам грда)! Пази момент - втор профил.. за секој случај да не сакаат фановите да и прегледаат уште еден куп слики.

    ! Младино убава и млада, ненашминкана и без скулиоза, ве молам останете си такви, не продавајте се на фб за популарност. Нека не ви бидат таквите модел за мотивација за да станете како нив. Ве молам. Ми се згади веќе. Вие сте прекрасни и без тие материјални додатоци. Вие заслужувате поинаков начин на добивање внимание (не преку лајкови). Вие сте му давате нормалност на вашата генерација. Не верував дека до олку има ваков тип на момичиња. Срамота и за родителите и нивната незаинтересираност што се случува со нивните деца или уште полошо ако ги поддржуваат.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    сдк дека ќе си пукнам од среќа положив и тоа е тоа крај веќе. каков товар ми се симна од гради незнаете.

    убав викенд :*
     
Thread Status:
Not open for further replies.