Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Каде отиде светот у п.м ?
    Каде изчезнуваат сите оние ветувања во 4 очи,пред родителите,пред Бога во црква,на вечна љубов?
    Каде?
    Кај да се свртам само прељуби,превари,лажење/мажење.
    Па добро бе луѓе,не оди веќе,нема љубов,сте се „зезнале “во избор на брачен другар,се случило да најдете некој/а подобар/подобра-па имајте м.да и разведете се.
    Па греота жена да ти ги пегла кошулите,а друга да ти ги гужва.
    Греота да му кажува на сопругот дека го сака ,а само пред 1 час излегла од кревет на друг маж.
    Користољубие?
    Финансиска и станбена сигурност?
    Море ,мене ми личи на саможивност ,лицемерие и комплекс на повисока вредност.
    Затоа ,100 % подршка имаат од мене оние кои се разведени,се пред развод или планираат да се разведат .
    Толку.
     
    На kravce, snezan4e, moonlight-girl.55 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Петокот особено кај учениците е со големо нетрпение очекуван.Најинтересни се последните часови во школо кога одвај се чека да ѕвони и да настане општ хаос во ходник. Сите што побрзо сакаат да си одат дома и да почнат со подготовки за вечерта.До душа кој како.. :)
    Поминува еден тежок период во школо тестови, испрашувања но не се жалам.Денес тотално ке уживам.
    Петок е ден и кога размислувам да се рока вечерва или да останам во домашна атмносвера.Некако двете ми се допаѓаат.Ама најверојатно вечерва ке седам во домашна атмносвера па утре цел ден ке си шеткам и тотално ке си уживам.

    Друго сакав да кажам дека врие од користољубиви луѓе но не секогаш им успева во нивната цел. ;)
    И сакам да кажам дека вистинските и вредни пријателства претрпуваат секакви пречки и продолжува. ;)

    Уживајте, имајте убава вечер и убав викенд. :*
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Денов нема никаква намера да се оправи :worried:
    Се шекнав на чисто. Кај работа па и приватни проблеми ме трупаат, луѓево ко договорени одбраа момент кога да ме масираат и да ми ги проверуваат нервите. Попуштив, ништо не ми помага.
    А и ПМС-ов го осеќам ме дрма, се нервирам и потам во исто време.
    Банки блокирајте ми ги картичките, сметките, СЕ! Губам осет во вакви ситуации, ВЕ МОЛАМ!
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.368
    Слика вреди милион зборови.

    Но само кога таа слика е дело на твојата креативност, имагинација, дарба. Кога се тоа твои зборови.

    Кога веќе посегнуваш кон туѓо дело, и ја идентифицираш својата моментална психичка, емоционална, финансиска....или било каква сосојба со таа една слика, не е се кажано.
    Оти ти баш ништо не си кажал.

    Доколку е целта да ''ме погоди во срце'' тогаш е целосно погрешен пристап, бидејќи сликата најчесто не е ништо ново.

    Сврзувањето на неколку реченици кои доловуваат некоја престава за поврзаноста помеѓу тоа што е на сликата и тоа во твојата глава или срце повеќе ценам.
     
    На bittersweet, DeMelo, Ilusionist и 2 други им се допаѓа ова.
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Во автобус денеска баш ми беше забавно. Си седнав горе и позади мене двајца пензионери си правеа муабет како било во времето порано, па кој каде уште работи, жив ли е Стојко, Петко, Станко... и после им дојде уште еден и тој се расприкажа со нив, се знаеле од порано и нешто се зазбореа за акции што ги имале. И едниот дедо вика: Јас не ги продадов ги чувам уште. Растеше, растеше (мислеше на акцијата), ама сега падна и не се крева. И другиот му вика: Исто како што ти го креваш а он ти паѓа и не расте. Оф тугоооо :D . Се изнасмејаа они слатко, а јас онака скришно да не си рече некој дека ми фали нешто и така :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Како телевизијата влијае на нас.
    [​IMG]
     
    На DeMelo, crazylady, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Потчно и поконкретно кажано-Вака влијаат на нас турските серии. :)
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Мамо кога ке пораснам сакам да бидам блогер! Оваа реченица никој родител не би сакал да ја чуе, а на младите блогерството им изгледа многу интересно. По цел ден пишуваш, се занимамваш на компјутер, шеткаш, фотографираш, даваш коментари, критикуваш, оценуваш и понекогаш дури и ти плаќаат или ти праќаат подароци. Фантазија. Па преку глава ми е од блогериве, сите станаа експерти на секоја тема, политика, литература, мода, уредување, фотографија, кулинарство, козметика. Како рекреативен читач на блогови од различни теми на почеток ми беше феноменално да читам туѓи искуства, идеи и критики на дадена тема. Во последно време, се презаситив, ма преку глава ми е. Овие луѓе се грабаат за внимание за да го уновчат времето поминато онлај. Разбирам дека блогерајот е еден вид на хоби ама овие луѓе ги земаат работните места на стручњаците, на луѓето кои студирале одредена област, пласираат мислења и ставови кои и не се секогаш точни, но присутни се . Размислете уште еднаш пред да притиснете субскрајб.
     
    На Bright, sweet-cherry, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  9. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно,и јас лани се однесував толку глупаво,подобро да не кажувам. :D |(
    Ама забавно беше.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.566
    Тој што одлајкува пак дали се осеќа ко подобар човек одеднаш? Ако да,многу сум благодарна и среќна.
    Болни сте...сериозно.
     
    На Bright, sweet-cherry, Stoimenovska и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Ах петок,петок.Извор на радост на многумина.Вклучувајќи ме и мене.
    Друго,сакам да кажам дека ќе бидам тетка.Горда,најдобра,најрадосна,најсреќна тетка на целиот свет :rofl:
    Братучетка ми е трудна,со машко,мало,најмало детенце.Едвај чекам да го видам.А не сум единствена,цела фамилија го очекува.Их,која радост ќе ја донесеш,бебуле мало.Ма неможам да ви опишам колку сум среќна.
    Убав денов,а? 8)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Сега сакам да сум и јас на онаму каде што си ти, само незнам каде си, на кое место, кој си, какви се твоите очи, каква е твојата душа, каде најчесто одиш, ама те барам секој ден, по улиците, по рестораните, помеѓу раздвижената толпа од луѓе по парковите, по патеките, на клупите покрај реката, помеѓу велосипедистите, помеѓу наутро нервозните возач, помеѓу перосналот, насекаде те барам но сеуште не те наоѓам, многу добро се криеш од мене, но нема тоа долго да трае, зошто моите очи толку будно и неуморно те бараат, те демнеат како плен кој чекаат да го зграпчат штом те здогледаат.
    Аха и знај веднаш штом те најдам ќе те препознаам зошто ти си толку сличен на мене да не речам толку многу си личиме што себеси ќе се видам во тебе.
    И не заборавај дека ми вети едно долго патување кое ќе започне од нашето запознавање, а ќе трае до нашето заминување до врвот на светлината каде што вечно ќе седиме на нашиот заеднички престол како крал и кралица, незаборавај дека ми вети земска бајка од приказните за принцовите и принцезите.
    Многу ми недостигаш да можев да ги придвижам стрелките на часовникот за миг би ги поместила и би ги ставила на часот и времето кога ќе се сретнеме.
    Сакам да ти кажам едвај чекам да те видам, да те гушнам и да те фатам за рака за заедно да продолжиме понатаму.
     
  13. angie.ley

    angie.ley Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    СДК дека се побркав од овој ПС . Ништо нормално нема веќе станав зависник :@ абе веке една недела бел ден не сум видела дење спијам ноќе на ПС до сабалје :rofl: абе знам не е за смеење .... епа тоа сакав да кажам колку забегав со интернетот :lol:
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Ми се спиеееее-па ми се плаче за спиење, а имам уше 2 саати до искачање немам време да си легнам...
     
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ајде уште еден саат до утакмица МЗТ- Игокеа
     
    На I.love.your.lips и alessandraaa им се допаѓа ова.
  16. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Само за МЗТ! :l: :nod: ^_^
     
    На I.love.your.lips, alessandraaa и homealone им се допаѓа ова.
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Ги зајадов нешто овие , прилично ме живцираат во последно време.Аааа да и Пипл маст траст ас-фантастичниот англиски на хрватската пратеничка во ЕУ :clap:
    [​IMG]
     
    На mims-89, JoxyTheFreak и crazylady им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не ќе беше лошо некој да измисли некое апче што ќе ти дозволи да го изедеш цел фрижидер а да не се здебелиш ни грам ....
     
    На Bright, anuskaNESTLE, sweet-cherry и 22 други им се допаѓа ова.
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Заклучок...Пеам премногу за некој кој од глас за пеење ни г нема.
     
  20. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Сакам кажам, не знам речам. Баш вака се чувствувам.

    Денес во училиште, просечно. Тмурен ден, а ниту професорите ниту учениците сакаат да бидат на час. Се гледаше дека никому не му се работи.
    Добив петка по хемија, ќе излажам ако кажам неочекувана. Сега за сега, се' оди како подмачкано и во училиште и на другите полиња.
    И искрено сакам да замолам некои личности да престанат. Сфаќаме дека бевте на натпревар математика и дека земавте награди, сфаќаме и дека сакате да се пофалите но, на моменти претерувате со тоа. И не, тоа не ве прави најпаметни и најпосебни. Не ве прави посебни што ќе бидете ослободени од тестот, од проста причина што не можете да го надокнадите материјалот што го изгубивте. Исто така, постојат и други теми на муабет освен математиката, и колку ќе морате да вежбате за следниот натпревар. Искрено, јас ја обожавам како предмет и со неа ќе ми биде идната професија но, веќе ми се смачи од вас! И тоа не е случај само со мене, туку и другите од класот обраќаат очи кога ви ги слушаат разговорите.

    И така. Вечерва ќе ја поминам со дечко ми, ќе одиме на кафе и ќе се гушкаме :inlove: . Утре е нов ден, се надевам попријатен од денешниов. Петок е, но не го чувствувам. :^)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.