Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    САКАМ ПОГОЛЕМ БРАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААТ
    (И јас ко малине деца :D )
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кога нешто ме глода најдобро чистам по дома. Што може жена да постигне во рок од 4 саати е неверојатно нешто! Мислам, сама си се чудам на енергијата. Ја светнав дневната соба, запалив оган, комотно ми е, топло ми е, макар надвор снегулки веат. Затворив завеси и гајле не ми е надвор камења ако паѓаат, ако, нека паѓаат.
    Ајде де! Само што излегов од кадата, и се раскомотив во пиџами, чашка винце, и ете ти ги рекламите на тв, пазете колку пиете. Дадилка држава |( Си ја погледнав чашата и сменив канал. Ако ми е ќеф и ќе си ја дополнам :!:
    Ич гајле не ми е дека сум потрошила цел цилиндар топла вода за да си наполнам до петокрака када во која ќе се глумнам да уживам пола саат, да исперам од мене гадно и од тело и од мозок, не да се полевам со дланки за да се натопам убаво ама да спасам малку од ледот што се топи на топкава. И топката и ледот и пандите мечки нека се снаоѓаат сите како знаат, како и јас што морам да се снаоѓам сама за себе секој ден. Џигеров нема да го стопам со чаша вино пред спиење. Па и ако го топам, мој е, нека трпи или нека цркне. Ќе ја уживам чашава како последна да ми е. Со цигара, која последна ми е.
     
    На Trnche, Annath, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.566
    Жал ми е што згаснува Граѓански... единственото списание со здрав разум и смисла. Саботни утра и кафе со Граѓански, неделни почивки со Граѓански и навраќање во текот на неделата. Сите броеви ги имам убаво згрижени,заокружени,бележани.
    Првиот страв за истото ме фати кога почнав да слушам како се некој имаше амбиција да пишува за списаниево,без да го погледне капацитетот свој за истото. Зошто не е списание во кое треба да имаш само дарба, туку и способност за анализа и широки погледи кои образованието,културата и ти самиот можеш да му ги пренесеш,а не само егоцентризам,а за жал, немаме многу такви во земјичкава...И си велам господи,па за што ќе пишуваш ти? Ова бара зрели луѓе какви што очигледно таму пишуваат,новинарски, издржано, смислено,што пак ти? Само затоа што имаш желба? Погледни се сериозно,мисли сериозно. Но,добро, очигледно имало филтер.
    Интересното е што списаниево не се изгради,туку си никна веќе готово изградено, можеше само да претрпи реновирања во текот на неговото постоење...
    Мене не ми менуваше многу цената... Самиот факт што беше за почеток проект... што значи нешто кое ќе го трпи тестот на пазарот пред да добие сериозен размер,беше јасно дека не можеше да се очекува дека ќе поживее долго...
    Ама Вест секако повеќе ќе се купува и понатака... 15 денари секој ден,а Граѓански, 20 денари еднаш неделно.Значи парите не се изговорот... нешто друго е... труло во главата на Македонецот...

    А за тимот ко таков, ете ,од неутрален извор, црно на бело, очи во очи... пријатен тим кој сакал да размислува прогресивно, ценејќи стара мудрост.

    Ете баш штета... Штета и зошто живееме во држава каде интелектуалци всушност се луѓе кои сакаат внимание... внимание кое се добива дур си жив. Пре да умрам па да ми живеат со името и никогаш да не дознаам за истото, отколку додека сум жива гласно да ме тапшаат... одма знаеш дека си дел од поп културата која не мора да е Ники Минаж. Зошто ако тоа е поп културата во музиката, која е поп културата во пишаната мудрост? Актуелните досетливци на твитер.
    Се е такво кршливо и минливо, ништо нема корен во оваа тажна државичка зошто во генетскиот код имаме грешка, премногу луѓе со егзибиционистички ега,кои им ги параат градите и скокаат дерејќи се забележи ме,забележи ме... Нејќум.
    Аналогијата насочете ја кон почитуваната (своевремено,повеќе не можам да ја смислам) професорка Ванковска...која на свои 100 (со букви,сто де,од кај знам колку има) збесна за виртуелно внимание ради свои комплекси и помисла дека е екстраординари ум... не пак мојата генерација. Кога зрел човек не може да се поднесе дури и сам себе си од што е полн со сам себе си...тек пак тоа кога е својствено за млад човек кој не е изграден...а веќе почнал да станува дивоградба.
    Или пак наш некогашен новинар,сега пратеник го губи нивото по твитер... Немам зборови...
    Не ми се допаѓаат луѓето со кои треба да градам држава. Зошто негушканите од по дома или пак прегушканите и преразгалените кои се над доминацијата од љубовта на своите родители кои небројани пати се обидувале да ја освојуваат и докажуваат...

    Како надвор од контекстот на погоре кажаното... Кога ќе излегуваат манифести каде сите се помирени и велат ех, 2001ва беше потпишано тоа што беше... што значи потпишуваат капитулација за во иднина и немаат желба да ги променат те исправат нештата од минатото... па си велам,каде тоа живеам и со кого тоа треба да живеам? И тоа мнозинството се помирува и согласува...се препишува на простите кои наводно ги тревожи идејата. Тогаш народот сакаше само мир и тоа беше логичното и излезно решение...Ако нашите родители тогаш погрешиле, ваљда на нас се очекува да кренеме глас и да го смениме истото помудро со нивната поддршка? Или па и не... И смешно ми е кога некои мочковци зборуваат за истото...а тогаш имале 13-4 години...и веројатно не го ни чувствувале теророт на стравот дека ќе се разбудат без родител,знаеле дека се случува нешто во нашата држава и ги слушале философските разговори на нивните родители... Не сакам да ги слушам и читам вашите срања...Ах уел...заедно ќе ја живееме заебаната иднина,ама јас тогаш ќе зборувам дека вие сте виновни за тогашната наша сегашност,зошто во минатото,односно денес, сте препишувале на лошите одлуки во минатото за кое одговарале нашите родители (условно,зошто реално,ние тогаш не сме ни имале право на глас). Единствено нешто кое може да зборува за дел од нас, се траумите на оние кои ги имаат,а оние лишените од истите,практично и џабе и да зборуваат и подобро и да не зборуваат.

    И аут оф д рекорд. Најдов рецепт за сладолед од вино... отиде мојта младост. Харибо со водка...сладолед со вино... пивото си е ок и ко такво,со фурнарини.
     
    На Ana.Jones, Annath, offspring1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Она што поминало никогаш нема да се врати.Единствено ни остануваат спомените,кои секогаш не потсетуваат на некои времиња...на времиња кои ни донесле : радост,среќа,тага...насмевки....љубов.
    Тие секогаш остануваат и никогаш не заминуваат.Седам и се сеќавам на насмевките од минатото,од едно време...време кое за прв пат почуствував што е љубов.А и никогаш не сум помислила дека насмевките од минатото ќе ме натераат да заплачам.Но среќна сум што ги имам спомените,што се сеќавам на тоа што било.Убаво е кога се потсетуваш на нешто убаво,а и нешто грдо.Иако понекои викаат дека било безвредно да се сеќаваш на спомен.Но,не би рекла така...а и да не рекле за џабе дека "првата љубов е како првиот снег,ненадејно доаѓа и си оди,а на крајот останува само изматена крв која тече низ вените". :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Само уште 10 часа до нашата средба, не е ни свесен колку се радувам, постојано сум насмеана, радосна.
    Ахх едвај чекам, мислам дека овие 10 часа ќе бидат најдолгите во мојот живот.
    Одамна го посакував ова и конечно ќе се оствари...
    Цел ден во неговите прегратки, ќе уживам ќе се смеам, ќе заборавам на се!

    Ах Љубов, Љубов :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Feuerwerk, Stoimenovska, marama и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Вчера со Маџиров во Менада спојувавме стихови... Надвор капки, ние зборови. Пиво, некои обични смртнички муабети. Вечерта, залеана во трубачки оркестар, готвачки перформанси и сите пропратни недежавуа што ми ги носи уметноста. Многу драги луѓе дојдоа. Дури и некои што јасно и гласно ме прозиваа - сега ми аплаудираа. Нека. Реков. Животот е миг и нема да го поминувам со грч во срцето.
    Некој дури и ми рече - Ана, па ти навистина живееш во сите тие светови што ги пишуваш! Да. Таму живеам, добредојде и напиј се чајче. Не лажам.
    Можеби само фантазирам, и така поубаво живеам.
    Благодарна сум... Што можам, и имам што да дадам. Што моите професори од факултет, дојдоа на читањето, ни подарија насмевка и најголемиот комплимент - Вие сте и ќе останете најсјајната генерација компаратисти што го сакаат пишаниот збор и му даваат живот.
    А што повеќе човек да посака, од радоста што ја предизвикува на другите?
    Ништо повеќе.

    Си зјапаме филмче, јас сурфам, мрдкам со ноџињата, мириса на тутун од ванила и крем за раце. Ме чекал вчера со мус од чоколада и две лажичиња.
    Животов е гасеница, пеперутка, булдожер.
    Моите емоции и разум, не се за овде, ако сакам баш да си ги артикулирам небаре сум Марина Абрамович, ама не сум. Обичен компаратист поет сум, во слободно време мерам растојанија на ѕвезди и ме револтираат хирурзите за се’ и сешто, а во себе ни срце не носат.
    Ахам.
    Земјичкава, како што Гоц убаво срочи - те прави да се чувствуваш како туѓинец. Да, туѓи сме си. И во срцата, а не па кон земјата. Дозволивме премногу.
    Револуција на срцата треба.
    Крв, мора да паѓа.
    Но, за тие борби, кога ќе пораснеме вистински.
     
    На ana-girl, marama, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Малку позитивна енергија и насмевка на вашите лица. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=MLErNXIYjMg
    Тој што не го гледал видеото,ја пропуштил позитивната енергија :wasntme:
     
    На zarah, Stoimenovska, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Сите по сабајле, јас после 21ч почнувам да брчам со правосмукалката и да ја чистам собата. Не за друго, сите се излезени јас сум даун, незнам веќе колку време, ама што е битно и сама знам да си се забавувам, коњаче, кока кола и палачинки ме чекаат после чистењево, па Ангелски повик да ја дочитам и така да си заспијам.
    Утре е договорена искачанка, ме мкнат другарките од дома, ќе ме носат во диско, а само колку ми пречи таа гласна музика, која воопшто не ми е потребна сега... ама ајде, нека биде, може ќе се случи нешто интересно.
    Сакам да одам некаде, ме трујат сите случувања во земјава, иако не гледам тв, пак разбрав за сите гадости кои се случија наречени Талат!
    Дозволив пак да бидам повредена, тоа ми е најтешко, ама ќе пројде, како и се до сега, само желбата за пат не поминува, се надевам набрзо ќе се реализира, барем на неколку дена да заборавам на се!
    Уф... да ме потсети некој како се правеше рестарт на мозокот?
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам злобна зборувајќи вака, ама некои личности што стануваат жртви на семејно насилство, и тие што се тепани од дечковците сами си се криви за тоа! Пробал да ја задави, ненормално љубоморен е, не ја пушта никаде, и таа упорно со него ќе седи, бидејќи нели се е оправдано што и прави - тој многу, превише ја сака! :@
    Не ми се веруваше кога слушнав дека рече дека пак ќе се врати со него. И џабе е, зборувај ти колку сакаш, не сфаќа дека ќе се кае. :x

    Дали е до мене, јас сум глупа и неможам да го сфатам сето ова, или таа е шекната, не знам веќе најискрено. Абе кој од кој поизопачен во последниве две недели. Како некој магнет сум за погрешни луѓе. И пак прашањето во глава, дали јас сум невозможна или тие?

    Најлошо е што кашава во која се наоѓам ми е смешна. Ме загрижува тоа што сум престанала да се замарам. Озбилно. :D

    Колку би сакала да се вратам две години назад. Си ги пуштив песните од тоа најубаво време и ми се вратија спомените. Сега, кафичот во кој скапувавме го реновираа, го направија модерен, воведоа три врсти на еспресо - кратко, нормално и продолжено ( |( ), а тогаш си се знаеше: ХХХХХ Стај едно кафе! Симпатиите ни остареа, мојот ќе се жени :lol: , другарките се распрснаа, а старите песни ги слушаме само јас и еден другар кој го немам видено со месеци. Ни се изменија приоритетите на сите, и јас разбирам, мора да се оди понатаму, ама би сакала уште еднаш да се собереме на пиво, да се прашаме кај си, што правиш, кај на факултет.

    Денес видов еден другар од старото друштво и ми се наполни душава. Тие донекаде уште си го имаат стариот распоред. Кафе околу 12, и вечер околу 7 ипол. Ние се изменивме. Бевме и сме, во цутот на младоста. А тие работат и се знае текот на нивниот живот.

    Фризурата што ја носам сега не би можела да се декларира како металска нели? Ама ја сум си металец во душава и секогаш ќе си останам и ќе го памтам тоа време. :inlove:

    Па зарем таквите времиња можат да се заборават? Првата цигара, првото опијанување, првиот дечко? :( Сакајте се бе луѓе, и сакајте си ги пријателите. Не оставајте едно дружење да биде сведено само на лајкови на фејсбук и божемно договарање за кафе кое знаете и двајцата дека нема да се исполни.

    Во твоја чест, симпатијо моја тогашна! Та ова е првата песна што тој ми ја прати преку блутут. :$
    http://www.youtube.com/watch?v=ZJxz7QPxsGQ
     
    На Elichka, sadangel и Rose96 им се допаѓа ова.
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Чекам некој да ми врзе 2-3 шлаканици да се разбудам ако сеуште спијам.Болна цело време дома,и ништо не ме израдува како другарка ми.ОД 5-то одделение,па навака,ова ми е прва 5-ка математика :o .Ке припаднам,неможам уште да се свестам,толку хистерично рипав вриштев кога ми кажа другарка ми,мислам комшиите ги разбудив. :x Толку среќна за оценка никојпат не сум била :party: Ова не е нормално,уште неможам да се свестам дека имам петка,и тоа на главна писмена :o Се исплатеше трудот,уште физика да поправам,и така сите петки.Оу јеа! ^_^ :party:
    Се сетив кога тргнав прво одделение,и баба ми секое сабајле во школо ме испраќаше со : Јас сум мало учениче,книги носам во торбиче :) :lol: Тоа беа прекрасни денови,кога имав 3 часа највеќе на ден,кога во четврто 5 часа ми беа премногу,а сега што да кажам..?Се би дала бар на 2 дена да се вратам во тие денови кога одев горда со ранче малецко и се правев важна дека одам во школо..Ми фалат тие денови,многу... :doh:

    Ова може е малце ретардирано,верувале или не,на едно 6 години,зашто не одев во градинка,неќев и седев со баба ми дома,дневниот ритуал ми беше:
    Станување
    Пиење едни апчиња за здрави заби +витамин це
    Јадење тарана
    Гледање Храна и Вино
    И најбитното - Гледање парламент :geek: (секој ден со баба ми гледав,секој ден)
    итн. итн.
     
    На Adi888, lolita97 и Bubbi им се допаѓа ова.
  12. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Во спојлер,затоа што така треба.
    Ми треба сила, огромна сила, сила неизмерлива и неприкосновена која ќе биде како штит и ќе ме заштитува од секојдневните спрепки кои ги прави животот,луѓето. Чувствувам дека во секој момент ќе се скршам, ќе попуштам и како мало детенце ќе му се фрлам во прегратка на првиот на кој ќе наидам и ќе плачам до безсознание, да рикам додека не ми се изгуби гласот.
    А вака...плачам, нечујно, безгласно, без солзи во очите кои го губат сјајот,оној вистински сјај. Се трудам да бидам потпора, но морам и јас да се потпрам на нешто, нешто кое ќе ми даде тронка надеж,поттик да продолжам и понатаму да се борам со целата моја маленкост,да бидам храбра,дека она за кое се надевам и во кое се молам и крстам со многу оптимизам,ќе почне да се остварува. Не сакам да потклекнам... не заслужувам. Не заслужуваат.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Е зашто бе мора кога сум со мрсна коса, без грам шминка и у најгревно можно издање сите симпатии да си ги видам. |(
     
    На Ana.Jones, sweet-cherry, Stoimenovska и 8 други им се допаѓа ова.
  14. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Кога некој ќе те праша: Како си?
    и ти го даваш во истиот момент најдобриот одговорот: Заљубено.
    Има ли подобро чуство? :l: :l: :l:
     
    На Stoimenovska, Maroon5, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Единственото нешто што се случило не по наша вина е тоа што сме се родиле, а друго се' што правиме го правиме затоа што ние така сакаме и така избираме, и никој друг не ни е виновен за тоа освен самите ние.
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Луѓенца, денеска го почнав денот луто. Да ви кажувам колку сум незадоволна од нештата кои се пред мене веќе нема смисла. Нема никаква поента.
    Инаку тоа е. Немам сеуште можност да научам да сурфам, ниту пак да скијам. А премногу сакам. Тоа го сонувам секој ден со отворени очи. Ќе биде ли некогаш?!
    Како ли да стигнам до таа цел? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,3 KB
      Прегледи:
      368
  17. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    a happy home, that's my fantasy,but my reality...
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас и со топлото чајче ве читам :coffee:
    Цел декември и цел јануари не ме фати настинка, сега ме фаќа, не е салам ова времиштето да не знај чоек веќе како да се облечи, дали потопло, дали пораслечено, текни му врни текни му сонце има, Абе бог да чува веќе |( Катастрофа е.
    Другарките ми се сите Скопје викендов, требаше да одам и јас меѓутоа ни закажа пробен колоквиум и така Ади си остана дома, од една страна жалам шо не ојдов и го пропуштив роденденот, но стварно не можев да одам и зато ми е најмногу криво, но не ја заборавив му купивме поклон и го бендиса кефој беше :D
    Од една страна не жалам оти не ги потрошив парите во пат и за јадење, си купив некој потребни работи кои стварно многу ми требаја, и допрва уште ќе купвам, од шопингот не ти се слошва 8)
    Татко ми легна на троседот, мајка ми на двоседот демек филм гледат :D
    Мајка ми му вика ајде да си легниме не ми се оди в спална ладно е, дојди и ти, Татко ми мрчи демек не спиел, а грчи до надвор се слуша, остај ме да го гледам филмот, и ај после неколку натегања си легнаја, си се топлат таму в спална :P :wasntme:
    Ги сакам :inlove:
    Имајте добра ноќ и убав ден утре ќе ве позз со едно песниче кое мене ми едно од омилените :)
    http://www.youtube.com/watch?v=UHVOjwmhei4 :l:
     
    На ana-girl, bittersweet, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.566
    24 ми је година,још сам се нисам ...никого тормозела да ми прави (полу)професионална и специјална фотосесија.
    Се сомневам дека морам да сум трудна. Чак што више неам ни испозирани слики у ходник сликани од сестра ми,така си се дотеруфкаме за по дома за да си се сликаме или пред излегување ете така...
    Трудна сум,точка.
    Познавам луѓе,особено девојки шо вадат фото сесии почесто него ли Ким Кардашијан лично... мајке ми... Не знам што си мислат...А баш стварно сакам да знам што си мислат... не знам дали се свесни дека општеството освен што им ги виде сите можни делови од телото, некои дури може да заклучиме и дека се убави (на тие ќе им простиме), сфати и дека се атеншн хорс. Ако не знаат,баш ми е жал...

    Лаку ноч. Утре и задутре ќе врне,ама тоа не значи дека нема да се сакаме. Имам неколку човеци шо треба душата да им ја дупнам од љубов!
     
    На Allthatglitters21, anuskaNESTLE, MissDior и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.