Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Цел ден ми помина во исчекување на тоа како помина операцијата на мојот драг чичко.Наваму,натаму ,еве го ,ене го и конечно во 18 часот си дојде дома.Малку преморен,но се е во ред и ептен ми е мило :clap: .Не е некоја високо ризична операција-катаракта но сепак срцето цел ден ми беше во петици.Она чувство секој пат кога ќе влезам во болница,нејзината миризба,количките секогаш ќе ме потсеќаат на лоши денови.Но овај пат фала му на бога се заврши добро :) . Па сега дома си одмара и ене брачед ми го зафркава му вели пират,па дури и ми го пуште Џек Спароу да му бил инспирација :rofl:,матуф е знам :D.Дури и во тешките моменти позитивноста,меѓусебното разбирање и договор кај нас ги прави нештата полесни.Си ја сакам мојата фамилија,моите браќа и родители.Да,токму така родители бидејќи јас не знам за други мајка и татко и браќа и сум среќна што секој ден ми започнува и завршува со нивните насмеани лица.Секаде има проблеми,не велам не,секаде се случува да има недоразбирање,па дури и кај нас ,значи не сме совршено семејство каде што се е под конец,но некако проблемите кај нас се решаваат незабележливо,мирно и тивко со разговор.Благодарна сум на тоа што ми дале пример како треба да функционира едно семејство ,се надевам дека и со него ќе ни биде така во иднина.Тие ме научија се да носам на своите рамења гордо и да преминам преку се,поради нив и ја имам оваа позитивност и надеж во себе.
    Имам некое чувство кое што ме тера да мислам дека ќе се случи нешто лошо,необјасниво за мене,без причина.Се молам на Бог се да излезе како што треба и сите да ми се живи и здрави,друго не ми треба.
    Веќе е доцна,одам во кревет мили мои,ви посакувам добра ноќ и прекрасен викенд.
     
    На Bozica1980, Angy.g, zarah и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Ме иритираат луѓе кои први бараат нешто и на крај се премислуваат и се натегаат. |( Па реши се веќе еднаш или сакаш или несакаш. :swear:
     
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам нешто, а и самата не знам што. Некоја тежина ми стои на душава и ме попречува да го кажам она што го мислам или пак направам она што го сакам. Чудно чувство. Не можам да го опишам.
    Еден вид на незадоволство помешано со тага, лутина и ред други работи.
    Чудно е колку брзо ми се менува расположениево. Пред само 15 минути бев толку расположена што мислев дека никој и ништо не може да ми го расипе расположението,но не сум била во право.
    Така е се во животов. Колку брзо се менуваат работите, било на подобро или полошо. Додека трепнеш се е поинаку.
    Се се случува кога најмалку очекуваш.
     
    На Angy.g и julie77 им се допаѓа ова.
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Цел ден ми помина тапа. Крвта ми врие од нервоза, и на кој ќе ми дојде на тој ќе му го истурам бесот. Баш прееска се каравме со сестра ми и мајка ми. А + нервози за у школо, проекти тестови презентации, цела недела ангажирана.
    п.с. не умреа у тоа школото. :|
     
  5. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Колку време го чекав ова? - Конечно да си направам самата на себе лична сатисфакција.
    Уживање и релаксација кои долго време ги барав.
    Гордост, на самата себе.
    Кога си задоволен од самиот себе и цврсто стоиш пред сите непријатели, со таков сјај во очите кој за нив боли повеќе и од смрт.
    Одамна чекав да се соочам со тие лица. И, прекрасно си поминав. Со таква насмевка на лице, како да ми се најмилите...ама како и да вртиш, пак кај нив се враќаш.
    Вака душава одамна не се чувствувала...
    Среќна и покрај сите несреќи. Задоволна покрај сите незадоволства. Храбра, и покрај сите падови.
    Мене ми треба само мала мотивација, за да бидам некршлива.
    За да бидам среќна ми треба толку малку, такви ситници. За кои живеам. Лесно е да ми угоди човек.
    Кој што сака нека вели, нека мисли...јас го живеам мојот живот по мои ''правила''
    Мозокот ми е на пасење. И заминувам на викенд кој мислам дека ќе ме прероди.
    Ми недостига љубов и внимание. Будејќи тие не идат кај мене, јас ќе одам кај нив! Како што вели поговорката ,,Ако брегот не оди кај Мухамед, Мухамед ќе оди кај брегот'' (така беше, нели :^) )
    Нема место за тага и демотивации. Мора да се живее со полна пареа, ако не отидовме од рака...
    Еден е животот, па да си го живееме како знаеме, да уживаме во се` што тој ни сервира. Едноставно да се препуштиме...
    Среќна треска ме удри. Ај, нека е за арно. Долго нека трае. Да ви ја пренесам и вас :lol: Убаво е...
     
    На Marjan007, moonlight-girl.55, ludoto19 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Цело време пишувам и се жалам дека сакам дома, а сега кога сум дома сакам Скопје.
    Не ми се седи веќе тука, убаво е да. Моите ме пазат, ручеци, вечери, цела фамилија е собрана ко демек претседателот им е дојден, ама за кого бе.
    Да се разбереме, не дека не го ценам сето ова, ама јас сум јас.
    Во моментов точно знаам каде сакам да бидам, во Скопје, во една тесна соба, до едно човече високо метар и деведесет.
    Ми недостига. Неизмерно многу...
    Пуштете среќа за утре. Ќе ми треба.
    Ќе биде долг ден, а уште подолга ноќ |(
     
    На moonlight-girl.55, kravce, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сфаќам дека сум премногу строга и очигледна кон луѓе што не ми се допаѓаат, имено, има еден огромен замислен ѕид меѓу мене и нив од кој не можат да го видат одблесокот од мојата личност.
    Од друга страна, овие што ми се блиски се или навистина среќни или премногу упорни и трпеливи штом стигнале до тој степен - блиски.
    Јас пребирам, си признавам, премногу и тоа, ама некогаш, кога се сомневам во своите одлуки и се обвинувам себеси за дозата на мизантроп+антисоцијален, се појавува таа будала која ме враќа во мојата реалност и ги оправдува моите постапки.
    Така да, другари и другарки мои, бидете среќни што сте тука каде што сте. За тие што сакам, можам да бидам право сонце, дури до толку што некој може да се врати дома со преубав тен, ама за некој друг, пеколен оган и изгореници. Некои луѓе не заслужуваат ни шанса.
     
    На zarah, kravce, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК на Фигаро му најдов бела женска, едвај чекам да ми ја донесат утре :inlove:
     
    На anuskaNESTLE и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Ова може Го испровоцирав. Најлошо е кога за нешто си толку сигурен и ќе пропадне во вода. Така изненадно, добиваш еден шамар. А секогаш викам дека нема да имам високи очекувања, ама кога мислиш дека е завршена работа... Не бе не, дефинитивно треба да не се надевам на ништо во животот, може полесно ќе ми биде.
     
    На moonlight-girl.55, CoverGirl10, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сдк се ужаснувам од она што се дешава во светов, се некој убил некого, се некој се тепал...а некои и кучиња за ручек си готвеле :@ Ај тоа, па тие пусти пари, едно ливче хартија умот им го врти на луѓево, којзнае од каква хартија се направени :D штом толку цел свет го „ шармираат“, ај тоа, па и се некој да се мешал во туѓ живот и тој некој ептен да бил у тек со настаните во туѓите животи, уште можеби треба и некаква награда да добие за тоа, па и тек - тук потфрлена критика за истото.Зш луѓето така прават? Зш? :fubar: И после очекуваат дедо Боже да им се појавел у стил на Чак Норис :D Па она Кинезине, како не им е жал, барем малку? Како се изнервирав, душа ме доболе, срце ме доболе.Треба нив на клада да ги стават, да ги горат живи, да видат како е.И после ќе не мавнел астероид, па планета, метеор падна и не им е гајле за повредените луѓе, тука за парите, сеа па како да не паднал метеорот, има кратер, ама не паднал метеор |( Некаде немаат леб да јадат, други незнаат што да прават со парите.
    Што е некому важно како друг живее? Па и кога осудуваат некого за некоја грешка, како да па тие се безгрешни.Бога ми, за да осуди човек некого за грешката што ја направил, прво треба да е достоен за тоа да го направи.Арно ама своето не се важи, а туѓото се важи? Како ли само имаат очи за тоа да забележат?
    Зошто не ги прифаќаат сопствените грешки, не се помират со истите и не ги поправат? Барем така ќе си имаат мир на душа.Каква душа имаат оние луѓе кои малтертираат животни,каква? Јас немам душа да утепам животно, а не па да се изживувам со истото.
    Како очекуваат и бараат луѓето нешто подобро, кога прво ни тие не прават добро? Како може да го сакаат своето, најмилото, а туѓото да не го сакаат? Како? Зарем некој не би очекувал нешто исто за возврат на она кое го прават кон другите луѓе? Зло со зло се враќа, никако поинаку.Тогаш не би требало да се бара нешто добро, да се вели дека нема луѓе, а како да има? Се е во нас, нема ништо надвор од нас.
    Имаше нели една изрека „ секаде машки и женски, а никаде луѓе“ , изгледа ќе да е така.
    Се ужаснувам по незнам кој пат :doh: Не......ја нисам издавде :D :wasntme:
    Аривидерчи :hai: :angel:
     
    На Monna.Monna, Someonespecial, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Твој е изборот.А богами немаш многу.Во денешниов свет скоро ич. :)
    [​IMG]
     
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    СДК дека ќе пукнам. Незнам кај ми е главата имам многу за учење. Имам прокети да правам 4. Па на школото не пукнаа со овие проектни не пукнаа. Се некој треба да праве. Па ќе ослепам од ова компјутерот. ОД кога само се немам уклучено на чет на фемина, да си напраам малку муабет. И мислење од дамна немам напишано. :devil: Ам ако јас пак ќе најдам време на фемина да се уклучам, тешко но сепак на ден двапати по 10 мин. да се укл. доволно м и е. Од понеделник преокупирана сум од учење, правење прокети и такви работи. Па уште малку и ми е роденден. Нананаа :rock: :dance: :party: И за тоа треба да организирам, 16 сепак не е мала работа. :D
    Само едно не ми е јасно, иако сум преокупирана од учење немам време за ништо, љубовта не ми оди никако со оној мојот глуп симпатија ]:) , шо занм дека сепак и он чувствува нешто за мене, сепак јас си се чувствувам некако среќничко, расположена сум.
    ТОА Е УБАВО ЗА МЕНЕ! Па доста беа црни денови.
     
  13. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.963
    Татко..зар не е совршената умисла за тоа како твојот принц сакаш да изгледа? За мене да.Тој е се. Се е широк поим и тој е тоа за мене,апсолутно се. Кога бев малечка, секоја вечер ме носеше во кревет, ги бркаше лошите под креветот и чекаше да заспам.Јас не заспивав,чекав да стане за да видам дали ќе ја остави сијалицата запалена,за да не дојдат лошите по мене. Го сакам најмногу на свет и неможам да го замислам животот без него. Тој ја вовлече силата во мене, ме учеше ''карате'' , ме учеше да бидам најсилна, да непријателот неможе да ме повреди. Но,на овој свет непријателот ти е пријател а најдобриот пријател - најголем непријател. Е од такви тој сакаше да ме зачува и успеа. Можам да кажам дека сум најсилната особа на овој свет со него. Те сакам!!!!
    [​IMG]
     
    На Barbie20 и CuteEva им се допаѓа ова.
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Успеав.
    Се научив да живеам сама,да нема никој кога се враќам дома.
    Успеав да станам после сите удари што ги добив,успеав да се смеам без многу галама.
    Научив да ја гушам носталгијата за дома,особено за време викенд.
    Добив нова пријателка,спремна за делење и насмевки и солзи.
    Еден куп нови ликови.
    Направив грешка и скапо ја платив,ама еве ме..на нозе.Го изгубив и него.Ама тој се врати..
    ...ама јас се одљубив.Сега полека љубам пак.
    Еееј да,љубам пак! Ако не љубам,ќе љубам.
     
    На sweet-cherry, L-enna, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Види богати, ја вчера сум правела 2 годишнина. :rofl:
    Па ајде, уште долго да одиме, па на свадба да играме, па мекици, па ова она...
    Не бе, стој. Oткако сум на форумов, годишнина. За какви мекици зборам јас? :^)
    Далеко било.

    Него деновиве, сум си како отсутна, така како разветреана...
    Додуша, јас цел живот сум таква, ама ај можеби ќе успеам да излажам некого. Или можеби самата себеси. За викендов, имам вкупно 6 предмети за учење. Од почеток да ги учам. Онака кампањски, како што знам јас. Си поделив, 3 за денес, 3 за утре. И како по обичај, прво ги прераскажувам лекциите на листови, па после од листовите учам. И до сега, на бел лист, шпартав линии, паралелни, со маркер. И после кога ќе ги препишувам лекциите, да ги пишувам на право, да не фаќам кривини.
    Ете, со какви глупости се замарам. Додека ишпартам, додека прераскажам... до сега ќе научев.
    Нема врска.

    Друго, што да кажам, што да се пофалам?
    Уште од полу-сабајлечки накај поручечки се нафукав со макарони.
    Деновиве, малце ќе бидам отустна. Ради тромесечиево, кое повеќе личи на едномесечие.
    Се надевам, дека нема да играм криминал кејс и дека ќе учам.

    Златна бубамара, вечер. Ќе се нацртам пред тв.
    Гледам, како што е редот, секогаш се части, со некои сликички, чим се прави годишнина, тука.
    Ај, да не ви мачкам само очи, за џабе, еве едно песниче старо. Да ве развесели.
    Добар викенд. :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=XuvCBg1MpA8
     
    На Divinebutterfly, ana-girl, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    ....Денеска сум посреќна од било кога.Најсреќна.Вчера вечер незаборавна вечер дефинитивно.Скокам од радост.И многу ми е мило.Како викаат нека пукнат душманите. :)
     
    На CuteEva му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Насмевка,
    среќа,
    задоволство,
    љубов,
    почит,
    разбирање...
    Позакувам да не се само дел од она што го прикажувам.
    Кај сум јас? Која сум јас? Повеќе ни јас не знам...
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Просто е невозможно да си ја сокријам насмевката на лицево... :$

    А, кога сум јас среќна и насмеана гледам дека и другите се.... :lol:
     
    На kravce, Adi888, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  19. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Zs ne dode denes... ? :( :^)
     
  20. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    СКД јдека секој човек барем еднаш се има прашано кој сум јас...кои сме ние? Кои биле навистина првите луѓе на светот? Но едноставно на тие прашања нема одгов :worried: ор!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.