Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.151
    Долго време немам шкртнато на темава, имам што да кажам, ама несакам.
    Турболентен период, би рекла лош. Зошто и вас да ве трујам со негативна енергија, нели? ;)
    Ама полека и ќе биде се во ред. Мора!
    На ред се убави нешта. Колку ги посакувам.
    Нетрпелива сум. Всушност трпението ми е слаба страна, ама сега работава е таква, порано и да сакаш, неможе да се знае. Освен ако некој не ми гати. Ама не бре, не ги сакам гатачките.
    Ако бидне работава ќе ви се пофалам :P .

    Во фокусот локалните избори. А јас без пари, а имам идеја како да заработам :!: .
    Нашиов кандидат чиниш се симнал од планина, речник нула, јас се кладам дека ја има прочитано само Касни - Порасни |( . Човекот одвај ама одвај заврши факултет. Одвај се научи да чита и ете го и градоначалник ќе ни стане. Амбиции.
    Во ваква ситуација на мене ми се јави една идеја. Да му ги пишувам јас говорите нему а? :D Ем ќе заработам, и така сум бакротирана. Значи банкрот! Ни за пудра нема ]:) .
    Видете тоа би било прилично добра зделка. Народот нема да го трпи неговите „богати“ говори, а јас ќе заработам :D .
    Идејава ко идеја, повеќе фантазија, затоа јас си уплатив ливче 8) .

    Инаку деновиве, јас и тој уште еднаш си покажавме дека и покрај толку години врска, сеуште сме лудо вљубени. Не ми требаат вино и песни, мене ми е треба тој. Во добро, во лошо, тука сме. Со мене е, ме љуби, знам. Друго не ми треба.
    Кој вели дека долгите врски се навика, нека не виде нас :$ .
    Ние сме љубов!
     
    На Hipster, kravce, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    некои луге се толку сконцентрирани на себе т.е. на своето минато што не си дозволуваат себе си да живеат во сегашноста и да мислат на иднината пример за тоа е една девојка со која се дружевме ко помали и од скоро почнавме пак да се дружевме а и сопартијки сме, и дури сега свакам зошто највеке со дружи со еден другар и само со него излегува се ми е јасно само не ми е јасно како ја поднесува :x
    а мене како личност, ми е потребна промена-во смисла на градење на самодовербата-незнаев дека е толку очигледно , но штом една сопартијка ми укажа на тоа, незнам како им изгледа на тие од УМС :x имам нешто во план и ке дадам се од себе да се исполни :!:
    а тоа што на т.н. брака им изгледам атрактивна и најверојатно лесна-се во голема заблуда :!: можеби затоа што најчесто ме гледаат од девојките,се обидувам да не им придавам важност ама едни исти фаци неколку пати во неделата да ги гледаш едно те исто ке си речеш веке :swear: едвај чекам да заврши кампањата, ситуацијава станува неиздржлива :puke:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.604
    Пол:
    Женски
    Деновиве се смееме по дома, што на наша мака, што на среќа. Повеќе на маката си правиме шеги.
    Што е добра домаќинка?
    -Жена што си го чува мажот да не умре пред неа.

    Будали, си се смејат на своја сметка. Не биле добри домаќинки.

    Тој па кога ќе збеснам ми вели- Колку ќе ме чуваш, толку ќе ме имаш. И јас како добра домаќинка му направив сутлијаш, земав цимет и правец кај него. Ма нек се пожали :lol:
    Влагам, тој ме чека со кафе и вечера на маса, исецкана :lol: :wasntme:
    Си се чуваме и си гугуткаме. Секој ден се повеќе се приврзуваме еден за друг. Споделуваме се, заедно преживуваме се.

    Делува смирувачки на мене, ми дава подршка и мотивација за се. Јас сум била негова инспирација. Правиме планови, заедно се организираме за да ги исполниме. Се шушкаме еден со друг за моменталната состојба, а потоа ќе се гушнеме и ќе одлетаме некое време нанапред, па си замислуваме се и сешто.

    И пак како добра домаќинка, бришам лак од нокти и ќе месам крофни. Нели љубовта на мажот доаѓа преку стомакот :wasntme:
     
    На tweety26, lunicka, kravce и 21 други им се допаѓа ова.
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.146
    Имам една вест која ми го разубави вчера денот, ми го стопли срцето и ме одведе на едно место што мислев дека нема никогаш да го постигнам со неа. :)
    После тоа вчера, ништо не ми е толку битно.

    Од немајкаде, од таков хаос во кој сама си се заплеткав, а работите беа толку едноставни, само изгледа јас си ги искомплицирав, немав веќе кому да се обратам, па се обратив кај мајка ми.
    Немам многу пишувано за неа, али јас и мајка ми сме тооолку различни на карактер, толку не можеме еден нормален разговор да сврзиме, само службено збориме. И тој муабет меѓу нас секогаш завршува со нечие дерење, од моја или од нејзина страна. Сиве овие години не сме се разбрале, едноставно ја немавме таа поврзаност како мајка и ќерка. Тоа отсекогаш многу ме болеше, најголема болка ми е во животов.
    Ги гледаш другарките какви се со нивните мајки, а ти не можеш ни дека имаш дечко да и кажеш.
    Не можеш ништо да и кажеш што те мачи.
    Едино што не поврзува е огромната физичка сличност, по која некој што не знае дека сме мајка и ќерка, кога ќе не види, не мора ни да прашува. :)

    Ја седнав вчера на муабет. И се отворив целосно, и кажав како се осеќав овие 2-3 месеца, и кажав какви се моите проблемчиња, барав совет од неа ко никогаш порано.
    Ми објасни многу работи, и таа мене ми се отвори, ја дознав каква е мајка ми на начин на којшто не ја познавав. И објаснив дека не мора толку многу да се секира веќе за мене, да ме кара за секакви ситници, оти нит пијам, нит пушам, нит се дрогирам, нит се курвам, нит ништо. Дека сум личност со веќе оформен карактер, и дека за тоа се должни таа и татко ми, дека тие се заслужни за тоа каква личност сум денес.
    Еднаш му реков на татко ми - Абе тато, не се секирај, јас сум твоја ќерка, ти ме воспита!
    Вчера и нејзе и го реков истото. :)

    Луѓе, немате поим колку ми е мило, што ете, најпосле, најпоооосле и јас имам мајка во вистинска смисла на зборот, што конечно најдовме заеднички јазик и отсега ќе биде вака! ^_^
    Мило ми е и што на моето хипотетичко прашање одговори на начин на кој и мислев, моите принципи, сфаќања и морални вредности се сепак нејзини, таа ми ги внела.

    Ако некоја од форумов има некои проблеми со мајка и, мисли дека не може да се разберат, верувајте можете!
    Јас скоро 21 година не најдов такво нешто, али само требало да дојде вистинското време.
    Среќна сум многу, многу, и покрај сите работи што се случија, оти ова нема цена. :)
    Ја сакам многу.
     
    На Divinebutterfly, kravce, Artemission и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Денес заборавам на се` што ме мачи, оставам се` зад себе и вечер одам во провод! :dance: :party: Организирана собиранка за фино друштвенце, пропратено со убаво вино и вкусна храна. Едвај чекам! Не постои работа, не постојат проблеми и ова е безгрижен свет. Барем вечерва ќе биде, а има и убава причина за тоа, која не ја откривам ]:)

    Денес сакам само да се дотерам :makeup: , да заблескам, да го облечам новиот фустан кој чекаше ваква прилика (бројче 36-ка, мојот нов конфекциски број :rock: ) и да не мислам на ништо друго! Конечно се чувствувам убаво во сопствената кожа, со минус килограми, но со плус самодоверба ^_^ На лицево ми е развлечена насмевка од уво до уво, среќна сум! :)

    Убави работи се случуваат околу мене, луѓенца, убави :)

    Имајте убав ден и дарете многу насмевки :)
     
    На kravce, anuskaNESTLE, Artemission и 14 други им се допаѓа ова.
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Шчо напраифте со постојве? :D
    Me нема 3 дена и сте го нападнале форумов со мислења :D :D :D не можам да стигнам да дочитам :D
     
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Добар ден за искреност.
    Од секогаш сум ја сакала искреноста, посебно кога е неопходна.
    Конечно, после подолго време се засакав. Пак.
    Повторно, и покрај тоа што се разочарав во себе.
    А најтешко е кога човек ќе се разочара сам во себе.

    Не се откажувам од своите цели, не се откажувам од своите сништа.
    Ме прават среќна кога ќе се исполнат.

    СДК денес е добар ден и за фитнес. Веќе ги забележувам резултатите што искрено ме прават повеќе среќна него едно чоколадо.
    Ги немам спојлерите повеќе надвиснати над фармерки. Уште стомакот да се скини и луѓе ќе се преродам.
    Но се засакав , и умеам да го извлечам најдоброто од себе. Се учи човекот.
    Дури и да стави маска над тажно лице, насмевка над накисната маскара.

    Ќе бидам посреќна кога повторно ќе ме служи коцкарската среќа.
    Денес е добар ден за добитно ливче. :)
    Поздрав дами мои, искористете го денот и правете она што ве прави среќни.
    :*
     
    На zhap4e, Angy.g и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  8. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Па, најпосле и јас се регистрирав на фемина :hai:
    Како за почеток, се осеќам по малку загубено... ама ќе се навикнам :)
     
    На AwesomeGirl, Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ми фали баба ми.Ми фалат нејзините мекици,баница,гравче,сутлијач.Ми фалат разговорите со неа,нејзините совети,кога се каравме за глупости,кога седевме надвор летно време,нејзините шеги од кои ми потекуваа созли од смеење.Ми фали,првпат во мојот живот некој толку да ми недостига.И секогаш кога ќе гледам нејзини слики неможам да се воздржам а да не заплачам присетувајќи се на сите работи што сме ги правеле.И сега,кога ја нема,нема кај кој да одам кога ми е досадно,да ми даде совет кога ми е тешко,да ме насмее онака вистински и да ми направи топол чај кога ќе си дојдам од школо смрзната.Таа ми беше како другарка и вредеше повеќе од сите мои сегашни.Сите така не памтеа,како другарки.Ме боли срцево кога се присетувам на тие спомени знаејќи дека веќе тоа ќе го нема ;(
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Викендов ми почна преубаво...
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Зад секоја негативна работа се крие научена лекција и уште едно скалило поблиску до врвот.
     
    На Glossy-girl и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дека некако морам да го вратам времево....6 месеци малку кќе ми се...ова не е фер ! :devil:
     
  13. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    3.428
    Пол:
    Женски
    Стисокот на дланката на мојата мајка е еден и единствен и цел живот не е променет.
    Уште како мала се сеќавам на тој допир во долгите ноќи кога се жалев дека ме боли мешето. И ми поминуваше за миг, ќе останеше само испотена дланка или трпките кои ми поминуваа низ рацете од цврстиот допир.
    Понекогаш и не се жалев за ништо, а пак можев да ја почувствувам нејзината рака врз мојата. Бев мала за да се противам на силното стегање, па знаев да ја сменам едната дланка со другата затоа што и јас не сакав да се ослободам од тоа чувство на сигурност секој пат кога се држевме за раце.
    Се држевме со часови, но никогаш доволно долго, се држевме многу цврсто и секогаш со иста цел - да ми биде јасно дека секогаш ќе ја имам покрај мене за најголем пријател.
    Тоа чувство никогаш не избледува, и ден денес знаеме да ја продлабочиме нашата блискост едноставно држејќи се за рака.
    И јас сега како мајка многу често се фаќам себе си во ситуација да си го држам за рака мојот син секогаш кога имам шанси , затоа што токму овој гест мене премногу ми значи.
     
    На kravce, mims-89, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Значи јас би ја замолила sandra74, да не додава девојки на фб, и да не напнува со нејзнините бунди, и опишување на нејзината фарма од зајци при тоа опишувајќи ми како убива зајаци на секоја порачка, оти мила имав трпение за тебе, ама мислам дека треба да имаш осет и чувство кога да престанеш. Знам дека тука набљудуваш и очекуваш некој да рече бунда и палиш,те молам најди си друг начин на реклами, јас тебе денес ти кажав што мислам за фармите, и за твојата совест која ја немаш кажувајки ми дека зошто би те јадело тебе совест за убивањето на зајците, кога девојките што ги носат твоите дела не ги јадело совест. Ти го кажав ова : “ајде јас ќе одгледувам неколку девојки ќе те вклучам и тебе, и после ќе те предадам за понатамошна обработка, за некоја друга девојка изгледа убаво со твојата кожа, или замисли дека треба да си ги дадеш децата за тоа..тоа што не те јаде совест значи отстапуваш од човечки норми, и секоја чест за ланднокрвноста, само не сфаќам зошто повторно го правиш муабетот со мене..точно сме топ предатори, ама некои со емоции" - ќе те замолам, пред да почнеш разговор со некој и рандом го додадеш на фб, или во ЛП тука на фемина, размисли дали се сите спремни за твоите гледишта на убавина.

    И многу си контрадикторна страв ти е од “Леле , бубшваба има тука кај мене на подот , што да правам !!?“ а не ти е од убивање зајчиња. Пародија си на сама себе.
     
    На kravce, mims-89, MissDior и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ми се смачи од дебелите јакни и капути.
    Тмурни денови, влажни улици, ЗИМА!
    Сакам сонце, малку гардероба на себе, долги прошетки, свеж воздух, расцветани дрвја, зеленило, цветови..
    Сакам ПРОЛЕТ!
    Немам жалба за ништо, ниту за шетање, ниту пак за дотерување, за ништо, ништо..
    Како да запрело времето за мене. ..
    Некаде во некој зимски ден, каде освен стуткана под дебело ќебе, не ми се прави ништо друго.
    Така ми минуваат деновите, легната, со далечинскиот управувач во рака, постојано ги менувам каналите.
    Утре решив да се шишам, можеби токму тоа ќе успее само за мене зимата да ја претвори во пролет.
    Ех, а да беше шопинг во прашање? :)
     
    На kravce, Glossy-girl, marama и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.168
    Допаѓања:
    156.557
    Кога бившата и сегашната девојка на другар ти,кои взаемно не се поднесуваат,не пак тебе, си ги лајкуваат сликите... дефиниција за лицемерие.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Конечно се убедив и си докажав себеси дека со разговор можеш да решиш се`.
    Луѓето често забораваат дека говорот е нивно најмоќно оружје.
    Еден искрен и убав разговор може многу повеќе да помогне отколку расправија, сокривање на чувствата и мислите...

    Вчера, после долго време, се видов со најдобриот другар, разговаравме и повторно го вратив назад. Ми недостигаа деновите кога му кажував се` за мене :)
    Ме изнагушка за целото пропуштено време :sun:
    Разговарав и со уште една личност, ги средивме работите... Си кажав искрено и отворено што сакав, ме разбра, го разбрав и јас него. :)
    Комуникацијата со мајка ми значително ми се подобрува во последниот период.
    Среќна сум. :)

    Разговарајте луѓе, употребете зборови наместо да молчите. Не дозволувајте да ги губите блиските поради гордост. Кажете што сакате, а што не сакате, луѓето немаат способност за да читаат мисли. Не дозволувајте горчината да ве надвладува, испразнете си ја душата... :)
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Мислам стварно не ми годи ова време,стварно...
    Како да се опуштиш кога денес ме занесе ветар.
    Сретнав една пријателка денес и добив неодоллива желба да земам чупалица и да ја средам.
    Ми прегоре хард дискот на лап топот.
    Вчера правев ручек цели 4 часа.Ми се смачи пред шпоретот.За се да се изеде за 15 минути.Затоа денес воопшто не готвев.
    Се повеќе мислам на мојата вистинска мајка?Зошто ме оставила?
    Ме прогонува бившата работа.Сонувам сонови со бивши колеги и колешки кои ми ја јадат душата.
    Ме прогонува насмевката на таинствениот ,ех...[​IMG] :D
    Децава книга не фаќаат,се прашувам да не ми ги замениле в болница.
    Мојава појака половина отиде на лов.Само што ќе улови сиромашкиот тој,се прашувам??[​IMG]
    Успеав да слистам 2 литра кока кола денеска,нема да ми се повтори ,ветувам [​IMG]
    Не знам веќе што ми и што не ми е...
     
    На kravce, julie77, marama и 20 други им се допаѓа ова.
  19. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    sakam :sun:
     
    На Glossy-girl и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Одлучив да ги одложам обврските и да имам еден викенд со тотално непродуктивно лежење и дремење, превртување во кревет, прошетка од кујна до дневна, правење мускулчиња на рацете стрикно со отварање и затварање фрижидер по неколку пати.

    :?: :lol: :lol:

    Долго го немав ова, ми требаше.

    Не знам кој со што се наградува ама јас дефинитивно денес си освоив премија :?:
     
    На Doozy, Noemi и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.