Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ах што си сакам острови, плажи, мориња, ах.... :angel: милина, рај за очи, одмор за душа, какви убавини имат земјава, да му е жал на човек да стапне на таквите места :D Ми се полни душава кога ќе видам такви убавини :angel: После сите прашувале дека е рајот? Ете го на лице место :D
    Ем видливо, ем достапно за луѓе кои имаат пари, секако, а иначе може и да си гледа човек :D
    Не можам да одолеам на вакви нешта.
    И така да си кажам јас, оти така ми текна :emo:
    Убаво е да се летка со паметот, плус бесплатно :D чат - пат ради рекреација, само што реалноста знае да не врати у реалност :D :wasntme:
    Ај нека се стопли времево , оти очигледно фали :D
     
    На bittersweet, Someonespecial и ilipili им се допаѓа ова.
  2. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    СДК форумов ми стана опсесија.
    нема ден да не се укл и дапроверам што има новоо или дане прокоментирам..:)
     
    На Someonespecial и sweettwist им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Спастрив едно големо пакување пуканки. Па како да ми беа малце уште едно ама благи овојпат. Па сега испив два литра сок. Па уште и си кладов чај да си сварам. И мислам... Се тоа нервози ме маваат :sweat:
    Се мислам, се врткам, се штурам, и тууууутуруутуууу, сфаќам што ме парка :headbang: (од поодамна сфаќам де, ама сега се изјаснувам)
    Јас уствари сум ти една чудна вештерка, која мисли оти е добра и наивчичка, а уствари е лоша, која сака да сака, ама повеќе да ја сакаат, копнее по нешто кое одамна се случило, и треска зелени од љубов и за љубов. Да, јас патам од љубов и за љубов. Тоа што некои го нарекувате кариера, кај мене е подвлечено ама во оној друг контекст. Она што сите сакаат да го изживеат, јас го поминав, па сега тапкам во место желно чекајќи. Копнеам бе. Патам од самотија и на пет минути. Се нервирам и кинам живци и за еден час. Трпки ме лазат и за една вечер. Да, јас, ние, немаме табиет да одиме еден без друг било каде. Освен на мочање секако...дури и последново некако променливо...
    И сфаќале или не, јас сум исполнета. Комплет, со големо К. Љубовта не е фиктивна, не е ниту себична, не пак расипана или тажна. Таа е одлична. И секоја караница ми е уживање. Зошто пуштањето на неговите прсти низ мојата коса се најслаткото нешто и покрај сите грдотии од зборови. И она на што ми притекна сега, ми ги влече усните, ми ја полни душата и ми ги набрекнува градите. Љубов еј. Кога сфаќаш оти небитно години, а фала богу добро ги отседав кај мама и тато, ти недостига ноќ под ќебе и караница за лош ручек. Е да, неповрзано тропам, неповрзано мислам, зошто мислите ми се во неговиот скут. И, Сакав да Кажам, сакам да се мажам :wasntme: Сакам да сакам, сакам шо ме сака, сакам да бидам „ и во добро и лошо“, сакам да ме кара кога шетам по комшии :angel: , сакам што едвај чекаме да помине лето. Е после ќе ме видите...како се жалам! :rofl:

    И во суштина, муабетот ми беше, а бе убави она пуканкине на Oops! За 20 денари, цела вечер ќе гнетиш! :^)
     
    На bittersweet, kravce, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    За да сфати некој колкава болка ви задава, најдобро е со негов чекан по негова глава..
    Да се однесуваш кон тој што те повредува исто како што тој се однесува со тебе..
    И во никој случај да не попушташ, убаво ме учеа постариве, ако му попуштиш барем еднаш на човек, прости се после... Џабе ти е се. А во последно време, со кој и да било повозрасен човек да се сретнам, ми го повторува истово, онака без причина, како некој знак да ми е ова.

    И што суштество ме створи вакво Господ, да не можам лутина да држам и да им простувам на сите што ми згрешиле без разлика колку ме болело, за миг... Многу сакам да сум во кожата на оние кои држат лутина и не забораваат преку ноќ кој колку им згрешил, таквите повеќе успеваат.

    А кученцево, игра околу мене и одвреме навреме натажено ме гледа. Знае дека штом ја наведнам главата нешто не чини.
     
    На kravce, julie77, HoneyBun и 10 други им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Убава вечер поминав, со интересни луѓе.
    Да, на почетокот не беше интересно додека беа „другарите“ на славеникот, после кога ги набрка, откако се изнанервира славеникот интересно беше.
    Игравме, пеевме, колку нови песни научив „Кап кише у океану, за кафану на Балкану“-од една, од друга „Дигни ме пао сам, што имам дао сам, други су моју попили сречу“, добра сум, а? :wasntme:
    И така, се договоривме нареден викенд исто друштво да си правеме журка 8) (кешки биде) :D
     
    На tweety26, Jagoda123, Stoimenovska и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    СДК дека си поминав прекрасна вечер со другарките. Гледавме Бубамара ( не е битен поводот, битно да се дружиме 8) ) , јадевме, се смеевме, уствари јас се пресмеав, уште стомакот ме боли... Немам што многу да ви кажам. Прекрасен викенд, само и за учење да немав, ама и тоа ќе помине. Еве го кај е мај, тој брзо ќе помине и ќе дојде распустот. Со душа го чекам. Друго немам што да ви кажам, среќна сум. Само тоа сакав да ви кажам :*
    Е сега се ви кажав... :tmi:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Знаете што е онака факинг премногу тешко? To walk away from someone when all you want to do is hold him... - the hardest thing. Навистина е ужасно.. онака си тргнувате накај дома и се леат солзички...
    Десет дена веќе се труди, се обидува да допре до мене, да почнеме полека, нов почеток...
    И додека срцето ми вреска оди оди оди, паметот ми вели застани, почекај, дали болките што си ги нанесовте ќе поминат, дали овој пат навистина ќе е поразлично, мислиш ли дека ќе успеете да се изборите со сите фактори заради кои до сега врската пукаше, дали има гаранција дека овој пат е тоа тоа? ... и застанувам, плачам, се нервирам, ама издржувам некако да не го спуштам целосно оклопот и да не покажам слабост... и одново раскрсница, по не знам кој пат, и за прв пат не знам што ќе сторам, не знам каде ми е главата, не знам што да мислам... го гледам во очи и гледам се што имавме, го гледам денот кога се изгубиме, ги гледам проблемите со кои ќе треба да се соочиме и вагата е на половина... нит таму нит таму.

    А што е уште потешко? Па со никој не можете да зборувате!!!!!!!!! Да им кажам на другарките, ќе ме обесат на некоја бандера и ќе ви праќам поздрави од таму... И кажав само на една што секогаш навиваше за нас зошто двајцата не познава и знае што чувствуваме. Кога ќе подразмислам само таа и еден негов другар што не познава двајцата добро сака да сме заедно, друг апсолутно никој.

    Неговите блиски сметаат дека јас не му носам среќа, моите блиски сметаат дека тој не е доволно добар за мене додека јас не знам што мислам. Јас сум глупаво дете што има 20 години и не знае што да прави...

    И кога не одат работите во животот не одат. Кога ќе почне едно да се руши, тогаш се се руши. И веќе гајле ми е.

    Овој татко ми си има една мана(да беше една)... мисли дека ако ми се дере се плашам. НЕ. Значи не. Ме иритира тоа. Јас не се дерам, малку го повишувам тонот колку да се знае дека не зборувам баш рамнодушно и кажувам што имам да кажам... толку е. Додуша претежно и не се ни расправам ако не вреди, ќутам додека работите тотално не излезат од контрола. Да се немало граница, па уште кога ќе каже нешто навредливо... е не може, не татко... што сакаш биди ми имај контрола врз себе и тоа што го кажуваш. И не знам што по ѓаволите си мисли, дека на 20 години луѓето немаат проблеми? Дека уште сум детето кое ќе го казни или ќе му повиши тон и ќе трчам у соба од страв? Не. И подобро за него да е горд што има ќерка што застанува позади своите размислувања... ако не е горд, негово си е. Денес сите нерви ми ги извади така да гајле ми е што мисли моментално.

    Трпи трпи трпи трпи... трпана ќе се прекрстам. Жими се некогаш ми иде да земам на цел глас да почнам да им се дерам, се да им кажам на сите... буквално да не ми е гајле колку и дали ќе ги боли и да не пазам да не поминам граница како што правам секогаш само за да не повредам некој многу. Некогаш се ми е преку глава ама стварно.

    Онака од срце посакувам... да можев да ја turn off humanity, аошто и покрај се, и покрај тоа што не сум крива, и покрај тоа што правам се што ќе ми речат, и покрај тоа што сум тука постојано, и покрај тоа што се грижам и пробувам се да сфатам и разберам, и покрај тоа што за НИШТО, апсолутно за ништо не ги осудувам луѓето, ниту пак родителите, се пробувам да ги оправдам зошто секој заслужува да е среќен и сите сме различни карактери и темпераменти, и покрај тоа што секој е*ан ден се трудам да сум добро човечко суштество што навечер сака да спие со мирна совест... јас пак ќе заспијам со плачење.

    Понекогаш едноставно се чувствувам дека не можам повеќе да издржам... не можам повеќе да го чекам тоа сонце да огрее во мојов живот и да осветли барем едно мало поле, барем еден скапан дел да тргне како што треба, барем за едно нешто да можам да се насмеам да знам дека е во ред и да не се плашам...

    I'm not broken... just bent.
     
    На AnaKarenina, Deemy, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Требаше да биде мирна и добра саботна вечер на која ќе се опуштевме со другарка ми но наместо тоа добивме Саботна авантура..
    и така и така не ми се излеваше али ме натера...бевме јадевме и излеговме низ ценрат и ја ти едно куче у сред центар голем пуштен германски овчар и јас се плашам од кучиња и почнав да бегам да трчам и кучето по мене и то човекот наместо да го викне си се смее.. и во едена продавница ко упаднавме продавачката се исплаши..и потоа отидовме на доле и ја го човекот со кучето пак ..и тоа па почна да трча по нас..така сум нервозна и на него пукнав(се истирив)..и му викам знаеш ли што ќе биде ако те пријавам знаеш или да ти кажам за да дознаеш и ми вика не ми можете ништо . ем шуто ем боде....ме фати инат го пријавив и иде полиција и ми вика и јас кажувам и му го зема кучето и вика што мораше да го направиш тоа..епа ало не ли ми рече не сум ти можела ништо еве па не сме на планина...па не дај боже некое дете да потрчка кучето ќе се исплаше детето и што ќе биде за дека си после ..
    Не незнам кога ние ќе се научиме на ред...
    Германски овчар пуштен во сред центар и го така слободно си се шета...епа ова никаде го нема освен во македонија...
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На La.Reina.Del.Sur, stetoskop и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Мислам значи постојам! Па од каде излеговме 2 милиони македонци кога главите ни служат само за фризури.
     
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Единствена шанса... И ја уништив.
    [​IMG]
     
    На zhap4e и MandyLane им се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Денот од убав поубав не можеше да биде.Дома луда фамилија или речи Адамс Фемили :rofl:.Еден се ќези,друг пее,трет се чуди :D Цел ден се смееме,па и попладнето на блашко и лимонадка со Дивајнче ,ќе почниме со диета наскоро ми се чини :wasntme:па и стомакот ќе ми пукнеше :D ,од смеа :!: да се разбериме .Ги сакам ваквите деној кога се е само во смеа ,убави моменти и расположение каде што се чувствува љубовта,светлоста,надежта.
    Следува малку бурен период,но за убаво е ,растрчана наваму натаму,пред големо прашање за мојата иднина.Се надевам дека овај пат се ќе излезе како што треба, дека барем еднаш нема да се разочарам и ќе бидам маалку среќна и исполнета,не барам повеќе. Не кажувам ништо повеќе за да не си кудам на самата себеси,поарно ќути си и трај си како што си прават некои и сто пати им е подобро од нас наивните.
     
    На kravce, Adi888, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  13. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Денес од сабајле напната нервозна од се и сешто :@ :@ . Ама како што викаат постарите крајот го краси делото... Па еве јас да ви кажам дека на крајот од овој ден јас се заљубив... :P :inlove: :devil:
     
  14. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Си се средив јас убаво да си излезам, кога ете ја мајка ми почна со нејзините. Мислев дека се сменила. И дадов шанса :!: , ама џабе е.
    И излегов на крајот, дотерана, со кратка коса-нели нова фризура имам де.
    Било како, не беше интересно. Градов станал полн со простаци. Се туркаат постојано во тебе, не се културни, груби се. Младината е со минич до пич, деколтиња, тринаесет годишна се мува со триесет годишен... бла, бла, бла
    А јас, јас го направив тоа што го морав.
    Сфатив многу работи, вака требало да биде.
    Не, не се каам. Еднаш мораше да се случи ова, подобро сега да е, отколку на триесет години.
    За петнаесет часа ќе му бидам во прегратка. Ќе бидам безбедна...
    Едвај чекам. Не се враќам веќе дома, најискрено :)
     
  15. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Воздух е тоа што ми треба. Чист, свеж.
    Ме гушат луѓето. Како триста раце да се испреплетени околу мене и влечат!
    НЕ МОЖАМ луѓе разберете ме! Не мо-жам!
    Длабоко вдишување.
    И пак се е исто, пак нема воздух. Едното око полуотворено, другото полузатворено.
    Баланс.
    Кој ли по ѓаволите крева ролетни во глуво доба!?
    Во ред сум. Во ред ќе бидам.
    Дизбаланс. Длабоко издишување.
     
    На kravce, zhap4e, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Оној кој постојано се смее и изгледа среќно, е всушност оној кој секоја вечер заспива плачејќи..
     
    На Umbrella22, Elichka и sunfemina им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Луѓето се опседнаа малтене со глупости. Значи, колку треба да си идиот за да се самоповредуваш себеси со нешто што знаеш дека ти предизвикува бљуткаво чуство?! Не можам да сфатам и нема да сфатам. Или само себично, не сакам да сфатам. Не знам веќе.
    Изгледа сите не привлекува идејата на некој кој пати, некој кој треба да се тапша по глава и да се сожалува, а уствари контам дека самите си го предизвикуваме тоа „патење“. Човече, нешто кога не ми се допаѓа, не му се ни приближувам, камоли да зборувам за тоа и да ги трујам останатите со часови.

    Друго, се прашувам, зошто секогаш најглупите луѓе се толку бучни? Се нешто имаат потреба да ти докажуваат, да кажуваат, да се гласни, да се, да не речам центар пажње. Хм.
    Абе ти и контраш нешто, затоа што сфаќаш какви глупости лепи на тапет, една по друга, а она унесена у својот монолог кој ќе си го истера до крај па макар задњи и бил.
    Креваш раце, си одиш од собата и уште и го слушаш писклавиот глас како си кажува. Си викам, си напраи муабетче а? Па не ти е ни потребно да имаш публика. Или?

    Она моено, црноно, (нунуну ќе му го грицнам носето убаво) ми мумља нешто фино,....абе идам у кревет и тачка. Што се замарам и јас?! Феминава ми е некогаш издувен вентил. Мајке ми. Log in. Пиши си. Log out.

    И така. Си напраив и ја муабетче. Само се надевам некогаш кога ќе бидам напорна, луѓето ќе ми го кажат тоа, за да си знам, за сопствени граници. Јас барем ако ништо друго, перцепирам и она што останатите ми го велат. Како инаку би се трудела да бидам подобар човек?!

    Море само убавините треба да се перцепираат ... а ова другово... (го правам потегот со рацете од Friends) Ако ме разумеш, мачко.

    Журкава беше надвикување со глупи луѓе. Односно со една глупа, особа А. Што би рекол Оливер Млакар.
     
    На ljubam, Shelea, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Јас како и секогаш што си ги запишувам убавите моменти тука, така и сега. :rofl:

    Па немам друго нешто, паметно да кажам, туку едноставно, јавно би му се заблагодарила на Бог што го имам него покрај мене! :l:
    Тој, кој до болка ме сака!
    Вечерва така милно ме галеше цело време, ме гушкаше, ме следеше со поглед полн со љубов!
    "Те љубам"- ми вика. А јас му реков само: "Чувствувам!"
    Зошто навистина чувствувам, а знам дека тоа е обострано.

    Проклето чувствувам колку сме еден за друг!

    Ахх, ќе си припукнам од љубов! :l:

    Добра ноќ! :*
     
    На bittersweet, kravce, ilipili и 26 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека стварно незнам што да мислам за девојките што сакааат нивните момци да ги третираат како да им се деца,па ти кажуваат оваа јакна не ти е добра ке си ја земеш оваа,овие чорапи нема да ги носиш ке ги носиш овие,стварно не сте ми јасни,вие сакате да има маж покрај себе или деца и да изигравате мајки,секакви не има.
     
  20. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк ми треба некој човек што ке ми ја каже инднита и да ми олесни еднаш!
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.