Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    сдк љубовта прави обичниот ден да стане необичен. :)
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Нешто што знае од старт да ми го укака денот, да ми создаде револт и нагони да искршам се пред мене се ненајавени гости - и тоа во 9 часот насабајле во недела! Да не се разбереме погрешно, јас обожавам гости, сакам куќа полна со луѓе, смеи, трачеви од типот рекла казала, па уште ако се погодат и од оние ,,куќните'' знае да падне и по некое превкусно рецептче направено - ама во недела во 9 саат сабајле, сириоз?!
    :|

    Добро бе, па се фалите телефони по 2 у џеб дека имате, картички од сите оператори, интернети и што ти знам јас, и на крајот пак не знаете да пишете барем два збора, да се најавите дека ќе дојдете и останувате неми до крај. Не барам реферати, објаснувања разно разни и претерување на муабети, него кренете телефонот и кажете ние доаѓаме тогаш и тогаш, бидете дома. На Скајп се имаме - пишете и таму, ќе видам - ќе се договориме без проблем. Нели се фалевте со роднини од Острелија сте се гледале на Скајп по цел ден, а сега останувте неписмени.

    Не знам за другите, ама јас кога ќе станам за време на викенд или ден кога сум по цел ден дома сакам да си одвојам барем пола саат минимум од кога ќе станам - само за мене, утуткана во ќебенце, со некоја квази емисија на тв или Антонио со неговите рецепти и крајно иритентен глас на Канал5. Па лагано, без брзање и разно разни напетости да си проверам новости, меил, да видам кој каде бил вчера - да разгледам слики и испитам ситуација :D, па откако ќе завршам се - може денот да ми почне со обврските.

    Значи наравоучение :D, секогаш, буквално секогаш кога планирете да одите кај некого на гости - најавете се! И никогаш, потенцирам: никогаш не одете рано насабајле за време на викенд, има луѓе што сакаат да поспијат! Преформулирајте го ова, испринтајте го на мали ливчиња со голем фонт, залепете го со магнет на фрижидер и читајте го по три пати на ден како Оче Наш.

    Тенкс фор д атенш!
    Чиао а тути, чиао рагаци, мерси боку, видимо се :D.
    Ајде чао!
     
    На 1209, sesilija, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Бранко Ѓорчев беше и остана најдобар директор на Драмаски театар почивај во мир! ;(
     
    На francais, Libera, honorthyself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вчера запознав феминка.
    Благодарам фемина што ми овозможи да ја познавам.

    :bow:
     
    На francais и 1209 им се допаѓа ова.
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Некогаш имам потреба само да се свијам во нечија искрена и топла прегратка, да се поплавам во своите солзи создадени од неспокојот, тагата, безизлезноста...без да мора да изустам збор зошто не можам да искажам што се е собрано во тие капки, без осуда зошто сум дозволила да се слеат по моето лице и без грижа на совест дека сум покажала слабост пред некој што во некој следен момент би можел тоа да го злоупотреби за да ме повреди.
    Ах, колку само посакувам да имам барем една таква личност покрај мене...

    [​IMG][​IMG]
     
    На anabel-a, lunicka, CoverGirl10 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.466
    Пол:
    Женски
    СДК даде Господ се најмило да им погине на оние ненормалнине по Азија што им го прават тоа на кученцата.Како можат да ги јадат...како можат да...немам коментар, ги гледав сликите и срцето ќе ми излеташе од нивните тажни очи.Ништо арно да не видите мизерии живи.Амин.
     
    На BoaVista, kravce, Dee и 8 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^1209 обожавам кучиња, премногу ги сакам, ама искрено кученцата не се нешто повеќе од свињчињата, пилињата, овците, рибите и се останато што човекот го убива за да го јаде. И не е оправдување дека Бог ни го одредил тоа да го јадеме, совршено може да функционираме и да бидеме здрави па дури и поздрави ако не јадеме месо. Не се само кучињата греота. Муслиманите не јадат свињи, Индијците не јадат крави и телиња, ние не јадеме кучиња, ама за свинско и пилешко сме први. А да не правам муабет па за дивечот, па од зајче и срна ако има нешто по греота ... :x
    А идиот сум, јадам месо да биде потрагично па дури и го обожавам :(
     
    На BoaVista, kravce, la-chicka и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^ Во право си, но, изживување врз нив? Дерење на живо и така живи фрлање во катран? Синоќа гледав слики од тие азијците.. Не е во ред. Да поминуваат безболно кутрите животинчиња нека ги јадат, дерење на живо, горење во катран, изживување.. Да имам пушка жими се не би размислувала да се прави сето тоа пред мои очи.
     
    На la-chicka, ilipili, ljubam и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ох, сум заборавила како е да се разбудиш мамурен :D Wow :tmi: Вчера си дозволив некоја чашка повеќе и убаво ми беше да ви кажам право. Прво кафанче, па диско, па кога сум се разденсала, абе... Многу убава вечер имав вчера, преубава! :)
    ~~~
    Мајка ми спрема ручек и прави супа, пилешка :inlove: Нема нешто што повеќе сакам од домашна пилешка супа, од нејзината пилешка супа :) Уствари, јас сум човек што обожава секакви супи и чорби, ептен сум по такви работи, дури повеќе и од храна :D Кај мене дома не се седнува на ручек без супа, било каква :) И не само што ги јадам, туку знам и да ги приготвувам. Специјалитет ми е крем супа од зеленчук, кој пробал знае, а кој не пробал - нека му течат лиги :D

    И така ви викам :D

    Вие добри инаку? :D
     
    На bittersweet, kravce, Angy.g и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Демек работам на случајот да го тргнам салцето од стомакот па јадам по еднаш на ден.
    Трчам, по малку вежбам, чат пат по некое овошјенце знам да кркнам ама пак сум гладна бреее..
    Никогаш олку на храна не сум мислела. :tmi:
    Сита сум едно 4-5 саати по ручекот, а потоа мислам на се и сешто цееееел ден..
    Благо, слатки, превкусни пици, тестенини, печени кокошки, компири.. .
    На крај сонувам како седам пред огромна трпеза полна со најразлични јадења, а јас ждерам ли ждерам.
    Околу устата се правам целата со храна.
    Држам во двете раце различни јадења и наизменично ги вкусувам.
    Подмижувам со очите, воздивнувам и успевам само при секој залак во устата да изговорам по некое Ммммм..
    Диетава е пекол за мојата психа..
    :!: А јас толку многу си љубам храна.. :?:
     
    На kravce, mims-89, Lemonade и 15 други им се допаѓа ова.
  11. angie.ley

    angie.ley Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    СДК дека самошто го потрошив времето гледајќи еден глупав филм... али шо даа се прави тоа е не се многу нервирам :devil:
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Уште една опуштена недела и после пак ќе почнат тестовите и стресовите. :|
    4 теста и еден проект. :sweat: Ама ако, далеку е. :D
    Оваа недела ќе си се одмарам па колку сака нека ми се натрупа. :lol:
    Таква сум си јас, секогаш максимално морам да го искористам периодот без тестови за опуштање. :$
    Не е баш ни tomorrow, уште покасно е али ај. :lol:
    Long live procrastination 8) :D

    [​IMG]
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ма треба со закон да се забрани малтретирање на животни, а не пак да ги јадат.Хаос е во светов ни ред, ни ништо.И после како да не се смеам на оние работи како демек ќе се уништел светот? Сами себе се уништуваат и се околу нив, после истите тие ќе зборат за љубов,добрина итн., а не се свесни што прават, у кома се со години.Нив да им ја дерат кожата полека, да видат како е.Здраво било месото па затоа ги готвеле живи? |( Се е испомешано во светов, ни вредности ни ништо, после онаму реклами, проекти незнам што за подигнување на свест |( а позади грб, колат кучиња, тепаат мачки,се изживуваат со животните, ама битно за пред јавност се е сјајно, абе од пусти сјај очите на човека ќе му ги извадат |( За да го променат светот, самите треба да се променат, а оние поединци кои ги знаат вистинските вредности, не можат ништо да направат, ако нема истомисленици како нив.
    А според оние работи за почитување, добрина, ма поарно нека не ги зборат, рекламираат каде стигнат.Човек ако знае да почитува некого, да сака, да биде хуман, ги знае вистинските вредности во животот, нема да уништува се, а ниту ќе се декларира себе си како добар.Ама сите тие се декларираат како добри, помагаат, а ко ќе треба никаде ги нема, ни под дрво, ни под камен.И мислат се што прават лошо не се гледа, ма тоа од авион се гледа, само незнаат.
    Ех што прави пмс, се на тапет, се е мета, ајт :D :wasntme:
     
    На ilipili и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Чувставта ми се испомешаа повторно :| .Незнам како ке се изборам до крај овој пат ама....... :|
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Колку е волшебно кога околу тебе има расцветани булки, ниви, пространи ридишта. Од сите страни слушаш гласови на јагниња и лаежи на кучиња! Сето тоа мене ми го нудеше селото на татко ми.
    Љубовта кон таквиот начин на живот, како и љубовта кон хајкингот ја наследив од него.
    Потпишувам дека тоа повеќе ми лежи на срце него ли искачањата по дискотеки.
    Го чекам брадосаниот за да одиме на јуфки :rofl:.

    Сакам да им пратам прегратка на сите кои чувствуваат беспомошност.
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      10,2 KB
      Прегледи:
      400
    На bittersweet, Serafima, Shelea и 5 други им се допаѓа ова.
  16. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    СДК ова е еден од тие моменти кога осеќам како да немам никого на овој свет. Тоа е моментот кога сознаваш дека луѓето на кои си им верувал и кои ти значеле те напуштиле сам кога ти е најтешко.Тоа е моментот кога сфаќаш дека можеби имаат право кога ќе кажат дека не постојат вистинските вредности денеска. И мислејќи го сето тоа ,едноставно се разочаруваш...
    Си очекувал повеќе, си добил помалку.
    И искрено понекогаш се замислувам и размислувам дали можеби јас премногу правичност барам во денешно време? Кој и да прашам кажува-денес ништо нема да успееш ако не си дволичен,ако не си користољубив,ако не знаеш да поќутиш кога имаш корист.И за жал дури и мојата едиствена мајка која не ми мисли ништо лошо ми го рече тоа. И секако не можам да кажам дека имала лоша намера,само можеби дозволила мал број на луѓе да ја разочараат за да размислува така.Едноставно не оставила да се покажат другите луѓе.
    Но,кога ќе размислиш подобро каква корист имам јас од тоа што допуштам на луѓето да се покажуваат,мислејќи дека ќе се појави некоја личност на која можам да и верувам?!
    И знам,не сум јас цвеќе за мирисање,кога некој ќе ме разочара што ми значел знам да побарам подршка од сосем трета личност ,што подоцна сфаќам дека е сосема грешно..Но,што да правам.Во овој голем свет се осеќам осамено,а сепак не сум сама.
    Дали премногу барам,дали сум јас таа која нешто греши заради тоа што бара правичност и не потклекнува на мислењата на другите..Или можеби сум грешна што повеќе пати сум инат кога мислам дека за нешто сум во право,или можеби заради тоа што делувам како мека личност на почетокот од запознавањето кога сакам да помогнам на некој...
    И уште ова.Не знам колку пати се случило да влезам во кавга за некоја другарка каде што јас немам никаква врска ,и на крај јас да испаднам крива? По долго време таа истата ми кажува како не сакала другарка како мене.ОК! Тоа е тоа,само со ова темпо јас не знам уште колку ќе преживеам.
    Веќе со денови имам силна болка во градите!
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Сдк дека денес е 23 годишнина од свадбата на моите.Ланската година беше нешто подобра финансиски па бевме на вечера но оваа година ја прославивме во домашна атмносвера ние четворица со богата трпеза.
    Имаше од се по нешто. :) Сакам да кажам дека ме исполнува домашната атмносвера , дека си го сакам семејството и на мајками и татко ми им посакувам уште мноооогу многу години да се заедно среќни, весели, заљубени и само убавини да им се случуваат во животот, да се гордеат со себе , со двете ќерки, и сето тоа што го постигнале во животот. :$
    Сив и ладен е денот но убав датум е. :inlove:

    Имајте убав ден :*
     
    На anabel-a, la-chicka, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  18. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека многу ме боли а не трегба...Како може некој да е дотолку ладнокрвен ...Уште не сум ја научила лекцијата ...дека едноставно ако можат ќе те искористат и ќе те фрлат....О боже, не научив и не научив....а јас уште работам со чувства...и како вака....Ајде не е очај работава...Кревам глава горе груди напред и шибам....Доаѓа нова ера во која ќе чекорам погорда и посамобендисана....Така треба очигледно пошто лепотата оди со таков однос....Убава и добродушна и искрена не држи цена денес....Ама зашто ме боли....Откаде ова...
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба работа, значи сите огласи ги видов и нема ништо, сите пријатели, другари ги ангажирав, ако дознаат нешто да ми јават, но ништо, скоро година и нешто откако сум без работа и дома се шекнав, неможам постојано да барам од мајка ми, затоа штом има шанса таа ми подговара. Не оди ова вака морам да најдам нешто наскоро затоа што ќе полудам ;(
    ~~~~
    Проклетава далечина ме убава, сакам да сум постојано до него, само тој знае да ме смири. Посакував да можам засекогаш да останам во неговите прегратки. Сакам да е до мене сега, во моментов. Премногу ми недостига :doh:
     
    На zhap4e, bluegirl7 и pamelche им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.240
    :^)
    А што ќе правиш со пушката, луѓе ли ќе отепуваш?

    Не е тема на разговор вредноста на едниот или другиот живот.

    Ме чуди двојниов стандард, ќе го убиеш оти е убиец и ја нарушил светоста на еден живот, а со постапката и ти посегнуваш по туѓ живот.
    Он нели бидејќи верува дека е тоа нормално така да се прави, да дереш отепуваш животинче, а ти бидејќи секој убиец треба да се линчува.

    А со таа постапка што би била ти?
    Кога би се заврши тој магичен круг на убиј го убиецот?

    Јас би рекла едукација на целото население и соодветни казни.
    Во однос на азијатскиве земји да не заборавиме дека тоа се сосема поинакави опшетства со други култури и навики на исхрана и живот.
    Нашиот западно европски стил на живот не допира така лесно до нив.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.