Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Велат дека човек бара совет само кога го знае решенето, ама не му се допаѓа. Јас пак, и да сакам да побарам совет не знам како... Не знам како да се исповедам, како да кажам што ми тежи... Не знам... Се плашам, се плашам од луѓето околу мене, ја немам довербата во никого. Се градев да бидам цврста, самостојна. Јас бев таа на која сите се обраќаа за совет... И сега паѓам, се губам позади ѕидовите што сама си ги поставив. Не се исповедам никому за да не бидам осудувана, не барам совет за да не почувствуваат дека сум слаба. А на крај, сепак и јас сум само човек... и не знам уште колку ќе можам да го издржам лудилово...
     
  2. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК, карта за Iron Maiden - Загреб 31.07.2013 - check! :wasntme:
    На 01.08.2013 за мене повеќе ќе нема причина за постоење :D
     
    На kravce, mims-89, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    постои едно стакло на кое можеш да си го видиш лицето пред да излезеш од дома-се нарекува огледало ама очигледно е дека некои девојки не знаат да го применуваат :fubar:
    ставила еден тон пудра на лицето а отоздола се познава дека има акни на цело лице а убава девојка, па наместо да ги прекрива подобро би било да отидена дерматолог, козметичар и да ги третира-ме инспирираше една сопартијка прееска
    најдобро од сите знам како изгледа да имаш такви проблеми-на пракса повеке од третманите за лице беа со тој проблем и навистина ми е жал за тие девојки :worried: и се препорачува баш пудра ДА СЕ ИЗБЕГНУВА :!: од причина што не може кожата да дише, ама девојкиве паметни не слушаат :x
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Јас сум политички неопределна и не ми смета тоа. Ама околината понекогаш чудно реагира на тоа. Како демек да си неопределен било полошо отколку да си за едните или за другите. Ако си за другите ќе игнорирате политика и ќе разговарате на други ‘‘безбедни‘‘ теми, ако си за нивните ќе разговарате само за политика. Ако си неопределен не знаат на што се со тебе, дали ќе критикуваш споменици или ќе фалиш се живо што се изградило, зашто се гради! Да се биде неопределен не значи да си изгубен меѓу мнозинството што се мразат, значи да мислиш со своја глава, сам да ја осознаваш вистината. И да, неопределените се страшни зашто можат цела идеологија да ти ја срушат со една интелектуална мисла. Можеш да носиш и црвено и сино, и жолто и портокалово без грижа на совест. Ако ја критикуваш сопствената земја, тоа не значи дека не си патриот, туку дека искрено ја сакаш и почитуваш и сакаш да биде подобра. Политички определените пијат кафе и јадат во одредени локали, излегуваат во одредени дискотеки, се дружат со одбрани луѓе, се знае на која тв се гледа вести, кој се прифаќа на ФБ и се ограничуваат во нивниот свет. Па добро луѓе да не дозволиме да бидеме современи Монтеки и Капулети!?
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ох колку мрзлив викенд. Надвор интензивно заснежено, јас со лаптоп во кој се симнаа сите сезони од Пријатели. Премногу мафини затоа што пропадна ручекот имам дома и го злоупотребувам тоа како никој. Да станам, да тропнам со нога и да кажам од утре нема лабаво. Еве за пет минути. Уште оваа епизода и толку. Ни Оскари ни ништо немам желба да гледам вечер. Освен Пријатели да се повторам.

    Се пронаоѓам во оној делот ...when it hasn't been your day, your week, your month or even your year...Но се знам себеси. Ми треба ова уште денеска и од утре ќе си ги пособерам сите делчиња од оваа странска сложувалка, со тешки маки ќе се спакувам и ќе го дочекам Скопје за заедно да почнеме едно ново поглавје. Ќе ги искористам последните неколку дена за тивко уживање тука и така.

    За денес ова
    [​IMG]
     
    На anabel-a, mims-89, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Колку голем малер треба да си,да ги помешаш имињата од брати и бившиот во телефонскиот именик ?
    Верувајте многу.
    Па прво титкаш и чекаш да ти се јави
    и така му кревам јас на бившиот(со кој не контактирам) мислеќи дека е брат ми
    Кај си бе му викам ,долу ?
    -а од другата страна слушам,не чаршија
    -И уште се дерам ШО бараш бе чаршија не одиме ваму ?
    -Оти ми вика...и некако гласов го перцепирам ама ко да не е бе од брат ми пичкаму
    Чекај бе си викам да проверам да не сум грешка нешто
    Кога видов Ауф мајче претпоставувате </3
    ајде сега да се закопам вземја сакам
     
    На Springy, K.Mari4ka и LittleFairy им се допаѓа ова.
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Шо има полошо од тоа некој да те изнервира и онака баш пријатно добро настроено да ти исклучи на тел и да се прави како АПСОЛУТНО НИШТО да не било?
    И покрај тоа да имаш забрана за дојдовни повици и да не можиш да ги средиш работите.

    Ах куку мении.. Пмс добро си ја врши својата работа. :)

    Тоа е. Денес ич не ми легна дождот, како што знае некогаш.
     
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Пуканки ✓
    Несквик ✓
    Да не ја заборавиме мојата најмека, најубава најперница ✓ [​IMG]

    .. и јас сум спремна за Оскарите вечерва!! ^_^
    #team Django Unchained
     
    На Glossy-girl, kravce, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... оооо, каков утепан ден, ми доаѓа да се пикнам под ќебе и да локам јегери и шутери. Да си пождригнувам, да си го чешкам мевот, и да ја рокнам Северина со Гас гас.
    Новости од повеќе фронтови. За едната, се надевам, сите ќе бидете сведоци за мојата радост ем возбуда, и поддржувачи на мојот лик и дело. :D
    Каква увертира, како покана за митинг, не дај Боже.

    Има ли нешто поглупаво од тоа - жени да си купуваат меѓусебно подароци за 8-ми март? |(
    „Еј, што ми купи ти на мене? А види јас на тебе, аааааааа, повеќе си се потрошила цуци, чекај ќе ти докупам и една тоалетна да се израмниме“.
    На ти го - дај ми го.
    Да се отруе жена.

    :^)
     
    На Mama25, fashionista, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Многу брзо ми помина викендов.Кога беше петок а еве недела.Од утре пак стресови во училиште.Аман.Како и да е супер викенд, едвај го чекам наредниот.И го мразам ова време.Едвај чекам пролет, со душа ја чекам.Еве му текнало пак врне.До кога веке?! Ке издржам уште малку ваљда. Си се радувам сега, вечерва оскарите :inlove:
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    11.633
    Пол:
    Женски
    Ми недостига. Бре колку ми недостига. И плачам, и не гледам, и мислите на момент ми бегаат накај него. Напразно се трудам, кога се познава лажната насмевка.
    Ме спасуваат часовите изминати на работа, се уморувам и навечер кога ја ставам главата на перница, заспивам веднаш. Не мислам на него.
    А што со фазла времето како сега?
    Барем да се извинеше. Барем да можев да ја спуштам главата во ситуацијава.
    Туку...
    Вечер оскари? Ма ја нисам одавде.
     
    На kravce, Waka-waka, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Цел ден си врне....а јас цел ден си учам...
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Колку и да делува драматично, има толку убава поента, баш пред некој ден зборев со некој кој го доживеал ова, и јас сум, и многу се, претежно од деца искомплексирани уште од мали години, каде родителите заборавиле да ги научат што е постоење на друга личност и почит.

    http://www.upworthy.com/bullies-called- ... nto?c=utw1
     
    На zhap4e, Elena-97 и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Малку сум смотана овие денови и дури сега видов дека сте ми честитале роденден во темата. Ви благодарам многу, баш се изненадив. :hug: Ви испраќам парче и од тортата, многу е убава. :mm:

    Вечерва ќе се обидам да ги дочекам оскарите, никогаш ги немам гледано.
     
    На Elennaa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А времево е само да се тупосаш на некој кревет и да се мазиш со вратчето. Кој со што има, некој нека се мази со рачката, некој со перницата, некој со момакот, се' e релативно. :D

    Комшиите моментално готват, не знам што, ама знам дека зградава не е херметички затворена, плус дека не мириса баш најфино, па налет тоа, и ќе ми се пријаде. А замислете па фино да мирисаше? :D Исто знам дека редовно додека си фантазирам на вц-школката (многу сум културна значи), до мене допираат мирисите на цигарите на комшиката над мене, госпожа, фино што истовремено ги тероризираш а сакаш да ги поштедиш од тероризирање и останатите дома, ама не мораш и мене да ми го ускратуваш ваздухот во сопственото ВЦ. Додека си мислам на убави работи. |(

    Скопје не е Скопје во недела, посебно не во врнежлива недела. Сите мирни, смирени, затишје пред понеделничка бура, утре биче ХАОС по автобусите, вирови, калови, чадори, дождови, накиснати чизми, а има само една предност што е понеделник. Не е вторник. :rofl: Тоа значи дека ќе има некој атом плус кислород и фора плус за размножување на претпролетните вирувчиња и бактеричиња.

    Како и да е, овој викенд не ми фали домата. Несвојствено. Дали се презаситив од нив или тие од мене, ама баш фино што малку сум на дистанца. :D Ви викам, ми се пренасочува животот овде. Готово, ќе вадам и месечна како потпис и печат, дека да, официјално повеќе време ќе поминувам овде отколку дома. Можда од страна изгледам како некое дериште кое не се дели од сукњата на мама, јас сум баш спротивна, многу сум самостојна... ама за мене беше и е уште тешко да се одделам од сето значење што го има за мене зборот ДОМА.

    Мојот кревет, моите, баба ми и дедо ми, кученцето, моето проколнато куќиште што го мразам :D , моите другарчиња за кафе и чмаење по клупи, ама се' бе си има значење. Кога пак во животов ќе имам фора да поминувам толку многу време на тоа место? И пак се навраќам на истото што многу ме плаши, цело време мислам на тоа како брзо минува времето, како мора да се живее фул спид, да се шета, да се минува време со саканите, да се забавуваш, смееш, помалце нервираш, едноставно, да правиш убави работи. Спонтано и неусилено. Само така идат убавините. 8)

    А времето си мине, и за обврските, па чистењето, миењето садови и се' по список, така да, поздрав до лепо друштво, јас отидов. Кип колм енд кери он. :D
     
    На bittersweet, Serafima, Ana.Jones и 29 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не бе, ова не сум јас, дефинитивно :D Во живот не сум јадела толку многу, значи не можам да објаснам колку многу јадам, како термит некој сум, што и да видам-јадам, кај да е, моите дома фрижидерот ќе ми го заклучат :bandit: Среќа што не се фаќа ништо на мене, напротив-слабеам. Убаво вика другарка ми, да проверам да не имам некоја дигитална пантличара во мене :D

    Туку, денов-воден. Не само надвор, туку и дома. Што луѓе ќе беа овие од Топлификација мене не ми е јасно.....Пука цевка на вертикала, значи мора да се затвори вентилот за цела зграда за да не се направи беља.....и не го дозатвориле убаво бе! :swear: Идиоти. Па по втор пат доаѓаа. Цел ден базен си имав во купатило. И само што се доведе се во каков-таков ред-се расипа машината за перење и истече цела вода :| Убоо, што да ви кажам ]:) Кога ќе тргне, се' одеднаш се расипува. На цела мака се смеевме со моите, дека од што излезе толку многу вода од кај комшивката над нас, ќе ни падне бабичката на сред купатило сосе WC шолјата и машината за перење :D

    Ме искара вчера шмизлено на сестра ми- „аааа, тета, треба да си ги наракираш ноктите“ (упорно не сака да каже „лакира“ туку “ракира“, иако знае како треба). А неа ја наРакирале со мојот црвен лак, и ноктињата и' личеа на мали шумски јагоди, абе каква е слатка целата да ја изеде човек, па уште со ноктињата кога ја видов :sun:

    Ви посакувам успешна и мирна работна/школска недела :hai: Одам јас да се ракирам да не ме искараат пак случајно. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, la-chicka, ilipili и 3 други им се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    17.133
    Временцето е само да седнеш на тераса и да гледаш филмче.
    Истура, прст пред око не се гледа, грми, светка. Само да не беше волку ладно, или ја да не бев волку настината па само да ми студи, па дури и внатре на 23 степени.
    Имам многу за учење, а во последно време немам ни желба ни воља да седнам да учам.
    Ми се спие, ама треба да се бањам.
    Поточно, требаше, ако не беше некој толку паметен и да ја потроши водата. Сега ќе треба да чекам до 12 да се стопли, или утре со мрсна коса ќе одам на школо. Мислам дека второто ќе биде.

    А него сакам да го видам, само што не е тука.(а да беше па што ќе го видев |( )
    За неколку дена му е роденден, собирам храброст да му се јавам да му честитам. Не дека ми е срам, туку очекувам да ми каже да искулирам, да не го замарам, дека му е постребало моето ’Среќен ти роденден’. Или може нема така. Може ќе ми рече па дека му значи шо сум помислила да му се јавам, ќе биде благодарен. Не го ни познавам за да знам како ќе изреагира. Во првиот ’предлог’ неможам да го замислам, ама се си бидува.

    Туку не беше толку лош викендов. Поточно вчерашниот ден. Цел ден го поминав смеејќи се. Низ чаршија шетавме, па правевме поклон за вечерта на роденден.
    Во киндер јајце внарте пишавме порака за среќен роденден, му боднавме пари, го направивме јајцето пак како да не е отворено. Го ставивме во мало канче од јогурт, па во канче од кисело млеко, па во мала кутија, па во поголема, па уште поголема и на крај ептен голема. Претпоследната ја ’облековме’ во розева танга со срценца и чипка нешо. Битно многу му се допадна.
    А денешниов ден, досаден. Цел ден дома, цел ден тмурен :yawn: .
    За наредниот викенд имаме убави планови, само чисто сумњам дека ќе се реализират. За нив можеби, ама ја чисто сумњам дека ќе можам да отидам да се забављам. Убаво вика брат ми, сама сум си крива, незнам да се спротиставам на препраките.

    Многу се распишував, а нишо паметно не кажав.
    Прво мислев само да ви кажам дека ми е досадно.

    Убава вечер :hai: .
     
    На Elichka, Moira, Glossy-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Заборавам од време на време колку е најубаво чувството додека си пишам пост тука.
    Абе мислите ми идат од сто најразлични правци, сакам да составам читка и кратка, а воедно убаво звучна реченица, ама некогаш од толку брзање што имам толку многу да кажам, а трудејќи се да не разлагам и да тупам, речениците излегуваат подолги, постот подолг, и секогаш има уште нешто плус што сакам да кажам.
    А па во вакви тмурни денови, тмурна и јас, мерак ми е да пишам, ама една пуста мрза ме фатила, додека да го стиснам копчето нов одговор, абе мислам дека две недели треба да поминат...минимум за во оваа тема :)
    Како и да е, еве ме сега, со 'отпор' против мрзата, откако си ја раскренав собата дома, во Неготино, откако се изнаиграв и изморив со кучето и долгите муабети со моите, редно е да ви пишам што ми се случува овие неколку дена.
    Недела а јас дома ќе спијам, прв пат после две години, чувството почудно не може да е жими се, колку убаво толку чудно, се трудам тоа чудното да го поттиснам.
    Зошто? Утре имам предавање тек од 13h, па си дозволив продолжен викенд, со оглед на тоа дека вчера во 13h во Скопје, додека го гњавев дечко ми во тоа дома, згужвана околу него и неговиот врат, спонтано ми дојде желба и носталгија за дома, па пустиот тој, толку е лесен и предвидлив, го убедив со зборовите ПУПА ПИЛЕШКИ ПРСТИ ЗА САМО 70 ДЕНАРИ И ПИЕЊЕ КОЛКУ САКАШ ЗА 100ЧЕ!
    Два дена надвор од метежот, два дена буржоазија, лежење, па јадење пиење, па пак лежење, па денска шема, па ноќна, и се тоа за без пари!
    Само купи ни карти за проклетиот Млаз, кој дури не ни смеат да возат, но во 14h само тоа не носеше накај Неготино.

    Некаде пред Велес, јас разиграна на мобилниот (се заразив, се навикнав, и по цел ден можам да ја играм една игра My Hourse, абе убавини!) си викам дај да не најавам бе, како така, па ручек треба, па да си планираат моите, и ај и звонам на мајка, вака и вака и викам, пуста таа, од толку изненадувања поврзани со моите идења дома, кога ќе ја излажам не си идам, па ќе си дојдам и од двор пејам домаќине добри гости ти дојдија :D, кога па ќе речем ќе си дојдам утре, а мене опет мрзава ме фатила и сум се залежала со филмови и кафиња :lol: И пуста таа ми вика - Јас не ти веруваммм!
    Оооо мајко земај готви тоа, тоа и тоа, салата таква и таква, младо кромидче, сокче цеди, немој се во последен момент, па на крај да ме праќаш по пилиња да купувам и тоа да нема, па сите нервозни на крај, а таа ми вика, не ти верувам, сигурно си на тоа харлем шејкот, викаше ќе одите, ме зафркаваш, јас ќе си легнам, а озбилно толку убедливо сум ја лажела порано вака и во право е што не верува.
    И некаде пред Неготино, и звонам пак, кај си, кај комшика ми вика, ооооф, ручек што како?
    Ми вика ако си идите, што си носите тоа ќе јадите - а ние носевме марула и младо кромидче, како лудаци значи, да не се исушела, демек за 2 дена :| |( Дечишта.
    Дал да плачам ил да се смеам, и и викам озбилно значи и таа - купи пилиња две :D
    По таксиња две трчавме, дечко ми од возбуда, куферите ги заборави, па викај пусти мајсторе мајсторе, јас трчам по пилиња да не отишле, не за друго, мајка спремила се друго дома, два ручеци, него за кучето дома што го чуваме коските се битни, тоа грејно пиле на секој два дена јаде, па коските за него, паметот и е секаде, алал да и е бе јас викам, алал!
    Дома од убавини веќе еве и грб ме боли, и кук ме боли, врат одморен, грлце подмачкано, рачиња топли и нежни :) Боже, се фатив сега како звучам као у Скопје да копам секој втори ден, ама плачам по вие денови кога се што правам е ништо, одмарам, јадам, излевам, пијам и спијам!

    Нормално, познатото саботно излевање помина добро синоќа, проследено со многу вино и пиво, јадење и љубов!
    Дечко ми задоволен и радосен, не му се иде, гревче денес на работа 12 часа, па рано будење утрово, топло кафенце, цедено сокче, овошје за појадок, и прекрасно пилешко за сиктер :lol:
    Бакнежи и прегратки на автобуска летаа, мислиш се делиме на месец дена, оно јас утре си одам уште сабајле, ама веќе се навикнавме еден на друг, самото присуство и помисла на тоа дека другиот не е до тебе кога ќе легниш, макар ни на 10 метра, е веќе непознато и непожелно.
    А јас од дома не ми се деле, мамичка ме мазе и пазе, јас само се оптегам и растегам, тато кажува дешавки ме смее, кучето ми се радува, како да се одделиш од сето тоа за само два дена, а знаеш дека две недели нема да си дојдиш....некогаш сум толку силна и решителна за тоа дека сериозно треба да научам дека некогаш, можеби ќе помине цел месец и повеќе да не се видиме и дека треба тоа лесно да го прифатам и да не ме праве тажна и депресивна, премногу сме поврзани ние, премногу!

    Вечерва би требала да е кратка и слатка, лесна, со долг есеј и многу часовна серија... :)
    Но, сега прво, следува едно часовното чешкање на дедо и масажата од баба, па да им соберам некој денар од пензијата и припреми за утре.

    А имам уште многу да кажам :)
    Дефинитивно морам да почнам да цртам, само со пишење никогаш не успевам се што сакам да исфрлам од мене, мора да има уште еден начин плус каде сум добра и впечатлива.
     
    На Miss.Ricci, SparkyAngel, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    Долг и досаден ден, мислам дека се што можев направив за да си се забавувам самата. Никој не ми дојде на кафе, времево ја убива дружељубивоста на лугето... Утре полагам за кола, ќе си легнам рано. Ако ме бутнат, ќе ги бутнам право во кафезот на лавовите кога ќе стигнеме на паркингот пред зоолошка 8)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    http://www.youtube.com/watch?v=7wfYIMyS ... playnext=3 Значи кога и да ја слушнам песната внатре имам миксед филингс.Во тој момент се ми се случува,некако многу сеќавања ми се враќаат и посакувам моменти од минатото да се вратат-нормално со личности од минатото.Песнава..песнава..песнава многу чувства кои не се опишуваат со зборови!

    И да додадам Ај уана скрим!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.