Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    мое прво мислење во темава али добро стартувам :)
    вечерва напрво не расположена затоа што морав да иадaм да му купам на брат ми нешто до продавница....али во недела во 20 сааат која продавница е отворена.и така најдов една така подалечка и сега облакање чизмите,ставање на уши слушалки..неможев да ги оставам затоа што на антена 5 дава 40 најдобри хитови во Британија и так цела скисната искачам од влез и коа гледам врн ли врне и кој вир од кој поголем и уште повеќе се онерасположив и така гледајќи каде да згазнам а каде не на антена ја пуштаат scream and shout и песнава ме вивна во облаци и си почнав и да ди денсам по улица и наеднаш стапнувањ во еден вир абе мицлам дека цела бев намокрена и наеднаш еден поглед околу мене дали некој ме виде или ми се смее и коа гледам сите скиснати со некои фаци тажни само во земја гледаат.Али ја пуштаат на антена drinking from the bottle и уште толку се развеселив истигнувам во продавницата и сеа кажувам што сакам и сеа оди да ми донесе и јас наеднаш почнувам да си пејам tonight we drinking from the bottle....и оваа продавачката ми дала еден поглед и вика рече нешто и ја не не.и добро малце засрамена али искачам од продавницата и на едни семафори јас цела занесена во музиката,проаѓа една кола и цел е направи лом али не ми беше гајле.Сакав да кажам ваков провод одамна не сум имала :D ви препорачувам да си пробате:дожд,музика и тоа е тоа :lol:
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Проклета недела.
    7-от ден од неделата кој нели е создаден за одмор,но ако мене ме прашале ќе сум им кажела ич да не го создаваат.Од кога знам за себе,во недела пукам од депресија,напнатост,грдо чувство.
    И да,му се радувам на понеделник.Како паричката на Бадник која не ја добив.
    Имам обврски,исполнет ми е денот.
    Не функционирам на ваков ден.Дожд,ветришта цел ден..Нека заврши веќе еднаш и ич нека не се мисли.

    Уште еден викенд зад мене.Ок.
    Без некои посбени настани.
    Ми недостасува другарка ми,ужасно,болно.

    Сакам да си одам дома.Копнеам за дома.
    Анушка со нејзиниот пост само ми дозволи да прочитам нешто кое ми се случува и мене кога си одам дома,а да е напишано од друг.

    Каде што ти е срцето таму ти е домот.А моето срце е таму.Ни малку не е овде.
     
    На ana-girl, kravce, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.296
    Допаѓања:
    285.178
    Ударната репортажа на РТЛ - угнетените националности во Македонија. :@

    Пола Шутка ја прикажаа и ударна фаца една личност која кука како е третиран како ѓубре од страна на Македонските власти и е граѓанин од втор ред.
    Сакал назад Германија. Он, неговата фамилија, другар му , комшиите...сите бре.

    Он роден германија и таму израснал, арно ама неговите не успеале(а ниту он)да поднесе апликација за било каква исправа и при прв прекршок со дрога се чуди оти го депеортирале.
    Другар му и он си кажа дека ќе иде назад во германија, претпоставувам мислеше на Берлин каде лежел затвор.

    Во Македонија немало работа за граѓаните од ромска националност, или они како што си се декларираа цигани. Кога сакале да одат во странство ги препознавале по презимето дека не се македонци и ги враѓаат од пасошка контрола, не им даваат никакви права а камо ли да испаднат од државава.

    Се си кажаа за угнетениот живот.

    Едни кучиња беа собрани од улица за време на снимањето од некое здружение и одма си кажаа дека кучињата ќе добијат бесплатна храна и вакцинација а они ништо.
    Полураспадната барака, т.с целосно распаднатата барака вц од кое гарант на телевизиската екипа им се слоши и цела тајфа испоседнати на земја кажувваат како сакаат германија.

    Ветија ќе дојдат.

    И овој безвизен режеим ќе ни го укинат!

    Ми се стежи.
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ех,што да ви кажам.
    Си седам така пред телевизор,гледам Се или нешто и истовремено филм,и во момент ми текнува да сменам и да видам што има на VH1 класик.И вртам на класик и гледам почнува Paradise city.Во момент баталив и квиз и филм,и си пуштив класик.Се загледав,се занесов,си запеав.Абе едноставно кога ќе ги чујам ме облива таква позитивна енергија,неможам да опишам...Едноставно се расположувам кога ќе го чујам нивниот звук.Среќа ми се во животов.Радост.Кога ќе го кажам ова пред луѓе,сите се смеат,викаат дека сум ненормална и превртуваат очи,така да ништо чудно ако и некоја од вас тоа го направи,ама ако,имате право да си кажете :lol: .Но,тие луѓе дефинитивно не разбираат што е тоа љубов кон бенд..Ретко кој(а се поретко и која) ја чувствува таа љубов...А пак чувството кога шеташ со маица со нивното лого ? Бесценето.Бесценето е кога не ти е гајле што нивниот прв албум е излезен во 1987 година,а ти ги слушаш во 2013.Не ти е срам,тоа ти е гордост...Гордост ти е со песните да се расположуваш и расплакуваш...
    Нивните песни ми имаат помогнато да излезам од тежок период.Ми имаат дадено оптимизам и воља за живот.Ми имаат дадено мотивација секогаш да покажувам рози кон оние кои кон мене покажуваат пиштоли.Едноставно,кога ќе го чујам нивното име,срцево ми чука 100 на саат,и секогаш имам нешто да кажам околу тоа.Неможам,и нема ни да можам да опишам колку ги сакам.Понекогаш дури и самата неможам да се сфатам...
    Тие се мојата љубов.Мојата радост.Моите херои. :l:


    Смеј те се вие колку сакате,ама ја си кажав што имав. :|
     

    Прикачени фајлови:

    На blaa, Lov3, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    ако има некој слободен за разговор,ми треба совет нека ми пише пвт.
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Здраво...јас сум.
    Знам дека ме немаше некое време ама како да немав што да напишам.Како да немав желба да ја поделам тагата со никој.Имав спонтан во 8 ма.Се случи ноќта пред веридбата.Подготовките за свадбата продолжуваат.Скоро три месеци како сум тука.Убаво ми е.Среќна сум.Го сакам.И тој ме сака мене.И се договоривме ако немаме бебе ја земаме Бубе од домот.И тој ја сака.
    Пишав, мислев ќе сакате некоја новост од мене.Тажна бев ама ми помина.Тешко ми е што сите ме прашуваат дали сум бремена и зошто не.
    Ми недостигавте...
     
    На cecilia, Lepaaa, Sweetheart87 и 66 други им се допаѓа ова.
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сите среќни и весели околу мене, ај ЈАС? Јас цело време мислам како да си ги средам чувствата во себе. Сите ми велат многу сум се повлекла во себе зошто така.... -Затоа што никој неможе да ме разбере, никој неможе да ги разбере моите чувства и мисли... Сите заљубени и среќни а јас?! -Јас само сонувам со отворени очи... Епа и јас сакам да бидам сакана барем еднаш во животот ама никогаш не сум :| . Незнам веќе што да правам тоа е моментите и животот си го праат своето........ Тажна сум многу во последно време, чувствителна сум. Ми се плаче ама солзите не ми потекуваат, ми се зборува ама зборовите не излегуваат, ми се љуби ама љубовта нема на кому да му ја подарам.... ;( ;( ;( ;(
     
  9. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Ме замисли и растажи постот XstrongerX, уште еден доказ дека никогаш неможеш да знаеш што ќе се случи, дека плановите не секогаш се остваруваат по правилна линија. Се надевам дека барем нема да имаш телесни последици, затоа што психичките се неизбежни од вакви немили настани. Добро е што не си сама и го имаш него покрај тебе. Сакајте се и бодрете се еден-друг, се друго ќе дојде на свое место. :hug:

    Пишувам во темава само кога сум in a bad mood или некоја депресија кога ме мава, убавите моменти ги задржувам за себе.
    Ги мразам понеделниците, затоа што во недела незнам колку да изедам па секој понеделник одам со страв да не ми пукне копчето на фармерките. Башка што имам најмногу часови, а по се изгледа утрешниот ден ке биде вистински дожделив, тмурен, сив ден. Ги имам сите предиспозиции за депресија.

    Чекам да заврши времепловот од доделувањето на Оскарите па се мушкам под ќебе и ќе гледам додека не заспијам. :yawn:
     
    На XstrongerX, Veronika90 и WhiteSwan им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    СДК дека официјално си ги уништив омилените чизми и ми се плаче!!!!!!
    Сабајлево бев кај другарка, она има двор голем и чува куче во дворот, и додека вареше кафе другаркава јас во дворот со кучево се бркав.. ииии оооооп сум згазнала на гомно. :o Не ни приметив што е најтрагично. Тек дома кога дојдов приметив.. Абе триј триј едвај го извадив, се испозалепило цело.. едваааај го исчистив. И ЗА КРАААААЈ МИ ОСТАВИ ПОРТОКАЛОВА НЕКОЈА СИ ФЛЕКА НА БЕЛИОТ ЃОН НА ЧИЗМАВА! ;(
    Леле кој FML момент ми е ова не сте свесни!
    Кај флека оставило па уште и чизмава попримила миризба.. Абе ми се плаче луѓе! ;(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    ах феминко мојаа,зошто не ме пушташ а иам за учење еден куп.. утре полагам :\
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    156.390
    Кога ја прочитав Роси дека суптилниот шпиц штикли не одат на секоја девојка,не се согласив... Ама вчера вечер не можев да ги тргнам очите од една девојка... Се осеќам ко лош човек шо сметам дека нејзиниот и онака лош нос, беше идентично истакнат како кљун на сметка на чевлите кои се многу актуелни нали сега,не е она крива,ама не го истакнувај,кој би рекол дека чевлите би го направиле тоа...
    Стварно бе си велам, косата и чевлите си имаат свои карактери и го надополнуваат впечатокот повеќе од било кој друг детал или облека... бирајте ги внимателно...
    И ти,скопска фешн фело...крем чевли у февруари,каде?
     
    На rossonerka, Bright, JoxyTheFreak и 2 други им се допаѓа ова.
  13. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека сум мног разочарана од некои личности на кој им верував , но од денеска па натака на никого нема да му верувам дури ни на родена мајка
     
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Како помала, се прашував зошто на луѓето им требаат паричници? Што ли ставаат во сите тие прегради? Јас обично моите 50 или 100 денари ги туткав и ги ставав в џеб. Не ми требаше никакво ташниче или паричник.

    Еден ден ја отклучував вратата од дома со клучевите на татко ми. Помина време додека го најдов вистинскиот - на неговиот приврзок имаше петнаесетина клучеви! Од каде ли сите тие клучеви, се прашував. Еден од дома, еден од гаражата, останатите тринаесет? И мајка ми имаше многу клучеви на приврзокот, и баба ми и дедо ми. Сите постари луѓе што ги познавав имаа многу клучеви.

    Кога пријателките на мајка ми ни доаѓаа на гости, или кога излегувавме фамилијарно со тетка ми и братучедите, сите жени носеа огромни чанти. Се прашував што ли носат во тие огромни чанти, што ли би можело да им притреба, па толкава чанта, помал телевизор можеби? И јас понекогаш носев едно мало ташниче, но освен пари, палома, и мобилниот, откако ми го купија, не ми паѓаше на памет што друго да ставам.

    Потоа доаѓаат козметичките катчиња. До пред две-три години се прашував за што служат куферчињата за шминка и оние големи несесери, зар постојат толку многу видови шминка? Освен креон, маскара, лабело, сјај за усни, и пудрата што многу ретко ја ставав, за мене не постоеше друга шминка. Буквално, не ни знаев дека други видови шминка постојат.

    И, еве ме денес, само неколку години подоцна. Денес фрлив неколку картички од паричникот затоа што немав место за возачката дозвола, а размислувам да си купам и нов. На приврзокот клучевите се множат, два од дома, два од Скопската дома, наскоро и од колата. Едвај ме собира во најголемата торба на светот, а пред неколку дена купив нов несесер за козметика затоа што стариот ми беше мал. Што ли се случи во меѓувреме? Пораснав?
    И? Ова се работите кои возрасните ги прават? Имам повеќе пари во новчаникот, поголема чанта, повеќе козметика и облека, и се прашувам, ова ли се работите кои не прават луѓе? Ништо не ми е појасно од претходно, почесто се разболувам, имам помалку пријатели, помалку спијам, полошо живеам. Имам повеќе, но не сум посреќна. Зошто? Ја барам ли среќата на погрешно место, во погрешни работи? Можеби...
     
    На SparkyAngel, sweet-cherry, sesilija и 24 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Абре колку е битно, чудо едно големо, најбитна работа на светот. Си ја изгорела косата правејќи видео за јутјуб |( Нема сајт кој го отворив каде го нема ова. Пропуштам ли јас нешто? Зошто е ова толку важно? Македонско новинарство = во Струга само машки деца се правеле |( угх :devil:

    Јас? Сонував како некој ме запроси...по смс порака. Дури и дата ми имаше наведено :rofl: а јас па дури и се мислев да се согласам иако не го познавав дечкото (јес ај ноу, очајна :D ). И го сонував Сем В. (мисли на Дин, Сем го сонува |( ) го прашував дали во таа просторија вежба. :| Озбилно краво? Некој како да ми ги мести соновиве за да ме зафркава. Јас го прашувам Сем В. дали тука вежба...јас прашувам било кој каде вежба? :rofl: Е уште бицепси да му фаќав :rofl:

    Туку дали тоа машките се' почесто се со понизок раст или погрешен статистички примерок гледав? Сакам да набљудувам. Не од високо, не од трон (иако сакам да носам тијара). Од ќоше, меѓу сите, од страна некако поголемата и пореалната слика за луѓето се создава.

    Ми фали бебушот, веќе зборува по малку. Да помине периодов и има да си правиме муабети до немај каде :sun:
     
    На bittersweet, imelda, Serafima и 15 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Кравче, да не падне просидба кај тебе ... :wasntme:

    СДК ... во големо исчекување сум, нетрпелива сум ... :$ :^)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Мислиш? :?: Ако има нешто, ќе бидете благовремено известени :wasntme: поклон...нејќу у плико :D (дека до поклони стигнавме де :D )
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.083
    Пол:
    Женски
    Се потсетив на школските денови и ми текна на една работа шо многу професори/ки ја практикуваа.

    Ситуација:
    Професорот/ката ни` вика дека ќе ни` каже на шо да обрнеме внимание, шо гарант ќе се падне на тест. Ние пресреќни.

    *го чита секое поднасловче од секоја лекција* |( :clap: :yawn:

    Ни` потценуваа интелигенција со тоа ако ме прашувате мене. Кажи бре човеку/жено дека треба све да се учи и готово, поднасловите доволно сме паметни сами да ги видиме.
     
    На Sanjichka007 и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.184
    Допаѓања:
    139.248
    Ми мириса на промени.
    Мирисот на промени ме дразни исто како оној на детергент за перење алишта или корнетчињата од кај Џино. Или топло-ладно кај Фуфо. Или на него. Ммммм...

    Сега за сега позитивни знаци, ама што вика чичко ми Лени Кравиц, Ит ејнт оувр тил иц оувр. Да не се радувам пред време, бакузно било. А јас една суеверна, кога ќе видам црна мачка одма троструко салто правам.

    Готово, ми падна концентрација, буква не можам да напишам од концептов кој веќе требаше да биде готов, пред време му се радувам на можниот нов почеток, а рано е.
     
    На anabel-a, imelda, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Пред некој ден добив "комплимент" дека личам на Турска глумица од мега популарниве серии со кои не силуваат по телевизииве. Реакцијата ми беше стравотна, као не ме зафркавај и потценувај, не гледам и нема шанси да личам на некоја си таму. Знам луѓево од толку што се опседнати со ликовите почнуваат да им наоѓаат "слични" и во реалниот живот.

    Од пуста љубопитност вечерта седнав да видам која е :tmi: и се удавив 10 минути во тој очај за да ја видам Аси и да дојдам до заклучок дека стварно немаме ништо заедничко.
    Се повлеков во соба, зажалив за потрошеното време, а моите ги оставив да продолжат со уживањето.

    Одамна се помирив со фактот дека домашните ми се како хипнотизирани во период од 18 - 22 (можда и више) и дека моето (не)присуство нема да биде забележано, но дамла ме мавна вчера кога дознав дека ја откриле опцијата за гледање на програми од претходните денови или во превод времето поминато пред телевизор значително ќе се зголеми.
    На огромно задоволство листаа по сериите и ги прегледуваа со цел да видат што пропуштиле, а јас само немо гледав и се чудев како Турциве после 100 години повторно не окупираат.
    И по не знам кој пат, се повлеков во соба и завршив пред компјутер - мојот порок.

    Настрана серииве, имав одличен викенд.
    Помалку работен, повеќе женско друштво и неделен фамилијарен ручек кој сепак не траеше долго.
    Како и да е, убаво е чувството кога си блиску до оние што ги сакаш.
     
    На sweet-cherry, kravce, Doozy и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.