Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    сдк ..со HARLEM SHAKE-ov не потекоја :rofl: на сите страни само тоа....
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    [​IMG]

    Благодарност до

    AIT & Serafima
    вие знаете зошто милички ви благорарам :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    156.390
    Некои луѓе не се способни да признаат дека кучињата им се грди, не па нешто друго или па да се извинат и да признаат грешка.
    Многу очекувам бе.
     
  4. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    СДК Харлем шејк е доказ колку ни е ретардирана и лоботомирана младинава од медиумското влијание. Ако некогаш видат на интернет дека во некоја рандом држава серат групно на плоштад и нашава младина ќе го прифати тоа за кул и ќе се придружи во калакурницата. Јас сум за забава, во секое време, но харлем шејк не ми е забавно, напротив, ретардирано. Изгледав неколку видеа и сфатив дека е по несмешно дури и од несмешните клипови на идиотон Марјан, од Битола.
    Да видиме дали ќе се соберат 3000 да протестираат за сквернавењето на оваа држава во секој поглед, во петок, како што знаат да се соберат групно да прават будали од себе.
     
    На sweet-cherry, Konfetka, MandyLane и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Сум во таа фаза од животот кога морам да одлучам колку навистина е важна физичката страна на луѓето, во романтична смисла. Јас сум од типот на девојки на која и треба карактер за да биде привлечена, но дали тоа е единственото нешто што е потребно? Колку е важен изгледот? Сигурна сум дека има некаква важност, сигурно не како карактерот, но си има своја тежина. Но колку? Уффф би сакала да знаев.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... she said yes!! ^_^

    Частенка за сите од мене ...

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Конечно добив снаа! :angel: :D
     
    На sweet-cherry, Lepaaa, Neytiri и 48 други им се допаѓа ова.
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    СДК наспана, одморена, се разбудив среќна без никаква посебна причина! Конечно и јас да се разбудам со насмевка и да се излежавам цел саат! Ако, нека врне и утре! :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Амаааааан од таа Каиопи, мислам дека почна да ме прогонува со нејзината 36 годишна кариера. :@
     
  9. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Nasmevka.jpg
      Nasmevka.jpg
      Големина на фајлот:
      59,4 KB
      Прегледи:
      457
    На srcekrsacka и Dog-lover им се допаѓа ова.
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Помина скоро една недела, откако ја дознавме најсреќната вест, а еуфоријата никако да стивне. Јас видно возбудена, почнав да ја допирам реалноста, ама само кога би можеле да го видите сјајот во очите на мм. Вчера му беше роденден, го прославивме во кругот на семејството, а тој целиот разнежнет, не ми дозволува ништо да работам, ептен ќе ме разгали. Тој ја одржува хигиената во целиот дом, минатиот ден ја чистеше бањата, ја шеташе правосмукалката, ја бањаше малечката, потпевнува, потскокнува, ми го гали стомачето.Уште утре сум на боледување, од задутре се враќам на работа, некако едвај чекам...
    Ви благодарам на сите што ја споделивте радоста со мене :*
     
    На NoellePage, eli25, Lepaaa и 52 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Чекам часот да куцне 4 и да одам. Нестрплива сум а и многу нервозна ќе пукнам. Си велам уште денес да направам некоја лудорија и ако малку размислил длабоко длабоко во себе можеби ќе успеам во тоа. Но ако не повеќе не искачам од дома. Освен по потреба факултет. Не можам повеќе да трчам по нешто што не ме заслужува, нешто кое сака да патам, да патам тоа е соживување со моите пресилни чувства и емоции. Нема да пишам нешто радосно, весело него се за црнила кои ме опседнаа. Во последниве 3 години таков е мојот живот и како и да е знаев дека ќе пукне тиквата и пак за нешто за кое јас не сум виновна. Таква е мојата судбина, запечатена засекогаш.
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Живот.

    Сите дождови треба да се исплакаат. Почина уште една душа, уште еден ден завиен во солзи и идни претпоставки.
    Но, она што е важно е дека ние бевме тука. Држејќи пар цветови за нејзината мајка, за сите спомени и шеги кои пред некој ден си ги раскажувавме.
    И нормално, секогаш кога некој си заминува, си се присетуваш - човек си, од глина и здив. Си одиш без збогум, некогаш. Споменот те овековечува и се’ што си создал или не, те осветлува или затемнува.
    Некаде прочитав, дека во мигот кога ти умира мајката - одеднаш старееш.
    Вечер сум трета смена на работа, нова локација, одморов помина само што трепнав, тој ме гушка и ме чека да си дојдам во Нашата дома, кај што веќе создаваме некои нови симфонии.
    Да се отпеат уште песни.
    Да се родат нови животи.
    Да се успокојат сите што некаде на небово, денес, плачат со нас. Сите што веќе ги немаме, а тие не имаат нас, зошто се поголеми.

    Драга другарке, силна си, змај си, моќ си, од тебе ја учам најголемата лекција денес - Животот е миг.
    Помини го во убаво време со сите што ти значат.
    Зошто, само тие се со тебе кога се смеат и кога плачат.
    Важно, е, кога е тажно, да бидеш со своите.


    - посветено.
     
    На Doozy, Serafima, ana-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    СДК за малку дождов ќе ме окапеше како маче. |(
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    ааа неможамм вишееее....ми иде да легнамм и да не станамм, аее испланирав се за учење 1 саат историја 30 мин физика, 20 мин македонски 20 мин географијаа... ама тешкоо дека ќе бидее нештоо моитее ќе пуштат фудбалл и сеа ај ти иди учи офф лелеее поубавоо сега да фатамм дур можамм аее со среќа нека ми е 8) ...
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од денес официјално сум поротник :$
    пред малку ја потпишав заклетвата и ги читавме на глас согласно Уставот на Р.М.-не е кој знае што ама кога знаеш дека од твојот глас зависи дали некој ке биде ослободен/осуден не е баш сеедно :!: се да биде релуларно и фер и пред Господ и пред лугето, и да ви кажав искрено никогаш не замислував дека ке бидам дел од нив ама ете и една сопартијка е во истиот тим :)
    ми дојде пред малку на гости црвената тетка и добро ми е , немам многу болки ко друг пат што имало :) и да имам ке издржам, храбра сум :rock:
     
    На Someonespecial и feminium им се допаѓа ова.
  16. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Пред пола саат си добив внука :) Нека ми е жива и здрава :inlove: :l:
     
    На sweet-cherry, QueenN, Neytiri и 31 други им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Оптимизам е кога на облачно време наместо чадор во ташна ќе си земеш наочари. Да скратам, сега сум накиснат песимист. Добро, секако си бев песимист, и ова ми е лекција дека треба и да останам.
    Друго да кажам, кога ќе го смуваш комшијата, одењето по леб веќе никогаш нема да биде исто.
    Трето, треба да измислат некој додаток за на глава што ќе биде еквивалентен на наочара, ама ќе може да се носи и на дожд без да изгледаш како будала, бидејќи повеќе си се допаѓам со наочари на глава, my hair is freakin' fabulous...немојте ни да сте помислиле дека венче е достојна замена.
     
    На Elichka, Neytiri, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  18. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    сдк си добив 5 математика :inlove:
     
    На karenin, srcekrsacka, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Овие Д ЏОН се цареви, андерграунд бенд, ама вреди да се слушне.
    Музикални и креативни македонци слушам :wasntme:

    Ме релаксира, си певкам, милина.

    И се ми е тажно и се ми е лажно и се што ми звучи ок, е за еден ден. Ти и јас и градот наш не сме среќни баш секогаш, Ти и јас и градот наш не сме сами баш никогаш. Но се ни е тажно и се ни е лажно и се што ни звучи ок, е за еден ден. Трае еден ден .. Само еден ден ..

    http://www.youtube.com/watch?v=WjynkuXZcqg

    Туку да ви кажам, задоволна сум со себе. Браво бе.

    Ајде да имате убав ден :sun:
     
    На ana-girl, Edie.S и pamelche им се допаѓа ова.
  20. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Замислете на Калиопи да и дадат Оскар. Ќе го поплави театарот од солзите што ќе ги пушти. И ќе биде завиткана во нашето знаме плус.
    :D
     
    На Stoimenovska, pamelche и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.