Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Мразам што сум метеопат! Цел ден глава неможам да кренам, ме боли, ми се плаче ;(

    Лош ден, лош ден...
     
  2. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Мислааам.... Добро бе, овие младиве асистенти заборавија како е да си студент?
    Заборавија како е когас и во клупа и кога сакаш да си одиш а дремиш 4 сати на исто место?! ХА?
    Им дадоја да држат по 2-3 предмети и сега чиниш факултетот е нивни? Не, светот.
    И пошироко.

    Дремиме 4 сати и ни вика тие што се од другата група нека се вратат за сат и пол да завршам со првата.
    А ние каде да одиме? Не го гледаш времето надвор, па град турваше човече, катастрофално невреме, чадорот шо го купив 350 ден го скрши. А као демек јак.
    Ццц за 10 души човече немало место, а наоколу празни столчиња.
    Па шо мисли не му е ни малку, малкунѕа жал?
    Па уште не гледа препотентно.
    Браво бе пријателе, само си асистент, ништо повеќе.
    Ма ме нервираат. Никаков ред нема.

    Како тргна денот понеделнички. После ваков ден ми треба недела да се одморам. Ма која недела еден месец за да се опоравам и да не ги гледам оние фаци гадни.

    О Боже секој час, секоја минута сакам се повеќе и повеќе да си одам од овде. Очајно сакам.
    Ништо не ме радува во оваа пустелија. Па ние како народ не чиниме, па државата ќе чинела. Пххх.
     
  3. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Umbrella22, karenin и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  4. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Имам за учење биологија и тоа цела тема, желба да седнам и да учам ама баш нема...И сеа шо да мраиме?? :?: :?:
    Како јас да се спасам од учењето и цело попладне да си го поминам на фемина, пак утре да ми пишат 5?? :wasntme:
    Како ова да не ми е доволно во петокот си најдов еден дечко шо ми се свиѓа и цел ден си мислам на него,а надвор врне та истура... |( :angel: |(
    Се е преубаво ама како ли да се ослободам од биологијата :?: или сепак да си ја фатам книгата :$ :!:
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... би сакала искрено од срце, да ви се заблагодарам за сите убави зборови, желби, пофалби и вашата поддршка. :)
    Морам да признаам дека бев скептична околу пишувањето на Фемина, т.е. не знаев дали ќе умеам да се снајдам под притисок и дали луѓето ќе сакаат да прочитаат нешто поразлично од другите статии кои се нудат на интернет.
    Стилски мислам, тематски веќе се повторуваме како шарени папагали.

    Среќна сум ако ви се допаднал првиот текст и ветувам дека следуваат уште подобри и поубави. :)
    Ѝ благодарам на Фемина која ми ја даде шансата да пишувам, зашто тоа е она што најмногу сакам да го правам и уживам во истото.
    На безрезервната поддршка на моите родители, чиј муабет следеше од прилика вака:

    Татко ми (од работа):
    „Ја или сум глуп, или овие немаат укус што те одбрале. Ама глуп не сум. Ништо не сфатив, за какви портокали збориш“?

    Мајка ми (исто од работа):
    Трендафилкеееее, срце на мама!!!! (ова со најпискавиот глас на планетата, чинам дупка направи жената во покривот).
    Јас: Мамо ма, не се дери, мојот идентитет е во тајност, јасно ли ти е? Анонимна треба да сум. :bandit:
    Мајка ми: Ауууу извини супер-херој Дебела крофна. Ај чао!

    :|

    И фала му на дечко ми што се пресрами да кликне лајк на мојата статија (зашто за машко е стварно херојски подвиг да кликне лајк на статија од Фемина, да се разбереме. :D Крајно врскаџиски. Ама шега настрана, критичар бр. 1 ми е).

    И на другарките мои. Они не го читаат воопшто ни сајтот, ни форумот, викам - не мора да кликнувате лајк, само прочитајте де!
    - Ти луда ли си, ја share-нав вчера мачка што мјаука, тебе нема да те шернам.
    :rofl:

    И фала што дочитавте бидејќи го отупев во овој мини-говор.
    Искрено, многу бев возбудена и уште сум. Татко ми вика - па и си се дотерала отсабајле, како селско дете за на вакцина.

    Вчера зајмив чадор од едната другарка да не ме накисне дождот. Мајка ѝ по грешка ѝ купила мало проѕирно детско чадорче :D . Денес, не ми ја собра главата под истото.
    :$

    :D

    Фала ви.
    :bow:
     
    На sweet-cherry, Neytiri, eli25 и 67 други им се допаѓа ова.
  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Каква е смислата на животот? Како може да имам цел во животот, како да се реализирам и да добијам задоволство од мојот живот? Ќе имам ли потенцијал да постигнам нешто, што ќе биде трајно? Многу се луѓето, кои постојано мислат врз тоа каква е смислата на животот. Години покасно тие погледнуваат наназад и се чудат, зошто односите со некои луѓе им се влошиле и зошто се чувствуваат толку празни, и покрај тоа што, го постигнале тоа што го имале како цел. Многу цели ја покажуваат својата безсмисленост, дури после години, откако си се трудел да ги постигнеш. Ние сме вечни ученици учејќи од се по нешто од книгата на животот и се додека не го совладаме градивото повторно ќе се враќаме на истото.
    Некој побрзо ќе ја свати смислата на животот од оние кои во животот гледаат како казна на судбинскиот дел кои во истото ја бараат грешката во некој друг освен во самите нив.Кога своите грешки би ги признале би било по лесно не наоѓајќи оправдание за тоа или пак дека кривицата не до нас.Некогаш и треба да да се замислиме зошто баш оваа мене ми се случува?-одговорот ќе го најдеме во самите нас,ќе го најдеме во многу нешта што не опкружуваат.
    Сте се запрашале ли некогаш зошто сме тука?Сепак не е случајност.Тука сме за да воспоставиме мир,да ја прифатиме љубовта како дел од нас,се што ни е потребно е љубовта...слушнете ја вашата душа,можеби и тогаш ќе го сфатите и разберете одговорот кој го барате...И јас сум ученик, и никогаш неможам да кажам дека научив се,но се трудам што повеќе да научам од книгата на животот трагајќи по смислата на животот. За мене животот претставува борба, игра во која се барам себе си, да откријам која сум, што сум, што сакам....Животот е тој кој не води кон различни патишта.Чекорам со лесни чекори,каде на моменти застанувам.....Има пат кој е составен од светлина во која се скриени многу пријателства, љубов, надеж и верба, а другиот е оној мрачен темен пат, во кој има само тага, омраза, неуспех...Тука одлучуваме кој пат ќе го одбереме...Она вистинското кое мислиме дека е правилно, безбедно....ке ни даде правец на живеење, правец кој сами го избираме.....
    Имам своја цел во животов, а залудно живее оној кој ја нема.Се борам против препреките кои излегуваат пред мене.
    Животот е убав, само треба да знаеме како да го живееме! Има уште толку страници коишто треба да ги прочитам, и да ги научам...сепак....се си оди со годините, времето, искуството....
     
  7. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Некој не може да си го нахрани семејството и има неизлечливи болести..а некој плаче за омилените чизми. До кај стигна светов...најголем проблем - ги извалкала чизмите. :fubar:
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.131
    Ич не го разбирам твитерон. Не знам дали е до мене или до него, ама никако да ми тргне со него :)))))))
    Јас не сакам ограничувања. Далеку од тоа дека сакам да пишувам романи, ама целото тоа шерување и водење од еден линк на друг ми е само дополнителни информации кои ништо не ми значат.

    Ја читам Трендафилка и си мислам колку е важно да имаш фидбек за што и да правиш - без разлика дали се работи за шопинг, работа или колачи. Мене исклучително многу ми значи да знам дали нештото што го правам е добро, или треба да се поправам во некој поглед. А често немам кого да прашам. Дури и на шопинг одам сама, не сакам да замарам никого, како што не сакам ни јас да правам неколу друштво за шопинг. Добро, за колачи не ми треба фидбек, важно ми е мене да ми се допаѓаат :D

    За мене нема поголем подарок од искреност. И не е којзнае колку тешко, вреди човек да се потруди.
     
    На Neytiri, kravce, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Во овој свет, каде што луѓето замижуваат пред емоциите, каде работите се гледаат низ призмата на материјалното, јас се борам за емоциите, се борам за љубов.Нека ме наречат луда, нека ме наречат будала, нека ми се смеат.Ме прави толку нежна и кршлива.Совршено несовршенство.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.073
    Пол:
    Женски
    Сабајлево значи кога се логирав на Фемина и видов натпис горе СО ТРЕНДАФИЛКА, искрено се штипнав да се осигурам дека не е уште еден сон (затоа што еднаш имам сонувано како сум била на промоција на книга на Трендафилка на Саем на книга) и прво нешто што си помислив е дека Фемина не можеше да избере подобра личност за да ја ангажира околу колумните од неа. Сакав уште од сабајле да пишам, се мачев да изберам зборови и епитети кои би биле најдостојни за таков талент и квалитет каков што го поседува таа, но сега си викам what the heck, ќе си го пишам она што моментално ми лежи на душата со зборови кои први ќе ми паднат на памет.

    Искрено, никогаш немам прочитано поинтересна воведна колумна. Предизвик пред се`. Затоа што веќе ја имаме запознаено, на некој начин (ние форумџиките барем). Сепак, со голем интерес го впив целиот текст и морам да кажам дека е одличен, секое зборче носи своја поента и без него колумната не би била иста, нема непотребни филозофирања, нема излишни фрази. Квалитетен, стилски богат и по-македонски во однос на грижливост кон правилна употреба на јазикот од повеќето текстови кои сум имала прилика да ги сретнам на интернет, па и низ печатениве медиуми.

    Браво Трендафилка! Браво Фемина!
     
    На anabel-a, Umbrella22, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    По незнам кој пат си докажувам сама на себе и на малиот екран и на малиот милион испушени цигари дека кога нешто правам од сила, никогаш нема да го направам како што треба.
    Или на пример си направил грешка.
    Океј, добро ќе се тешам дека не се враќа времето назад,ама ајде носи се со грешките да те видам.
    Баш тоа што треба да го запомниш, никогаш нема да ти текне,ама затоа на најлошите работи се сеќаваш секој ебан ден и го проколнуваш ова скопско сивило,иако не си излегол подалеку од продавница.
    Зошто?
    Зошто сонував дека ми ѕвонал алармот, сум станала, сум отишла и во вц, сум се спремала и си излегов од дома и му погледнав на денот право во очи.
    Во наредниот момент ми доаѓа во соба.
    -Ашлинг немаше обрвски денес?
    *Да, а не сум.. ?
    Како сум в кревет,кога станав,се измив,се облеков и се нашминкав, чак и излегов од дома и носев чадор со мене? Се успав фино лепо.
    Е,така си го сонував почетокот на денот.
    А, и онака не ми одговараше да го гледам ова тмурно време.

    Не, што ги ебам! Ќе ги сечам.
     
    На Trendafilka, pamelche и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ***

    Малку повеќе обврски, непреспиени ноќи, но работа од срце. Она што ме исполнува и што го творам од длабочината на душата. Насмевката, возбудувањето, занеменоста од радост кога ќе видат нешто, тоа ме исполнува. Не дека за тоа сум придонела јас, па сум горда на она што сум го направила, не, туку сум радосна. Радосна за тоа што сум причинител на таа искрена насмевка, па и прегратка и топол бакнеж од личности што и првпат ги гледам и запознавам.
    Па дали има нешто поубаво?!
    За мене нема :) .

    ***

    Од друга страна едно црвче ми го јаде срцево. Нема да дозволам да бидам шупливо јаболко, но ќе се борам до крај.
    Срцево ми се кине кога го гледам. Моето ѕверче е болно :( . Не јаде, не пие, само лежи, но храбар е. Немам видено толкава издржливот. Си велам, јас да бев на негово место, од кревет немаше да станам. Тоа кутрото лежи, ќе ми го слушне гласот и веднаш станува. Нозете не го држат, се ниша како лист, ама од почит и љубов доаѓа. Денес и солзи ми се тркалаа по лицето, од радост, од тага, од љубов... Неколку денови живее од воздух, а денес како малечко бебе го хранев попара со млеко и тоа со малечко лажиче. А тоа срце, јадеше. Го гледам му се превртува се, се грчеше целиот од самата помисла на јадењето, дека не може ништо да касне, а тој од раката јадеше од љубов.
    Измешани чувства, топло-ладни бранови на душава. Се плашам само од една работа, што ако навистина некој сакал да го отруе?! Ме труе таа мисла, но се плашам, не сакам да верувам дека постојат такви личности.
    Но, не го давам.
    Нема да дозволам да му се случи ништо. Ќе оздрави, зашто имаме пред нас многу години да бидеме заедно. Да споделуваме и создаваме спомени, прекрасни мигови, прошетки...
    Нема и нема да го дозволам тоа.
    Си го сакам него и ќе оздрави. Мора!
     
    На Libera, lunicka, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Секогаш кога треба да учам ми текнува дека собата ми е хаос и треба да ја средам, дека имам нешто за перење што не се пере во машина па на рака да си го исперам, да му исчистам на миленичево, да го наранам, да го пуштам... Исто така често кога треба да учам ми текнува да направам некое благо или солено јадење што ми текнало во моментот или сум го видела негде па ајде...
    Се ми текнува освен да седнам асално да научам :D
     
  14. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Тмурен ден. И уште еднаш сфатив дека не вреди да се трудиш. Секогаш ќе се појави некој кој ќе ти ја грабне наградата за трудот од пред нос. И ти ќе останеш со прстот во уста. И по не знам кој пат ќе сфатиш дека не вреди. Ама за кратко време пак ќе се обидеш. Затоа што во тоа е нели суштината на постоењето. Никогаш не престанувај да се обидуваш, секој труд кога тогаш ќе вроди со плод.

    Денов и не беше баш толку лош. Поттикната од колумната на Трендафилка за која морам да ја пофалам, јас си направив блог. Нешто како моја колумна каде ќе си ја изразувам креативноста. Отсекогаш сакав да го направам тоа, ама ете сега дошло времето.
    И ако сакате погледнето го, напишав дури два поста, средувањето ќе го оставам за подоцна. Ќе ви оставам линк во споилер, ако го погледнете многу ќе ми значи :)

    http://summernote.wordpress.com/
     
  15. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Нумериа денес има пишувано за оптимизмот. Па ме потсети на една дефиниција за оптимизам кај Балканските мажи, во кои нормално, јас не се вбројувам :)

    Оптимизам е кога ќе тргнеш по леб во најблискиот дуќан и ќе туриш у џеб два кондоми :D Никад се не зна, јеби га!

    Јас дури ни во Берлин не носев кондоми со себе, иако Берлин важи за град на сексуалноста и слободниот, или како што модерно се вика, кежуал секс.

    Мојот однос кон сексот е ...хм... типично женски. Го одлагам на почетокот на врската и се правдам дека главата ме боле :D

    А и не можам да имам ''само'' секс, како повеќето вистински Балкански мажи... Ниту пак можам да се пофалам, ако е воопшто за фалење :rofl: !?, со некоја дво-цифрена бројка на сексуално-љубовни партнерки. Ете се' си кажав и признав :P

    Ако машкоста се мери со бројот на жени во креветот, тогаш некој дефинитивно треба почесто по леб да оди :)

    Ама затоа пак имам многу, многу, многу книги прочитано ;)
     
    На WarriorAngel, russia7, Sanjichka007 и 36 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да ви кажам дека фризерот што работи кај Дадар е мултиталент-многу убаво пее, а и убаво изгледа морам да признаам-фино типче :)

    а втора работа што сакав да ви кажам е незнам што да направам да ја мотивирам мајка ми да се грижи повеке за себе, ме загрижува ептен-од минатата година и кажа офталмологот дека има покачен очен притисок и дека треба почесто да оди на контрола а таа не сака :worried: има нови рамки, треба да оди на преглед ама одбива, за другиве работи што не може да излегува од работа ја свакам навистина ама за ова може да одвои време во Сабота, ама не слуша, ама јас ке и закажам па ке мора да оди, ако не за рака ке ја фатам и ке ја однесам :!: и за на забар може попладне, работи стоматологот попладне ама вољата и е сведена на минимум-оф мајко моја што да правам со тебе :worried:
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.755
    Допаѓања:
    175.501
    Пол:
    Женски
    Денеска 25 февруари, точно 1 година без него...
    На овој ден, лани... да можев да ја исплачам душава.. да можев да влезам во црниот гроб заедно со него.. и тоа ќе го напраев.. толку солзи..толку болка.. а уште толку гнев зошто баш тој....

    26-ти Февруари - ден Прочка, те испративме во твојот вечен дом тато ;( на тој 2 метарски снег... толку многу луѓе дојдоа за тебе... им немаше број.... ;(

    ..те молам прости ми ги моите грешки... мојата бунтовност, која некогаш знаеше да биде дрска..но ти знаеш дека никогаш ништо не сум напраила со намера да повредам некого...
    ..те молам прости ми... што цела година го обвинував и колнев животов што те зеде од мене.. дека на моменти заборавав како ме учеше.. -дека се се случува со причина, дури и кога таа причина не ни е позната ние мора храбро да го прифатиме тоа..
    ..те молам прости ми..за мојата шашава природа.. ти ме познаваше најдобро од сите, ми ја знаеше душата, знаеше со збор да ми ја излечиш кога ми беше ранета.. ми фали тоа..

    ...сега се праам сама.. ништо веќе не е исто и никогаш нема да биде... те нема повеќе прв да се јавиш за нова година... те нема да ми ја држиш раката додека поправам заб, те нема ни да ги изнафалиш моите неуспели кухински обиди... никој повеќе не знае да каже нешто толку шашаво и да ми го опраи денот во секунда... ниту дождот да го претвори во сонце.. ти тоа најдобро го знаеше..

    И знам дека ништо не може да те врати... и сега после една година јас ти ветувам само, дека и покрај се јас ќе бидам среќна! За мама, за брат ми, за себе... Ќе се смеам поише од лани.. Ќе бидам онаа старата храбра девојка што ти ја научи да не се откажува од ништо а најмалце од себе. Ти ветувам дека еден ден ќе го пронајдам мојот пат..
    Единствено шо сакам во животов е да бидеш горд на мене..
    Се надевам таму кај шо си сега, си навистина среќен..
    До нашето наредно гледање.. ;(

    п.с. ова не е опроштално писмо.. не постои "збогум" во нашиот речник паметиш нели? ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=i6WMXsXT-Tk


    Those we love don't go away, they walk beside us every day.
    Unseen, unheard, but always near; still loved, still missed and very dear.... ♥
     
    На Nine25, kravce, Lepaaa и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога лежиш покрај твоето се' во животот, го стискаш за рака и се молиш на Бога засекогаш да бидете заедни...
    Кога ја потпираш главата на неговите гради да ги слушнеш отчукувањата на неговото срце молејќи се никогаш да не престанат, да не престанат барем не пред твоите...
    Благослов е...
     
    На Libera, anichka94, Lov3 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Сдк иако рденденот ми е денес, славев вчера вечер, онака само со најблиските. И морам да кажам дека ги имам најдобрите роднини, најдобрите пријатели, најдобриот брат, најдобрата снашка и нај најдобриот дечко на светов. Ми ја направија вечерта толку посебна, се чувствував толку свое и прекрасно, секој на свој посебен начин. :* :* :*

    Немам зборови со кои би ја опишала благодарноста која чувствувам спрема овие прекрасни луѓе, кои секогаш биле тука за мене и знам дека тука ќе останат не само во радост, туку и во тага, во успони и падови и затоа оваа година баш со овој мал круг на луѓе решив да прославам и не згрешив.

    Од срце им благодарам и ги сакам најмногу на свет :l: :l: :l:
     
    На Doozy, Someonespecial, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Има професори кои и да сакаш да го научиш нивниот предмет те демотивираат. Па што е тоа ти вели тешко е ова за тебе :^) Од каде знаеш ти :?: |( Во мозокот ми си ? Глупав професор.Тест е се случува секому да киксни еднаш. Ке станам ке поправам, ке научам нели ти си тој кој вели дека оценката не е важна.Тогаш...? Што ми кажуваш дека е комплицирано.Оди онаму.. :devil:
    Инаку да кажам страв ме фаќа од времето.Тој град аууу многу лошо.. :( Дожд , води, кал, чадори, луди возачи, накиснати нозе, наелектризирана коса.. :sweat:

    Имајте убав ден :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.