Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.148
    Допаѓања:
    156.322
    Гледам документарна за сурфање и се воодушеувам, посакувам да знам, се ежам... И татко ми ми вика, има суви алишта на жица. И го гледам чудно... сакам да кажам, посурфај на даската за пеглање...
    Еден е татко! Ми враќа пошто вчера го натерав сарми да витка и се уби од врнење... да ги дојадеме дечки и ќе престане да врне,не се секирајте.
     
    На Elichka, Neytiri, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Лаптопче мое ,чудна справо поздрављам те ЗДРАВО,ЗДРАВО :D .

    За прв пат му го остајв на мажулево ,инаку стално сум била себична , и не ми недостигаше колку што милев ќе ми ,ама навика си е навика ,тој на брат од младоста ни е не е со големо куќиште ама е баен како тракторче :lol: .

    Незнам со кој збор би опишала колку си ги љубам најмилите и колку сум среќна што ја имаат добрината и толината која ,мислам не можи поглема од тоа да им биди .Бев на гости осејќајќи љубов неизмерна,пожртвуваност ,внимание и грижа како секогаш во мојот досегашен живот со нив .
    Само со таа разлика што сега си недостигаме повеќе и што го немаме некогашното заедничко време , но животот е таков.. ..Се изнаплакаа кога влегував во кола , мене ми идеше со глава во зид да лупам ама посмилата дека имам човек кој ме сака и кој го сакам ме стиши некако ,,,лајф гоус он.
     
    На kravce и teddybear им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Ден на насмевки. И на солзи.
    Едно детенце ми мавна рака од една кола додека одев. Љубопитно дете. Шараше насекаде со очињата и го впиваше светот околу него. Му се насмевнав и и тоа ми се насмевна. И не верував дека некогаш за некој ќе речам дека ми е мил. Ова дете беше. Невиност зрачеше од неговата насмевка. Искрена и чиста.
    Потоа додека се враќав назад накај дома, во автобусот влезе една моја школска до осмо со Даунов синдром. Ја поздравив и таа ми се насмевна и ми кимна.
    Знам, не е голема работа ова, ама насмевките што ги гледам околу мене во поголемиот дел од денот се лицемерни и сосила направени. Освен оние на домашните мои.
    Не знам зошто ја избегнуваат и се понашаат со неа како ѓубре фрлено на патот. Се спротивставив на еден што ја навреди и посакав да ја заштитам, ама не го можам тоа.

    Несакајќи и се истушив на мајка ми. :(
    Сега се каам, знам дека не требаше така ама и таа не е сосема во право. Нека биде потрпелива, нека ме остави сама да станам независна. Дојди да те гушнам! :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=vE2tcalBh9w
    Не, не сум хепи само кога врне. :devil: Ама убава песна е.
    Ајде губи се мутаво време. :rofl:
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Ми треба промена во животот, промена :(
     
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    До каде ќе оди светов бе луѓеее..
    12 ГОД ДЕТЕ УКРАЛО 5.000 ЕВРА И СИТЕ ГИ ДАЛО ЗА ПРОСТИТУТКИ
    :fubar:
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние луѓе кои денот го планираат до секоја минута.
    Станувам веднаш штом заѕвони алармот, гледам што побрзо да ги завршам обврските и мразам да го губам времето на непотребни работи. Арно ама, кога сум на планина, си дозволувам да си се излежувам во кревет до пладне. Таму најубаво се одмара, а ако згора на сѐ надвор врне дожд, тогаш знам да станам многу мрзелива. И не ретко се случува наутро тој да стане пред мене. Па додека јас се расонувам, тој веќе се симнал долу, го запалил огнот и сварил кафе. Ќе се довикуваме некое време, па на крајот ќе ми го донесе кафето во кревет. А откако ќе види дека немам намера да станам, постои само едно решение – да ми го земе јорганот под кој сум се стуткала како мачка.
    Ќе го започнам денот излежувајќи се, додека пијам кафе и решавам крстозбор.
    Пешачка патека со седум букви?
    - Тротоар бе Ана :)
    Оу, да бе... Јас пак помислив се бара друго име за планинарска патека.

    И веќе сфаќам дека во мене почнала да доминира таа страна и дека нештата ги гледам низ таа призма. Прво што ми текна не беше тротоар, туку планинарска патека. Не помислив на цивилизација, урбано место, туку на планина, дивина.

    Патем, знае ли Ана Темкова дека ја има во скоро секој македонски крстозбор? :^)
     
    На sweet-cherry, wendy2, Elichka и 27 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    не баш, али ... можда му бил инспирација :wasntme: :D

    http://www.youtube.com/watch?v=7xhqxbgDnjQ :$ :talk:
     
    На kravce, Trendafilka, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    8.290
    Очите ми се затвораат, ама сакам да кажам нешто.
    Штедете си ги советите за луѓе кои ги заслужуваат, кои ќе ги сослушаат и искористат.
    Се уморив од тоа да бидам слушател на нечии проблеми, да се потрудам да дадам конструктивен совет, за после да слушам повторно исти поплаки!
    Чист мазохизам. Поштеди ме и уживај сам во сопствениот хаос.

    Како сликата што кружеше низ интернетов, многу ги комплицираме работите. Денес најлесно е да започнеш или сосема да прекинеш комуникација со некој.

    Околината моја се претежно конформисти. Без иницијатива за внесување свежина во споствениот живот, врска, работа.

    Ако пуштиш група луѓе во шума на каде ќе тргнат? Онаму кај што ќе видат започната патека, не битно дали тој човек на крајот на патеката го изела мечка или волк.
    Зашто тоа е полесно отколку сам да си ја отвориш мапата и компасот и да гледаш во звездите и да ја проверуваш мовта за да се ориентираш.
     
    На tweety26, Mishela, Nymeria и 15 други им се допаѓа ова.
  9. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Гледајќи кон небото и се воодушевував на височината,
    и накратко посакав да се здружам со месечината.
    За да ги гледам твоите очи во темнината
    и да ја следам твојата насмевка во далечината.
    Да видам како успеваш така светов да ми го боиш,
    како живот во волшебни мечти,
    како успеваш да ми ја враќаш насмевката
    и после блок часови сметководство.

    Те има во моево срце,колку што има пајажини во ќошевите од вецето.
     
    На Lov3 и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Никогаш повеќе......веќе се беше и повеќе од доволно ...никогаш ...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Сакам да кажам дека ми се деси тоа што сакав да ми се деси и сега немам време за ништо друго да ми се дешава.
    Ме разбирате?
    Не... знам дека не :|
    Посебна сум си јас, понекогаш и сама не се разбирам. ;)

    Ме нема на форумов често да гњавам, ме нема ни на чет со екипата со стандардната трета смена, ме нема на повеќе страни и витруелно и реално.
    Се вработив бре луѓе и во 16h се враќам дома, додека ручам и преоблечам дошло 17h, веќе ми се приспало а и не сум одморена и расположена за излегување. Све нешто не ми се погаѓа. Прво не ми чинеше што немав работа па со премногу слободно време мислев дека ќе затупам социјално и интелектуално и пресушам финансиски, а сега кога е друга ситуацијата, мислам дека ќе си имам финансии за мене (колку јас да се покријам) ама па скратено ми е времето.

    И такви сме ние луѓето, се некогаш нешто не ни е погодено. :| |(

    Да ви кажам... битно ми е да доживеам старост, да останам здрава (колку се може) и витална, да ме држи паметот до некаде и да можам да излезам од дома и да им праам муабет на фармацевтите во аптека. Малце ќе се насмеат и они на некое бабе кое бара нешто чудно или сака само да си каже, да се олесни, муабет да сврти. :lol:
    Бабички....изгледа сега кога ги немам согледувам колку навистина ми го правеле мојот живот по-полн и ми фалат.

    И така драги челенови, јас ви посакувам да ги памтите само убавите случувања и тие да ве водат секој ден, колку животот и да ве мава не дозволувајте негативните случувања да ви ги зробат срцата и мислите. Кога црвчето ќе влезе во јаболкото, тоа одвнатре ќе скапе, така? ;)

    Ве гушкам и поздравувам сите :* :hug:
    Добра ноќ |-)
     
    На tweety26, anabel-a, Katerinceee и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    За разлика од моите другарки кои едвај чекаат да стапат во брак, јас сум некако по опуштена околу тоа прашање.
    Едната вели, така ќе се осигурала (као демек за навек ќе бил нејзин). Драга моја, нико није сигуран.
    Јас, ги сакам рандом викендите поминати далеку од овој град, ги сакам одморите со него, ги сакам деновите кога го гледам и кога не го гледам, тоа ме возбудува, ме тера да го сакам уште повеќе. На пример, тие 2-3 дена што ќе ги поминам со него настрана ме тераат да се приврзам повеќе па потоа со нетрпение ја очекуваме наредната прилика да побегнеме од тука...
    Не си презаситен, секогаш сакаш повеќе, затоа што знаеш дека е ограничено и не можеш кога сакаш.
    Затоа кога го гушкам, му ги слушам отчукувањата, за да ми останат во мене до наредниот пат додека ги слушнам.
    Е не дека бракот не си има и свои предности, ама дека со тоа ќе се осигураш јок јок.
     
    На Mrs.Cuper, tweety26, Greeen и 7 други им се допаѓа ова.
  13. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Денес срцкото имаше роденден и бевме кај него дома со друштво :) Не ми е прв пат да одам дома му и не чувствував ама апсолутно никаков страм, онака супер ми беше опуштено..Секако неговите не седеа со нас, само мајка му ке дојдеше да види дали треба нешто но ни тогаш не се страмев :lol: се чувствував толку пријатно и слободно како таму да ми е местото :D се надевам дека ќе биди така..исто така денес т.е вечерва се осетив мн сакано во прегратките на милото мое, не знам која беше причината за тоа и друг пат исто ме гушкал :) и уште сега осеќам дека ке ми недостигаат неговите прегратки, бакнежи и нежности :( но тоа е тоа факултетот го вика..и тоа е од мене за вечерва..
    Добра ви ноќ на сите, јас одам да си го сонувам милото мое :rofl:
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Денеска се осеќам како црковен глушец - јадна, гладна и страдна.
    Плус и водена. |(

    Го видовте прееска дождот... не не, не беше дожд. ОЛУЈА. Невреме. УРАГАНОТ. ЦИКЛОНОТ. :devil: Тоа нештото што многу врнеше баш кога бев надвор. И кога бев на место каде што нема автобуски станици, си тргнал и мора да стасаш, нема назад, нема тротоари затоа што сите паркираат на нив, по страните на улицата има мини езерца, а по средината фрчат батки со блиндирани стакла и те тушираат. Оти ти дома не се бањаш. Оти ти имаш уште тринаесет пара чизми и капути да носиш додека овој ти се исуши. Оти ти си глуп и прост што одиш со јаден чадор, он е паметен, се вози на топло, во кола и сака да те испрска.

    Јас сум крива, блејм ит он миииии!

    Кај бев со муабетов. |(

    Накиснав за сите пари. Уште не можам да се досушам, сва среќа па носев чадор. А ако не носев чадор можеби и посува ќе бев, тоа врнеше од лево, од десно, од горе, жими мене, врнеше и од доле нагоре. Сега пробувам да се доведам во нормала, јадев ама енергија на минимум, цревца залепени, држ-недај додека не си најдам нешто плус до после. Си уклучив Лав сонгс на Антена5 и стварно ме нервира овој што зборува. Атер за релаксирачка музика слушам, сите песни пасивни и уморни како мене во моментов. Не можам да се замарам и да барам што да слушам на Јутјуб, не можам ни да куцам дури.

    Некогаш си мислам дека светов чека на мене да го спасам. Не можам, јас би да помогнам, ама не можам сите еден по еден да ве оправам. Абе, од ѕид порадо ќе се маваат, неголи сами да си ја чукнат главата. Ама на кого кажуваш. Како мор сестро ја да помогнам за тој проблем, како брате да те извадам од кашата, ти тегни напред, тој назад. Не сте дрва, на крај краева, ако не ти се свиѓа нешто, фаќај парталите и да те нема.

    Исто, паднав на муабет и за тоа фамозното - ама она го сака, не може да му се скара. Кој кого сака бе? Како тоа не може? Да не се случајно во 15 годишен брак со три деца измеѓу? Па и така да е, иди бегај, се' ќе трпиш, пф... сами си се криви. Идиотот што ја лаже, малтретира, изневерува, омаловажува, љубомори на братучед и, некој себичен, некој што си гледа само за него? И она го сака? Не, сама се лаже - ја сака нејзината слика за него во главата. Него не го сака. Не не, на кого кажуваш. Секој сам си е крив. :!:

    Сва среќа што има кој да ме расположи (читај: трпи :inlove: ) за време на ваквите денови. Па и тоа е тешко бе да најдеш денеска, некој да те трпи. :geek:
     
    На antonina, Hipster, Elichka и 25 други им се допаѓа ова.
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Моја слика за табло..
     

    Прикачени фајлови:

    На Marjan007, tessie, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Знам дека можда ќе сум офф-топикче, али ете..

    Сум се оклучила специјално заради Трендафилка.
    Е Трендафилке, ако ме читаш сега - да даде Господ утре, задутре да ти читам некоја книга. Сево ова го заслужуваш, нека простат другите омилени феминки, ама мајке ми, прекрасна си.
    Те имам читано и знам дека многу можеби ќе кажат мала сум пф, ама талент препознавам бе.

    И не не не, не сакам да бидам сфатена како газолижач, како разгалено детиште кое сака да фаќа „поени“ кај луѓето, не не. Друга ми е мене поентата, ќе ме разбереш, се надевам.

    Епа, ти ја пуштам целата среќа на тебе и на другите феминки. Трклацето се врти, а ние ќе си ги читаме колумните на Трендафилка.

    И Трендафилке, кога ќе ни станеш позната авторка/колумнистка ќе можам да кажам оти ние феминките тука ти ги читавме почетоците од твојата дај боже сјајна кариера.

    Љубим вас,
    хохо
     
    На sweet-cherry, Annath, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.128
    ...многу нешта. А не можам.
    Сакам нови почетоци. Не сакам краеви.

    Нештата ми бегаат од раце.
    А не сакам да признаам.

    Најголем аманет кој можам да го оставам е - најдете време за себе. За она што ве прави среќни. Ниту едни пари не можат да го купат тоа.
    Ниту една работна обврска не е поважна од тоа.

    Љубов. Страст. Задоволство. Среќа. Сите заедно.
     
    На tweety26, teddybear, anuskaNESTLE и 14 други им се допаѓа ова.
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Излегов малку да се прошетам прееска, воздух да ме фати, да искористам додека росеше.. но, како за беља на пола пат почна да врне како со кофи вода да ми истура некој на глава, а јас немав чадор туку само капата од јакната. И знаете што? Мило ми беше што тоа ми се случи! За прв пат си пеев на глас одејки по улица без никој да ме види (бидејки сите избегаа колку што можеа побрзо) додека на слушалките ми свиреше омилената песна и безгрижно си шлапкав со гумените чизми по вирови и бев среќна, многу среќна! Дојдов дома накисната, но душата ми беше исполнета :)

    И да, ве поздравувам со песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=jcD1AeMx5II
     
    На Umbrella22, kravce, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК човек каков и да е во душа и карактер, таков ќе биде секаде, без разлика каде се наоѓа.Само некои луѓе мислат дека тоа не е така.Се приметува, а ако се лажат себе си, тоа е нивни проблем, не е на оној кого го лажат.А светот е овој, животот е овој еден и единствен, нема потреба од толкување на некакви замислени улоги, мислејки дека и тоа не е така забележливо.А театарот не е затворен за никого, а и не секој сака театар.
     
    На bittersweet, julie77, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.