Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Леле, не знам како може да постоите, суштества, шо имате изградено мислење за вас колку сте сложени и никој не може да ве трпи, за вашите амбициозности и за тоа колку поразлични погледи имате за светот од сите други. Его трипови до немајкаде. :D

    Идентитети се олеснување за поштарот кај да ги остави сметките за струја и вода. - Алан Вотс

    Она што го градиме, идентитетот, нашите карактеристики, е само најубавата улога што ја имаме у животот. Одбираме карактеристики што ги негуваме, што можеме така лесно да ги смениме. Our ID is so fragile, so changeable. That simple.
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Луѓе сакам да ви кажам дека патиштата се катастрофа! А гледам и градовите не се поарни :(
    Јас едвај стигнав до Софија,место да патувам 8 сати,јас 14...Викам тежок беше патот до дипломата,ама еве,ко за крај,мораше да ме измачи уште еднаш,со милион препреки,ех :D
    Прво,времево ме испрати со поројни дождови,после од кога го поминавме Кочани останавме на сред пат со автобусот,поточно среде планина,ми беше страв мечки да не излезат :D Пукнало нешто од камењата на патот и автобусот во дефект...Додека пуштија нов бус,поминаа 3 сати,а ние смрзнавме во бусот,темница број не се гледа,сите грчат,а јас се ѕверев ко бувче,неможев да спијам,абе романтики шта да ви причам,дождот само се слушаше како чука по автобусот... И кога конечно пристигна автобусот,по патот огромни одрони,требаше да минува препреки автобусот,спирали да прави и се. НАредно беше снегот на граница,ама снег луѓе не малку,туку камионите застанале отстрана,неможеа да накачат! Лизгаше,врнеше снег уште,наврна можда пола метро.А капаче на тоа,арно поминавме на границите и после на излегување од бугарската,тие идиотите викаат немоѓиме винетка да дадеме,не рапботи интернетот |( неможам јас да напишам треба смената да дојди,ќе чекате еден сат :@ и чекавме...и пак на рака напишаа...катастрофа!
    И конечно после тоа тргнавме за Софија во 7 и кусурот и заспав.Софија место во 5 ние во 10.
    Барем конечно си ги дозедов документите и нема да треба да идам повеќе.Еве на гости сум малце,конечно да ја видам и другарка ми,кефој си сум,а после и ќе прошетаме :) А утре,се надевам да не се урни мостот во Ќустендил за да можам да си дојдам и да не песпијам пак во автобус :worried:
    Внимавајте ако сакате да патувате,опасно е! Засега од мене толку,имајте вие убав ден. Ending... :*
     
    На Elichka, anuskaNESTLE, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.128
    Којзнае од кога не сум чекала повик волку нестрпливо.
    А телефонот никако да заѕвони.
    За денес толку беше, се надевам утре...
    Ама ќе пукнам веќе!
     
  4. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    СДК денов баш и не ми се погоди..Се некакви БАКСУЗ работи ми се случија.
    Мојата најголема желба која можеше денес да се оствари, НЕ СЕ ОСТВАРИ ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Ајде сега властите да ги видиме,што обеќаат ова оно пред избори,нека помогнат сега на луѓето на коишто им треба помош!
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    17.125
    Лошо луѓе, лошо.
    Цели домакинства, дом што некој цел свој живот го создавал за толку кратко време се да отиде јабана. Колку и да го сакаме дождот, волку многу не е за арно.
    Браната се преполнила, па морале да ја испуштат-ете како ги снема тие домови погоре што ги пишав.
    Цела вечер и цело пладне немаме струја, се потопила и трафостаницата, морале да ја сопрат.
    Сега и вода нема.
    А зошто?-Поради дождот. Секоја точка за љубов што сум ја имала кон него згаснува.
    Кон дождот, да се разбереме!

    А кон него?
    Камо среќа.
    Денес него му е роденден, му пратив порака му честитав, не се јавив немав храброст.
    Како што не ми врати со едно ’фала’, можам да замислам што би ми кажал на телефон :doh:
    Нејќам да се нервирам за него, ич.

    Сега ќе си барам сликички за вадење, шо нема да учам-нема.
    И ете, увидов дека светли бои многу убаво ми стојат, особено зелената.
    Веќе нема да купувам темни алишта, ќе ги заменам со светли.
    Темна шминка убаво ми ги истакнува очите.
    Ќе си собирам пари и ќе си купувам убави шминки.
    Убава маскара си земав за почеток, си порачав и убави перли.
    Ќе си собирам пари за убава пудра, од наредниот број ќе си порачам убаво моливче за очи, мајка ми ќе ми го плати. После, со време ќе си купам и поубав туш за очи и убави сенки.
    Се ќе бидне со време.

    Денес на школо од цел град, само ние имавме часови, од 5-8. Малите не, им студело.
    Добро, а ние шо сме поголеми, нас не ни е ладно?
    Или може ние сме суперхерои и се ни е супер?

    Добро, ова реферат испадна.
    Ја се испричавам.
    Адиос.

    Ние сме си весел народ... боси, гладни, сиромашни, сега и потопени ама секогаш на смешка си ја тераме![​IMG]У склоп на првичниот муабет.
     
    На Elichka, Trendafilka, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како може некој да мрази некого, стварно не разбирам.
    Мислам објективно, да не бидам погрешно разберена.
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.952
    Пол:
    Женски
    Лош период. Фебруаре, те мразам. :devil:
    Зашто мора сите да се толку нерасположени..
    Зашто мора сите окулу мене да се караат...
    Дојди сонце, огреј не, направи насмевки окулу нас! Ни(ми) фалиш!!
    Депресии ги фаќа веќе сите луѓе.. Неможам да го трпам овој перод. :worried:

    Тој ми фали, но... иако се смиривме, сеуште е како да (не)сме во врска. Ако вака продолжи.. Не верувам дека ќе биде се супер.
    и.. Инаету, излези од мене!! :doh:
    Ми треба доза гушкање, скокоткање од него... Ми фали како на наркоман дрога.

    И.. Надвор од темава за депресивново време, морам да кажам дека денес ми(ни) предаваше многу испиративен човек. Капа му симнувам, дефинитивно нај-ѕвер човек што сум го запознала. Премногу паметен човек! Браво! На таквите луѓе им се дивам..
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Значи за утре да барам гумени чизми... :D
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Татко ми дома се распослал со тефтери полни со рецепти - ќе правел еклери.
    Никогаш не правел, ама важно е дека има волја да научи :!:
    Цел ден се мотка во кујна и испекол неколку тепсии со лепчиња за еклери.
    Повеќето од нив - неуспешни мисии :lol:
    Влегувам во кујна и гледам две тепсии со спаснати лепчиња.
    Што е ова? - му викам.
    А тој: Абе не ми се погодија лепчињава, не знам зошто спласнаа. Требаше ко божем внатре со фил да ги полнам... Ај ќе им смислам нешто.

    После некое време се враќам во кујна и гледам дека двете тепсии, станале една. Од две лепчиња направил по еден еклер. И ете така, еклерите станаа сендвичи :wasntme:
    До душа, другите две тепсии ги погоди, ама за првиве тури му се изнасмеав!

    Тој: Пробај ги на вкус, па после смеј ми се. Моите елкери се посебни, затоа што меѓу состојките додадов љубов.
    Бре, бре, му викам. Пази да не нѐ предозираш со љубов.
    А тој: Од љубов и це витамин - никогаш доста ;)
     
    На sweet-cherry, wendy2, ozbilnazena и 35 други им се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Конечно во животов мој си направив болоњезе сос со шпагети! :mm: Никогаш не сум ги пробала некои ресторантски, ама моиве сигурно се поубави :lol:
    Еее од сега барем еднаш неделно ќе си готвам нешто вакво интересно, а лесно и поевтино :!:
     
    На Bubbi, anuskaNESTLE, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    Човекот е добар судија за туѓите грешки,а уште подобар адвокат за своите ... :x .Ц ц ц пртисокот ми се качи денес :devil: .Ете тоа сакав да кажам ,друго нема што да кажам.
     
  13. cute12

    cute12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    47
    имам многу за учење за утреееееееееееееееее :'( :@
     
  14. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Чуден е животов.Во еден миг си горе,планираш,среќен си,убаво ти е ,а во следен оп се оди надолу сите планови,мисли,сето она кое што требало да е реалност сфаќаме дека било само наш сон. Ете така и јас по не знам кој пат си добив голем шамар од него.Не да ме удри,ме тресна од земја. Некогаш се прашувам какви планови бог има за мене,можеби да отидев и јас заедно со моите на небото ќе беше многу подобро.Барем немаше да трпам уште поголеми болки.Душевната болка е многу поголема од физичката,а јас веќе немам сили да издржам. Доста ми е од непроспиени ноќи и нервози,потечени очи,еден куп прашања кои што немаат никаков одговор. Во главата ми е каша попара,а срцето? То е распарчено на милион делови и ако се состави некогаш тешко дека ќе биде истото.Како што чашата не е иста од ко ќе се залепи така и срцево мое.Дупено,повредувано,било и секогаш се враќало во нормала,но овај пат се скрши и чувствувам дека нема да е истото.Се надевам,пак јас пуста надеж дека ќе се среди нешто,но не зависи само од мене.Зависи од двајцата,ако се потрудиме за нас и ако разбериме дека не може вака би било убаво,но дали би било така кој знае.Ќе покаже времето, а до тогаш јас ќе си чекам.
     
    На Neytiri и Ana.Jones им се допаѓа ова.
  15. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Денов.....аххх полн полн......малце се распеав денеска на школо кога имавме час со хорот после продавав производи од орифлејм (мора бизнисот да се шири 8) ) .Ама не го заборавив роденденот на мајка ми , тоа никако :!: цел ден мислам што да и купам....И не измислив |( . Ама ми проработи тоа мозочето и отидов во канцеларија на орифлејм и зедов околу 7 работи :tmi: : Ташна помала , ташна поголема , едни за нозе како чорапи со врвки , обетки , приврезок , новчаник и несесер па што сака нека си одбери :lol: .Ама изгледа жената во уште поголема невоља ја ставив......цел саат се дума се мисли што ли да си одбере :lol: И сега уште си чекам јас.......Како и да е, на школо денеска беше тмурно , како и секогаш :doh: али тоа е....... Eдино што ме држи уште на нозе во тоа училиште е големиот одмор и конкурсот по македонски јазик за патрониот празник на нашето училиште......Сум се рапишала , ајде доста одолговлекувам имајте сите убава вечер :* :hug:
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Се чувствувам грозно и понижено како и цело време само тоа не го сфаќав порано..Добро зошто? Како можат некои луге толку прости работи да не можат да сфатат..незнам јас. Одвратен ден.
     
  17. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Денов беше прекрасен! :)
    Сонце,топло,убаво.Милина.
    И се појше се мислам дали се среди времево заради тоа што Лилит и татко и ги изеле сите сарми?! :^) :wasntme:
     
    На Umbrella22, anichka94, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК УШТЕ САМО 5 ДЕНА И КЕ БИДАМ СО МОЕТО СОНЦЕ....ЕДВАЈ ЧЕКАМ ПАК ДА ГО ПРЕГРНАМ , ДА ГО БАКНАМ И ДА МУ КАЖАМ КОЛКУ МНОГУ МИ НЕДОСТИГАЛ И КОЛКУ ГО САКАМ.....ТЕ ЧЕКАМ ДУШО МОЈАААА ЕДИНСТВЕНА
     
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека извадив 4ка на тестот математика бре :lol: Денеска сум се засрамила на граѓанско офф место дијалог јас реков дијалект и наставничката ме гледа накриво а сите се смеат и ми требаше 1 минута да ми текне што сум рекла а јас таква озбилна па дури си продолжувам :tmi: Не бе историјава не ја можам а кај што толкави лекцииве па и 3049384 датуми и ај учи.Ама денеска ништо не ме занима,денес има Ел Класико и чекам еве уште малку па утре нека биде што ќе биде.Имајте сите убава вечер :*
     
  20. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Ех камо среќа секој ден да ми е ваков.На училиште смеење, си се вратив среќна.Единствено библиотекарката нешто ме изнервира, намуртена таква и не ми е јасно зошто работи тука кога не е задоволна.Нека стаат некоја добра личност која има појма што работи и каде а не вакви.Дојдов дома, бев расположена за промени и си го сменив распоредот во собата и додадов некои нови работи.Ептен сум некако расположена.Уште времето да ми се погоди ^_^ Како и да е, едвај чекам викенд
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.