Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мајка ми, ми го приготвува омиленото јадење..
    Татко ми, приморан зјапа во телевизорот на кој фрчат турски серии.. :D
    Јас се мачам со проектов..
    Се на се, пријатна атмосфера, ми се допаѓа, нека трае.
    Сакам во секој дом да е така, искрено.. Отсекогаш ми беше жал за децата кои растат во катастрофална домашна атмосфера.. А не дека татко ми е секогаш позитивно настроен, баш напротив, ама ете, имам и јас добри мигови...
     
    На Monna.Monna, thelittle17, Stoimenovska и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Вторник чклорник.

    Нешто што не можам да поднесам се ограничувања. И тоа посебно од оние краткорочните. Не можам едноставно така да функционирам, под притисок дека имам кратко време за извршување на било што, ме убива во поим тоа и тури му пепел на она што треба да се заврши. Не можам да почнам да учам недела или ден пред испит. Ништо нема да научам.
    Периодов учествувам во битка со себе и околината. Завршив со последниот испит и се чувствувам како еден од ретките преживеани после тешка војна.

    Го знаете она кога си полн со енергија и имаш желба да правиш нешто корисно? Во моментов ни јас. Немам за учење секако, а и не планирам да излегувам, јајниците ми протестираат, ужасно ме мрзи да се мрдам од кревет, ќе си пуштам лимонатка комедија што нема смисла.
    Кој како ќе си ја нареди..

    Лошо е кога почнуваат да ти недостасуваат нештата што си ги мразел. Оно на човек целиот свет да му го дадеш, пак малку ќе му биде. Тоа е така огромен точен факт, што поточен нема.

    На исток ништо ново, вода нема цел ден, времето облачно и љубовно.
    Ми треба психички ремонт, под итно.
     
    На bittersweet, anabel-a, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.179
    Допаѓања:
    139.128
    Понеделник во Ван Гог е вистински начин да се почне неделата.
    И после - ич не ти е гајле.
    Само вторнициве се малку поспани :D
     
    На Moira, ljubam и Johny им се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Мислев читањето низ темиве ќе ме одмори,релаксира,ама ц.
    Преморена ,со многу мисли,неизвесност,само надеж дека ќе биде се како што треба.
    Како една ситуација ги менува работите.
    Најмогу се секирам за него.Некако е затворен,не сака да зборува, ама му ги знам мислите.
    Сакам да верувам дека ќе биде.
    И пак наредната недела на пат.Син ми ми вика,штом одиш со тато,нема да се секирам.Кога сум била сама,се плашел за мене.Ах,мажето на мама,заштитнички се поставува кон мене...,а уште се гушкаме навечер пред спиење.
    Колку само брзо растат.

    Не ни знам што сакав веќе да кажам...се ми е измешано.
     
    На bittersweet, Moira, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Среќен роденден Ѓорѓи Колозов , легендо незаменлива.Човекот кој ги освои и стопли сите Македонски срца со својот лик, глас и стас во НЕЗАМЕНЛИВИТЕ Македонски народни приказни! Серија со која порасна секое дете. Добро познатите приказни, беа толку блиски, топли и прифатени од луѓето, едноставно носеја некоја магија со себе ! Почивај во мир ЛЕГЕНДО !!!! :bow:
    [​IMG]
     
    На antonina, Sunchild, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Си читам и си се смеам бе... Не.. Овојпат само ќе се насмеам. Не просветлувам никого :D :D :D
    Ааајде бре... :D
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Го знаете она ужасно чуство(мора да го знаете)кога непреболениот бивши го гледате,како флертува со друга јадна душичка.
    На која облеката сигурно и се паднала во мало пакување на смоки,пошто тоа е единственото објаснување за миничот до пич.
    А низ вашата кревка и напатена душичка поминува едно мало црвче кое остро ве гризе и гризе до болка.
    и ужива вршејќи си ја работата.тоа црвче има име,а името муе љубомора :)
    А го знаете она, кога после таа лапсусна глетка,карактерот како да ви излегол од графика ?
    И да кренете тенк ви изгледа многу полесно,одколку повторно да си ја вратите насмевката на вашето лице во моментот.

    А што е таа крива?крив е коњот до неа,ама и таа, по која логика незнам,ама Е,доволно за да не сакам да и ја видам силуетата.
    и уште ова
    Го знате она ужасно чуство кога новата цура на бившиот е појака риба од тебе ?
    Ни јас :)

    Have a great night :*
     
    На antonina, Bubbi, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  8. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Епа драги мои мене од денес ми почнаа милите ми тестови, и како што го дал Господ школото мое секој ден по еден си имам.
    Некако мрзлива сум ова полугодие. Ич, ама баш ич не ми се учи!
    А минатото учев мислиш докторат спремав :lol:
    Не ми е тука мозокот, ми лета, неможам на едно место да достојам.
    Нешто ќе да се случува со мене, ама што само времето ќе покаже. :)
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Па нормално дека нема кога ниту можеш а ниту знаееш :D хаха



    Денот ми беше да речиме убав, ме смеат разни :D , ама за утре ќе видиме. :) И многу сум преморена :yawn: ама се надевам дека ќе се исплатува :!:
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На sweet-cherry, Neytiri, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Понекогаш мислам, дека во мојата ташна имам сè, освен она што навистина ми треба.
    А верувајте, ми фалат банални и за жал потребни работи, кои по некое непишано правило треба да ги има секоја девојка.
    Причај ми причу ...
    И секогаш кога ме фаќа вака критичен период (како на пример денеска), се нафаќам да ја средам или „средам“, секако - неуспешно.
    Затоа што, се задлабочувам во секоја ситница што ја наоѓам - невозможно е да не се запрашам од каде тоа нешто се нашло, па и останало во ташната и не минува тура „средување“ без да си мозгам филозофии, да си вртам филмови низ глава и да се навраќам на некои мили моменти кои не можам да ги извадам од срце.
    ***
    И така, денеска од мојата омилена ташничка испадна цело „богатство“ глупости; мал милион искористени карти од автобуси кои ме потсетија дека треба да си ја ставам тековната во џебот за да не ја заборавам утре (продолжен викенд ^_^), тенкоминецот кој го барав со недели и го немаше баш тогаш кога ми требаше за цртање - тука е, ама сега, откако лупнав пари за нов, а стариов цело време ми бил пред нос. :?:
    Па не буквално, ама ... :|
    Продолжувам.
    Цело топче стуткани ливчиња со списоци за пазарување, пораки за пренесување (во стил - what not to forget), огледалца, кармини, обетки, тинтурарии и сваштарии и тука-таму по некоја банкнота заостаната и моите картички од библиотека истурени насекаде.
    А знаев дека носев уште нешто; и ми текна дека ми фали сликичката од мојата половинка. И за секунда ми се скамени и умов и сè. Каде ли сум ја изгубила и како ли всушност сум можела да ја изгубам.
    Си се опцув во стилот „Цацко и Мариче седат на клупа“ - па да ти се титнам во титката титната, зошто не си купив новчаник !? :sweat:

    Всушност, стануваше збор за мало сличе, кое го добив од дечко ми пред година дена. Без врска, му разгледував стари албуми со фотографии и таа ми падна онака на „пик“. Имал само една годинка и тврдам, дека бил најубавото бебе со оригинал коси кинеско-јапонски окциња и напрчено усте, онакво, апла бебешко. :lol:
    И на нашиот следен состанок ми ја подари. Ми беше жал да ја земам - единствена му беше, ама сепак од тогаш си ја носев во ... футролата за мобилен, знаете, од оние кои се закопчуваат со патент и имаат внатре две прегради за пари.
    Зашто немам новчаник.
    И редно е да си купам еден, да му се титнам. :D
    И ќе си купам да знаете, само да се приберам дома здрава и права.

    А, ја најдов сликата. Забуткана таму на дното, со сè купончињата од некоја си акција на Тинекс, од којзнае кога - не дека на некој му е гајле, ама да си кажам, да не случајно остане нешто недо(ис)кажано. :)
    ***
    Имајте убава вечер, гледајте да не бидете како мене и да не пикате глупости во ташните и „наравоучение“ oд моиве глупости - картички, пари и дрангулии чувајте во новчаник! :!:

    Поздрави и честички од М. :hai:
     
    На Elichka, Bubbi, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Би сакала да ви предложам нешто, што секако, немора да го прифатите, иако би било пожелно.
    Моето именце, Chocolate.me, кога ќе сакате да го преведете на јазикот кој го зборувате, македонски, да го преведете Чоклејт.ми.
    Зашто јас немам толку креативен ум како вашите умови. Во сите можни варијанти на зборови кои почнуваат со Ч и завршуваат со Т сум се пронашла.

    Искрено, ама не,
    Chocolate.me
     
  13. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Ова не се поднесува повеќе,во животов треба да бидеш премногу суров,бесчуствиелен,ако сакаш да успееш.На секој чекор некои хиени,чекаат да те растргнат,да ти наштетат.А која е нашата полза од тоа,освен стрес и нервоза?Нема среќен живот има среќни денови.А тие пак нашминкани лица,што глумат смиреност,расположеност,сигурно се на дупли дози лексилиум.И онда иде оној дел,кај што ако тргне лошо се кривиш сам себе си а ни в немаш од вина.Епа тоа е луѓе мои што многу други го немаат,што и кога сите делови од телото ќе ти бидат здрави,тоа е она што ќе те боли.Тоа е СОВЕСТ !
     
    На SparkyAngel и julie77 им се допаѓа ова.
  14. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Денеска непланирано отидов за Скопје, завршив работа и право назад. Се враќав со такси а во колата беа едни баба и дедо. Муабет цел пат, не дека релацијата ми беше многу далеку ама стварно не го сетив времето. Дедото ми изгледаше толку добар човек, леле, една насмевка што имаше стариот, изгледаше како најдобриот човек на светот :!: после дедо ми.

    Си правеа муабет со таксистот како порано они живееле, во кои услови. Бабата седеше до мене и само дофрлаше нешто, мора они нешто да кажат, женава ваква :talk: уста не затвори цел пат. Јас си ги слушав и си уживав, ми делуваа како добри луѓе и се чувствував многу пријатно во нивно друштво
    :?: не ни можев да замислам дека ова некогаш би го кажала
    Како и да е, додека ги слушам, бабава ми се врти и ми вика а вие што работите :| ајдее тргна муабетот :wasntme: кога тргнавме, кога стасавме. Мило ми е што ве запознав, вашите деца и внуци се сигурно пресреќни што ве имаат.

    И конечно се ближи сабота, само се да заврши како што треба па цела вечер ќе славиме. Деновиве ми летаат. Ноктиве кога ќе си ги погледнам се нервирам, овој пат ич не сум задоволна од гелов. Нема ни месец кога ги правев а се си мислам ќе ми падне гелот. Башка палецов, скршен, и тоа скршен оти тато кога мине како да мине некој дебел човек со најголем г`з, не гледа лево - десно и го закачи мониторот и ја да го фатам, да го спасам да не падне, си го кршам ноктов и ми паѓа лаптопов на земја :( ах бре човек. Битно се договоривме и си памтам, ти ми го плаќаш маникирот следниот пат :devil:

    И ете, пак ме фати касно, секое сабајле си викам аааа вечер ќе си легнам порано |( и по дифолт тоа не се случува, утре пак нема да можам да се освестам ах :@

    Добра ноќ :yawn:
     
    На Elichka, Yowannty и danichap им се допаѓа ова.
  15. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Денес сфатив дека тема на исмејување моеже да биде и тоа да се занимаваш со хоби како фотографија.
    Да ти дофрлаат и да те навредуваат само затоа што го користиш фотоапаратот за да се изразиш. Дека и тоа може да биде трн во око и искра за некој да лечи комплекси на тебе.
    Би рекол дека ми е преку глава,но во исто време не ми е јасно.
    Не ми е јасно како можат да го хранат егото со омаловажување на некој и рушење на нешто за кое некој копнее.
    Полнам 18 и очи нема да ми видат овде...
     
    На sweet-cherry, Sanniii, Cacy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Леле денов... само правам глупости, целата сум изгубена. Човек ќе си рече пушти ја заљубена, но не реалноста е дека сум преморена и не знам главата каде ми е.
    Ми доаѓаше да истепам некое пензионерче денес, или навистина ги поминаа границите или јас денес бев слаба со нерви. Ќе да е второво зошто и на пракса збеснав начисто. Си ја завршив работата, си украдов столче од предавална и си седнав, е не ќе стојам два саати за џабе. Па ѕвони ова телефонов пуст без престан, па направив гримаса и ме приметила асистентката па ми вика ајде излези јави се не можам да те гледам како се нервираш, а не се нервирав само се напнував зошто кога ќе спуштиш слушалка значи човек е бизииииииии :emo: па предавања, па дрн дрн, ама не се доседува ако ми верувате... не поминува времето си стои во место.
    После за накај дома да седнам во автобус и не видов дека додека да ја соблечам јакната една баба ме претркала и се шмугнала на столчето од позади мене, ахахаха арно за малку во скут ќе и седнев, не ми е за друго туку ќе ја згмечев бре луѓе :rofl:
    Ај и тоа пројде, па во тинекс ќе одам демек со моите, прво како што им беа наредени тоалетните цел куп висок скоро колку мене, ми ѕвони телефонот, јас да го пронајдам коа лупнав со ташната во тоа купот летаат тоалетни на сите страни ајмооо, татко ми не знае кој крај да го фати, јас не можам да се соберам ако се наведнам ташната ми бега од раце или јакната или марамата, мајка ми гревната трча низ тинекс собира тоалетни. Не е за смеење срамота е, ама ајде бидна и тоа... даље, ми вика мајка ми земи од оние што ги сака брат ти(мали чок. наполитанки), и земам нема врска и до нив има ролери и го кревам кутивчето да го разгледам кога ми се шлапна на земја... стоев и го гледав со поглед уат д фак бре и се наведнав и го купивме што да правиме, внатре сол сум го направила. 8)
    Дојдовме дома и ме избркаа во соба да не сум праела глупости во дневна хахахаха и во соба, на новиот кревет на тазе сменета постелнина си го истурив кафето. Ова е веќе жално. Па рибај рибај рибај, триј пусти да не остане дамка на душекот, трчај по скали како забегана горе доле, па суши со фен... абе налет се отепав од пцуење. :D
    И така, седнав да гледам серии, и чекам да видам што ќе биде наредно... можеби ќе паднам од кревет вечер, а можеби ќе пропаднам и додека ги гледам серииве :D

    Туку на страна глупостиве да ви кажам дека како вчера да бев тиква зелена без надеж за зреење, а сега веќе се спремам за сликање за апсолвентско табло. И кога ќе видиш зелени сме навистина, години поминале, а јас во суштина сум истото девојченце, онака сржта не ми е променета, само пропратно животот што ме научил на две три работички и тоа е.
    Луѓе доаѓаат, луѓе си одат од животот, некои се задржуваат некои не... битни ми се оние кои сакам да ми се задржат, на другите можам само да им посакам среќа и мислам доволно е од моја страна.
    Па така, факултетски после сликање сите нашминкани и со средени фризури ќе се угостиме во некоја кафана сите заедно прв пат овие три години. Меѓусебе ретко кој си посакува искрено добро, ама ете, убаво е, јас не сум имала поголем конфликт со никој и ќе одам и ќе си поминам убаво. Ете да речам ќе биде како некој вид збогување.

    Другарка ми беше тука некои 4 дена... радости, таги, ако се смееме се смееме, ако плаче таа плачам и јас и обратно... и така, сега пак на сила стапуваат меиловите, и се жалиме и си споделуваме среќички се по меил, трпеливо слуша за него, трпеливо слуша за се, исто и јас... поточно не слушаме, читаме. Ах ајде што дава животот ќе грабаме... дај шта даш.

    Денес мерачки си се почастив со некои мали ситници, со едно книгиче, и планер, уствари тетратка е, а Дузи за пеевче ќе ми ги напише датумите и месеците :rofl:

    Сите се чудат како ми издржуваат ташниве, и јас се чудам... нема што немам во ташните бре, ама ако пак си ги носам сите глупости(напоменувам: за мене не се глупости хаха) и не ми е гајле колку ми е тешка или колку ќе треба да буричкам низ неа за да најдам нешто. :$

    И така, додека сите се оспеднати со чевли јас сум опседната со млека и спрејови за тело, со марами и шалови и со НОВЧАНИЦИ. Жими папагалчево да можам секоја недела ќе менувам новчаник(кога би имала мани секако). Последниов новчаник деновиве ја прослави годишнината што е светско чудо кај мене... и решив сите стари новчаници ги подарив, на мајка ми, тетка ми, и по другарки... ептен ми беше жал, ама секако немаше пак да ги користам а ете некој израдував ептен.

    И додека вчера/завчера плачев, денес сум будалеста, се смеам и уживам, среќна сум и како што приметувате не можам да престанам со зборување. Од 11 саат темава ми седи отворена и уште не сум допишала само се шетам на сите страни, кликам и ми бега вниманието ама што да правам расеана сумм :D

    Уште ова да ви кажам и готово: Според мене Бред Пит ниту бил, па ниту некогаш ќе биде најубавиот маж на планетата(според мене реков не туку ме пцујте :D ).

    Ајт чаоска :angel:

    [​IMG]
     
    На Foreveryoungiwannabe, Monna.Monna, kate21 и 25 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Џокси се надевам дека добро си ја познаваш својата вредност. Сакај се себе и негувај си ги своите способности, а секогаш ќе постои некој што ќе проба да ти ја повреди суетата, живееме во таков завидлив свет, кога луѓето не се задоволни од самите себе, и нивните фрустрации ги истураат на други. Немој да дозолуваш некој да ти создава болка, создади ѕид за глупи луѓе, за нив нема лек, не дозволувај нивното мислење да ти биде побитно од сопственото.

    http://www.youtube.com/watch?v=OJ610dDSER0
     
    На Foreveryoungiwannabe, antonina, JoxyTheFreak и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Стојам јас на семафор, чекам зелено за пешачки и гледам до мене бабичка.Малечка и слаба до бескрај.
    Со шеширче, кожни ракавици и ташничка.
    Се тетерави и се наведнува...Си помислив лошо и е :(
    Ми се врти таа на мене и ми вика - Ќе ве молам, ќе сакате ли торбичкава да ми ја пренесете преку улица, тешка е многу за мене? :(
    Ми подава торбичка со 1,5 л. кока кола.
    Ја прашувам- Каде живеете? Вели - Ете, во онаа зграда подоле.
    Ми падна жал и и ја однесов кока-колата до зграда.
    Цел ден ја мислам бабичкава...Ме потресе.
    Дај Боже сите здравјето да не држи, ама староста е тешка...
     
    На sweet-cherry, Foreveryoungiwannabe, antonina и 21 други им се допаѓа ова.
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Демотивирана сум до максимум!
    Желба и мотивација за било што имам еднаква на нула.
    И сега свесно ,,заборавам'' на обврските, свесно го одлагам и запоставувам и така преголемиот материјал за учење, свесно ја истурам огромната шолја на штотуку сварено врело кафе предвидена да ме дружи all night long и полека се подготвувам да си легнам во пижамите на кои се`уште свежо и јасно го осеќам Орнелот, да заспијам и да се растеретам од милиони зборови и дела што ми се вртат низ глава. Тон незавршени обврски имам и ги оставам зад себе, а ко за чудо - сеедно ми е. Индиферентност на ниво, како никогаш досега. Знам дека ќе се одрази повторно оваа самодеструктивност лошо врз мене, ама друг излез не гледам. А ги има доста, сигурна сум и убедена дека ги има, штета што сум слепа во тој поглед.

    И зошто побогу, оооооо зошто на аеробик доаѓате со залепени од римел трепки, и 5 минути пред да започне часот се пудрите и карминисовате? И така напудрени со свеж слој на катран црн римел и кармин ( по можност розева барби боја ) влегувата занесно во сала... Со свои очи го видов ова, не е никаква измишљотина или сајнс фикшн. Ооо Девице од Гвадалупе, што ме натера баш тогаш да полнам вода, сега ќе имав минус една глупоќа насобрана во мене! Тоа е таа атеншн хор група - мала е прилично, ама доста динамична, која секој час доаѓа со Адамови листови на себе за вежбање. Останатите сме ненормални нели што доаѓаме по облека у која би можеле да се движиме правилно. Многу практично од ваша страна девојчици, дајте си рачиња, еден групен хај-фајв! ;)


    Така сум изреволтирана од многу работи што ми иде да си ја преспијам неделава, и да се разбудам во понеделник дури, понеделник ми бил од секогаш синоним за нов почеток. Ама кого лажам, повторно се ќе биде исто, едино датумот ќе има други бројки. И тие ми се демотивирачки, се менуваат пребрзо.

    Не можам да фатам темпо!
    Изгубена сум, скроз!
     
    На sweet-cherry, antonina, Monna.Monna и 25 други им се допаѓа ова.
  20. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Што не ме роди мајко неодговорна и да не се замарам за ништо?
    Значи незнам дали е до мене или луѓево околу мене, ама нешто се случува. Мене кога некој ќе ме замоли да направам нешто или ако имам дедлајн - го правам истото! Не наоѓам некакви изговори, или го одложувам. Добро, зарем немаат грижа на совест?

    Држете среќа утре, ќе ми треба :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.