Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    СДК сега се зачленив и одма се затрчав да пишам нешто :D Несакам ни да помислам што ме чека утре.. Добра ноќ феминки сонувајте си ги вашите најмили
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      9 KB
      Прегледи:
      352
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Погледни го видеово, можеби и ќе ти се смени размислувањето :D
    http://www.youtube.com/watch?v=T_lh5fR4 ... r_embedded
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.238
    Допаѓања:
    157.280
    Сдк дека,еве вака свечено пред спиење,ќе се напијам апчиња за спиење една шака,зошто ЛАТАС ДОКТОРИРАЛ!!! Станал доктор по економија! Ооооо-оооо-оооо! Пиф,паф,пуф!
    Земи ме господе,земи ме!(добро не ме сфаќај сериозно :D )
    *у позадина оди турски марш*
     
    На Neytiri, ines.h, Miss-Independent и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сќиснав на форумот. Цеееел ден не се оделив од него. :lol: Се случи промената во мојот живот, што требаше одамна да се случи. Е сега, не знам колку ќе трае тоа, но се надевам за цел живот. :) Мајка ми ја украсила елката, прекрасно е ! Големо зелено дрво, со лампиони во златна и црвена боја. Воодушевувачко. :) На крајот на денот, некако се чувствувам исполнета. Не знам која е причината, но срцето ми е полно и среќна сум. :D Утре можеби ме чекаат солзи и тагување, ама ќе издржам, силна сум јас. :muscle: Доста замарав на фемина, одам да се подружам со креветчето ми. Добра Ноќ. :*
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк не е возможно жена да иде во шопинг со другарка као демек за само да и прави друштво, а да носи повеќе пари со себе и да не ги потроши истите до последен денар.
    Уште еднаш само пари за такси и кафе, и ќе одам да правам друштво.. Не бива инаку, џабе ќе се убедувам себеси дека ќе одолеам на добар пар чевли или чанта и ќе кажам ќе си ги чувам париве за нешто друго.. Ќе биде Карино..ќе биде :angel:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    СДК добив.
    Течам т.е. ми тече како кисел дожд во тропска шума, лево, десно, под, над, врз, до...ма сегде и од сите страни.
    Ме боли.
    Од што ме боли, дури и ме убива, исто како жедта во пустина.

    Во вакви денови ужасно многу мразам што сум женски род, им ги благословувам патлаците на сите од машкиот род, и им љубоморам. 31 од 31 ден имаат ерекција, и способност за коитус :rofl: (оооо Шелдон) или по нашки може да се сексаат, а ние минимум 28, некогаш таа сексоостварувачка благосостојба достигнува и до 25 дена.
    Сума сумарум на годишно ниво, по претпоставка дека менструацијата трае 5 дена(земено во просек) губиме точно 60 значи 60 :!: сексања (просечно земено да имаш еднаш дневно секс). Повторно просечно земено со доживување на минимум 1 оргазам, губиш 60 такви прекрасни телесни задоволства.

    Епа, пу (плукање).
    Епа, епа, стварно пу, како и да ја вртиш-пустиш-штуриш математикава, како и да рачунаш и 3 дена менстрација да имаш и еднаш неделно секс, и од 3 секса 1 оргазам да доживуваш, пак губиме многу.

    И после како да бидам горда што сум жена кога ниту основната репродуктивна активност неможам да ја обавувам кога јас сакам.
    И ти мајко, ти си крива, што ме тераше да учам математика, ќе ми се најдела кога тогаш :!: .
    Ахам, ми се најде, еве сега, за да се јадам сама себе, ејјјјјјјј жена, што чуден створ е тоа, брејјј.
     
    На WildCherry, Strumfeta93, LilBaby и 10 други им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК се пресмеав .

    Двоица Кумановци у ресторан у Дубаи , и едн вика:
    - Брат , днска ќе ручамо суши.
    А друг :
    -Брат ја незнам такој , ја ќе си еду с'с уста :D

    Се надевам дека сите вие кои не сте од Куманово го разбравте :)
     
    На Star19, Trendafilka, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Сакам да какам... ова де,кажам.
    Откритие на денот
    4 типа на феминки во сакам да какам!
    1.Поетеси
    Носот ми тече како селскиот поток,во суратот позеленета ко коприва во пролет,а во косата зејтин,зејтин,Благој Ѓорев ќе проработи.
    2.Клетнички
    Пу да ти*ам фацата,кај те најдов кај се запустив,само проблеми ми ствараш,и шминката ми се расипа денес,сабајле несакајќи го измочкав капакот од шолјата,зашто ли станав од кревет...
    3.Развеселувачки на темата со кратки вицеви.
    4.Честитачки
    Честито на мојата драга мува што пред малце се породи и роди 7 здрави мувички. Да се живи и здрави,и да ти дојдеме на перут со мушички!
     
    На MandyLane, x.Daisy.x, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ставам крст точка, се потпишувам, плукам три пати, ја со нога ти со јазик, црно на бело заверувам, дека едноставно не постои другарство меѓу машко и женско.
    Да не постои, кога се гледате секој ден он ти ги знае срањата, ти исто неговите.
    Ама ете дознав, дека не постоело и кога не се гледате секој ден, туку ретко, онака си ги кажувате срањата и си праите тежок ремет меѓусебно. Од досада.
    На некој од досада на некој другачие.
    Онака да не може да те сослуша, додека му ја кажуваш причината за својата среќа, затоа што тој не е таа причина која те насмевнува.
    Се осеќам преварено. Јас сум гледала во некој брат, а тој ме гледал како секс објект. Колку и да изгледам арогантно, со постов, мене ми е криво затоа што губам другар, кој всушност и никогаш не го претставувал тоа. Можеби е тешко од една страна, а од друга е нефер. Вакви шокови не ми требаат во овие часови. Тоа е. Жал ми е. Затоа што му посакував се‘ најдобро.

    И вака во ова ниедно време, така видно потресена си чекам да се раздени. Да завршам утрински обврски, да ги одложам попладневниве и гураме даље. Сама си ја отворив работава, па да си ја истерам до крај. Некако не ми претставува обврска, туку мед. Сакам нешто, го земам. Доста веќе беше плачење и жалење и уживање во својата патетичност. Тој ми е предизвик и задоволство истовремено. Се чувствувам исто како во еден крај на една убава зима. Иако оваа веќе почнува и можеби е веќе поладна од претходната, но посакувам стоплено срце. Потребно ми е топло срце. И неговата прегратка :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК станав за да се иабањам и кога да видам нема топла вода ааа :@
    Сега ќе почекам малку а можеби и малку повеќе за да се згрее, најмногу се нервирам кога чекам!! :devil:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК ме фаќа сафра. Сериозно.
    И јасно ми стана од каде е изворот на мојата несоница. Неможам повеќе, се гушам. Страшна е помислата кога стоиш исправен пред животот, кој е долг и се чудиш... Што понатаму...?
    Кој е виновникот за тоа што едноставно не бива? Има ли? Треба ли да го бараме?
    :|
    Решив. И ништо нема да ме запре, па дури ни тој. Кога ќе пукне првото пролетно сонце, ме снемува од тука. Ќе спијам ако треба и на клупи по паркови, ама нема да седам тука.
    Некои луѓе не се свесни колку е критична ситуацијата, дека нема овде просперитет, чарето е да се оди некаде. И јас тоа ќе го направам.
    Не ми е битно колку ќе заработам, битно ми е да работам. Да работам и ќе бидам среќна.
    Седам утрово и си мислам, каде ли да барам работа...? Каде во мизерниот Велес да барам работа? Едвај единствената што ја најдов, за толку кратко да трае, па да ти се плукнам во среќата што ја имам, барем тогаш среќна си бев, нешто ми се случуваше во животот.
    Неможам повеќе да издржам, седам и си плачам, си ја плачам сопствената несреќа и мизерија, и во истиот миг, констатирам дека сум патетична. :|
    Сама себе си сфаќам дека сум лигава. Седам и си се самосожалувам, си кукам, и си плачам.
    А тоа е нешто што најмногу мразам.
    Ах патетика, сама себе се мразам во вакви моменти :|
     
    На creshicka, Doozy, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
  13. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Скоро секој ден се среќавам со една личност која е толку мрачна и сака и мене да ме поведи во мрачниот свет.И еве успевам некако да се одржувам,но понекогаш мојата сила едноставно откажува.Денес е баш таков ден.Штета,понеделнички успеа да ме надвладее.
    Го молам само Бог да ми даде сила,правилно да постапувам... ;(
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК ти благодарам Господе :bow: што ми дојде во посета црвената тетка, мислев дека ке експлодирам
    а да знаев дека ке добијам вчера порано ке си ги купев таблетите и капките за лечење од оваа одвратна болештина што се нарекува Хламидија, па се надевам ке ми помогне, оти после првава доза терапија, пак ке ми земаат брис да се види до каде е состојбата,и многу сум срекна што повторно имам циклус :$ (иако малку болеше, ама еднаш во месецот е , малку аналгинче и болката ја снемува)
     
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ноќеска се изгубив во филмот Полноќ во Париз, ах тој град колку пружа само, сакам да се најдам таму, да се губам по улиците, па може ќе се појави и некоја блесаво ромнатична Љубов. И сакам некој маж креативен и дрзок како Хемингвеј, романтичен како Хит Леџер, паметен како Леонардо, убав како фотографот Брет Артур, ух сакам..
    Ма си сонувам, без пари е!

    Ви посакувам убава неделава со обоени соништа!
     
    На bittersweet, Strumfeta93, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Незнам што ми е луѓенца.

    Како да паѓам во некоја школска депресија. Значи немам испрашување денес, немам! Ни тест, немам! И пак се секирам, ме боли срцево, боже ко баба изнемоштенаа умоболна сум станала.

    Значи се плашам од самата помисла одење таму, можеби заради Нив, можеби заради Него.

    Ајт, имајте ми убав ден.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк прв пат така освежено да станам понеделнички јееееее и ок е ќе видиме како ќе заврши :)
    Само ти да не претераш денес биди добар те молам како што играм јас фер играј и ти така , ми требаш знаеш .
    И дај нека не врне бе паааа сакам сонце сакам топличко да е |(
    Имајте убав понеделнички ден сВите ама сВите :*
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    И после сите утрински ритуали, го извршувам последниот пишувајќи го овој пост, па се фаќам за Облигационото Право и стотиците страници што ме чекаат да ги читам.

    Ќе имам гости! Мајка ми ќе ме посети, заедно со брат ми. Ќе ми донесат некој убав кулинарски специјалитет, а и можеби- маченце. Ќе ми одземат неколку часа од времето определно за учење, а би било добро да се искористи нешто и за прошетка низ Битола. Па кој знае, можеби и за мал шопинг :$
    Ехх, би било совршено во оваа посета да беше и татко ми, е тогаш дури животов ќе ми беше прекрасен! А среќа.. Неизмерна! Да ми влееше позитива, оптимизам, надеж.. Баш како што Тој знаеше, баш каков што беше- Еден и незаменлив, непреболлив, непрежалив... ;( -Ти ги заслужуваш сите мои солзи!

    Љубов... Прекрасна е кога се гради врз доверба, среќа е кога душата ти е мирна каде и да се наоѓа саканиот. Конечно успешно градам таква љубов, пораснав ли? Или едноставно, тој е таков лик што влева сигурност и мир, лик што е беспрекорно предан, лик кој знае да сака и не знае да крие ништо..



    Се надевам оваа етапа од мојот живот ќе продолжи по патеката на успехот, на секое животно поле, а во Новата година ќе влезам уште посилна, уште поуспешна, и ако е можно да се биде посреќна од ова- нека биде така!
     
    На bittersweet, teddybear, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Како изгазени лисја накиснати од тешкиот, декемвриско-ноемвриски дожд се трудам да ги живнам боите на моето алтер-его. Разочарување до коскена срж. А ова боли најмногу. Другите не ме интересираат во моментов. Полошо е да не можеш да се погледнеш во огледало.
    Да, строга сум кон себеси. Па што дека?! Имам право и да се пофалам и да се ругам - затоа што кој повеќе ме познава? Станка? Петка? Трајче? Мите? Не.

    Се прашувам дали Исус бил во право кога рекол - нека фрли камен прв оној - кој е безгрешен?! Можеби сите некогаш порано или подоцна - грешиме. Поентата е дали се каеме? Дали ако се каеме ќе ни биде полесно на душичката и со тоа само ќе си најдеме по уште една олеснителна причина за да не не пече душата односно априори да ја оправдаме добрината во која сеуште веруваме дека е тука и дека постои?! Не знам.
    Освен тоа, можеби оној другиот грешел исто така, но тоа сеуште не значи дека не ја зборува вистината.
    Во случајов - кој си ти да ми кажуваш, е сосема утната фраза.

    Подоцна или порано мораше да се случи. На пиедесталот од неморални, некултурни, неубави грешки кои се случуваат во животите на сите луѓе, колку е голема оваа?
    Рече - додека не убиеш човек, сеуште ќе те сакам. Не убив човек, но парализирав голем дел од себеси во еден миг. И повторно ги лепам со восок крилјата за да полетам. Се надевам нема да му се доближам премногу на сонцето.

    Иронично но смешно, само што си резервирав авионски билет. Ми треба нов воздух. Овој овде го издишав до максимум. А можеби и ќе е до понеделников. ЈБГ има и такви денови. Феникс пред мене ме влече напред и нагоре. А јас му го бојкотирам јажето и му велам. Чекај - има време. А дотогаш ќе си ја сркам кармата која во облик на хартија со дречливо изразена дијагноза ми беше оставена во поштенското сандаче утринава. За арно за убаво.

    Бидете ми поздравени. Отидов да се повлечам во дувлото на моето ко-постоење. Се додека не воскреснам.
     
    На lunicka, LilBaby, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.