Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    И како, кога луѓето околу мене не се среќни?
    Како да им ја пренесам мојава енергија...
    Сите фаќаат своја страна, свое мало местенце каде што се кријат. Толку се повредени од многу неправди во животов.
    А, јас само трчам по сите, ај да им угодам, ај да ги насмеам...затоа што многу ми значат. Ги сакам.
    Сите бегаат од проблемите. А, тоа ми смета.
    Се сокриле во најмрачниот агол, кај што никој нема да ги пронајде.
    Тоа е тоа, во луѓето, брзо се откажуваат. Уствари не се ни борат за нештата.
    Еве сега јас го гледам решението на проблемот,барем на некој период...ама како да им го кажам решението. Како да им докажам дека ова е правилното? Како?
    Како да кажам, а да не ме разберат погрешно...повторно и повторно се вртам во круг...
    Ми треба бесчуствителност за да се изјаснам, ама емотивец!
    Уште на почеток на муабет ќе се расплачам, знам!
    Ах, се мразам во моментов. Сакам кажам, незнам речам е работава! :x
     
    На Serafima, Lov3 и anichka94 им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Денешното лице заврши во корпата за отпадоци, налепкано како шеќерна волна за влажното марамче. Во мојот кревет легнувам Јас, сама.
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Како јас гледам филмови кои брадосаниот сака да ги гледаме, а се од типот The Avengers? Па си седам пред i-pad_ot и одвреме навреме погледнувам кон тв. :D

    Иднината на виолината е во мои раце! Понекогаш мечтаам да сум одличен инструменталист. И да не ми останат некои нешта само обично хоби. Мене претерано ме смируваат звуците на виолината и кавалчето. Додека пак пијаното ме растревожува, предизвикува во мене некоја меланхолија. Гитарата ме раздразнува, тапанот страсно ме возбудува. Гајдата ме повикува да станам и да се растресам :$.
    А не сум некој кујзнае каков тип кој знае одлично да танцува. Али сепак танцувам!
    Деновите поминуваат а јас сум сеуште во истиот оклоп.

    Смирен ден, така убав!
     
    На Moira и Lov3 им се допаѓа ова.
  4. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Веќе пола саат се мачам да ја почнам од негде приказнава, ама не ми иде. Кога ќе размислам подобро, можеби и нема тука што да се раскажува. Она што сакам да кажам, да ми излезе од душава, е дека многу сум разочарана од луѓево. Најголемите оптимисти и „сеачи“ на позитивна енергија кои ги познавав се претвориле во складиште за омраза и фрустрации. Што им стана на луѓево? Дали можеби воопшто и не биле такви како што изгледаа пред некоја година кога ги запознав? Или па им се случило нешто што ги натерало така да се постават мислејќи дека си прават одбранбен штит? Имам впечаток како постојано да се на штрек и во секој момент се спремни да нападнат небаре се хиени. А она што го забележав длабоко во нивните погледи, е ништо друго туку тага...
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека вака касно навечер си се дружам со култура на изразување и комуникација шти се мора се мора утре полагам последен испит фала богу.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Чувствата си ги средив КОНЕЧНО :rofl: :rofl: :rofl: .Сега се се среди, ама животот не е се розов. Има моменти кога ни е многу тешко, кој никој не може да ни помигне и разбере, а има моменти во кои летаме од радост, како цел свет да ни го подариле. Секој ден,секој час, скоја минута и сеунда во животот ја сметаме за МИНАТО, а тоа МИНАТО ни е голем учител за понатамошната ИДНИНА.
    Aјдее пак фатија тестовите,писмените,испрашувањата...Утре ќе правам Биологија тест држете ми среќа.Учиме уште три месеци и после конечно РАСПУСТ :rock: ^_^ :whew: .Одвај чекам да дојде летото, да излегувам секој ден, повеќе да се дружам со другарките и другарите, да одам на одмор и што е најбитно по цели вечери да седам на фб и на фемина :rofl: .
    Имајте добра ноќ и слатки сништа.Ве сакам :* :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=JlxByc0-V40
     
    На xoxo..gossip-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Започнувам да се плашам од оваа моја ситуација. Сериозно. Не е ова на добро.
    Се затрескав до уши. Се фаќам сама себе како се смеам дури мислам на него... Лошо, многу лошо.
    Имав убав ден, прошетка во соседниот град, интересни луѓе запознав, поразлични, убаво ми дојде.
    Кога сме кај луѓето, да си кажам дека некои не знаат да им се радуваат на туѓата среќа и успеси. Како трн во око им се. Глумат дека се среќни за тебе, а им се чита од лицето завидливост. Се трудам да ги избегнувам, им ја мразам глумата, дволичноста, ми сметаат.
    А луѓенцата околу мене, сите се заљубени. На сите им светкаат очите. Љубовта чуда прави :D
    Биоритамот ми е пореметен, не можам да се вратам во нормала.
    Не сакам веќе да спијам, убаво ми е. Уште два големи соништа ми остануваат.
    Чекор по чекор, бавно-ама сигурно си остварувам се што сум замислила.
    А овие мали планови и соништа, знаам дека ќе бидат. Само треба многу труд, трпение, солзи и љубов.
    Како и за се до сега, ќе се борам. Бидејќи знаам дека никој нема да ми даде нешто ако не се изборам за тоа.
    Си ветив на себе, нема да поминам по пеколот низ кој поминале моите родители. По никоја цена :)
     
    На Anja98, Ilusionist, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Порано на македонскиов блог, имаше една џемцка со никче simplegirl, или ко шо она го нарекуваше - нејзината трачарница.

    Омилена ми беше, редовно ја читав. Не знам дали ја има сеуште на новава платформа, не сум активна ич таму. Ако е тука некаде, ја поздрављам, ево пораснав, со задоволство би се помуабетила со нејзе, а знам дека сега е прилично голема дада. :rofl: :hug:
     
    На sweet-cherry, AnaKarenina и Mishela им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера му кажувам на татко ми дека другарка ми од својата прва плата сака да ми купи подарок за роденденот лани што не ми купи со месеци не се видовме , секоја по свој пат и така испадна па сега да си изберам што и тој ми вели еден дечко :D што ли размислува татко ми :wasntme:
    си мислам во себе и подобро што сум сама со сите проблеми,обврски,анганжмани, домашната ситуација катастрофа само уште нечија љубомора и кавги ми фалат :fubar: :x
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк тука сум на фемина затоа што има реални девојки/жени,и што не се феминистички настроени,туку гледаат реално,а тие другите што мислат жената е секогаш во право,дури и кога греши со таквите отсега ке ги игнорирам колку можам,зашто се и сешто прочитав од таквите на форумов.
    Фала богу што има добри и реални девојки. :*
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Се потсеќам на првите месеци на факултет. Па то је немогуче! Колку само си бев "чукната" :lol: Единствена добра работа во тој период е што учев, па со тоа си ги замачкував глупостите. Една колешка што постојано ми одеше контра, многу ми одеше на нерви. Па сите фаќаат врски за повеќе поени на испит, јас фаќав врски таа да има помалку (evil me ]:) ) :rofl: па и на дуел ја повикав, Бранка vs Николина, да си ги измериме силите, која повеќе знае.
    Или кога си платив дебело за да поништам 6ка, бидејќи знаев за 10ка, и на крај професорката ме влечеше 5 сесии, ме пушти на 6тата со совет: не барај поголема оцена, оти ќе пишуваш квадрат. И пак добив 6 :tmi: :devil:
    Ама ако, битно не се откажувам.
    Од секогаш имав храброст на најголемиот предизвик да стојам исправено се додека не ме тресне некој силно од позади, онака "другарски" пљааас, па да се освестам.
    Пак сум исправенa, само сега со појачани мускули, подобро да ги издржам притисоците :)
     
    На iloveyou29, Sunchild, Elichka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ново утро,нов ден-бидете здрави,среќни и весели-сакајте се себеси,дотерајте се што можете најубаво и зрачите со позитивна енергија!!!
    СРЕЌЕН ДЕН НА СИТЕ :hai:
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ви немам кажано дека ја обожавам сестра ми нели?

    епа не ја спомнувам многу, ретко ја гледам ама ја обожавам. ја сакам бе оти е постара од мене а се она ми се јавува и не се замара за некои норми и правила, секогаш е позитивна и ми го расположува денот со нејзиниот глас.

    сестричке едвај чекам да те видам во петок :* те сакам
     
    На blond, bittersweet, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Жедно утро и уште една непреспана ноќ.
    Изгледа се навикнав веќе без сон, сега ми смета да спијам.
    Ама, како пак имав време да ги прочитам книгите кои веќе една недела чекаат на ред, од обврски.
    Сонце нема. А, јас очајно го чекам да излезе од некаде. Ги мразам овие темни облаци.

    Со поглед прикован кон тмурниот пејзаж, кафето го пиев на прозорец барајќи некоја птица да прелета нив небесниот шир.
    Кога ја гледам нивната слобода, ми буди убави чувства. И после кога ќе излезам од дома се чувствувам како и јас да летам...од среќа, од ослободеност.
    Времево полека ме убива. Родена сум во зима, ама јас неможам да функционирам во ова годишно време. Дефинитивно!

    Толку пасивно се чувствувам. Ништо не правам. Само лежам. Ме исцрпува ладново.
    Како некој лудак сум по дома. Како птица затворена во кафез....сакам надвор! Сакам да се движам.
    Ама затоа пак пуштам музика, се затворам во соба и си играм пред огледало. Домашните ми се чудат, ама неможат да сфатат дека имам енергија. А немам каде да ја потрошам. Очајно ми недостигаат летните активности.

    И така, една порака до соседите: Нека се молат што побрзо да се стопли времето, или уште долго ќе ја трпат мојата музика...а, што ме гледаат од прозор како играм последниве неколку дена, да им кажам дека венецијанот се расипа, чекам мајстор....
    Дотогаш пријатна забава :lol:
     
    На kravce, Primavera, Marjan007 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.305
    Пол:
    Женски
    ВИ текнува на муабетот секое лошо за добро е? Епа тоа де, идам ја сега да потпишам договор за работа, а мојот директор може да се слика. И ко што судбината е толку добра кон мене деновиве прва работа ќе ми биде неговиот проект за Општината, епа ќе добие одобрение на куково лето. Да го видам сега како се гордее со неговата Јас сум директор овде!, нека му е де, ама јас треба прва да кажам амин за твојот проект директоре, кој патем сама го нацртав, е сега одеднаш ќе ги отворам очите 10 и ќе си ги најдам сите “грешки“. Многу сум злобна, ама што да правам, и он беше таков, редно е да плати, за мене и за сите кутри душички кои некогаш нагазиле на него, на кои им останал должен и кои го преколнуваат.
     
    На sweet-cherry, Mrs.Bass, Ariel и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Главоболки и сонце.

    Ме има во Теа Модерна, мајка ми од сабајле вришти од возбуда и ме кажува по роднини! А ја на сликата имам мудречка брчка и фаца како баба ми Стојанка, грч во уметнички обид и ете, така. Небаре во занес сум. Иван ми пиша дека го прашале дали сме смислувале сценографија и дали сум актерка. Не сум, ама изгледа требаше да бидам :lol: :rofl:

    Јогурт и НаТочак.

    Има ветер, има чудна енергија во воздухот. Вчера јадевме фаст фуд и пушевме некои нови цигари од тутун од ванила и ѓумбир и цицавме пелинковец и ме фати некој чуден страв од моментот - Is this it? :?:

    Не продолжував да си се прашувам, заспав со него и мирисавме на кокта.
    Дека, ете, живот се збива, може ќе треба да се решаваат круцијални работи, да бидам свесна кога сето тоа ќе се случи.
    Преубаво е надвор, мора да се види светот, да се живее животов.
    Се чувствувам како фрлен хулахоп до небо, што се тркала назад и тргнува некаде накај Парк.
    И праи вртежи ко вртимушка.
    :drunk:
     
    На Neytiri, Ariel, anabel-a и 13 други им се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Нема друго место на планетава каде што има ваков синдром на сезнаење како на нашиов Балкан валкан. Посебно па во нашата чудесна Македонија. За што и да се работи има едно чудо експерти кои ќе го расветлат случајот за 5 секунди. За да осудиме некого сме први, тоа е полесно отколку вдиши-издиши. Па добро бре луѓе, само тоа ли ви е душевна храна??? Не дај Боже да изнесеш некаде мислење за нешто поразлично од останатиот аудиториум, готов си... Ќе те отрујат со експертски мислења и контра реплики за сите пари. Душата низ нос ќе ти ја извлечат. Што не си ја гледате својата работа, се ли ви е на место па што имате време и во туѓиот двор на ѕиркате? Со мене ли нешто не е во ред, што баш ми е гајле кој што рекол и мислел, и дали тревата им била ишишана, и белите алишта со сивкаста или кремава нијанса... Па не сте нормални бре, психијатар не ве спасува... Пази го реалниов дијалог со мои уши слушнат за мојот ајвар - Комши, ко ќе те викнат овие на ајвар немој да одиш, не им го бива (божем јас ќе го соберам цело маало на ајвар)... И сега другиов експерт вика - зошто бе, ти го проба ли? И секако дотичниот првичен експерт/инспектор вели - Не, ама тооооолку ајвар со 2 шишиња зејтин направија, ебате скржавите ебате... И така, мене не ми го јадат ајварот затоа што бил многу посен, ама јадат вафли по цело маало, главен виц од зимница до зимница е нашиот дотичен ајвар со 2 литра зејтин. Извини братче, догодина ќе те викнам како консултант/експерт за додавање на адитиви во проклетите печени пиперки што ќе станат ајвар... Не обрнувам внимание, се додека не се свестам дека со 3 души преку сила имам муабет... Се другото е исправање на криви Дрини и Паланки и се што мрднало од оската на просечниот припрост Македонец... Немам време мили мои да се заебавам со малограѓанштината кој ми ја наметнувате, немам енергија и волја. Башка не сум имала од кого да научам, извини ама и мајка ми била зафатена исто како јас сега. Може свекрва ми ќе ме научи за да имам што муабет да си правам со неа... :puke:

    И за крај, сакам да кажам само - гледајте си ја својата работа, затоа што како што вие мене ми ја гледате мојата работа малечки човечиња, така тие уште помалите од вас ја гледаат вашата. Секој круг си има друг кој што го посматра и разузнава и кои ли таму шпионски игри си ги играте. Памет во глава да не ви биде касно... :swear:


    Ангел, само напред!!! :*
     
    На AngelOfArh и Ethrnity им се допаѓа ова.
  18. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Мразам луѓе што доцнат а јас сум една од нив. |(
    Од сабајле другар ми се утепа од ѕвонење да не задоцниме на училиште а јас пак косата да си ја допеглам незнам што да си направам абе што , макички. :D Ама сеа сепак аlways remember, it's better to arrive late than to arrive ugly. ;)
    Тестот по математика го решив , се ми е точничко до бројкичка и некако среќна сум.Ме пречека од училиште мама со ќебапчиња :inlove: па сега ќе одам кај бабичка :) не мојата де , на дечко ми ..правила мекици па не кани. :lol: Знае таа кој да викне.Вчера цел ден на гости бев кај него правивме овошна торта :^: па порачавме пица :wasntme: И на крај заспав во неговата прегратка покрај каминот.Поубаво здравје !
    Имајте пријатен ден. :hai:
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Секој има парче кон кое е особено приврзан. Дали е тоа гардероба, привезок, некоја чаша, парфем, перница можеби, играчка од детството... мислам ми ја сфаќате поентата нели? Имав и јас едно ланче, ништо скапо, тешко за комбинирање, масивно и грубо, но сепак уникатно - поклон сама за себе.
    Од вчера повеќе го немам, во еден момент ми се откачи и се распрсна на сред плоштад.
    Велам не е ништо страшно, нека оди лошото само таму - колку и да не верувам дека тоа е баш така.

    Работите и луѓето во животот секогаш ги губиме ненамерно и најчесто неспремни.
    Без разлика колку и да мислиме дека постапките и одлуките се правилни, последиците многу пати го покажуваат сосема спротивното.
    Дали постои рецепт, книга или упатство за правилно живеење?
    Каде е тој глас да не предупреди пред да направиме некоја грешка?
    Каде е интуицијата кога е најмногу потребна?
    Како да знаеме дека она што го правиме и посакуваме е она вистинското?

    Над глава ми надвиснале облаци од прашања и никаков одговор за нив.
    Повеќе не знам ни јас дали ова што го правам е добро или правилно, а што е најтрагично не знам ни дали имам храброст и сакам да го прекинам.
    Знам само дека ми е потребно време, слободно време кое очајно ми недостига последниов период за да ја избистрам главата и средам мислите.

    Се прашувам дали е можно да сум станала толку разгалена па во се' барам мана или проблем?
    Се надевам нема да сфатам предоцна.
     
    На sweet-cherry, Hipster, Monroe и 21 други им се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Оваа ноќ не е мој ден. Е баш таква сум денес :smirk: или можеби чичко Марфи се поиграл со моите коцки, не ги средил и ставил на свое место. Детали во црна хроника 8) :)
    Тукууу комплиментот ,,си се здебелила малку,, е ако де, сега мајка ми е најсреќна на свет зашто јаде нејзината ќерка :wasntme: . Јас прифаќам секакви критики, пофалби итн ама реални, но ич не ја разбирам суштината на такви муабети. Мачкање очи или да се каже нешто колку да се каже.

    Човек кој не се плаши од вистината, нема зошто да се плаши од лагата. ;)
     
    На kravce, ludoto19, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.