Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    156.390
    Кога некој ќе ми го каже она - секоја планина своја тежина... ми оди да му бапнам бокс,затоа што не можеш да ми споредуваш Монт Еверест со Водно ебате! Сам себе иронија!

    Да,некои планини се потешки. А некои си ги правиме самите на себе. Некои се сопнуваат на прав пат и врескаат како животот е неподнослив. Прават погрешни избори затоа што нали, сакаат да бидат она што сакале, подзаборавиле каде живеат. Извини,ама јас кога се мислев за својата иднина можев да бидам штурец, можев се уште да учам до диплома и да бидам пред самиот крај на третината од образованието и крајната цел која сакав да ја постигнам со таа мисла ќе ме кошташе 100 000 евра образование и години,години до моментот кога тие пари и време ќе ми бидат исплатени и ова кое сепак се уште и не ми е толку доходовно,иако у задниве 5-6 години само јас си знам колку напорно беше градењето на сиви и градењето себе си ко личност која нема да биде себична и знаете што направив? Станав се за сите и многу малку за себе!
    Ама страшно многу ме иритира некој кој како-така се бутка во животот и сепак е незадоволен и навистина сочувствувам, помагам и во даден момент се сепнувам и се погледнувам себе си, чекај бе... па зошто јас не се жалам? Зарем мене ми е лесно? Зарем малку сум поминала? Што сака оваа будала бе? Златен замок? Македонија е,еј! Не мислам повеќе да се трошам и да согорувам за никого...зошто мислејќи дека моите проблеми се ништо во однос на нечии, мижеечки поминав навистина тешки и грди работи, зошто мене утрото ми поминува со три вида таблети како рутина до крајот од животот, а тоа дебилче здраво-право го боде само македонската реалност мене нашло да ми се жали цело утро? А јас пак внесена со мисла дека мене све ми е по тамам сочувствувам и му барам решенија и онда кога се ставаш на билансна црта сфаќаш дека не му е толку лошо и дека освен што е себично и необѕирно дерле,не е ништо повеќе на крајот од денот. Ех камо мене да ми се неговите проблеми. Можеби мене ми треба многу во процесот на конечно прифаќање на нештата и безброј пати да си кажувам не се замарам повеќе со никого,ама веројатно ќе одјавам до денот кога навистина нема да ми биде гајле. Навистина сакам сите да се среќни,ама која сум пак јас да го сака истото? Што кога никој од нив нема да рече,чекај бе,а Лилит што ја мачи? А чекај бе, најдов неа да и се жалам кога има тоа,тоа и тоа на плеќи? Ама не, јас пак ќе излезам од дома со сите проблеми зад мене и пак ќе се смеам додека сум во друштво, ако се случи спротивното и ќутам, сепак тоа е само уморот кој очигледно ми се натрупал.

    Сите сме во исти говна во оваа ебана држава,најбитното е да сме здрави. Тука лежат суштинските разлики! И некои од вас, па да речеме дека заслужено се во истите. Никој не ви е крив за изборите кои ги правите и сте ги правеле.
    Го разбирам моментот да си го посакуваме најдоброто за себе...ама некогаш себе си си се девалвирам објективно као чекај,не сум јас за тоа,не значи ако го сакам,значи дека го можам...и после душевно се гњавам дека идиоти добиваат нешта... Па да...

    Сите сакаме да победуваме,ама научете се да губите,полесно ќе ви е, зошто во суштина животот најчесто се состои од губење...и тук таму по некоја добивка. Помислете на фактот колку драги луѓе додека сме живи ќе си заминат од овој свет,а колку ќе се родат. Помислете дека не секој од вас ќе има шанса да стане менаџер во вистинска смисла на зборот,зошто и нема толку позиции. Што би било сите да сме менаџери? Скастрете си ги егцата,зошто едно е да посакуваш,а друго е да те бива зошто тебе така ти прднало. Помислете си дека ради такви ко вас уствари и државава не може да се справи со една поплава,а камо ли со нешто поголемо и долгорочно,ако што е добросостојба и стабилна економија... Колкумина од вас се спремни да се соочат со последиците од големината на одредена улога во општеството? Зошто секое место и позиција носи очекувања и одговорности...ама во тоа малкумина се спремни....

    Е така драги мои. Нека заврши месецов поскоро... главата ми е полна со бројки,букви, луѓе и глупости. Моментално животов ми е бурлеска во позадина со звук од морков кој се грицка.
    Станете малку посвесни за тоа што се случува околу вас,а не само да кукате,зошто никому,ама баш никому не му е лесно и малку стискајте заби. Можеби повеќе да кукав и да колнев до сега ќе ми беше се поарно...

    И да... замислете си постојат луѓе кои веруваат у магии... Пред не знам колку време најдовме локва крв истурена пред порта... скоро на кантата за одпадоци кои ги дадоа општиниве најдовме три залепени свеќи кои очигледно беше дека гореле... Јас не верувам,ама тој што си верува и ги прави истите тие работи... нека му ја мисли... Карма из а бич... Никому ништо ни должиме,ни па сме му направиле,напротив,но должат речиси колку едно учество за стан...а дали му сметаме пошо така му дошло...можеби и нека злобата му ја изеде душата,што повеќе да речам? Ме иритира фактот што некој уопште се дрзал да прави такви срања во 21ви век.Со кој ум? Ау да го знам кој е...свеќите да знае кај ќе му ги напикам... и има да го пуштам да гњури во локви крв у некоја кланица за прасиња! Идиоти! Првиот пат не ја сфативме заебанцијата, вториов пат комшиката рече,абе добро ова е малце чудно зошто нас пред скоро коса ни беа фрлиле во двор,парчиња коса значи... да не случај некој си игра магии? И тогаш онака си викаш...зарем? :o

    И еве да редактирам,да ви кажам коментар на мајка ми од се... еве пошто и гласно размислував... :D Цитирам: Ma ајде веќе у пичку матер од такви. Извини ако сум ти вулгарна,ама знаеш како јас се осеќам у моментов од работа и сите проблеми? Ко к*р у сладолед!!!
    Умрев! :rofl: Да ми е жива и здрава, три внуци да си дочека!!! :rofl:
     
    На bittersweet, Hipster, Ariel и 11 други им се допаѓа ова.
  2. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Топлото млеко и несквик како мелем на душичкава после напорниот работен ден.
    Се мислам како крепи кутрава наша земја вакви луѓе како мојов денешен соговорник како завршил основно незнам....
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    My life lately [​IMG] И да, ко преживи, причаче. Туку да се изнауживаме во овој прекрасен сончев ден, оти преубав е за да не удостои и утре со вакво сонце.
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Размислувам колку понекогаш губиме со таа наша амбициозност и со тој наш перфекционизам.
    Да, навистина луѓето кои се задоволуваат со помалку се секогаш посреќни и позадоволни.
    Оние кои имаат пониски критериуми при избор на партнер секогаш полесно наоѓаат. Едноставно си даваат шанса и на себеси и на другата личност.
    Учениците/Студентите кои се задоволуваат со пониски оценки уживаат и се забавуваат повеќе во текот на своето образование. Зошто да мора да се добие 5ка или зошто да мора просекот да биде висок?
    Всушност сите кои неможат да се задоволат со просечност се многу повеќе и почесто несреќни, незадоволни од себе и незадоволни од околината.
    За среќа забележувам дека полека но сигурно се ослободувам од тој мој перфекционизам и тежнеењето кон тоа се да биде во најдобар ред.
    Всушност ние малку повеќе амбициозните и перфекционистите како да сме казнети.
    Тоа што целиме високо повеќе оди на наша штета отколку во наша корист.
    Можеби најдобро е човек да се задоволува со малку и никогаш да не очекува ништо оти знаете како велат - подобро е да бидеш изненаден отколку разочаран... :)
    а најголемите очекувања секогаш водат кон најголеми разочарувања...
     
    На sweet-cherry, DELFIN-15, CoverGirl10 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    значи проблемот со цревата и стомакот не е од органска природа , туку е на психичка база-така и си мислев иако не сум медицинско лице ама знам што е проблемот :!:
    ми препиша лекови, за 1 месец на контрола и совет-спортувај, вежбај јога, планина , чист воздух и секако зеленило-мислам да им предложам на девојкиве од медитација да одиме на Водно и прави нешто што ке го зголеми твоето его :)
     
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Знам дека моментално не ми е НАЈТЕШКО во животот. Знам дека има и уште мнооогу пострашни работи, но кога си во некоја да речам “безизлезна“ ситуација така си мислиш.

    Дека тебе ти е најтешко, дека ти си најповреден, дека најмногу страдаш..... едноставно така е, затоа што таков е човекот.

    Ете мене така ми е сега! Милион прашања, без ниту еден одговор. Милион тежини, без ниту едно олеснување. Милион страдања без ниту малку светлина.....

    Ама, знам јас, ќе дојдат подобри денови, кои ќе ги избришат моите солзи и ќе ја вратат мојата насмевка. Онаа искрената.....онаа која подолго време недостасува на моето лице..... ;(
     
    На Ilusionist и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    СДК ајде попуштив и јас малку и еве мислам форумот треба да е 14+, ама кога ќе престанат 11 годишни девојчиња да даваат совети во љубовни проблеми??? :fubar: Јас на 11 години (а верувам и вие, драги феминки) сум играла пред зграда народна, а не да давам љубовни совети на некој ште е 10 години постар од мене! :emo:

    Поздрав и имајте убаво попладне! :hug:

    Споилеров за тие што обожаваат:

    :coffee: :coffee: :coffee: ^_^

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Што е среќа во несреќа?
    - Да добиеш на наградна игра две влезници за во кино за филм кој го имаш гледано!!

    Е таков "малер" сум јас :bow:
     
    На ocila и Angel-Adriana им се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Ставила слика на фб и учам физика...од книгите и тетратките по англиски и германски...
    Иии пишувам од кога англиски и германски се физика...и ако јас ставам слики од се што ќе учам до саа требаше да блокира фб ....
     
  10. manta123

    manta123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Сакам да кажам нешто некому, но тоа нешто е премногу тешко да се каже на него. :worried:
     
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Не пиј млеко, не јади млечни производи, не јади зрнеста храна, увезеното брашно е многу штетно, (пченката во Србија мувлосала) семчиња, кикирики исфрли од употреба, внимавај од каде купуваш зеленчук и овошје - прскано е, со овие работи ги хранат и животните автоматски и месото е штетно...

    А ние се жалиме што немаме секој ден ручек нешто дома.
    Тоа е за наше добро |(
     
    На Sunchild и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ноќниот живот во Прилеп,ееееее приказна сам за себе.Ми се стемнува уште од самата помисла за нашиов напатен ноќен живот,неколку исти работи се вртат во круг, исти фраери, исти слики.
    Најпрво имаш местенце каде се брка некоја атмосфера како низ европските кафулиња,со најново електро чудо,бас рупци -дупци.Имаш друго местенце каде си трешти некое ,,бендче"(дуо) не знам како да го наречам поинаку,составено од човече кое ,,свири" синтисајзер и една пејачка или пејач кој почнува со некои излитени ЈУ хитчиња од пред 200 години,па продолжува со најново кафанско музиче,она на кое имаш раце во вис и пеење од длабините на душата без да те боли г'з.Имаш место каде оди одредена маса на луѓе.Тоа се луѓе кои се познаваат добро меѓу себе и го мерат секое ново-стапнато човечко суштество во ,,нивното" место, обично таму можат да се пронајдат мамини синчина и татини принцези на директори,доктори,шефови,советници во гратско собрание,политичари со еден збор место со дефрагментација на постојано рефрагментирачката младина(без навреда).
    Чаршијата ти е модна писта каде девојчиња (на кои им давам по 16 години а можеби се по 13 години ) наликуваат како да ја облекле најдолгата блузичка која доаѓа веднаш под...знаете каде, а всушност тоа треба да претставува сукниче, фустанче.Добри опции - да не излезиш или евентуално кратко време да се видиш во парк со твојот дел од фрагментираната младина, наминуваш до парк, најдуваш луѓе кои си седат и кулираат,собираш некој од нив и тркнуваш до едно и единствено место кое нема да го форсирам намерно.
    Поради овие причини накратко и некои останати за кои би требало долго да се произјанснам,ја одбегнувам целата таа гужва.....се е до психата народе акалот ве лажи тоа е менталитет вкоренето кај сите во ДНК-та не можеш да го искорениш.Додека сите филозофираат за преубав помин и ноќен живот, вистинското прашање би гласело "кој ноќен живот?".
     
    На glosipgirl, Ilusionist, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Мразам темно , мразам облаци и дожд :doh:
    Бегам како улава од соба до соба само да го фатам последниот сончев зрак , последното уживање од денов , капката светлина.. :|
    Колку мразам што е зима , го мразам февруари демек најкраток а уствари цела вечност чекаш да помине.
    Ми треба сонце , ми треба пролет , живот , да уживам !
    [​IMG]
     
    На srcekrsacka и Christina.A им се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум успешно положен испит , прекрасно поминат ден со дечко ми пење кафе на прекрасното време надвор на тераса и сега малку одмор после не проспаната ноќ заради испитот
     
  15. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Времево е ужас де дожд врни де сонцето гледаш излегло од некаде. |(
    Мразам тмурно време ме прави мрзелива.

    Ми се спие ми се плачи,а никако да легнам да преспијам. Вечер ќе се оди на студентска забава мора да се одмори. Се надевам дека нема да си ја е*ам вечерта како викендов. :$ :D Би требало се да биде во ред,па и милиот мој ќе биде со мене хехе се радувам како мало дете. :inlove:

    Топлиот чај ме расположува. :angel:

    Имајте убав ден. ;)
     
  16. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Измешани емоции,мисли,чувства!
    Има две работи што ми се значајни во моментот за да бидам среќна и исполнета.
    Една фала богу оди по нагорна линија,но другата по надолна.
    Незнаеш дали да се радуваш или да плачеш. :| Дали некогаш сите работи ке појдат на добро,или мора да постои нешто што нема да функционира како што треба.
    Се наоѓам на раскрсница и размислувам по кој пат да фатам. :?: Кој пат и да го изберам нема враќање назад.Овој пат работите ке се тераат до крај.Дали паметно сум постапила,времето ке ми покаже.
    Се надевам дека ке биде да!

    Ги повикувам мојата тврдоглавост,сигурност,инат,самодоверба,сила да се појават за да го издржам машки периодот што следува :)
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Да ми речат сега сакаш вистинска љубов или бурек, стварно не знам што да одберам, со месо или со сирење.. :?:
     
    На Christina.A, AwesomeGirl, Sunchild и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сеа за некое време кога ќе им ги дадат сликите за алманах на тие што се сликале(а ние кутрите не сме едни од нив.),следат одма на профил,и коментарите:
    (машко на машко): "Brat zver si,cuvaj slika.."
    (женско на машко): "NajubaF moj da mi chuvash slika obaveznoooooooooo :*** "
    (машко на женско):"Ubava si mnogu,chuvaj slika <3 <3 <3 <3 <3 <3 "
    (женско на женско):"Lele srcka mojaaa,najubava si machko huhuhuh.Za slika se dogovorivme. :* "

    Видов прееска почнале да ставаат слики веќе некои,па ја уште од сеа психички да си се спремам...
     
    На Umbrella22, pamelche, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кога сум опкружена со разгалени и благо себични луѓе не знам дали да се смеам или да плачам. Дали вие знаете дека кога ќе земеш мало кученце треба да се грижиш за него? |( Господе боже, па не е секој за домашно милениче. Среќа се освести и го даде инаку ојде душичката.

    Куфер отворен и до пола полн. Машината ми врти и тоа што научив како се маневрира со неа ми е една од најголемите гордости. Си ги пакувам алиштата и спомените. Последен пост од овој полуостров за оваа сезона. За наредна, никогаш не се знае дали ќе има и каде ќе се снима. Секој со своето и секој по своето, тоа е реалноста. Како беше оној цитатот, најважно е да си се допаѓаш сам на себе затоа што ти си личноста со која ќе го поминеш цел живот. А тешко е тоа, да не се зафркаваме. Ама денес полево, утре подесно, си крпиме крпчиња и си правиме секој свој пачворк наречен живот. И некогаш се мешаме со туѓите дела, ама секогаш се враќаме на нашето.

    За некој ден му се враќам на Скопје. Мое Скопје, едно и единствено, за кое е тешко да се напише книга или да се сними филм. Ве молам не снимајте филм за Скопје, ве молам. И признавам за прв пат во животов сфаќам што значи да имаш дома за да се вратиш во неа. Убаво е.

    пс. Трето полувреме се дава уште во кино? :^)
     
    На sunfemina, CoverGirl10, danichap и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.769
    Допаѓања:
    175.685
    Пол:
    Женски
    Сум Ви кажала ли колку ја посакував книгава од самото нејзино издавање?? :)
    ...ќе да не сум го спомнала тоа...

    Е да.. конечно е во мои раце! Вчера ми ја донесоа, шо да ви кажам... ме усреќија :D
    Во еден здив ја прочитав.
    Можеби нема да дае одговори на сите прашања, но со сигурност ќе посочи насоки каде тие
    да се бараат.. и кои работи да се преиспитаат....одново, но овој пат со скроз поинаква перцепција.

    Универзумот е навистина чудна ствар... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.