Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Не можам да ви опишам колку сум возбудена.
    За една недела ќе му кажам добредојде дома на едно бебче со четири ножиња и најубавите сини очиња некогаш на свет.

    Уште сега имаш име, уште сега си нештото што највеќе го сакам.

    Мјау. [​IMG]
     
    На Mishela, Angy.g, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  2. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дека естрада немавме, но дури сега ВООПШТО немаме ! :devil:
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сите се надеваме на подобро утре, без разлика колку сме несреќни денес.
    И кога веќе имате сила да замислите подобро утре, направете го тоа "утре" подобро сами!
    Секоја постапка си има свои последици, за секоја акција има реакција. Ако ве турне некој, не паѓајте, скокнете подалеку, реагирајте.
    Болно е времево, болни сме и ние сите.
    Ама, јас го сакам животов!
     
    На tweety26, CoverGirl10, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  4. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Прочитав некаде ..
    Јадете мрсна храна за да ослабете побрзо да , сигурно..
    Јадете кучешка храна и ќе станете куче без сомнение ;)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... оптимизам: Со последните 30 ден. да уплатиш спортска и со цел памет да почнеш да ги планираш тие потенцијални 9000 ден. добивка. :^)
    Само мене тоа може да ми се случи. |( Го уплаќам и готово - добитно е, каде сега ќе ги трошам парите?
    Нормално - не беше добитно. :|

    Денов беше каша-попара. Единствената мала светлина на крајот од тунелот е петок, мојот слободен викенд и испраќањето со другар ми.
    Не знам дали ќе ја добијам фамозната плата во петок, но Хуго ми вети дека ќе стигнеме и до крајот на светот, ако сакам. И нема потреба да се грижам - ќе има ли плата, или ќе нема. :)
    Нема поубаво чувство од тоа да знаете дека - може да се потпрете врз некого, во секој момент. И тој истиот нема да дозволи да паднете никогаш.
    А ако паднете, ќе ве крене, ќе го бубне коленцето и ќе извади лижавче од џебот.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, ludoto19 и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.186
    Допаѓања:
    139.301
    Секој почеток е тежок.
    Но јас ужасно многу сакам почетоци. Како воздух ми требаат.

    Наивно почна, на смеа, на шала, ама се случи. И уште не можам да верувам.

    Од над 500 пријавени, после две интервјуа и едно тестирање - денес ми се јавија да ми кажат дека ме избрале мене. И ми кажаа дека воопшто не им било тешко да донесат одлука :)
    Повисока позиција, подобри услови и подобро работно време.

    Излезе непланирано, не барав работа, огласов ми го прати една другарка, се пријавив некако затоа што некако чувствував обврска да се пријавам, кога веќе ми го пратија огласот. А и тука каде што се уште сум ми е добро. Оваа година требаше да имам доста предизвици, ќе беше интересно, ама од друга страна ваква прилика не се пропушташе.

    За мене најважно е тоа што решив да си одам. Речиси 8 години сум тука, а претходно уште речиси 4 години во „иста фирма - друго О-ЗЕ-ТЕ“ (сестра-фирма, или така нешто). Многу повеќе од она што сметам дека е здраво - да смениш работа на околу 5 години. По толку време, се заседнуваш, се чувствуваш комфорен, ама и губиш храброст да смениш, ти паѓа и самодовербата. А да си одиш од таму каде што ти е убаво, е голем чекор.

    Се гордеам со себе. Колку и да звучи самобендисано :lol:
     
    На sweet-cherry, AIT, Annath и 51 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.374
    Пол:
    Женски
    Секојдневно откривам слој бели влакна во косава,веќе ми е потполно бела.Да не се фарбиве не знам на што ќе изгледам.Се смееев пред некој ден со мојата козметичарка,не дај боже да снема боја за коса.На што ли ќе личам???
    Не,не се потресувам јас околу допаѓање,и некако немам причина да го барам тоа од било кого.Смешно.Всушност недопадливоста е нешто на што сум навикнала,таква сум и ја привлекувам некако.
    Јас и не знам што значи да му се допаѓаш на некого,баш онака....почна и да не ми смета,едноставно се навикнуваш...
    Ама го сакам зборот случајност.Сакам случајности,тие блесоци во кои се отворат сосема нови правци.Сакам кога се отвараат нови правци,кога се пружа светлина од разни агли зашто и сенките можат да бидат прекрасни.Денес допрев сенка.И топлина.
     
    На marama, tweety26, Moira и 9 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.451
    Допаѓања:
    17.133
    Колку беше убаво порано, кога турбофолкот мирно си седеше во Србија и Бугарија.
     
    На sweet-cherry, MacaLove, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Немам другарки. Имам милијарда познанички. Секоја за збор-два и тепање време. Немам ни сестра. А уствари имам две, едната ми најдобра другарка, а другата речиси sister-in-law. И сепак, кога трите ќе спискаме пола литар вот(д)ка нагладно, немајќи што друго да правиме, се чувствувам како да сум во гужва. Ете толку муабети, плачење и смеење истовремено добивам. Е тоа е групна стрес терапија :rock:
     
    На DjinTonik, bittersweet, MacaLove и 12 други им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    39.599
    Пол:
    Женски
    ...
    пак јас со моите нервози од моите соседи :doh:
    ама ова е претерано .... правење скара под мој прозор. толерирав реновирање на стан 5 месеци , и секојдневно тропање *читај рушење*, и сега на крај од денов госпоѓава над менее да ја слушам како вежба Зумба и тоа тропање :envy: е нече мочи
    мене главата да ми пука од нервози секој ден (вечер)
    испаѓам ко ненормала во ситуацијава , ама сега ќе напишам писмо и сабајле директ во сандаче :!:
    Што е многу многу е !

    Поздрав феминки и убава мирна вечер
    Толку од мене
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Некако сум не знам, недефинирана.
    Го знаете она чувство кога во принцип се ви е добро во животот но не сте среќни?
    Епа така се чувствувам сега.

    Сакам да пишувам почесто овде.
    Ви девојки, па и момци, сте инспирација. Ме исполнувате. Не знам само каде се луѓето како вас настрана од виртуелниот свет, ама знам дека јас сум опкружена само со игнорантни и интелектуално нестимулативни луѓе.

    Уморна сум, само тоа знам.
    И мал ми е градов, ме гуши.
    Ќе летнам од овде, кога тогаш.
     
    На sweet-cherry, julie77 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  12. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.816
    Постојано се преиспитувам што не е во ред со мене и никако да дојдам до заклучок.

    Причини за неубавото чувство: обврски, монотонија, тмурно време, некој килограм плус........................ = депресија. Најверојатно сум во депресија пордади се што се збирало, збирало и збирало и затоа сега психички опаднав. Само се надевам дека нема долго да трае и дека за брзо ќе се опоравам. :|
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.158
    Допаѓања:
    156.446
    Дечки,готово!!!
    Не прашувајте што,ама готово!!! Ми падна све од душа! Тури параф,тури штембил! Чао!
    Ооооо!

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=eKEpqSlGGcg
     
    На Annath, Neytiri, Hipster и 20 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.239
    Аааа ние брзо решаваме вакви проблеми :rofl:
    Во стариот стан три пара комшии ги исселија поради непочитување на куќниот ред и мир :$ . И они така весели ни се погодуваа и малиот мој одма писменце до управата, едно уште едно...
    Во овој стан комшиите под нас веќе ги исселија, но не по наша иницијатива.
    Имаа мало бебче а и доволно проблеми не сакав на душа да носам фамилијарни судбини и никогаш не реагиравме и покрај деноноќните расправии. Но некој друг очигледно не му ја мислел до толку и се пожалил и ги избркаа.

    НА нивно место дојдоа нови комшии, и неделата нешто тропаа, мислам клинци коваа на ѕид.
    Малиот за една минута им се нацрта пред врата и им кажа дека според правилникот не смеат да вршат никакви поправки преку викенд, дека е дозволено само во одреден временски период преку недела :$
    Се извинија и глас им нема од тогаш.

    Жалете се на управата, едно писменце е доволно. Кога се потпишува договор за стан се добива правилник кој мора сите да го поддржуваат.
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Ах Есма , Есмааа..песнава ти е срање у боја (со извинение :!: )
    Доживеав траума од тебе. :drunk:
    Абе не ја испраќаме Империја на Еуросонг ... Скриена камера беше.
     
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ги разлистував темиве и сакам да кажам нешто отворено.

    Ме нервирате, многу ме нервирате за одредени работи и глупави постапки. Да го дефинирам терминов "глупави".

    Според одредена ситуација (долга врска на пример ќе земам), некоја девојка ќе побара совет (а се работи за 100 годишна врска), ќе каже на пример дека дечкото не и обрнува внимание како порано, и прв одговор на нејзиното прашање погодете кој е? :?: Те изневерува! И тоа јасно и гласно, без дилеми. Сте поминале низ тоа знаете како е. Ахам, добро, никој не вели дека не сте поминале, ама, АМА знаете ли дека секоја врска, секој човек се разликуваат? Станува збор за карактер луѓе, нешто што го има во безброј многу варијанти. И така упорно стоите зад тој став притоа не знаејќи (или знаејќи) дека сте потенцијален учесник во злосторство-завршување на врска поради претпоставка (уствари тврдење) дека тој ја изневерува и точка!
    Точно е дека никој не ја присилува да бара совет, ама па треба да се размисли како да и се одговори на девојка која моментално е психички растроена како да кажам.
    Исто на пример, Дечко ми одби да се видиме, и веднаш следува одговор Оладел од тебе, бегај од него под итно..
    Секогаш кога се дава совет треба најпрво да се потенцираат добрите можности за што е можно да се спаси што и да е, било да е врска или било кој друг дел од нашето секојдневие. А не веднаш Пих, мочко, ретардиран не те заслужува дрн дрн. Сакам реално издание, не сакам да се симнуваат ѕвезди или па да се дава лажна надеж, но како што една личност не може проблемот да го искаже во 3 реченици јасно и прецизно така и одговорот не може да биде толку сигурен.
    Значи зборам само за случаите кога се даваат совети како што кажав погоре, не ми ги преправајте кажаниве зборови подоцна да не дојде до забуна!
    Знам дека давам глупави примери ама поентата ми ја разбирате.
    А, и апел до девојките кои бараат совети. Не земајте се здраво за готово, ако јас речам Оди раскини му веднаш, тоа значи ли дека треба со трчање да одиш кај него и да раскинеш самоо заради тоа што Ричи кажала така? Што ако некој се мајтапи тука со вас (а такви ги има многу)?

    И не сакам реплики од типот ако ти смета оди си, ми смета и си кажувам потреба од заминување нема!
    :)
     
    На bittersweet, Mishela, marama и 22 други им се допаѓа ова.
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Душата ме напушта.
    Мислиш животот шара црно и сиво за мене, а јас копнеам по лила, портокалово, зелено и сино!
    Копнеам да мирисам лаванда и допирам кашмир, а мирисам само очај и овенати мртви цветови...допирам скиснато веќе лисје и боцки на цело тело од проклетата долга ноќ...

    Да имав када, да се оптегнам во неа, да одлетам бар на неколку часа, да замижам и заплачам одново, ама немам тука, а немам сили да стојам под туш, немам, едвај цел ден го иседив како овената темјанушка која нема видено вода цел месец...

    Очите црвени, образите бледи, устата сува.
    Немам волја ни вода да се напијам, немам желба ни јаболка да гризнам.

    Сакам да сум дома и да се изнаплачам во мојот кревет, да ме грее мојата печка и да го дишам мојот слободен воздух.

    ...ќе чистам, макар плачела и чистела, тоа ми е тајната за да се смирам...

    Сакав многу работи да кажам, имам толку многу, но еден таков полн темен облак е над мене да не можам да мрднам и дишам...

    Времето е лекот, но времето носе промени, а јас се плашам од нив.

    Сега и тушот не изгледа како лоша опција, по втори пат, пишењето тука како да ми зема дел од товарот на срцето... благодарам Фемино.
     
    На bittersweet, lunicka, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    СДК егото и гордоста, се совршени за рушење на туѓото его.Оти некако некои луѓе незнаат за доста, ако со арно веќе не бива.Не за друго, многу се гледа туѓото, а не своето.Можеби и е подобро да дозволам моето его да каже, што се има да каже, па ако треба нека биде, после мене потоп.Со задоволство, потпис, печат, а ако треба и на нотар заверено.Бидејки луѓето заборавиле да се радуваат на туѓиот успех, гледаат на истиот со сомнеж, а потоа “ навистина“ истиот им е драг и мил.Не е дека тоа е нешто морално, но не е добро.А после, истото станува нормално и не така приметливо.Па ќе мора нешто другите да измислат за да го фасцинираат човек, секако доколку можат да го фасцинираат, ако не, тогаш секоја нивна мака за истото, е само пропадната инвестиција.Велат гордоста не е добра работа, ама којзнае...
     
    На lunicka, Johny, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Пред неколку дена му беше роденден. Сите пари што ги имав соберено ги потрошив за поклонот којшто не очекував дека ќе биде толку скап. Сам си го избра. Сакав да испаднам фер, го прашав што сака, да не земам нешто па да му стои така. И си избра ама од цената ми се светна. Инсистираше да си доплати и тој ама ја се правев дека ми е океј цената иако во себе се тресев дали воопшто и носам во мене толку пари.
    Го купив и останав без денар за наредните 10 дена, затоа што морав да ги дадам и парите кои ми беа наменети за џепарлак.
    А јас дури си планирав од заштедените да си купам нешто за мене, ама поважна ми беше гордоста.
    Знам дека грешам, неколку години сме заедно, ама сеуште се чуствувам глупаво и срамно затоа што моите не ми даваат доволно пари а економската состојба ни е сосем солидна веќе неколку години уназад.
    Значи да не помислите дека сум некое разгалено детиште кое само бара и бара од родителите без да помисли дали тие имаат или немаат да дадат. Значи не.
    Зборувам за секојдневни работи, за излегување...Дури ми е срам овде да напишам колку пари ми даваат за излегување иако сум анонимна колку-толку. Јас немам пари за некое непланирано кафе.
    Парите за школо ми се строго изброени. За тетратка и молив морам 2/3 дена пред тоа да кажам, да си планираат, иако се работи за 30 денари.
    Примањата имам пишувано колку отприлика ни изнесуваат, ама стварно е за срамота ова.
    Дури братучетка ми која има 8 години во нејзе секогаш има пари да си купи и 5 јадења а јас немам ни за мастики.
    Ми се смачи пред секое излегување да барам пари секогаш точно изброени, колку што чини пијалокот или она што треба да го купам.
    И доста избегав од темата ама морав да пообјаснам за да ме разберете за она што ќе го кажам.
    Дечко ми знае дека сме со добри примања, иако нивните примања се далкеу подобри од нашите сепак тој очекува и јас да можам да си дозволам некои нормални работи како и тој и сите други а јас неможам.
    Се срамам да кажам дека во џеб немам ни 30ден.
    Една вечер бевме излезени и му текна да идеме да пици, а јас немав воопшто пари во мене, сите ги имав дадено за поклонот роденденски. Едвај го убедив демек немало место, немаме резервирано итн...
    Ама му текна да си порача пица. Е тука што ќе правам, океј. Се правам дека не сум гладна, дека дома сум јадела. Сто пати ме праша дали сакам или не, да му правам друштво ама јас упорно одбивав.
    Ја зеде пицата и ја јадеше пред мене. Ми рече да си земам парче, ама нели не ми се јадеше, ме беше срам да земам иако од самиот мирис лиги ми течеа. Ми беше многу неугодно. Се вртам настрана, се обидувам да започнам разговор, а тој само мрмла јадејќи.
    Таа вечер сонував дека цела куќа ни била преполна со пици.
    Како траума да добив од таа случка.

    Јас луѓе едвај чекам да почнам да заработувам сама, да не зависам од моите.
    Благодарна сум и им за се, ама за жал времињата веќе не се како порано кога можеше со 100ден цела вечер да поминеш.
    Многу пати им имам кажувано каква е ситуацијата, а тие упорно ми велат да не се рафрламе со пари, штеделе за иднина, за факултет, за кола...
    Што ќе ми се тие пари, кога живееме како да ги немаме, кога секој ден се тресам од страв некој да не спомне кафе или нешто друго?

    Толку се изнапатив од парите, што свесно знам дека станувам материјална личност.
    Кога цел живот броиш денарчиња и сметаш дали ќе имаш за денес, оние благородни чувства полека почнуваат да се губат. Веќе се гледаш и претвораш во пари.
     
    На Mishela, marama, lunicka и 32 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.