Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Markusa2
    1. Teмата со парите - се си мислам дека е болна точна на добри 90% од македонците. Твоите штедат за да можат да те пратат на факултет. И сжфакултетот колку - толку е подобра гаранција за побрзо вработување. Јасно е дека веќе ни е преку глава да ги слушаме политичариве како ни мрморат и ни ечат од звучниците од телевизорите и секој ден помислуваме на заработка. Верувај, те разбирам подобро отколку што можеш да си замислиш. Затоа, уште ти е рано да си ги оптоваруваш мислите со пари (знам дека би спомнале дека „ако бевме Америка, друга песна ќе се пееше“ ама ете, не сме).
    2. Врската ти е од неколку години, а уште ти е срам да ја кажеш состојбата? Не е нормално така да се измачуваш. Гордоста можеби е голема, но ете, од неа си останала без долговременоата заштеда. Не велам дека тоа е за лошо, но дел од тие пари биле наменети и за тебе, не само за оној на кому не можеш да се извикаш и искажеш како ти е. Не велам тотално да ја занемариш гордоста, туку за мало процентче да ја намалиш :)

    Јас се мешам на тема која е наменета за искажување но не суспеав да се воздржам.
    Би пишувала уште на темите за невработеност и броење на денарчиња но ги потрошив аповите за смирување :rofl:

    (шала на страна)

    Трпеливоста се исплаќа...најчесто (и ако не си во Македонија : D)
     
  2. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Вечерва играв на хуманитарен концерт, одржан од мојот ансамбл. Сакав да кажам само дека чувството додека си на сцената е прекрасно и не би се откажала никогаш од него. :)
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Дали да плаче или да се смее човек на неписменоста на народов. Не знам, растргната сум. И не е само граматиката, правописот, туку општото непознавање на јазикот, на семантиката, се заедно. Да не се знае кој збор како да се употреби. Многу често се труби за ова на форумов, ама и со причина. Па кога ќе влезе некој во вербален конфликт и ќе почне да треска глупости и уште мисли дека е паметен. |(
    [​IMG]
    Тешко нас.
     
    На Annath, Ariel, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    значи постојат толку безобразни љуѓе кои воопшто немаат осет и жал за никого си се гледаат само себе,таквите до 101 и назад ќе си живеат блазе си им на паметот што не го ни имаат!!!
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Некогаш се чувстувам како да веќе се е кажано, искажано, испишано.
    И така кога немам инспирација, во вакви млитави периоди, ништо и никој не ми е интересен.
    Читам наназад веќе некое време, се ми е веќе видено, веќе чуено, ништо ново.
    Како да ме стегаат две невидливи раце во грлово, и чудна некоја несигурност ме облева.
    Никогаш не сум имала срам ниту трема пред јавно говорење, а сега наеднаш преку ноќ имам, и тоа голема.
    И ме плаши, ма се веќе мe плаши и ужасува.
    Од работа, учење, полагање, пријателство, љубов, со еден збор ЖИВОТ...
    Сите викаат ќе биде подобро, ќе се смени, КОГА?
    Доста се само празни зборови, сакам датуми, сакам период.
    Кога ќе се смени, утре,за 2 години, 5, 10?
    Никогаш повеќе не сум мразела неизвеснот, ама и себе си.
    Нешто чудно се случува со мене, а сепак ништо не случило.
    Надежта последна умира, се плашам да не е веќе прекасно и за надеж.
    А колку само сум ги мразела овие лигави, травијаности, сите се жалат зашто ништо им чини.
    Најголемата глупост е да се слушаш себе си, гледаш и самата појава од тоа што си да те нервира.
    Кога ќе го изгубиш духот, тоа шо те прави тоа што си, се пропаѓа во безната.
    Уф, се надевам дека е само период, грд ден, грда недела и ќе помине.
    Не сум јас за тупење, за мрморење и само превртување на очи...
    Неќу драма ин лајф, затоа што знам дека не е ни приближно драматична како што е филмски опишана.
    И преправање, сите се препаваат дека е океј, а проклето знаат дека ништо не е добро.
    Немам таква можност се да отерам у бестрага, да се качам на некоја планина високо, сама да вриснам колку ме држи глас, да можат мисливе мирно да се средат и слушнат меѓи себе.
    Од целава хистерија тука неможат да се договорат меѓу себе.
     
    На sweet-cherry, Neytiri, Peppermint и 22 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На thelittle17, Peppermint, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    СДК дека чоколатцата што се продаваат на кило во Рамстор на 1. кат (кај киното) се интересни но многу мразам кога нема да напишат цени па мора да прашуваш, а не можеш веднаш бидејќи има куп луѓе пред тебе. Освен тоа описот на содржината на чоколатцата во витрина е толку со ситни букви, ќе оќориш за да прочиташ.
     
  8. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Акоо само вие продолжете да и се смеете на Есма и нејзината песна за на Евросонг, кога ќе се соберат сите цигани од цела Европа да гласаат .. Не ни бега прво местo ^_^
     
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Си се сместив во фотелјата, си мацкам пилешки прстиња во тартар сосче, си читкам фејбук, твитер и форуми. По долгиот ден заслужив малку одмор. А фактот што имам 24 часа да спремам цела презентација од педесетина слајдови воопшто не ме потресува, можам тоа јас :D Важно е дека денес беше успешен ден и состанокот помина многу добро.

    Не знаете колку е добро чувството да работиш во невладина организација (океј, некои веројатно знаат :D). Кога трчаш на состаноци секој ден, кога даваш се’ од себе и работиш до доцна во ноќта, кога паничиш затоа што во последен момент има промена во агендата, ма како да имаш уште една работа, покрај факултетот. Но откако се’ ќе завршиш како што треба и конечно легнуваш, а имаш само 4 часа за спиење, се чувствуваш задоволен од себеси. Не жалиш за ништо и се чувствуваш добро. Чувството е неописливо и те турка напред.

    А се видовме денес. По краткото муабетче збунето се симна по скалите за повторно да ги качиш од другата страна и да заминеш на предавање. Можеби не си најострата боичка во кутијата, најсветлата сијалица во лустерот или најостриот нож во приборот, ама си доволно добар да ми го обоиш денот. Знам дека никогаш нема вистински и од почеток да почнеме, како што и никогаш вистински не завршивме, и никогаш нема љубовници јавно да бидеме, како што и никогаш не сме само пријатели кога сме сами. Всушност можеби и вака е најдобро. Муабетот ми беше, мило ми е што се видовме денес, иако беше кратко. Кратко и случајно, баш како што сакам.

    Не ми се редат коцките, далеку од тоа. Растурени се се’ уште. Но почнав да ги распоредувам по боја и по големина. И кога ќе ги наредам, ќе бидат стабилни! И убаво ќе изгледаат :)
     
    На Peppermint, tweety26, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.158
    Допаѓања:
    156.447
    Да си ги излакирам ноктите и одам да уживам.
    Ок,позз.
     

    Прикачени фајлови:

    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Бев во таа соба. Спомен по спомен ми се врати се додека гледав на левата страна.
    Откако кажа дека не сакал да ме види, се појавува по неколку месеци, онака ко ништо да не било.
    Ми беше пријател, а сега пак бара дел во мојот живот.
    Не знаам зошто ме збунува оваа ситуација. Да испијам едно кафе со него или да не ги враќам старите работи, пријател или не тој си замина прв.
    Ми кажа многу работи, па ме остави на сред пат. Онака ми удри шлаканица со зборови.
    Било како.
    Од многу мислење глава боли. Сфатив дека јас сум сама на себе најголемиот непријател, дефинитивно :!:.
    Толку комплицирање на работите во мојата глава, од ништо правам нешто. Се прашувам зошто стигнав до тука, што правам јас со самата себе!?
    Ах. Периодов ќе ме убие. Не ни знаам каде сум и што правам. Избегнувам се и жално не се менувам на подобро.
    Не се чуствувам како да сум дома, ни тука, ни кај моите. Место не ме држи никаде.
    Мајка ми постојано вели
    . Е јас се наоѓам во таква ситуација.
    Т.е не се наоѓам, мислам дека се наоѓам. Нема ништо страшно, се е супер, скоро совршено.
    Ама јас се плашам од среќа и мислам дека ова е само привремено. Не знаам да уживам во среќата, тоа е мојот проблем.
    Ме гуши градот, местово, собата, почнува да ме иритира и тој.
    Се гушам сама себе си.
    Ми треба рестарт...
    А и добар сон, ама тешко дека ќе заспијам.
    И да, некој да ми удри неколку шамари за да се свестам. Ова не сум јас. Се чуствувам како да се наоѓам во некоја шпанска сапуница.
    Не, убаво велат малку сон не е на арно.
    Одам да си легнам, доста ја тупам со глупости.
     
    На Jagoda123 и Ilusionist им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Почетокот секогаш е скоро волшебен. Ние пак сме на почеток. Го почнуваме во ново место, толку минималистички средено, а сепак се ново, така издишува љубов. Останува да чекаме и да видиме каде ќе не однесе. Јас ете сакам кај дождовните шуми :rofl:.

    Колку убава вечер - јас, ти и малечкото гушнати. Околу нас се е несредено, а ние си се смешкаме. Кутии и ќеси со некои нешта кои успеавме да ги создадеме заедно цела година. Некои се обични листови ама душичката не ми дозволува да ги фрлам, бидејќи и во нив има траги од нашата љубов.
    Се разбудивме со кркорењето на мојот стомак. Се разбудивме со протегнувањето на малечкото. Имаме нова машина за перење од малечките. Слатка е! Гладна сум. Цел куп работа е пред нас. Ама не од онаа платената. Пулсот ми отчукува во ритам кој ми вели редно е, редно да се вработиш. Ако не нема одмор, нема ниту било каков викенд, ниту пак ќе ги нема оние подароци кои им ги подарував одвреме-навреме.
    Ми се шета насекаде. На кого не.
    Од вештачки луѓе, мислејќи дека ги фатиле највисоките му*а на нештата ми се рика :D. Насекаде се бе. Мајке ми.
     
    На Ariel, Doozy, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Значи дел од нас се толку неписмени што дури ми иде да :puke: ... пред погрешно да бидам разбрана ,не зборувам за никој на форумов ( ова сепак е разговор и може да се користат секакви изрази, дијалекти , кратеници итн), туку си идам јас на работа утрово и што да видам-на една зграда во изградба на фасадата си се потпишал инвеститорот со огромни букви ДВА БРАТА ГРАДИТЕЛИ :@ е сега од каде да тргнеме-дека изгледа скроз невкусно или како е напишано :fubar:
    Ми иде во глава мислата ,како ќе живее таму некој професор по македонски јазик :( ;)
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ден резервиран за пријатели. и работа нормално. на кафе и шетка со една убавица па потоа топол пречек на другата.

    се радувам на денот и на пријателите денес тоа ми е светла точка во денот.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Па може не е за професори туку за министри :lol: ооој министреее...
    Шала на страна.
    Јас од денес почнувам со јадење на црн леб наместо бел, да видиме дали навистина има ефект, ќе бидам мит бастер. |(
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    8.324
    Don't grow up, it's a trap!
    Ви текнува на Е.Т. кога се разделуваше од Елиот и си покажа кон срценцето и рече -Аааууууччч.
    И кога им велеше Е.Т. phone home. Е така се чувствувам.

    Некоја глупа кнедла некаде меѓу душникот и жеудникот ми се тркала и по нерви и ганглии и по мозочни виуги и ја проколнувам да си оди.
    Не ни треба малку за да сме среќни. Ни треба различна листа на приоритети, а јас не можам да си дозволам менување на сегашнава листа само за да се чувствувам среќно.
    Милион обврски и некакво блуткаво секојдневие, без забрзување на дишењето освен нели кога се качувам по скали или трчам по автобус.
    Ладнокрвност до степен да се фрли некој пред мене во метрото нема да изреагирам. Луѓето си имаат причини.

    Ми пререче еднаш сестра ми дека премногу се поврзувам со луѓе. Ама јас не склопувам пријателства секој ден, иако сум про во правење small talk со рандом личности. Ме знаат и се отворам со луѓето со кои сум со години и не можам да си го дозволам луксузот да ги запоставам.
    Исто кога ќе си купиш нов фустан, светкав е и совршен, ама тој малиот црниот оди со секоја комбинација на чевли, накит и чанта.

    Некои нешта се евергрин и одбивам да прифатам друго мислење.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  17. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Секогаш постои некој - кој ме сака!
    Секогаш постои некој - на кого му се допаѓам!
    Секогаш постои некој - кој ме смета за најдобар пријател
    Секогаш постои некој - на кого не му сметаат моите маани
    Секогаш постои некој - кој се грижи за мене
    Секогаш постои некој - на кого можам да се јавам во било која доба од денот и ноќта

    *И СЕ ДОДЕКА ПОСТОИ ТОЈ НЕКОЈ - НЕ МИ Е ГАЈЛЕ КОЛКУ ДРУГИТЕ МЕ МРАЗАТ ! :hai:
     
    На Lepaaa, emocija и anichka94 им се допаѓа ова.
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Затоа, затоа ги мразам компјутериве!
    Абе се знае, се пишува на лист хартија, за да остане запаметено засекогаш.
    Може и после 100 години да се прочита текстот. И ако му истуриш кафе, и ако го свиткаш на милион делови...текстот пак ќе постои. Без да исгуби од неговата вредност.
    И да избледе некоја буква, збор...ќе се најде некој соодветен и ќе се обнови. Има спас!
    Ама , за ова моево нема.
    Ја мразам тастатурава на која пишувам.
    Сите текстови, есеи, мои творби...се избришаа!! Заминаа по ѓаволите.
    И тоа по вина на сестра ми. Кој знае каде се чепкала. :devil:
    Ах, колку сум нервозна. Мислам од кожа ќе си излезам!
    Толки празна се чувствувам сега. Моите дела како да изгореле, пепел се сториле и нема назад. Како цел дел од мене да нема. Тоа беше мојот живот. Тој фолдер, вредеше многу.
    Како бе можеше ова да ми се случи? Колку расположена се разбудив, а ова ме тресна од земја. Шок.
    Колку надеж имав дека еден ден ќе бидат објавени некаде. Дека ќе добијат некоја вредност. Толку се трудев. Толку време сум потрошила. Толку труд...
    Сите мои надежи и идеи ми згаснаа.
    Добро, ќе пишувам јас пак...ама нема никогаш да се повтори истиот текст што сум го пишала. Со иста содржина. Секое дело со своја тежина и своја убавина.
    Плачам, и неможам да се сопрам. Ми доаѓа овој компјутерот да го фрлам некаде далеку.
    Кој ѓавол ме тераше да ги пишувам електонски, кој, кој???
    Тешко, тешко... :x :sweat:
     
  19. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Ми недостига релација за летање во петок попладне околу 17 часот, а враќањето да биде во недела околу 22 часот, на пример. Не е важно дали е Венеција, Минхен, Малме, Дортмунд, Милано, итн... Сакам да кажам, да отидам и отлетам некаде на викенд во петок попладне или навечер, и да се вратам во недела. Ем да не отсуствувам од работа, ем никој да не дознае ;)

    Имам членство во Wizz Discount Club, па еве на пример, за Венеција имам цени со попуст од 760 ден. за еден правец на 19 април, петок, и враќање на 22 април, понеделник. Така случајно ги треснав датите. Значи, за 2 пати по 760 ден. е 1520 ден. можам да одам за Венеција. Поима немам колку е автобуска карта Скопје-Берово или Скопје-Охрид, ама мислам дека е тука некаде :)

    Само што петок се лета во 12:40, а понеделник се лета назад во 14:55.

    Но, филозофското прашање е зошто тоа јас сакам да летам за викенд, некаде надвор од Македонија?
     
    На Libera, sweet-cherry, Neytiri и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    * Дали тоа што го посакував да се случи полека се случува или допрва ќе биде тоа вистинското?
    Не би сакала ништо однапред да кажувам, за да не искобам, ама ветувам дека еден ден ако се биде добро ќе го споделам тоа што беше причина за мојата среќа, моментот кога ни се споија погледите и нешто во мене како да ми рече: "да, тоа е тој", некоја чудна енергија и привлечност што ме обзеде одвнатре, како цел свет да застана и никој друг да не постои, само ЈАС и ТОЈ. :x не сакам да си давам сама на себе лажна надеж или многу да очекувам, за на крај да не бидам таа што ќе биде разочарана, но знам дека постои некоја обострана привлечност, тоа можам да го почувствувам, а на времето оставам да покаже дали сите овие мои фантазии, желби и мечти ќе се исполнат или само ќе останат дел од моето сеќавање што ќе ме потсетуваат како можело толку силно некој да ми се допаѓа после толку долго време.
    Се прашувам самата што ми се случува, како јас која заборави што беше тоа љубов, е обземена со чувство на среќа и една голема насмевка секогаш кога ќе помислам на него. :o
    Знам дека неслучајно патиштата ни се вкрстија, знам дека сепак има нешто, некоја виша сила која ги движи работите и сакала баш ние двајца да се сретнеме, во тоа сакам да верувам.
    Само нека испадне се добро, да не биде надежта залудна, да не биде толку сиромашен споменот, нека се збогати и нека порасне во најпрекрасен спомен од мојов живот!
    Колку само можело некој да ти се допаѓа, да се радуваш секогаш кога ќе го видиш, да го бараш со поглед во толпата, да ти е топло на душата кога ќе те погледне, да го слушаш како зборува и да се топиш, да не ти е гајле за никој друг, покрај толку додворувачи, тебе да ти е дојдено само до НЕГО, аххх прекраснотии.... :l:
     
    На Glossy-girl, tessi, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.