Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Додека имам зборови во главата и сонце во срцето, ќе светам и пеам за духот на Љубовта. Како наметка кога врне, заштита е.

    Имаш ли Љубов, со која разговараш? Дури и кога си во молк. Прашај си се. Денес денов е благословен. Не дека е четврток или што годе, ама така. Пируети од млад кромид, иде пролет, мора да има полет. НаТочак или пеш, додека да трепнеш, мигот создал цел еден живот. Прозаично, ми доаѓа да напишам и напипам еден тон нешта. Мали, скриени во погледите на уморните продавачки на цвеќиња кај Буњаковец, во контејнерите што дремат осамени и полни со остатоци од среќата на другите. Да се израдувам што пешкирот ми е чист и со него си го бришам лицето после убавиот сон. Да создадам нешто по кое не мора да ме памтат мене, ами напишаното. Да каснам грам од сонцето, грам од месечината и да ја стопам далечината. Со рими, со гушкање, со патеки на кои лепчињата после колвањето на врапчињата, останува трага во облик на срце.
    Сакав денес да подарам многу зборови, но имам само молк и звукот на перо кое пишува, или тастатура на која тропам. Музиката ми извира од стапала. Од секаде. Утрово кога ме бакна пред да одиш на работа си реков - Што друго ми треба? Да освојам нови тврдини, да барам граници кај што ги нема?
    Добив позитивни одговори на многу нешта, добив негативни вибрации од многу сенешта, и балансот кој го имам е само знак дека се сакаме со животот. Колку што можеме. Во сите бои, во сите падови и подеми, сите фрлени ракавици од природните двобои и начини на кои не сум мислела дека ќе се појават.
    Патот кој го одам или веќе сум го изодела, секогаш ми понудил по некоја нова Вистина. Како кога со калуѓерката Ана, одевме во ист правец накај Загреб. Се до мигот на збогување, не знаев дека делиме исто име освен седиште. И двете имавме завршено факултет за книжевност. Од сите патници во автобусот, ете, со неа споделив приказна. И тоа дека сништата се само одговор од другата страна. Ако ги немаш, те нема и тебе.

    Ќе се посветам денес на концептот за корицата на стихозбирката, добив зелено светло од менаџментот. Деталите се во микро космосот. Како на врвот од четкичката за заби, или врвот на една зграда во Скопје.
    Супа од печурки и нудлс со тиквички денес за моето либе. Тој, ќе ме води вечер во Камарите на денс.


    Животот е убав. Зумирај. Не умирај. Барем не на оној обичен начин кој боли. Научи ги сите маки како тежок јазик.
    Тој говор, е запишан во секој од нас, верувам.
     
    На Sunchild, Ariel, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    сдк сакам да бидам среќна и слободна ! заслужувам сакам лошите мисли да бидат минато да нема лоши мисли само убаво да бидам исполнета да се смеаам иако ми фали едно запче хехех ете тоа сакам многу ли барам? аххх :angel:
     
  3. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    другарчиња ни случајно немојте да ожените некоја без претходно да ја видите без пудра при тоа да сте во тревезна состојба ]:)
     
    На Cataleya и emocija им се допаѓа ова.
  4. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Убав ден , убав ден , ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН тралалалалалалла ^_^
    Како мала секогаш се радував со тоа - убав ден убав ден денес ми е роденден,и ќе почнев да рипам ^_^
    Сега само можам да кажам дека сум препрепрепрепрепресреќна ^_^ И така си ја изнаслушав Импосибл ^_^ :D :geek:
    Ај како што треба,да ве почастам,си станав официјално тртинче :rofl:
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, bittersweet, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум...најсреќна,ама оваа моментална среќа ќе си ја зачувам само за себе.
    Ќе бидам најсебична за својата среќа овојпат. :rofl:
    Размислував да кажам на некого,да ги изразам емоциите,да се радува некој со мене...но кога поубаво размислив решив да не ја делам среќава.Ни на домашните,ни на пријателите...на никого...
    Никој нема да знае зошто имам толкава насмевка на лицето и блескам. Едноставно ќе си уживам. :P
    Нели како велат...колку помалку луѓе знаат,толку повеќе си среќен! :)
     
    На Lepaaa, tessi, ana-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  6. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Добредојдов назад..Конечно интернет да ми стават моите :D
     
  8. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Добредојде...фала им на твоите :D:D
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ах љубов, толку вонземско, вонтелесно, апсолутно духовно, длабоко чувство...

    Туку, не знам која го имаше ставено пред некое време документарецот за Игор Маџиров, ама навистина и благодарам премногу, најдобро потрошени 40 и нешто плус минути од мојов живот пред компјутер.
     
    На Edie.S и kravce им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Неможам да верувам значи на кројачката и однесов модел за фустанот, каков го сакам значи го сакав ИСТ
    сега одам на проба и се шокирав :o
    луѓе нема ни И од Ист фустан ;( за да не ме зарамала да купувам постава го над дала фустанот, незнам како да објаснам, бидејќи сум немала гради го насобрала горе, го насобрала ама и не баш, материјалот го преклопила два пати и тоа е, изнаставала цветичи, ѕвездици и коцки за да бил посвечен |( и врвот ставила три рамки, да три :!: една околу вратот и две по крајот, и барав фустан до над колена а не под колена ко некоја баба :envy:
    Е ваков требаше да биде фустанот
    [​IMG]
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Одложувањето само ја отежнува работата која треба да се изврши...
    Е да си го кажев ова порано, сега касно ми е, ќе се растргнам на сите страни :x
     
    На Ariel, anabel-a, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Колку трае еден момент?
    Кога ќе ми текнат некои вакви работи уште еден бонг да ми дадете и да ви зборувам за соѕвездијата. |( Гладна сум оваа недела, гладна за знаење, за информации, за приказни. Сакам да изгледам милион филмови, да прочитам милион книги, сакам да впијам се. И наутро тешко ми е да станам :| Работа до доцна, ручек, серија, туширање, книга, серија и во кревет. Ако слушнете за некоја девојка што нападнала со дебела книга библиотекарка, да знаете дека сум јас. (се зезам бре, поголема е од мене, ќе бидам јас тепаната :?: ) Толку очигледно ме лаже, срамота е стварно. Дали мисли дека и верувам? Ама јас не се откажувам, инает ме фати, ќе ја барам проклетата книга до крајот на веков ако треба, и ќе си ја купам и ќе ја прочитам ама пак нејзе ќе и ја барам...да видам до кога. (некое од смајлињата на луничка, со прстите што тропка на маса).
    Туку, да се вратам на моментот. Моментот можеби е секунда, кога е тажен се однесува како часови. Момент можеби е само ситуација, затоа што моментите се создаваат. Момент можеби е и времето исполнето со нашите емоции. Моменти се затоа, можеби, збирот на сите убавини и неубавини врзани за емоциите. Моментот е емоција? Ахх...јас, непушач никогаш, понекогаш стварно сакам да запалам некоја цигара. И што дека :?: ет пуи жу фјум? (си свирка).
    Ништо не кажав, ај чао :emo:
     
    На imelda, bittersweet, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува дека има толку расипани суштества-која мајка те роди таков монструм :swear: да те повреди каде највеке те боли
    ни те знае, ни те познава од 3 пат видување ти кажува кој ти е очигледниот физички недостаток-добро бе будало немам јас огледало за да се видам :fubar: :devil: а над 30 и неженет-дај боже никогаш да не се ожениш :!: не се замарам, следниот пат кога ке го видам-кој беше ти, не се секавам на тебе, а испадна дека ми е сосед :puke: ако го сретнам во маало, со камења ке го гагам, жими се :!:
    заборавив да ви кажам дека се планира од медитација да се оди за Италија-мојата омилена земја :$ ке се обидам да дознаам колку е карта, најверојатно би било летово Јуни месец
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.594
    Пол:
    Женски
    Секој човек си има различни приоритети во животот, кои најверојатно и се менуваат со тек на годините, а и би ме зачудило кога не би било така.
    Момантално парите што ги добивам ги трошам на глупости, излегувања, козметика, гардероба и обувки. Сеуште не сум подготвена да двојам од себе како што двои мајка ми од домашниот буџет за овие наши глупости, мои и на сестра ми за да можам да оформам свое семејство.
    Наречете ме себична, разгалена, но убаво ми е што сеуште некој друг размислува за мене.
    Гледајќи околу себе какви се не луѓе и бракови има, благодарна сум на она што го имам створено од раката на мајка ми.
    Дојдена во куќа во која речиси нема ништо, со чинкови чинии, едно тенџере и тавче, кревет и постелнина колку да се прилегне, денес создала едно мало богатство.
    Додека го пишувам ова влегува една блиска личност и по 15 години брак бара од нас тавче. Вчера бараше столици, утре не знам што ќе биде следно. Во истиот момент таа кога влегува ми пишува нејзиното дете барајќи храна, нешто што го јаде буквално секој ден, а секој втор го бара од нас.
    Не помнам кога последен пат сум била со филџан кај соседите, иако ми се блиски крвно да побарам нешто. И не ги сакам луѓето кои во време кога работат продавниците речиси цел ден и ноќ одат секој втор ден да позајмат нешто.
    И не ги почитувам луѓето што немаат по неколку години брак доволно садови за да можат да зготват ручек тој ден, за да можат да пречекаат гости итн итн...
    Не ретко луѓето почнуваат со пар лажици, две чинии, некогаш и една, но понатаму вложуваат во својот дом и градат нешто, создаваат удобност. Не ги почитувам луѓето што остануваат на она почетното, затоа што ретко кога е доволно, освен во оние случаи кога доаѓаш во опремена куќа со се и сешто, но нели и тогаш би сакал да создадеш нешто твое, да купиш барем едни филџани за кафе?
    Додека не бидам подготвена да со некој делам од себе и создадам нешто од тоа што го имаме ние двајцата, ќе ги поштедам сите од секојдневното одење кај соседите со филџан, по тавче, тенџере или пак по столици. Еј столици?
     
    На sweet-cherry, Artemission, rossonerka и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    :!: КОНЕЧНО сфатив што е офсајд!

    Тукууу.. Има уште некој покрај мене, што се плашел од лустерите во Универзална сала? :lol:
    :!: Кога и да бев таму, имав чувство дека во секој миг токму оној над мојата глава ќе се откачи.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    СДК дека сакам да си умрам и да си живеам у рајчето и да не се замарам со ништо и со глуп прост живот и со такви луѓе во него и да си лежам на облачиња да си свирам на харфа и да си спијам цел живот и да ми е гајле за се ! и да ги глеам од горе и да им се смеам на сите кои ме нервираат и ме нервираат и ке ме нервираат и незнам ни јас што испонапишав ама многу сум си нервозничка и тажничка и пробувам да се смирам и смислувам начин како да си го скратам животот и овие маки :( :@
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.376
    Пол:
    Женски
    Сдк на некои луѓе од мојата околина...
    Луѓе не сум јас ваша емотивна корпа за ѓубре,не ми поставувајте смислени прашања со цел да извлечете нешто што ве копка,не ме користете како параван за дојдете до нешто,и аман заман оставете ме на мира.
    Ако сакате искрено пријателство добредојдени сте ,ако не ,заобиколете ме.
    И вашето мислење не е најбитно...
    Заради тоа ми доаѓа да се преселам во пештера ,да си го направам животов едноставен а среќен.
     
    На anichka94, anabel-a, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.522
    Пол:
    Женски
    Филм со Мики Рурк на млади години priceless .
     
    На Neytiri, Cataleya, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Офф лелее утре тест, а јас неможам да с еизнарадувам на тоа дека ми ставија интернет..Па чао дечки одма да учам хемија, И да ми држете срека за утре :!: :*
     
    На srcekrsacka и pamelche им се допаѓа ова.
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    На Ilusionist и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.