Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Колку луд братучед има дечко ми. :lol: Две недели ми поминаа во смеа,дружење и јадење,јадење и пак јадење! Посебно шпагети и некои нови сосови кои ги смислуваше. :rofl: Како и да е се беше преубаво,штета што утре мора да си оди. :|
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Вчера мислам,госип грл стави слика,како тоа виножитото ја праи среќна,во тој контекст нешто.

    Денес,на гости кај дедо ми во селцето, шетам и здогледувам виножито.
    Неможам да ви опишам колку се израдував.
    Не се сеќавам дали и како мала толку му се радував на виножитото.
    Денот ми се разубави со пола виножито,
    ами цело да беше?! :wasntme:
    Ќе мочнав од среќа.

     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0441.JPG
      DSC_0441.JPG
      Големина на фајлот:
      281 KB
      Прегледи:
      285
    На Sunchild, Libera, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е да бидам парично зависна од моите, да барам некој денар за кафе, за да си купам нешто, па и за што и да ми треба да одам да побарам од нив, како некоја саката што уште не се одвоила од татичко и мамичка |(
    Стигнала повисока сметка за мобилен - зошто е повисока?
    Дај ми толку и толку пари - зошто ти се толку?
    .... Треба да редам уште примери??

    И да, може ќе си рече некој дека сум рас*пиздена, ама ни малку не ми е поентата тоа. Муабетов ми е дека сакам да сум самостојна, да заработувам сама, да бидам свој човек и на никој да не му давам отчет што, каде и како, а благодарение на мојот факултет немав можност до сега да работам..

    И ве молам, вие што работите, не цвикајте како ви е тешко да станете наутро да одите на работа или да кукате дека многу сте уморни колку само да се најдете во муабет бидејќи цел ден баш и не сте се фркнале толку колку што се жалите! Ценете го тоа што воопшто имате работа и имате некое средство да направите нешто САМИ !
     
    На crazylady, bittersweet, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.302
    Допаѓања:
    285.300
    Ден година.

    Еден куп работи завршив од сабајле. По телефон закажав некои термини и средив тон административни работи. Таман решив да се подвиткам повторно во постела и да одложам се останато, малиот ме мотивираше да ме придружува во извршувањето на вториот дел од обврските кои ми беа на ту ду листата.

    Се сликав за пасс :emo: . Катастрофа е сликата, ама нема веза важно е да биде ставена еден ден на вистинската патна исправа.
    Однесов документи за превод и веќе прибрав формулари за пополнување, документи за копирање...и со комплетна документација понеделник одам да поднесувам документи. Па ќе видиме што ќе кажат.

    Го посакувам толку јако тој меретен пасс, тоа парче легитимација.
    Знам дека е долга и комплицирана постапка, но ќе биде. Мора.

    Ус пат накај центар ни испадна еден грчки ресторан пред очи :tmi:
    Малиов ме зафркаваше која издајица сум била денес :rofl:
    А таму мевце, гиро, потпечени црни патлиџанчиња и сармички, салатичка. Вака нака наполнив стомакот и собрав пар идее за готвење.
    Во град купивме и работна по Шведски. Ни дадоа домашно за наредниот час, а ние само со книга без работна бевме. Па како ученичиња да си купиме.
    Свртев еден круг и низ дуќаните. Си купив 4 бејсик маички на рамчиња во различни бои, ќе се најдат.
    Бевме и до Мерцедес.
    Влеговме со намера да се информираме за а класа, а испаднавме со документи за цла класа :tmi:
    Вечер ќе мислиме и тумачиме што како.
    И ДМ не го изминав...

    Паметот ни е во палачинките во моментов. Со крем, банана, шлаг... :inlove:
    Решено, ќе бидат на мени вечерва.
     
    На Peppermint, bittersweet, Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Some girls my age: eew it's so weird but i have a crush on celebs who are like 5 years older than me!!!!!!!!!
    Me: hahahahahahaha
    Me: HAHAHAHAHA
    Me: HAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHA
    Me: hahaha

    E,тоа сакав да кажам. :D

    Ништо паметно уствари :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. manta123

    manta123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Сакам да кажам дека го сакам :inlove:
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Никогаш нема ниеден маж да сфати една жена, а пак ниедна жена нема да го сфати ниеден маж. За комплексни, сме комплексни, не можеме да одречеме. Тие поинаку размислуваат, а ние сосем поинаку. Но факт е дека едни без други не можеме да опстојуваме и функционираме. Тие размислуваат премногу реално, а ние се тоа прво го вариме во себе, прво го чувствуваме, па потоа делуваме. Не велем не, сите жени се различни, но ние повеќето размислуваме со душата.
    Има еден пат каде се надополнуваме едни со други.
    Бракот.
    Живееме еден за друг, дишеме еден за друг, создаваме еден за друг. Создаваме плод, плод на љубовта.
    Колку е убаво тоа!
    Само уште да научиме да не бидеме толку самољубиви и да се жртвуваме за таа љубов. Се би било поинаку.
    Се’!
     
    На bittersweet, slavica999, Shelea и 21 други им се допаѓа ова.
  8. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Колку си само во право.Така е!Штета што сите не размислуваат и не ги гледаат другите со душата,колку поубав би бил светов!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе поминуваат низ нашите животи само за да ни донесат нешто, подарок, благослов, лекција што треба да ја научиме и тоа е она за што се овде. Да те научат на нешто ... за љубовта, за давањето, за грижата за некого ... тоа е нивниот подарок за тебе. Ќе те научат сето тоа, а потоа ќе си заминат. Можеби нема ни потреба да останат подолго од тоа. Ќе ти го дадат подарокот, а потоа се слободни да одат понатаму, но тој подарок ќе го имаш засекогаш!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Колку и да ми велат сите дека во животот мора да се соочам и со победи и со порази не можам неможам и неможам да го прифатам тоа , неможам да трпам порази , не можам да дозволам на ме собори никој ниту пак да ме порази , особено не во нешто во што сум добра и сум вложила труд , многу труд , во нешто во што ја гледам мојата иднина било тоа да е хоби или нешто друго . И да , училишетето мое распишува конкурс а темата ,, Што гледам јас во очите на иднината '' Можеби постов ќе ми даде некаква инспирација за тоа што отприлика да пижувам ама не можам да ги сварам бе . Нашла тетка вујна мајка , стрина онака по искусни и ајде сите над парче хартија и ќе и пишуваат неа состав . А зошто ? Не оти толку ја интересира за конкурсот битно да победи , да ме порази Е НЕМА БЕ !!! :devil:
    Како јас да не знам да и кажам да мајка ми (која и ја има таа струка - наставничка по македонски јазик) и таа да седне да ми напише , ама не бре типката нејќе ми вели сама ќе се потрудиш.....И ДА! Ќе дадам се од себе и ќе го однесам тој состав утре и ЌЕ ПОБЕДАМ! А ако не победам ќе ви се исповедувам овде. :tmi:
     
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Едвај чекам да се запролети , да можам да садам секаков вид на цвејќе ,да ми биди пријатно за друштво и тренди на терасичето, да можиме со билдерецов да си пијуцкаме кафе и разговараме за банални и за други прекрасни работи додека сонцето се пробива низ старите тарасни дрва .
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Serafima, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ѕвона ми ѕвонат во главава, крокодили ми се борат во стомаков и ми ги параат јајнициве, но сепак убаво ми е. Среќна сум :)

    Малите нешта ме прават среќна. На пример, роденденот на другар ми на кој ќе присуствувам вечерва, откачениот подарок кој му го купивме со дечко ми :rofl: , новиот лак кој си го купив денес, крофната која конечно дочекав да ја изедам, а ја мислев толку долго... :D

    Сакам да дојде сабота, со другарка ми имаме договорено шопинг и потоа убаво, фино ручече (со винце, оф корс) :) Таа е уште една причина за мојата среќа, искрена е, мила и има луда смисла за хумор. Заради обврските, не се гледаме често, но секогаш времето поминато заедно ни е непроценливо :)

    И така, животов ми е ролеркостер, лудо возење кое за момент прекинува, колку да се соземам, па пак продолжува. Навикнав, прифатив и се трудам да го извлечам најдоброто :)
     
    На anabel-a и Lepaaa им се допаѓа ова.
  13. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Ми се смачи од овие диети, поминав месец и пол од диетата, ама бре луѓе немам што да јадам.
    Ние во нашава земјичка немаме стандард ниту за диета.

    Друго, ми се смачи кога неможам да се видам со другарка ми како порано 24/7 заедно бевме. Сега, маче ела кај мене да си се видиме да си кажиме два три збора. Не маче, со дечко ми сум, ке одиме кај мене, па ке одиме кај него и на крај ке излезиме.. Да фаак?!
    Другиот ден истото. Ја губам другарка ми. Добро шо имат толку шо не можат да се одделат бре..
    Не мрдаат еден без друг.. ОК, нивна работа.

    Сакам да кажам чувството после вежбање непроценливо. Го сакам, ме исполнува.
    Но тие 45 мин до 1 сат ме убиваат. Тие чучњеви...

    Ипак се радувам на авионската карта што треба да ја резвервам неделава. Ох конечно, конечно ке излезам надвор од овде. Се радувам милички, како дете на сладолед. И повеќе..Највеќе!
     
    На anichka94 и Doozy им се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Да не бидам сфатена погрешно, многу сакам животни а посебно кучиња, ама после средбата со кучето на другарка ми начисто сумњам дека било кога ќе сакам да имам куче дома.
    Има Голден Ретривер, многу е убаво ама многу лигави. Едни кафени лиги огромни па уште и му капат насекаде а таа му дава да пие вода со раката. :puke:
    Среќа што го шетавме низ градот инаку црева ќе извадев. Поарно ми е од далеку да си ги сакам.
    Политика ми е една од најинтересните материи од вториот семестар, професорот просто хипнотизира кога предава и срцка е, ако треба 100 пати ќе повтори додека не разбереме убаво.
    Ама асистентот е најфасцинантниот маж што досега сум го видела. Не, не е Бред Пит, тој има некоја дива убавина, некаква грациозност на движење, убав машки глас и долга природна коса.
    Хаха, чудно ама дури сега сфаќам дека ме привлекуваат машки со подолга коса. :)

    Почнав да водам дневник, идејата ми е добра само не знам колку ќе можам да продолжам да го пишувам. Буквално по цели денови сум на факс, кога се враќам прегледувам она што сум го учела, туш и кревет.
    Многу се обврските.

    Помина депресивни от период, тоа ми е мило. Во последно време кога се молам навечер на Бога, освен за здравје се молам за тоа да бидам подобар човек. Некако, сатив дека еден човек може да биде среќен само ако носи добрина во себе и светлина.
    Фала му на Бога за факсот и обврските инаку уште ќе тем нев дома.

    Постов е претерано неповрзан ама такви ми се и мислите.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    11.640
    Пол:
    Женски
    Ма колку и да ми е тешко, јас си го сакам роденденот. И убаво ми е, и насмеана сум, колку за промена.
    Денов го залеав уште од 5 попладне. Неколку чаши four roses, и баш рози ми цветаат.
    Одлично.
    Не би да лепам торти тука, те едно шише, да го допиеме заедно :drunk:
    [​IMG]
     
    На Umbrella22, AnaKarenina, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  16. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    :|
     

    Прикачени фајлови:

    На Lemonade, Hestija и Chimera им се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    11.640
    Пол:
    Женски
    Ќе се дрзнам да те цитирам.
    Знаеш, мене веќе ми беше срам да бидам на грбот на моите, иако тие никогаш ништо не ми рекле. Затоа ги превземав работите во свои раце и најдов работа. Да, дијаметрално различна од моја струка, ама барем има некој прилив на пари кој одлично ми доаѓа.
    Сакаш да работиш, бујрум, вработи се. Нема да најдеш работа по струка можеби, ама работа има.
    Знаеш што е проблемот? Што никој не сака да се мачи, сака веднаш фотелја и канцеларија, клима да го разладува или затоплува.
     
    На sweet-cherry, Umbrella22, Shelea и 11 други им се допаѓа ова.
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    23.983
    Пол:
    Женски
    Една работа не ми е јасна...

    Па добро бе, како тоа е можно мајка да ти се лути? Онака најмалку една недела... Зошто? :^)

    Ниту ја има навредено, дури ниту несакајќи. Секогаш со почит и култура.
    Па што бре ако некогаш и повишам тон на мајка ми, па сите имаме нервозни денови.

    Какви деца родителите имаат па си ги трпат, нормално нивни си се. И крај, краева родителите ако нe нè трпат, оние кои под дифолт треба безусловно да не сакаат, што треба да се очекува од другите, не ми е јасно ?! |(

    Ај ако не ци*ка да ти побара, па да му простиш. :envy:

    Кога не ти е срам на тие години ко тинејџерка да се понашаш, изгорена за внимание, повели.

    И што кога ја имам јас најдобрата мајка на светот? Не ми се ужива себично заради него. Ми е жал.
     
  19. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    4.296
    Пол:
    Женски
    Не можам и не можам да се преправам дека ми е сеедно што најдобрата другарка ми го заборави роденденот,зарем после ова треба да заклучам колку тоа и е важно нашето другарство,не се дружиме и не се знаеме од вчера... не знам што да речам се разочарав дури пред роденденот доби и порака од мене за да дојде,а таа на денот на роденденот ми праќа порака дали сакам да одиме на кафе ,и после и се јавувам и као заборавила дека ми е тој ден роденден....

    сакам да кажам се повеќе и повеќе се разочарувам во луѓето околу мене,и не неможам да се правам дека е се во ред кога не е,тешко е да криеш како се чувствуваш кога некој ке те повреди ...
     
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Штотуку прочитав еден фб статус, всушност е виц , поточно приказна,но е многу интересно морав да го споделам со вас незнаев каде да пишам па затоа еве ме тука:
    Си живеела една убава и мирна девојка,меѓутоа била сиромашна и имала само еден мачор.Тогаш добрите вили сеуште оделе по земјата и една добра вила и пришла и и рекла:
    --Секогаш си била добра,па ќе ти исполнам три желби.
    Девојката посакала да стане убава (остварено),да стане богата (остварено),но на третата желба се сетила на својот мачор.Посакала вилата од мачорот да направи убаво момче.Наеднаш забележала како и приоѓа еден прекрасен млад човек,кој попатно и рекол:
    --Се надевам дека не си заборавила дека,додека бев мачор,ме однесе на ветеринар и ме стерилизираа

    Поздрав до сите кои ги стерилизирале своите миленичиња :!: , сега ги сваќате комшиските мачки ;) :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.