Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми се верува дека пак паднав-овој пат раката повредена и коленото-додека да трепнам испружена на земја:lol: многу сум некако весела денес изгледа од возбуда се струполив на земја :D -за срека дојдоа една жена и син и на помош-ми подаде влажни марамчиња да се забришам ама кога ми рече дечкото ке те прегрне и ке ти помине-се воздржав од коментар па си помислив ако сама не си помогнам, нема кој :worried: му пишав на тој типот што сакаше да ме запознае преку жената од Италијански не ми врати, така да не планирам да го молам-ако не сака, не мора :) тој губи не јас :!:
    а кога го прашав нашиот претседател кога имаат состанок правната комисија не ми одговори-сега ко поротник треба да се дообразувам нели-сигурно си помислил како и успева, опасна е малава :D
    малите луге се најопасни-скапите парфеми се продаваат во мали шишиња ама и отровот :!:
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Стварно не можам да ги разберам моиве соученици што се надеваат и потпираат само на препишување, или помагање и потшепнување од други на испрашување. :^) И тоа во секакви апсурдни и невозможни ситуации. :!: Дури и смешни ми се по малце. :lol:
    Денеска имавме испрашување историја, и едно дете од мој клас и вика на моја другарка, „абе те молам помагај ако ме фати“. А двајцата седат во прва клупа. :D Добро бе, како да ти кажува кога професорката е пред вас!? :fubar: Не можам да ги сфатам...Па и на најлесни тестови, како што е музичко (барем кај нас бидејќи професорката е таква), они пак со препишување. :lol: И кога ќе видам некои како се „вооружале“ под палта, џемпери, шалови со ливчиња пред тест, се газам од смеење :rofl: Која креативност! :lol:
    Не сакам да звучам како бубалица бидејќи ич не сум, иако имам сите 5 ич не ми се учи :wasntme: , ама за мене лично колку и да е тешко да се научи темата, уште потежок е стравот и неизвесноста кога се обидуваш да препишуваш. :!:
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Денеска, брзав на автобуска и по пат чепкав низ телефонот. Одеднаш, слушам детско гласче како ми вика: Ееееееј, еееееј... Се завртив и видов едно детенце во дворот од куќата крај која минував. Се смешкаше и срамежливо ми мафкаше со рачето. И јас се насмевнав и му мафнав. Ме гледаше насмеано, возбудено, толку мило - ме разнежни :) Денот ми го разубави, сонце малечко :)
     
    На Someonespecial, Lepaaa, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Многу ме иритираат личности што повеќе се замараат со другите отколку со себе или со нивните блиски. Јас по природа сум срамежлива, сега не толку ама порано многу бев. Луѓе не сум поздравувала на улица од срам а не од некултура. Да преминам на поентата. Живеам во зграда. Кога бев мала еден комшија еднаш ме застана и ми рече со повисок тон со сарказам "Добар ден" :^) му возвратив нормално не се сеќавам дали уште нешто ми рече ама знам дека се изнервирав оти не ми го кажа на убав начин + дете сум била, никој не се осмелил да ми рече нешто од комшиите ама ок. Ете го сега има внуци и не поздравуваат никого во улазов, кога беа мали си викав ај мали се ама кога ќе пораснат ќе му кажам јас убаво, ама ете пораснаа и не сакам да се замарам. Знаеме дека е лесно на другите да им кажеш ама за твоете, е тука е тешкото, уф, одвратен човек.

    Друго, денес бев во wc, не дома, на друго место. Си седам ја нели на шољата, врата заклучена и некој отвара еднаш си викам ај ќе сфати заклучено е има некој, не бре брате, уште еднаш пробува и јас се кажувам дека сум внатре и ми вика ооо извини, викам не проблем еве сега ќе испаднам и само слушам не не остани таму |( молам (си викам во памет) и ме фати смеа :D да останам во wc бе.
     
    На senza.parole, hrcace и sunfemina им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Заврши мојот појот потфат, за еден месец 10 книги, еве ја 10тата ја дочитувам, оф мори мајко, ќе си приумрам со мојава пасија за читање книги, кога ги имам не знам за доста, читам по една на 24 часа :tmi: За утре сама си се тапшам по рамо, ќе треба да се издржи мушки, со У :rofl: Ај држте ми стравот утре на новото работно место, се пикна и Ангел во државна институција, се надевам нема да бидам многу досадно канцелариско глувче :rofl:
     
    На Trendafilka, Lepaaa, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК ако сакате да се осеќате како најглупавото ѓубре што е вишок на планетава земја решавајте задачи по математика.
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Има некој деца кршат, кинат, всушност уништуват и не им пага на памет да се извинат, а оваа девојче за две дрвца напишало писмо.. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сочувствувам со сите на кои денес, цела почетна на Фејсбук ќе ви биде исполнета со песната од Каролинчето! :rofl:

    Па 1ви Март е или што е?! |(
    Брат ми почна да се жали, иако 1ви почна пред нецели 10 минути. :lol:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Сакам да кажам дека од дамна не сум напишала нешто иаку редовно ве читав.
    Не дека не сакам да пишам туку сакав само да уживам во напишаното од другите. Се надевам дека Март ќе ми донесе нешто подобро.... Имајте пријатна вечер
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. little.piggy

    little.piggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Сакам да кажам дека доаѓам право од темата "Помош за семинарски" и сум фрапирана :o
    Ако темата е Помош за семинарски , нормално дека луѓето ќе си бараат помош , па да ли мала помош или цел проект , нивна работа .
    Колку се ретки тие што всушност помагаат , 3х почести се тие што напаѓаат , па дури безобразни сте , се испонашале на девојчето зашто не ја ни разбрале што всушност бара , а се гледа од авион .

    После меѓуетничка толеранција сака некој ?
    Немаме толеранција за самите себе .
     
  11. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Доста ми е од девојќи кој се прават паметни , колешке ако тебе ти е интересно со сите да се расправаш без причина и тоа што ми дојде преку глава и морав да те спуштам со зборови , незначи дека ќе паѓам на толку ниско ниво па да се тепам со тебе како што искоментира. Барем јас не се правам паметна како тебе едноставно сум она што сум а ти прво погледни се себе па после коментирај за другите на сите ти имаш некаков приговор, мана и неправилности да му кажеш. А всушности никој не те ни слуша кога збориш.
     
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Март... месец за промени, месец за нови успеси.

    Сакам зеленила, сонце, цвеќиња, радост! Сакам да им речам збогум на маглата, сивилото, дождот и меланхоличноста. Пролет доаѓај побргу ^_^ :sun: !

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, Foreveryoungiwannabe и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Она чувство кога после долго време правиш нешто корисно, наместо цел ден да се излежаваш и да гледаш серии. Ќе ми треба некое време за да се вратам во шема :)
     
    На Hipster и ilipili им се допаѓа ова.
  14. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Неможам да поднесам луѓе со затворени умови.
    Толку тесни размислувања...примитивни да речам!
    Ниту се надоградуваат, ниту помисливаат да погледнат малку подалеку од својот нос.
    Еј, цивилизација, размени мислења...користи интернет, читај, листај форуми...
    please, open your mind...
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, Foreveryoungiwannabe и 9 други им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Малце паузирам од учење ( лажам, веќе саат ипол немам пипнато книга, а ете ја биологијата ми се смешка, во коалиција со македонски тетратката ), и земав да листам низ темиве - некој ќе помисли досадно ми е, кога наидов на едно мое мислење во врска со родендените. Сум пишала дека не ги сакам воопшто моите, што е и точно.

    Приказната започнува од мојот прв роденден и трае некаде до тринаесетиот ми се чини. Па тоа се цели 13 години, зарем малку е?! Јас уствари во рок од овој период, никогаш си го немам прославено денот кога сум дошла на светов. Или подобро да кажам, никогаш не сум го осетила како мој ден?! Сигурно сте запознаени со сторијата за идиотот од татко што го имам, епа токму тоа ѓубре од човек секој мој роденден ми го уништуваше најдобро што знаеше. Стандард тој ден предвиден да се чувствувам убаво во сопствената кожа, го поминував затворена во соба, со главата нурната во перниците кои имаа ,,впиено'' од чадот на цигарите што се ширеше и кај мене, или далечинското во рака, следејќи некој никаков нискобуџетен филм на телевизија. Додека јас тивко тагував затоа што потајно посакував роденден со еден куп деца и најблиските другарки, сакав роденденски капи и натписи, сакав балони и конфети, си посакував и замислував дури и какви подароци би добила, сето ова проследено со песни од тогашно Златно Славејче - како што и сите други деца го прославуваа роденденот, во останатите простории беа сместени сите негови ,,пријатели'' и разно разен џган собран од улица со кои денеска не се познава повеќе, па така господата си се веселеа цел ден и цела ноќ. Си правеа езгии и фешти, а јас излегував само да дувнам ради реда свеќички, и тоа после едночасовно молење од мајка ми, и повторно се враќав во собата од претходно, си легнував повторно, се исклучував од настаните и заборавав дека ми е роденден воопшто. Така цели 13 години! Обично тој ден беше проследен со многу алхохол и како што спомнав мал милион на луѓе кои нормално јас не ги знам, и ниту една другарка! Од родендените ми остануваа во спомен само пикавците од недогорените цигари, чашите со недопиено вино, љушпите од кикирики по тепихот, мокрите од плач перници и смрдеата од џганот.

    Ете од каде произлегува тоа одбивање на моите родендени.
    Иако денеска нема веќе ни трошка од тоа што било - не е веќе ништо уопште исто, сепак не ми е сеедно, спомените се тешки за поднесување, особено ако се од оние лошите..

    ****

    И од каде ми дојде идејата да се надозирам со кофеин после учење? Обично се правеше ова нели пред.
    :^) :D

    Патем, добро утро, одамна петоков го немам доживеано еуфорично.
    Обично сите во петок се видно узбуџени за викендот што следи, јас малце ја пролонгирав еуфоријата :D

    http://www.youtube.com/watch?v=FXOUiKfWt_4
     
    На Cacy, Bozica1980, Lepaaa и 35 други им се допаѓа ова.
  16. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите, јас многу рано станав, тоа кошмар имав и одма да се смирам на компјутер, инаку сакам само да ве поздравам и имајте убав ден :)
     
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Први март...и веднаш сонце.

    Сдк дека и многу лежење не е на арно, и тогаш нозете болат. Најозбилно!
     
  18. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun: :f: :f:
    Први март... Убаво да помине и овој месец :*
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Оваа тема ми е ко некој ментален дневник, откако ќе изнапишам се и сешто тука ми олеснува неномално денот. :)

    Овој ден ќе биде прекрасен, се разбудив утрово и така решив! Па Март дојде, јас почнувам да цветам... Доаѓа викенд, доаѓа пролет, се ќе цвета, се ќе биде плодно (се надевам и јас :lol: ), се ќе раѓа, ќе можам да си пуштам рака и да скинам кајсија, цреша. Да си одам во викендицата, да си го средувам дворчето, да и се радувам на лозницата! Ми доаѓа свадбата, се шие венчаница, се бира одело, не фаќа еуфорија кој - што - како, насмеани сме како никој! Мислам дека многу малку работи можат да ни ги зезнат овие уживања, нема никогаш да ни се вратат назад. Си го дишам животот со полни гради, уживам секој ден за себе. Колку и да сум утепана некогаш, пак имам причина за што сииииилно да вдишам, и да се насмеам. Си го сакам животот, си ја обожавам младоста, си ги почитувам навиките, си ги почитувам амбициите. И хиперактивноста, колку и да ги замарам сите околу мене. :lol: Се чувствувам полна со живот, полна со енергија, полна со убави мисли кои ми ја полнат душата. Се радувам за пролетта, се радувам за животот! :sun: :f: :l:
     
    На Moira, bittersweet, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    И јас како елена, си се разбудив сабајлево, си викам - ќе ми биде убав ден. Надвор времево е сон, си пуштив музика и си уќивам во кревет, нерасонета. Сакам денов да ми биде прекрасен, да се случат некои фантастични работи. Браво бе март, убаво почна. :D
    Ќе биде тоа што сакам и ќе биде!


    Туку, ќе имам братче или сестриче, да се пофалам. :sun:

    Ни јас не го разбирам тоа реално, ми треба време сепак.
     
    На Lepaaa, Sunchild, Foreveryoungiwannabe и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.