Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    ***

    Колку е жалосно, до каде сме стигнати? Љубов, топлина, насмевка, нема, а ќе треба изгледа и да купуваме. Само каде се продава?


    Пред некој ден бев излезена да купам подарок како за крштевката на едно бебче. Влегувам во продавничката и искрено премногу се изненадив. По толку долго време видов човек во правата смисла на зборот. Девојката толку убаво ме пречека, ме услужи, што навистина немам зборови. Иако на крај морам да признаам дека и ништо не купив, но сепак како што ја најдов насмеана, така и остана до крај. Кога започна кутрата да отвора, да ми покажува... јас и викам, немој, таа:
    - Ако, ако, тоа ми е работа.
    И целата насмеана, блескаше.
    Оф леле си викам душичке, браво. Ретки се тие како тебе. Ова навистина последно време го немам видено. Или ќе те погледнат така ептен како за тепање или пак уште што не замавнале со нешто и тоа зошто да им растуриш, а ништо да не им купиш?!

    Во една друга продавничка и тоа каде сум редовна, за што и да ми треба од страна на кујнски елементи, за таму не можам да опишам. Влегувам и мислам дека сум во некој тунел каде е во тек некој хорор филм :x . Ти викаат едно ладно, здраво, и толку. Сам можеш да си се снајдеш (ако знаеш се рабира) и се додека да дојдеш да платиш.

    И најглавното, продавничката од каде што секој ден купувам леб.
    Продавачката порано, не можам да опишам, душа. Денес е во брак со момчето каде што работеше во таа продавница, што значи е веќе главна. Жалосно е колку женава се промени. Искрено не знам дали познава некој. Толку е променета, што ни едно здраво не ти прави :x .
    Ете до каде сме моментално стигнати.

    Навистина ми е жал. Колку сме ладни, крути, ќе станеме веќе бесчувствителни. Што не чини една насмевка на лицето? Ништо.
    И да ти е крајно стемнето пред очите, насмевни се. Не само на себе, туку и на другите им го уништуваш денот.
    И како после да ги почитуваме и сакаме другите :!: ?! Кога ни самите не сме се научиле на тоа.

    ***

    Заборавив да кажам, ќе станам тетка :inlove: . Една моја најдобра другарка по толку години брак е бремена.
     
    На Mama25, Johny, kate21 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ехх.си дојде и март..
    Hello March,goodbye Fevruary...
    Брзо помина февруари,ајде убав ќе биде март,па нели пролет доаѓа.
    Среќна сум,убаво е времето,убав е денов,па имајте убав викенд. :*
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да бев професор, ќе местев аларм за да ги пуштам студентите на пауза доколу заборавав, жими се!

    Не искрено, како може човек да се заборави до толку па да те држи 3 часа без да те остави да здивнеш?
    Или па од толку што не им се предава трчаат да завршат што побрзо не грижејќи се дали студентите имаат концентрација, дали "конзумираат" нешто од тоа што се предава. Кој е тој што може да остане сконцентриран толку време?

    И зошто се однесуваат толку дебилно? Нели е најубаво кога го работиш тоа што сакаш? Зошто се однесуваат како да се пуштени да креваат камења на рамо а не да држат предавања? Јас ли ги терав да станат професори?! Глупави створења!
     
    На Johny, MandyLane, k.i.m и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не постои тренд што не е силуван во Скопје. Шеткаат мали копии, единствено што се разликува е тактот на тропкање на штиклите, кои патем се шпиц.
    Како за почеток на месецов, ќе речам дека, секој месец е месец на промени, сонце и слични текстови од сликички, истовремено и никој не е. Единствен вистински месец на промени е февруари, бидејќи тогаш излегуваш од дупката во која си се криел цел јануари заради испитна сесија, и не дека нешто ти менува февруари, пак си го продолжуваш истото темпо што си го терал пред јануари, значи, ако чекате посебен месец или посебен ден во месецот за промени, ќе си останете црно-бели.
    Јас сум во потрага по магична таблета, некоја што магично ќе ме извади од проблемиве или ќе направи да не ми е гајле за истите или ќе ме направи тотално рамнодушна кон остатокот на светот. Првата варијанта најдобро, ама...
     
    На sesilija, Mishela и NoellePage им се допаѓа ова.
  5. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Дојде и март! ^_^ Го обожавам овој месец, незнам зошто... :?:

    Си ставив мартинка! :$

    Фала богу помина февруари!!! |( |( |(
    Добро важно имајте убав ден и да даде господ месецов само сонце да имаме! :wasntme: :sun: :sun: :f:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека дипломирав!!! И сега ќе сум хепи некои време и после ќе сфатам дека ти е џабе дипломата ако немаш врски. Ама после за после. Ви посакувам на сите убав ден.
     
    На sweet-cherry, Neytiri, Sunchild и 25 други им се допаѓа ова.
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Е значи која позитивна енергија ми дава сонцето, па и фактот дека е петок.. :rofl:
    Пресреќна сум денес.Денот е сончев, широк сокак полн, денот топол, музиче, сама дома, врата ширум отворена.П.с надвор е потопло од дома. ;)
    Денот е пред мене.Многу ми се шета сега, сакам тотално да го искористам било на кафе, било на обична шетња, било во парк на трчање, ама важно да го искористам. После долга ладна зима овие денови се како лек за очи, душа.Топлина, смеа, дружба.. :) Го сакам Март :inlove: Се надевам ке биде убав.Всушност би требало први почна соврешено. ;)
    Уживајте 8) :) Убав ден и уште поубав викенд :*
     
    На tweety26, ozbilnazena, sweettwist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    конечно петок.. :inlove:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Газдава даде плата :D го прекрсти Бог на први, петок, сонце и јас...
    у јбг сакам вакви денови 8) одам да шетна бе :rofl:
     
    На Foreveryoungiwannabe, teddybear, irenna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Сите емоции искажана со жешка глава вредеа за денешното спокојство што го чувствувам. Сонцево не ми дава да не ми е убаво! Чак ми доаѓа да напишам песна, што ако не сум Каролина.
    На +1 слободен ден јас опркужена со книги по економија, а мисливе ми летаат во разглабање филозофии. Пробувам да најдам светла точка во ситуацијава, денешнава пролет да остане и да ме погрее уште малку. Да шетаме во парк, да му раскажувам се што ми лежи на душа, би се жртвувала и шеќерна волна да пробам.. Љубов ли е?
    :f:
     
    На anabel-a, Moira, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Петок,март,сонце,среќичкааа ...Убавини! ♥.
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ова е пост за сите учесници во сообраќајот-возачи на автомобили\камиони,велосипедисти,моторџии, пешаци и шофери на ЈСП и и И таксисти.
    Додуша не сум сретнала многу моторџии изгледа им е студено,а уште помалку залутани велосипедисти освен на кеј.
    За да возиш точак освен физичка кондиција, треба и психички да си спремен да ги издржиш сите тортури на патот, во смисла граѓани и селани идиоти(за овие посебно ми се јади бурек) и раскопани тротоари и и ИИИ проширени булевари.

    Е, сега на ред-пешаците во кои сум и јас.
    Како категорија од згрозен вид со најмногу потенцијал да изгине на некоја раскрсница,а често и без мозок кога префрлува улица.
    Вујко ми како искусен шофер што вози со 200 на саат секогаш ми викаше-во сообраќајот треба повеќе да гледаш што ќе направат другите, отколку самата ти.
    И навистина е така. Ќе си поминам прописно на пешачки на зелено и некоја будала од 500м ќе ја видиш залетана да го фатела семафорот иако е црвено пред 3 секунди.
    Не е воопшто ни смешно тоа 3 секунди, секунди често знаат да бидат во прашање.
    Така да иако немам кола, јас можам комплетно да ги проучам шофериве и да бидам професионален градски шофер или нормален таксист во превод.
    Значи пешаци, внимателно со улиците. Не е воопшто важно кој е во право кога се работи за живот човечки. А,мене ми е мил,ама често го ставам на ризик кога префрлувам само прометна улица со пешачки.
    Вчера ми се случи, префрлувам улица натоварена како Слаткар со ќеси,само што моите не беа розови, туку бели и сега на пешачки една кола ме пушта да поминам,таа до неа лета по патот.
    Но има и многу непромислени пешаци што буквално пред кола им излегуваат,а не се на пешачки премин. Таква една по минич со шлиц точно до под газот, нешто слушам модерни биле шлицови од позади, со штикли високи си префрла улица се мисли убава сум сите ќе ме пуштат,а прописно ја исвиркаа.
    И слушалките во уши.Океј слушајте си убава музика,наместо свирките од автомобилите,ама нека не биде доволно гласно барем не кога префрлувате улица, занесени од музиката ќе погледнете на една страна, ќе се заборавете,а на другата тек што ве чека.

    Наредно се овие возачиве било камиони или автомобили. Значи не разбирам, кога возите во град брзината се прилагодува според улицата, не сте на автопат, туку на локален пат со многу пешаци.
    Јас знам некои искусни секогаш спремни да возат,а од каде ќе знаеш дека некогаш нема да кикснеш и контрола над воланот да изгубиш пример?
    Или навечер кои лудаци постојат насекаде.
    Кога се враќам вечер повеќе се плашам кога има коли на улица, отколку кога нема жива душа.

    Таксисти-мили таксисти знам дека сте срцки и секогаш не пуштате да поминеме на пешачки,само доколку имате патник внатре. Чак и баба со умисла дека сака да помини на пешачки ќе ја почекате да се одлучи, па после да помине.. нормално само доколку имате патник.
    Во спротивно сте гомна гомносани и не гледате никој на патот.
    Или наркомани.
    Верувам во вашите игли.
    Или во секој град е стандард-а, те види таксист и некако непознат веднаш ќе те праша од кај да те носи за да се увери дека не си од тој град. Е, тек тогаш почнува панорамскиот разглед на градот и олеснат џеб.

    Шоферите на ЈСП- исто прича сама за собом. Ма, не те гледаат,ако имаат онолкави стакла. Тоа дали врнело дожд,до тебе ќе се залепат само да видат колку муви во еден вир ќе убијат. Мувите се синоним за пешаци. И пешаците муви без глави,ама овие..

    Ете така.
    Ми се мрчеше денес за сообраќајот.
    Поздрав до срцето што ќе ме прочита до крај и ќе речи "you don't say?"
    Епа i said, се извинувам млада дамо.
    Добро е да си направам поручек,а и ги намалувам цигариве да се пофалам. И колку и да ги намалувам пак една кутија купувам на два дена. А,ми би да радимо.
     
    На Johny, MacenceEna и Elichka им се допаѓа ова.
  13. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    мм..сдк имам бело цветчее јеее :D
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Денеска бев сведок на едно ,,јавно,, изјавување на љубов на еден дедо и бабичка.
    Додека ја чекав колешката да излезе од дуќанот и мавав погледи накај друг колега кој требаше да не собере еден дедо приоѓа накај една бабичка и почнуваат муабет. Очигледно дека се познаваа и не се виделе подолго време. Пензионерски муабет и одеднаш ,,малиот,, го врти муабетот да појдат на кафе, чајче... :), да си поприкажат :$ . Почна нешто да и симнува ѕвезди па и мартинка се понуди да и купи :wasntme: , нели денес 1 март.
    Очигледно дека и беше незгодно на бабичката па мислам дека јас почнав на црвенеам во образи наместо неа. Се тргнав по настрана.
    По долго натезање бабичката се согласи со изговор дека има малку време али пак затоа си најде другар за одење на пазар :lol:

    Што ти е животот, некогаш се наоѓаш на право место и време а некогаш на погрешно место и време.
     
    На sweet-cherry, Bright, tweety26 и 34 други им се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Леле!
    Значи,требало да бидат на листата на загрозени животни за да можат да се убиваат,а??
    Океј бе,нека ги убијат и нив сега,нека станат и тие загрозени животни,што? |(
    http://sitel.com.mk/vo-cheshka-se-dozvo ... -krokodili
    Жално!
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Најлесно е кога за сопствените грешки и неволји ќе се обвини некој друг.
    Јас верувам дека буквално се` се враќа и најчесто ги повредуваме другите несвесно, па кога истото ќе не` стигне нас, одговорно тврдиме дека не сме заслужиле и животот не е фер.

    Не е лошо кога мајка ти ќе се враќа секој ден од работа исфрустрирана, изнервирана, пренесувајќи ти ги негативните емоции, па се лутиш зошто тебе ти се истура, а не си виновен.
    Лошо е кога ја гледаш дека е принудена да молчи што работи дваесет и кусур години во фирма, во која сите освен неа имаат платено јадење и превоз и повисока плата и уште во фаца и` плескаш дека е проста, дека не знае да се избори за тоа што го заслужува. А таа се жртвува, не за себе, туку токму за тебе, а ти смееш да тресеш глупости зашто ти е зелена тиквата, не си искусил вработеност, ниту пак си бил одговорен за туѓи животи.
    И така, очекуваш да се враќа задоволна и насмеана, или најмалку тебе да не ти се истура. А како да не ти се истура кога токму ти си причината што ја наведнува главата и си трпи, па наместо да и` покажеш дека го цениш тоа, ти и` додаваш причини за нервоза.

    Уште полесно е да му се налутиш на дечкото што повеќе не знае да се извини кога ќе згреши, а забораваш колку пати ја преземал вината и ја трпел твојата безпричинска лутина.

    Едноставно е. Секој е одговорен за она што му се случува и секој може да направи да биде подобро.
    А јас сум само едно просто суштество кое наместо да ги исполни саканите со пријатни чувства, ќе ги обвинува за стореното.
     
    На Miss.Ricci, DeMelo, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    25.205
    Пол:
    Женски
    Разочарувачки ден, разочарувачки период.
    Познат ви е на сите, еден од оние периоди кога, што би рекла другарка ми, си зае*ан од секоја страна... како и да завртиш.
    Ме разочаруваат и преку глава ми е од местово каде што живеам, од ѓубрето околу мене, од погледов кој го имам низ прозор, од тоа што го гледам кога правам еден чекор надвор од дома... црнила.
    Преку глава ми е од факултетон и ептен малце ми треба да се откажам сега на пола пат. Не дека има некоја конкретна скорешна причина, само толеранцијата за ду*ење у здрав мозок веќе ми е сосема намалена, и буквално ме боли фактот што колку и да се трудам, крајниот резултат нема благе везе со мојот труд и со моето знаење и не зависи од ниту една моја постапка, туку зависи од некои ирелевантни фактори, како на пример расположение на други индивидуи и нивна дезориентираност у време и простор.
    Порано гледав утеха во други работи, но сега во ништо, чувствувам некоја језива празнина во срцево, и нон-стоп си повторувам дека заслужувам многу повеќе од ова, не само јас и многу други околу мене.
    Не е фер, многу работи не се фер.
    Среќа што барем времево денеска е сончево и позитивно, инаку немаше да знам кај ми е крајот...


    :x
     
    На Hipster, Boleyn.7, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Убав ден денеска...средба со пријателка,опуштено шетање на сонцево,и батериите веднаш се наполнети.Чудно е колку малку му е потребно на човек,да се чувствува ,можеби не среќно туку исполнето .
    Однесов 3 пакета стара гардероба во Црвен Крст од децава,не е искината ,туку израсната.Се надевам некое сиромашно детенце ќе си најде свое парче.
    А сега...
    Сега пак се губам на местото каде престанувам и почнувам.Одамна не сум излегла на шетање зашто водам борба со самата себе.Борба за опстанок.Борба која ќе ми овозможи да не се угушам ,кога ќе излезам во свет кој ме опкружува,свет од кој се кријам.
     
    На DeMelo, tweety26, Katerinceee и 19 други им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Пред неколку месеци направив нешто... всушност ништо не направив, да направев, немаше сега да ми биде мака. Кога треба нешто толку едноставо да направиш (што би се рекло: вртам еден број...), а само си велиш после, утре, и така си тераат денови, недели, сега веќе и месеци. Сега е доцна, глупаво е.
    А криво ми е многу, многу работи ме потсетуваат на тоа и на секое потсетување совеста по малку ме гризе. Не сум таква да не ми е гајле кога јас сум виновна за нешто, затоа сега ми е мака, инаку не е некое злосторство. :tmi:
    И си ветив, што е мое, мора да си го завршам, нема веќе одлагање како за ова :!:

    И стварно се чудам што ми е со апетитов, знам дека морам да јадам, а преку ден ич не можам, еве и сега сум гладна, а ништо не можам да смислам... или барем тоа што го имам моментално не можам да го смислам :wasntme: Затоа пак тогаш кога не треба т.е навечер, јадам ко невидена, нема што не ми е вкусно тогаш.

    Убав ден денес, сончев. Да не бев скептик како што сум сега, ќе ми беше уште поубав.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Март ми е асоцијација за пролет, макар што календарски се уште е зима.
    Овој петок ми е слободен од обврски, времево надвор не почести со сонце, а тоа едноставно не смее да се испушти. Особено не за седење пред компјутер.
    По еден сендвич, банана и чај во ранец - веќе сме спремни.
    Една од предностите да чуваш куче чија раса е со голем раст, е тоа што бара повеќе шетање.
    Па затоа денес со љубениов и неговиот Бакчо (кој патем е поголем од мене), удривме една 10 километарска прошетка низ брда и долини.

    Не се сеќавам кога последен пат сме седнале заедно на ручек со мајка ми, ама ете денов таков се погоди. Убаво тргна викендов :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    • Bak.JPG
      Bak.JPG
      Големина на фајлот:
      77,4 KB
      Прегледи:
      358
    На sweet-cherry, DeMelo, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.