Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    ^Како шофер да кажам нешто :)
    Кои лудаци ги има во категоријата 'пешаци' тоа е чудо невидено. Покрај огромен тротоар ми оди по среде пат и не се тргнува, па и уште кога си принуден да поминеш покрај него и покрај тоа што лазаш буквално, ти се дере као ти си крива, слепа си. А ми се кенка по среде пат, секој ден, на секоја втора улица истиот случај ми е.
    Ама, тоа е нашата чудесна земја :D

    П.С. постов е поврзан со тој на Ашлинг :) Да не испаднам како луда :D
     
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    И петок ни дојде, ете викенд. Решив да си го поминам викендов дома, да одам на тренинг сега па после изморена да си гледам неколку филмчиња а и златна бубамара, со пуканки и сокови разбира се. :angel:
    Сабајлево си бев позитивна и расположена, секако преголеми очекувања, ама ако. Ништо.
    Луѓенцаа петооок, да имате убава вечер :angel:
     
  3. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Изморена до даска .. од 8 часот сум на нозе .. сеа седнувам :emo:
     
  4. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Сонце, љубов, насмевки.
    Сето тоа благодарение на Март. :) :)
    Баба Марте, фала ти, и секогаш биди ни ваква.
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Расположена си сум до даске. :)

    Кога се разбудив и видов сонценце надвор душичево ми се исполни. :D Хахахах дури и сама си направив една шетна,а кога се вратив до последниот зрак си седев на тераса и си пиев кафенце. :angel:
    Ммммм милина беше,се надевам и утрешниот ден ќе биде таков па ќе можам да си се кафосам со саканиот. :$

    Очила за сонце. 8) :lol:
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Како девојчињава гледаат на протестот: Хммм, ќе има многу момци тоа значи дека треба да се опнеме во дванаеска штикла, без црвен кармин по можност некоја страшно дречлива не се може, фризурче и ќе одиме на протест. |( Како бе, со кој памет бре, се фрцкаат мислиш на модна писта се, а не дека дошле да изразат став. За никаде ни е младинава, да се срами човек да излезе на протест. Со кого? Со девојчишта недозреани и со дечишта што дошле само да се измајмунисаат. Така ли ќе се оправа работава? Срамота, за срамота и греота сме. Страшно се изреволтирав.
     
    На sweet-cherry, tessie, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Болно е плачење без солзи, спиење без сон, зборување без глас. Празен е живот без желба, душа без нежност, срце без топлина. Тешко е да се сака изгубеното, да се има непотребното. Пусто е да чекориш сам, а незнаеш каде. Да бараш нешто што не си го барал, да изгубиш нешто што си имал... љубовта!
     
    На Katerinceee и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Иако не сум повеќе модератор, секако дека нема да се откажам од пишување на форумов, зошто со форумов јас пораснав и секогаш беше дел од моето секојдневие, речиси нема ден, а јас да не се приклучам тука.
    Сакам да им изразам јавна благодарност на Билката и на цела администрација што ми овозможија да бидам дел од градењето на еден од најпопуларните женски форуми во Македонија, исто така и за довербата. ;)
    Нема да кажам дека жалам што поминав толку долго време средувајќи низ темите, дискутирајќи со членките за сите избришани мислења, за сите префрлени или такви слични работи кои си се дел од улогата модератор. Се' што правев за доброто на форумот - правев од љубов, од чисто задоволство.
    Се надевам дека повеќето се задоволни од моето модерирање зошто се трудев да бидам објективна и да ја сфатам "работата" како што најдобро ми прилега, зошто сепак не е обична зезанција да смислуваш имиња на теми и да процениш кое мислење треба да се префрли во веќе постоечка тема или да внимаваш кое мислење ги прекршува правилата за да биде префрлено и означење како оф-топик.
    Со самото тоа што поминав 2 години чинам на овој форум како модератор јас стекнав едно плус искуство во светот на интернет технологијата да го наречам и не жалам ни за една минута помината правејќи го тоа што треба.
    Ама, како што на сите работи им доаѓа крајот, така и мораше да дојде крајот на мојата виолетова боичка на која да бидам искрена се навикнав и сега признавам многу ми е чудно што си го гледам името во бледо сина боја. :)
    Се надевам дека новите модератори ќе ни бидат добра замена, достојно ќе си ја извршуваат "работата", па можеби и ќе бидат за нијанса подбри од нас старите.
     
    На sesilija, Artemission, LittleFairy и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Јас сум храбра личност!

    Тоа што знам да застанам на нозе и после се’ па и со некоја капната солза, не ме прави слаба.
    Напротив! Ме прави силна личност. Стојам на својот став и не ми е срам да признаам дека ми е тешко!

    Ама мојата глава е секогаш крената и така и ќе остане. Јас сум со чист образ, душа и тело!
     
    На tweety26, julie77, Ilusionist и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    Се согласувам со Лукс во целост, со тоа што тоа што имав да го дополнам, го дополнив онаму каде што требаше. :)
    На крајот, повеќе од се го ценам мислењето на членките,кои пак ќе речам, не ги помнам по лошо,ниту помнам со кого сум имала дуели или не,ама затоа помнам многу од нив по добро.
    Мило ми беше да модерирам за Фемина. Се има почеток и крај,поента и безпоентност. Некогаш е подобро некако,отколку никако.
     
    На tweety26, Katerinceee, Ariel и 12 други им се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е дека Лукс и Лилит не ми светат, девојки секоја чест на сите што имавте трепение да се справите со нас. Иначе мислам дека жени се потешки од модерирање мажи.

    Инаку морам да кажам девојки вие кои имате твитер, не го користете за да на пишете ова:

    - чупање
    - туширање
    - леле вечер одам ваму ќе се надрвам
    - ок пијана сум. ок позз
    - вежбам и вака изгледам
    - новите штикли
    - каков шопиинг бреј
    - јас јас и само јас
    - директно обраќање за да створите симпатии а го правите обратното (од блиски извори)
    - чатање со другарките кога можете на фб во порака, или на твитер во ДМ да го направите истото
    - премногу да бидете кул
    - дрскост, вагини полови органи.
    - не го доживувајте твитер ко потенцијален дечко таму негде.

    Ао ги направите сите овие работи ќе бидете успешно игнорирани, претвртување очи и слично.

    Пробајте да пренесете инфо, макар и да се зезате и да кажете нешто лично, направете го симпатично.

    Значи не ми е постов со намера да навредам, туку да посочам. Твитер не е ФБ.
     
    На Katerinceee, Ariel, Lux и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Мене први март,секогаш ќе ме асоцира (освен на нови почетоци,пролет,сонце,радост) на роденденот на баба.Да си ми здрава и жива уште сто години :*

    Друго,веќе многу многу позната тема на разговор-нашата неблагодарност. http://ask.fm/NemanjaLukic129/answer/29782330109
    Прочитајте го,вреди.Барем некој ќе извлечете нешто од ова. Да имаше повеќе личности како Немања на светот,добро ќе беше.Но за жал,се почести се оние кои потценуваат,навредуваат и се крајно дрски,безобразни и невоспитани.

    Ај,греота ќе биде да уништувам вака убав ден.Бидете ми поздравени, и убав викенд.
     
    На the-girl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Оффф, учење..учење..

    Утре одам на натпреварот по Германски...
    Држете ми среќа, мнооогу ми е потребна :hug: .
     
    На tweety26, OneDirection, Lady17 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    На sweet-cherry, tweety26, OneDirection и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Уште малце ќе почнам да се тркалам, а прво влегување дома и - заслабната ми стоиш. |(
    Камоли мајка, камоли. Сеќавам дека нешто ми се случува во телово и дека се дујам како балонче, се тешам дека ќе помине после периодов, дека ќе се издишам, ама не можам. Ми смета витчето на секое седнување, ми смета подувањето на фустанот, ми смета, се' на мене ми смета.

    А другите околу мене викаат дека цутам и дека поубаво не сум изгледала одамна. Иди бегај бе, признавам, има некој ,,глоу,, ама дека може силуетава да биде пофино обликувана, може. :D

    Многу брзо ми помина зимава. Се тешам дека така брзо и ќе ми помине летото, неосетно, исполнето. :tmi: На почетокот се силев, вака ќе правам, нака ќе правам, ваму сакам да одам, сама ќе одев дури, ама како мине времето... се повлекувам. Почна да ми засметува јазикот, почнав дури и да го игнорирам кога го слушам. Ме потсетува на тоа колку го учиш и не го научуваш. Знам дека ќе ми биде тешко, знам дека ќе гличам кај моиве психотерапевти на скајп, знам дека ќе им гличам на моралните поддржувачи со кои заедно одиме таму :D , ама... ете. Абе човечки е да се плашиш од непознатото. Ако, ќе мине.

    Денеска многу ме бендиса кога си идев од Скопје, не беше темница. Не се сеќавам кога последен пат сум идела а да не е темница. И имаше сонце. И ми текна дека ќе дојде пролет, дека ќе можам да си ги носам моите сукњички, дека ќе се шетам низ Скопје, дека ќе пиеме кафе со другачки, колешки, дека ќе можеме да седиме на клупа во парк, дека нема веќе да ги тегнам глупите чизми со мене... Ми текна дека ќе ми биде убаво. Оваа пролет и ова лето.

    А септември брзо ќе дојде. :hai:

    Вчера ми призна дека често мислел како ќе го поминеме летото. Како ќе ми биде мене таму. Само да знае и јас колку мислам на тоа. :tmi: Мада што кога гледам како се здткува ако го погледнам малце по така, по на женски начин :D или не знае веќе што зборувал ако го фатам за рака ненадејно :D , ми дава надеж дека нема да има некои драстични промени во односот. Барем не на лошо. :geek:

    Ајмо луѓе, петочно на бањање! :talk:
     
    На Sexybaby86, Artemission, tweety26 и 25 други им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас се избањав :P

    Туку, кога ќе вечераме? Мажето ми е заглавено на вовчето од Боливачково, па до кај девет нема да стигне дома :( кога ќе се вечера, кога ќе се мијат садови, кога ќе се онадува(...бришаат садови :D ), за џабе се бањав :D
    Туку остајте тоа, ама кога ќе соберам сила да му признаам дека добив 3 поена на возачка? Капетан Слоу, каде ме најдоа мене да ме фатат, малку им поршиња, нобели, аудиња, субариња и не знам какви што шишаат над 120mph на автопат, они за мене се залепија за 4 поминати над 30 и тоа нема куќи и нема деца, накај кружен тек идев, излегував од насебла, шума покрај пат, ако газев некој зајак само може да беше. Па и ме тераа да дувам! :!: Ама офицер зошто? - Рутина. Длабоко вдиши и дувај дувај дувај, уште уште стоооп. Добро. А сите минат и ме зјапаат ко најголем криминалец. :sweat:

    Пишам на мажето да ми донесе донер ќебаб. Гилти плежр. Утре ќе му се исповедам. Ако не заборавам :$
     
    На tessie, Lepaaa, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ...шлакнат, шлакнат ден.

    Омилените колеги на работа се деца - единчиња. Така дојдов до брилијантна идеја - да основам клуб на вакви напатени дечиња.
    Засега клубот брои три членови (само ние де, две бесни женички и едно машко) и официјално ја имавме првата седница на округла маса, со огромен Рафлс чипс, само ние тројца, бидејќи побогу - на што би личело децата единци да земат и да ги понудат сите други околу нив? Таквата постапка се коси со општите познавања и стереотипи за вакви створови. А тоа не смее да се случи. Морам да се грижам за угледот на единчињата.
    Понатаму, ги разделивме функциите - претседател, потпретседател и благајник. Јас засега ја држам функцијата бр. 3, прашање на време е кога ќе откријат дека сум убедливо најлошата особа на светот за маневрирање на финансии.
    Разгалено дете 1 (јас) и разгалено дете 2 (колешката) сакавме да се упатиме кон една продавничка, за да ровариме низ партали, омилената женска преокупација, ама поради дебелите газови, и тоа не мрзеше, па се тужакавме јасно и гласно.
    Тогаш, разгалено дете 3 (машкото, и воедно последниот член од клубот) извади 100 ден. од џеб и ни рече - фатете си такси, аман, знам дека нема да ми ги вратите, ама еве, придонесувам за клубот на децата единчиња.

    Е тука мислам дека се посрав народски, ем селски кажано. :D
    Ја кренав зградата во воздух од смеење и сфатив дека - сите стереотипи за децата единчиња, можете да си ги напикате в газ !
    ^_^ :nod:
     
    На Sexybaby86, Monna.Monna, tweety26 и 21 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од смешкиве околу ендемските видови на Бубамара за кои што некои во школо уште се зезаат, ми текна нешто уникатно. :D
    Ви го претставувам ендемскиот (скоро непостоечки :!: ) вид професор. :lol:
    - Не го закажува тестот/испрашувањето во иста недела со сите други професори.
    - Никогаш од него/неа не можеш да очекуваш ненајавено испрашување.
    - По можност ќе му/ѝ текне да се смилува на учениците и огромна тема од 50 страни на пример да ја подели или скрати.
    Зачестеност: најмногу еден до двајца од петнаесет професори што предаваат на еден клас (во средно се најретки).
    Е ова ти се вика вистински ендемски вид. :D Каква пастрмка, каков рис, какви нељубезни продавачки од рекламата, какви политичари. Еден ваков професор ако имаш во средно, имаш голема среќа. :lol:

    Не бе, стварно не ги можам. Со усул бе луѓе, со усул! :fubar: Последниве неколку дена шокирана седам на часови, секој час некој ни закажува некој тест или испрашување. Глава нема да кренеме наредниве две недели, еден ден немаме без тест или испрашување. Па стварно не е хумано. :sweat:

    Ама нема да дозволам школово да ми ја расипе радоста за доаѓањето на март. Конечно пролет, сонце, топлина... :f: А сонцето ме расположува дури и кога имам 10 предмети за учење. :sun:
    Додуша, ќе го гледаме од прозорец од училница или од дома учејќи и решавајќи задачи, ама и тоа е нешто. :D

    [​IMG]
     
    На OneDirection и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Трендафилке, поднесувам пријава за учество во Клубот на единчињата.Време е да им покажеме на другиве дека ние што сме only child, сме многу подобри и понесебични од нив ;)

    А СДК и нешто друго.Луѓе, зошто ви се мобилните телефони ако не ги користите?Па и пензионериве повеќе се тресат над телефоните, отколку оние на кои јас им се јавувам.Ако не мислиш да го слушнеш телефонот кога ти ѕвонам или да ми одговориш на пораката што сум ти ја пратила, кажи ми, за џабе да не си трошам три денари на СМС, кога не вредиш ни толку...Ебате бељата, викаше еден другар, ебате бељата |(
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.900
    Пол:
    Женски
    СДК...
    уствари..сакам да замолам некоја расположена феминка за приватен муабет да ми пише..
    Итно ми треба мислење за една работа...
    ***

    Ден како и сите остали... но малце поише среќен.
    Резултатите од испитувањата на мајка ми, се супер, една мака помалку. :)
    Моментално таа е мојот темел над кој се изградувам себе си... страшно ми е потребна и среќна сум шо се помина во најдобар ред. :)

    Но...ноќва, осеќам ќе биде долга..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.