Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 12tJ9e3rM-ја слушнав песнава прееска во еден бутик и ми остана во глава-весела песна, те орасположува, те тера да заиграш и запееш
    секоја од нас знае што значи да се биде жена-најтешката улога на целиот свет Господ ни ја дал-кога ке се роди женско велат и стреите на птиците плачат, а од друга страна пак за една жена царства се рушеле, маж со маж очи си ваделе :$
    постов со посвета на жените :)
     
  2. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Колку се радувам што утре не сум на работа... А баш требаше да сум прва смена. Утре слободна, цел ден си го испланирав, само здравје се да излезе како што ги го испланирав, а задутре сум од 7 ... Сите во Недела одмараат, јас работам :)
     
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Незнам коку пати по ред освојувам прва награда, за било што. Незнам можеби и таква ми е среќата.
    И така со надеж дека и овојпат ќе освојам прва а можеби и втора нагарда, си се запишав на конкурс за поезија во врска со книгите и библиотеката.
    Еден вид како ризница на знаење.
    - Со господ напред фицијално од утре почнувам со пишување на раскази. :)
     
    На tweety26, Someonespecial, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска лицето си го исончав. Цел ден го поминав надвор и сега образите ми горат. Го обожавам овој период од годината. Рана пролет :inlove:.
    Си купивме со брадата една чинија и три свеќи за новиот дом. И пластичен прибор за јадење. Ама само за нас двајца. За гостите секако ќе следува од порцеланскиот. Ако најдеме некој така поинтересен! Некој не мн скап а убав. Си купив и саксии за садење цвеќиња.
    Пролет иде, пролет иде... Пупките на гранчиња ќе рашират фустанчиња... Убав ми беше и овој ден. Без оглед на се!

    Не ми се верува зашто почесто кога искачам гледам луѓе кои ми згрешиле, а тие кои сакам да ги видам се поретко ги гледам. Денеска сретнав една особа која е крајно злобна. Се правеше да ме избркаат од работа. Ја видов стоеше позади мене и од грижа на совеста си ги стави очилата криејќи се. Знаете секогаш оние кои прават лоши работи се кријат од личностите на кои им наштетуваат. Тоа е нешто како да немаат храброст да те погледнат во лице бидејќи самите знаат какви ѓубриња се. И самите знаат колку одвратни луѓе се. Јас најискрено ја жалам и нејзе и нејзините деца. Мажот и (невенчан) ја оставил бремена, а си земал американка за жена само да добие државјанство. Не би сакала ни да помислам какво воспитување им нуди на синовите.

    Една девојка од форумов со сигурност е прекрасна душа. За малку ќе ме расплачеше нејзиниот пост. Исто така и јас се поврзав со нејзините спомени. И јас не сакам родендени. Поточно не си го сакам мојот. Никогаш не сум го сакала. Може тоа е проблемот кој ме кочи цел живот?! Кај мене лошите спомени од родендените не ми се создадени од родителите. Сосема друга е причината поради која јас не сакам да дувам сопствена роденденска торта.
     
    На Monna.Monna, Hopeful, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    денеска е денот кога низ глава ми поминале сите можни криминални филмови и сите можни сцени за лоши работи.... е лош ден воглавно! До денеска не бев свена дека можам да бидам толку креативна.... дури и горда на себе сум! :D :D Се прашувам од кои црни дупки ги откопа мојот мозок таквите идеи?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви опишам колку бев зафатена периодов. Последниве 3 недели го спремавме отварањето на моето ново работно место и бев по 12 часа на работа секој ден. ЛУЃЕ, претепена сум. Немав време да јадам ослабнав 3 кила и имам подочнаци до колена. Битно, се се заврши добро, денес беше отварањето и официјално сум од денес осигурена и во работен однос. :wasntme:

    Газдата, како и секој приватњак, сеуште не отворени нервози еден куп, а ние сите вработени без искуство загубени Германци. :tmi: Полека но сигурно се ќе се врати во колосек и мислам дека ќе биде добро. И најбитното, "шефица" ми е најглупото девојче во цел град кое нема 2 чисти ама битно има цел месец работно искуство на ова поле. Шпионче, невидено е, и најинтересното, сама се претстави како “менаџерче“ :rofl: Нек сибе мајката. :rofl:
     
    На ilipili, sweet-cherry, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    СДК за некои постови по темиве,ми треба речник да ги разберам,а на македонски се пишувани.До мене ли е???
     
    На Hopeful, Doozy, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се прости, сите сме луѓе можеме да погрешиме, намерно или ненамерно.
    Но најважно од се е да ја признаеме грешката, да се извиниме и да побараме прошка. :)
     
    На Hopeful, Divinebutterfly, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Знам, можда и не е баш добро и примерно од моја страна, но ја имам таа навика, да не ја речам еве гадна, пошто мене ми е навистина интересно и ме прави пре љубопитна, да кога поминувам покрај прекрасна куќа или предобра зграда со станови чии ѕидови се заменети со стакло, јас како манијак се ѕверам, а како преѓеска, дури може да си застанам и онака детално да ја изнагледам, да ги видам завесите, дал ми се свиѓат или не, да ги видам ѕидовите, па некогаш ако ми се посреќе и мебелот и дел од станот/куќата :| ... :lol:
    Толку неосетно ми е веќе тоа манијачење, да преѓеска се осетив како висококваликована манијачка, која откако си ја испрати другарката, на пат накај дома, додека минеше покрај куќа на 3 спрата (сигурно на 3ца браќа) дури и си застана и си правеше споредба кој спрат е подобар :tmi: :D
    Морам бар помалку неочигледно да го правам тоа..мое тајно задоволство.

    Инаку, дали ќе дојде ред некогаш, онака само да пишам, јас, во мојот живот, да седнам во ЈСП, у 24ка, 7ца, 7б, 17ка, или воопшто па некој друг автобус, не памтам да оваа година сум седнала, си се тешам дека е до мене, до станиците, секогаш ил во средина, или во најметежните места чекам...
    И морам да го опишам чувството кога денес моите ме собраа со колата од факс, аууууу, веќе и го заборавив тоа луксузно возење низ Скопје со кола... :| Проклета да сум, дај нека дипломирам шо побргу, кола ми е ветено, колаааааа...
    Лажам, секако дека нема да е колата купена баш заради тоа, диплома со 3 години, јаката работа ако се лажиме, него цел живот умна девојка и примерна ќерка за која сонува секој татко и мајка, добра другарка и колешка која ја бие добар глас :D Ао ао ао, ова беше умрела ѓупката, па ај сама да се пофалам, ама така е, јбг, таква сум си :D
    Не бре, може ни тоа не е, а секако има удел не викам не, исто како првото, но најмногу од се мислам дека е мојот идиотски брат, да идиотски!
    Јас сфаќам ние сите сме во пубертет, ама не секој проблематичен дечко во пубертет, кој сака да е фраер нели, на кој му лета умот, не изразува така лесно ко да бара лижавче, ауди 8ца |(
    Морам да направам ДНК не е можно да сме у род, лажам, цел плукнат е на татко ми у тоа суратот :D , али шо претерува, претерува, и најголема грешка се моите, од многу задоволства, од премногу, не знае шо повеќе да посака, па брате мој, и јас сакам да возам низ ова Скопјето еден Хамер или па поскромно еве некоја Алфа, ама ќе дојде ред и за тоа, незнам и искрено се плашам до каде со тој мал мозок за да се биде фаца и да се биде на секое поле во тренд, со марки бре бре.
    И муабетот ми беше, тато ми беше ветил една кола, не за друго, се изнатропав малку глупости, него гледа и е сведок на тоа колку најтешко ми е, колку многу се малтретирам, да јас од 9 сабајле на факс,морам да станам во 6, да се спремам, и да бркам два автобуси, шо најчесто и не ми се совпаѓаат, па морам да мрзнеам на тоа ладно како на пример цела оваа скапана зима цел пола час за да ми дојде вториот автобус...ами ќе одиш еднаш, два, три, четири пати со такси, ама не можеш секој ден, живеењето сам ти ги отвара очите, парите летаат, колку и да ги имаш, малку се, и секогаш ти требаат повеќе и повеќе, да ти се плукнам во цената на туната, 100 денари бе, 100!
    И ќе сркаш Ано сецкана, или па не...најдов чаре, панга филети, рај за душа, рај за грло, мх мх мх, е сега се настрвив...

    И за крај да завршам со тоа дека јас слабеам, веќе цел месец си го терам режимот од кај Цвета, и има дупло ефект, со некои мои поправки нормално, јас сама најдобро си го знам телото и организмот, но пуста црна мрза ме обвила и завила, орбитрекот го немам фатено, ни теговите, и сфатив дека Водно ми е до газ, па со дечко ми тоа ни е најомиленото хоби, но покрај овие проклети крајници и проколнато грло, зимото се чував, но еве ја пролетта, па со лоратадин во напад, и акцијата може да почне.
    Водно, Водно, кој ти дава друго насред Скопје?!
    Ча-ча-ча-о.
     
    На ilipili, Sexybaby86, zarah и 7 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    http://on.net.mk/zabava/muzika/dzhoni-r ... kopje-gori

    Ќе си полетам од среќаааааааааааааааааааааааааа :nod: :nod: :nod:

    Џони Ротен,Санаториум,Ареа,Нокаут,Пеперминт,Ласт експедишн.

    Боље неможеше ! :geek:
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Се е убаво и совршено, а насмевката ми ја нема. Зошто? Некои глупави мисли ми доаѓаат, ме депримираат, како да се развлекувам по сите страни. Нешто во мене врие, вика на цел глас... а што е тоа? Зошто е цело тоа, ги наредив коцките како што сакав, и сега?
    Љубоморна станав! Од нигде негде! Полна завист сум, а зошто? Од каде сето ова, не бев јас ваква ниту 1%. Толку сум себична што не сакам да се погледнам ниту во огледало, посилно е од мене. Почна да се продлабочува во мене се повеќе и повеќе, застаре, стана некоја антипатична навика... не можам да се препознаам... не ме радуваат некои слатки работи како порано, доминирам, наметнувам мислења...
    не бев ваква воопшто! Ми пречи и на психа и на се. Не сум среќна ваква. :(
    Во кој момент станав ваква? Во кој? Дали кога почнав да ги исполнувам своите амбиции? Дали кога набилдав самодоверба до 100?
    Како и да е, ми пречи, многу. Не можам да функционирам нормално, ми тежи!
    Сакам да ја мавнам од себе и љубомора и завист и моето антипатично однесување!!!
    Ама како? :(
     
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Многу тажно но баш и не ми е за верување дека е вистина... :)
    И да, имаме многу работи што незнаеме да ги цениме...
     
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Да, така е... но ти сосема погрешна слика си направила :)
    Далеку сум од тие што пребираат работа и што не би работеле било што - ако не па, се обратив на оние кои работат а се жалат дека не сакаат да работат, а не па на оние што легачат и очекуваат дека ќе им падне од небо, нив не сакам ни во муабет да ги ставам.
    Не можев да работам од причина што факултетот ми бараше да бидам 100% присутна, а од Х причини (немам што да се објаснувам тука зошто), јас не завршувам на време. На крајот сум, но од што ми е криво што ете така се случило до сега да се завлечкам, криво ми е и воедно што сеуште сум на нивни грб ... дрзни се, цитирај - за тоа е форумов, но сепак погрешен човек цитираш ;)
     
    На zhap4e и lunicka им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.127
    Пол:
    Женски
    А од кај знаеш ти зошто некој се жали од работата, дали навистина му е тешко и што мака си има? Ти не си работела, па си мислиш да имаш работа ќе си ќутиш и ќе ти биде супер зошто ќе имаш некоја паричка. Ама не е така, кога ќе почнеш да работиш ќе видиш какви се неправди има, колку може да ти биде напорна работата, колку може да немаш време за ништо, па и тие пари што грдно ќе ги спечалиш да немаш време да ги потрошиш и да уживаш. Секој има право да си "цвика" и да си "кука" колку е уморен иако ете Господ го "благословил" со работа.
     
    На tessie, creshicka, Artemission и 7 други им се допаѓа ова.
  15. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Па јас не зборувам на празно, знам точно за што зборувам, како на пример дека една познајничка си даде отказ од работно место со солидна плата бидејќи ја мрзеше да стане порано за на работа... не зборувам за нешто што не знам, не ми ги вртете муабетите.. И те како знам дека има неправди и што се се случува, не мора лично да осетам, доволно е што гледам ги гледам блиските и ги слушам нивните проблеми кои се вистински проблеми, но за вакви како што го кажав примерот - и те како ќе зборувам..
    Инспирирана бев од работи кои ги слушнав и видов.. ај веројатно некој сфати за што зборувам :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.127
    Пол:
    Женски
    Кога ти на своја кожа ќе осетиш тогаш дојди пишувај тука и дели искуства. А вака најлесно е да се впери прстот, да се збори за другите. И не, никој што работи и знае како му е, нема да сфати за што зборуваш. Зошто пак ќе кажам, оди поработи, па после може ќе те послушаме. :)
     
    На tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Имат разлика од слушнав и видов.Кога човек ќе работи, ќе нема време да постигне се, парите што ќе ги заработи и те како ќе му летнат, таман земал плата, отишла, па ќе дојде исто како и да не ни земал плата.А па замисли доколку човек има фамилија за која треба да се грижи, ко ќе си ги раздава парите по државата, па после и тоа што ќе остане за него од тие пари и тоа ќе му кидне.И ко ќе видиш, кога човек знае како ги заработува парите и како истите ги снемува наеднаш, ќе има потполно разбирање за другиот кој се нашол во истата ситуација.Затоа велам има разлика од слушнав и видов :)
     
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Посочив јас за кој тип на луѓе правам муабет? Зарем вие го оправдувате тоа??
    Ми го извадивте муабетот од контекст и ни малку не дискутираме за истото...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да ја напаѓате Лабела, и да се пронаоѓате толку брзо во нејзината објава, јас сум сведок на луѓе константно, кои кукаат колку се уморни, а работат од дома и играт игрици, или по цел ден дремат на фб и се тотално не продуктивни и ред други работи, и ја разбирам што сака да каже, јас сум се помачила на секој можен начин и ќе ви кажам многу сум била посреќна кога сум окупирана и мртва уморна со пара во џеб, отколку обратно, секоја работа е со своја тежина, некогаш ми се фаќало да работа од 11 до 01/2 наутро, со целиот тој умор во мене, и наредно утро стануваш и пак отпочеток, ама не се жалев, знаев зошто се жтрвувам и знаев дека бар имам некаква стабилност, поинаку е кога самата создаваш отколку кога зависиш, а годинитеси го носат своето и осамостојувањето. Оставете простор некој да си го каже мислењто без рипање..
     
    На Phyramide, Sexybaby86, antonina и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Доцна започнат ден. Едвај станав од креветот.
    Ама затоа пак, сите секунди од преостанатото сонце ги искористивме до максимум. Пиво и тој, ништо не ми беше важно.
    Го гледам се смешка, а јас се топам. Се заљубив по милионити пат во него. Одамна не сме излегле некаде, само јас и тој.
    Среќна сум луѓенца.
    Доаѓа пролет, јас мирисам на љубов, пријателите ми мирисаат на љубов. Љубов има насекаде.
    И искрено не се замарам со тоа што се случува наоколу. Од денес, си живеам ден за ден. Онака само за мене ;)
    Сакам да и ја шлапнам вистината во лице на една фацка, ама некако не ми дава совеста. Среќа што е во друга држава па не се меша многу.
    Не се замарам бе...
    Требаше да излезам, ама последните парички си ги дадов на јадење. Не се каам. За него цел свет би го дала :D
     
    На Sexybaby86, senza.parole, Glossy-girl и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.