Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Една молба до тетка Lille од Франција, немој да си ме за*бала само ти, денес скинав живци, една од 3, друга од 5, трета од 7, и сите ги фатив уште ти да ме заебеш :wasntme: Особено оние бразилцине, немаат осет жими се, у 88 минута ме просветлија, до тогаш срцево свири на тарaбука, еб*те |(
    Немој тетичка плис, дај му на човекот, т.е дај ми мене ајде ;) :rofl:
    :*
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сдк пред малку почнав да пишувам еден пост тука на оваа тема, но го избришав. Знаете зошто? Еве сега ќе ви кажам...
    Сакав да се жалам и да мрчам за пренатрупаноста на лекции за учење деновиве, за како тоа ќе ја поминам неделава во школо и како ќе „преживеам“. Сакав да почнам да кукам што ли ќе добијам на тестот математика, дали историја утре ќе ме испраша и што прашања ќе има на физика тестот... Пишав како денес цел ден сум го поминала во учење и како пак ништо не сум научила... И на крај, пишав дека сум изнервирана и изморена од гореспоменатото. И во секундата кога го донесов покажувачот на маусот до полето Испрати мене ми стигна порака на мобилен - порака која што ме натера да го избришам и исплукам сето она што предходно го напишав. Беше од мојата најдобра другарка на школо.
    Пораката беше кратка и јасна и гласеше: „Утре не одам на училиште... дедо ми почина...“
    Стоев пет минути со телефонот во рака, препрочитувајќи ја пораката едно десетина пати и верувајте, не знаев што да вратам. Искажав сочувство, како што е редот, но мислите во мене се населија со молскавична брзина, не чекаа да им кажам: Тргај! Едно чувство си направи малечка населба во мене сега, чувство на вина, да! :!: Што се случува околу мене, луѓето губат најдраги во секоја секунда, за време на секој мој здив некој го губи својот, оној последниот... најдрагиот, најслаткиот. Оној кој ти ја дава последната надеж, последиот чвор од конопот на животот за којшто очајно се држиш пред да паднеш во бескрајната бездна. А јас... јас барам влакно во јајцето, совршенство во овој наш несовршен свет... Сакам прогрес, успех, убавина и добро само за мене... себична сум, на некои моменти си се гадам самата од себе...
    И сега увидувам колку сум жедна... жедна за живот.
     
    На tinna-biebs, Buttterfly, Monna.Monna и 26 други им се допаѓа ова.
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ќе си дојде колце, на тркалце!!!
    Уффф, како е добро чувството....Секогаш се врти кругот!!! Луѓето касно согледуваат, но, сепак согледуваат. И сега е мој ред да бидам несериозна и да си играм, ама....немам нерви ни мотив за тоа, како што гледам, кармата си средува се’.

    Во многу моменти се сомневав и се прашував дали е правилно да си добар???, изгледа е....сепак добрите, добро ќе си завршат :*
     
    На mims-89, julie77, LivingGlam и 13 други им се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.529
    Пол:
    Женски
    Го обожавам чувството кога ќе се сетам на некоја песна што ја немам слушнато одамна и кога ја пуштам автоматски ме враќа неколку години наназад, ама буквално.. не само да ме потсети на некојси период, туку се чувствувам ко сега да е тогаш..

    И не знам што уште правам на форумов, кога книгана толку осамено си стои на биро...
     
    На Monna.Monna, Neytiri, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    Изгледа Фемина ја има зафатено предколоквиумска треска!
    Се надевам дека во темата Честитки ќе има доволно место за да ви ги честитаме положените колоквиуми :P Гледајте така да биде :!:
    Ајде земајте книгата ,ќе положите сигурно,па колку паметни девојки има на форумот,требало да не положат ;)


    [​IMG] :*
     
    На MandyLane, Doozy, MoDeRnA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да казам дека се изморив од учење.. Доста е за денес
    Друга работа е тоа што овие што ги пишувале книгиве се плитки професори и само комплицираат со непотребни комплицирани зборови :@

    Ај на гледање све за љубав :lol:
     
  7. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Дишам воздух со полна пареа....топлина во душава, а се тресам од студ. Разгледувам околу мене, како да гледам за последен пат, ги љубам луѓето околу мене, ги бркам негативните мисли, нема ништо да ја наруши мојата внатрешна рамнотежа. Мирна психа, апатија кон него, еуфорија кон новото, непознатото што ме копка и скокотка неколку денови. Не знам од каде таа храброст и сила да ги пречкртам сите планови и да ги згазам емоциите што тлееја до вчера, се разгоруваа со секој мал допир и достигнуваа кулминација, сега мизерно згаснати, спакувани во куфер и испратени во Неврленд.
    Од кога се вратив како да се родив од ново. Подготвена да продолжам и да го преџвакам секој залак што ќе ми го сервира животот....Затоа што многу малку е потребно за среќа, а ова што го имам ми е повеќе од доволно.
     
  8. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Леле бе феминки,ви се чудам кога ја читам темата ,,Какви ученици бевте во средно,, сите одлични,со петчиња,јас ќе бидам среќна ако завршам многу добра :(
    Цееел ден учам право,не можам да научам.Таман ќе си речам е сега знам,чекај да се проверам ^_^ ,и се сецнувам...Не можам да зуцнам,од што не ми текнува..Тапа,се ми се испомеша,сите дефиниции..Утре на тестот,само со господ напред,некако да ми се посреќи на пример да се породи,да настине,да препишам (аха,да кај неа,ако сакам уште еден кец :devil: ),да ми текне нешто,да сум многу сконцентрирана,да се расипал принтерот..Нема шанси знам |( :^)
    Со среќа сите утре што ќе правите тестови,ќе полагате.
    Ни треба.
    Утре со десна нога влегувам во училна,со среќните чорапчиња (немам такви :^) ) и се молам на Госпдод.

    Толку од мене,имајте убава недела што следи.(За тие што учат нема да биде баш убава,ем 2 недели полни со тестови ем,родителска ни се пишува.Мераци ^_^ )
     
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не ми е добро...не ми е..
    И се смеам а никој не знае колку плачам во себе...Леле само колку се смеам..Смешно е колку изгледам проклето среќна, а пропаѓам.. Кога никој нема околу мене, плачам додека ме држи глас...навистина..а душата ме боли..Среќните би ми завиделе на мојата насмевка, а тажните би ми завиделе што мојот плач е посилен од нивниот...
    Нека, нека трае... Сепак, нели тажните луѓе имаат најубава насмевка? Е па ќе се насмевнувам, се додека мојата буди насмевка на друго лице... Сакам да ги усреќувам луѓето околу мене, а зошто би ги растажувала, зарем немаат свои проблеми, зарем не е доволна нивната тага?..
    Молчи....се ќе биде во ред... [​IMG]
     
    На Adi888, Divinebutterfly, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам дека една прекрасна личност, едно толку невино детенце ми го разубави денот!

    А, да јас сум играорка и знаете што горда сум на себе, горда сум што тоа невино, прекрасно дете ми даде воља за нова страница, ме подуче дека Скопјани не се толку лоши, себични, покварени и што е најважно успеа да ме натера да го правам она што мене ме прави среќна...

    Ти благодарам!

    и да сакав да напоменам ако имате можност разубавете му го на некого денот, направете некој да е среќен! :*
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    На тетка Лилле од Франција, да ми се носи во три лепе ... материне :!:
    Мрш и чао! :devil:
    И на себе, НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВЕЛИГДЕН!!!! :@ Запомни :(
     
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК денес ако видовте фризуросано тажно девојче во 22ката,да знаете дека бев јас...Ми идеше да се фрлам во Вардар...
    Патем,на Железничка го видов дедото со паломите,ама бев веќе во автобус и ептен криво ми падна што не можев да купам,ама наредно неколку ќе му купам,и онака ќе се најдат...

    На свадбата прекрасно си поминав,подобра свадба немам видено одамна,многу беше весело и преубаво! Алал да им е и им благодарам на луѓето што ме примија.Го пробав и фустанот на невестата :inlove: Невестата не дека ми е другарка,ама ПРЕУБАВА беше,сјаеше од секаде!Си ја сакам и поштувам многу!
    Но,сето тоа пропаѓа во вода кога си broken hearted girl... :( Од една страна се радуваш,од друга плачиш во себе...Ах,не можам да го издржам ова! А пред моите,се правам дека ништо не ми е,дека само сум уморна,да не ги секирам и нив,секако се преуморени од нивната работа... :doh: Ќе пукнам ко балонче!

    Ви посакувам на сите и на ваша глава,и, пазете кој ќе земите за маж,пошто ќе треба да го трпите околу 50тна години(освен ако се разведите,кое на никој не го посакувам,сакам сите да сте среќни) ќе треба најважно да се разбирате со него(а не како моето теле кое јас едно зборам,а тој како шо си сака да разбери) и да имате доверба! Бракот не е за еден ден,туку за цел живот.Покасно сигурно ќе имаме триста проблеми,но тоа е животот,проблеми и нивно решавање.И затоа и не се откажувајте! Секој проблем мора да има некакво решение...НЕ Е СРАМОТА АКО ПАДНЕШ,СРАМОТА Е АКО НЕ СТАНЕШ!
    Уффф,тагата на филозофирање ме мава,ајде доста е...Добра ноќ ви посакувам на сите! :*
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    ~ Не Сум Љубоморна На Никој. Напротив, Кога Е Некој Подобар Од Мене Му Се Восхитувам. Кога Имам Проблем Со Некој Пробувам Да Го Решам. Никој Не Мразам, Само Некои Личности Повеќе Ги Сакам Некои Помалку. Не Ме Занима Туѓиот Живот, Доволен Ми Е Мојот. Не Сакам Да Имам Непријатели, А Моите Пријатели Се Нешто Најзначајно За Мене. Не За Секој Но За Тие Што Ги Сакам Би Го Дала И Животот. Кога Некој Се Меша Во Мојот Живот, Зборува За Мене A Не Ме Знае, Само Го Сожалувам. Човек Сум. Грешам. Но Сепак Го Сакам Животот...Еден Е И Единствен..!! ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека кога имам за учење се` друго ми е интересно освен материјалот кој треба да го научам. |(
    Одеднаш сакам да ги гледам сите филмови на ТВ (последен пат филм гледав во јуни и тоа во кино, па сега најдете НЗС), секогаш на радио пуштаат добри песни, одеднаш сакам да си ја средувам собата, наоѓам огромна желба да ги залепам сликите на ѕид кои ги лепам уште од март и никако да ги залепам, сфаќам дека десктопот на компјутерот е преполн икони, шкафот не ми е среден, терасата не е изметена, цветиЌите не се навадени... СЕ`.
    Што ќе се прави - ж н` се па. :wasntme:
     
    На Monna.Monna, baguf4e, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.021
    Допаѓања:
    81.365
    Пол:
    Женски

    Ма кога имам за решавање задачи во програмски јазици се интересирам дури и за техниките на плетење и везење гоблен, дури и сфаќам колку ме бива за судоку - ми се присакува се' освен дружбата со чичо ми Паскал. :?:
     
  16. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК Олку убав ден се расипа ради едно куче. Куче кое неколку години живее во моето мало, го чува и сето то. Дали јас требаше да бидам жртва? Дали треба да страда уште некој па да им дојде умот од г’зот во глата на овие малоумни граѓани? Не сум против кучињата, но не сум за скитниците. Нека им најдат дом, таму нека ги чуваат. Зарем еден човечки живот е поважен од животот на куче - скитник? Да беше едно добро ќе беше, ама не е. Најмлаку 20 кучиња се шетаат слободно пред мојава врата. Утрово како да бев на бојно поле. Се завртив затоа што не сакав да гледам крв и месо. Ужасна глетка! Нека се решат ваквите проблеми, затоа што не сме ние тие кои треба да ја плаќаат цената.
    Добро рекле старите: „Рани куче да те лае!“

    Добра Ви ноќ на сите, имајте убава недела пред вас, со среќен почеток и среќен крај.
    Катка :* :hug:

    P.S. Сакав да кажам и дека... : I need a hug. :(
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК ја гушкам katakomba24 :hug: :hug: :hug:
     
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Ќе одам на крајот на светот, позади 10 мориња и океани, позади највисоките карпи и планини, ќе се завиткам во лисјата на најбујните џунгли, ама нема да ме најдат.

    Тие промени, нови работи, нови луѓе.. нема да ме најдат.
    Бидејќи не ги сакам !

    Ноември, те молам биди убав
     
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК дека многу ми е агресивно кучево стварно :lol: Комшијата до мене е многу иритантен а и кучето негово, па моево ку*чало кога ќе се сретнат редовно му се закачува околу врат да го дави :lol:
    СДК2 таман бев спремна да си легнам кога се вратија комшииве од свадба па кога се растропаа со штиклите горе доле по скалиии :@
     
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    СДК дека многу тупам со хороскопскиве знаци и слично, али приметив дека две форумџики кои сакам да ги читам и на кои им го бендисувам стилот се вагички :lol:

    И така си ја окапав јас цел ден на компјутер место да учам, ќе се убијам :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.