Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк драги мои дека еве ви праќам една виртуелна торта да ве частам падна предлогот за брак и официјално со прстен цвеќе и се што следи. јас сум уморна но среќна да не ме мислите :inlove:

    бацки до сите и ви посакувам на сите големи љубови и среќни моменти :*
     
    На bittersweet, Neytiri, JuLleE и 65 други им се допаѓа ова.
  2. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Joelle со среќа нека ти е! Многу долги години заедно исполнети со среќа и љубов И секако многу дечиња! :*
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    СДК дека несакам да седам без работа. Сакам да се будам во 7 часот наутро и како сите и јас да се спремам за работа. Несакам да седам дома сакам работа, аман вејке се изморив чекајки и барајки работа и ги мразам поговорите како „ Што е товое ќе си дојде“ и „ Трапение спасение“ и „ Упорноста се исплаќа„. Епа ништо од ова не е точно. Кој нема врски и некој рака да му подаде или „препорака“ тешко него.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. strumfka

    strumfka Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    СДК дека и мене ми дојде редот да ви се придружам тука, мило ми е, одамна посакував ама секогаш си најдував одговори или изговори и јас незнам, одамна ве читкам. Добро ве најдов :D и успат честитки за Joelle многу љубов и среќа да ве прати :*
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Е баш така, да си ми жива и здрава.
    Мојот сон, накратко, бев учесник на некој квиз, и ја одбрав категоријата Фемина за одговорање и имаше асоцијации од типот:
    Пирамид! - и јас требаше како од пушка да кажам - лапање!
    Лилит! - куропецање! ...
    и така редом, за една форумџика извикав силно ПЛАЧКА и ми го признаа одговорот како точен, ама не кажувам за која бре, ич не ми 'рчкајте во потсвест.
    И на крај ме прашаа - Трендафилка, и јас се збунив, немав поим што треба да кажам.
    Јасно беше дека ќе изгубам, но водителот се смилува и рече - бевте многу шармантна, еден мал hint за вас.
    И тогаш на сцената излезе Шабан Шаулиќ, со онаа старата перика од памтивек, и сите роботски ракоплескаа и се нишкаа одлево надесно во тактот на музиката, а јас се прашував - зарем уште си ја чува периката?

    :^)
     
    На bittersweet, Neytiri, caroline.costa и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Си ги наццкав, си ги нашарав ноктите, им ставив еден куп лак, и после ми текна, дека за 5 минути, нема шанси да се исушат, и си ги избришав, и се спремив за во школо. И денес, после 2 години, ќе одам во школо без лак. Знам дека звучи глупо, ама мене ми е језиво без лак. :sweat:
    А сега поздрав. :f:
     
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се радувам. Се радувам до бесвест на глупости. На тоа дека имам просек и знам дека ќе ми дадат стипендија и дека можеби еден семестар ќе одам во странство. Се радувам дека бев на забар и не вриштев како 5 годишно дете. Се радувам дека после ќе го частам брат ми огромно кафе од Карамело, нешто што одамна го немам направено а искрено сакам.
    Најмногу од се, цел викенд се радувам за новооткриениот рецепт за пита со тиква која ми ја згреа душата и ми го исполни мешето. Се радувам затоа што имам бабичка, една ама вредна за милион која ми наоѓа стари ташни, ми крпи чорапи скинати од лизгање на плочки и ќе ме учи да плетам.

    И така безобразен број на радости ме следат. Да бидеме реални не ја имам најголемата среќа на светот. Моментално повеќе од се би сакала за Нова Година да одам во непознат град, да се измешам со мноштвото на луѓе и да бакнам безобразно згоден странец на полноќ. Но ако ова ми е најголема желба, среќна сум. Бар не е опасна и нереална.

    Пред малку го гледав видеово и ми ги исполни очите со солзи и лицето со насмевка. Еве за да им дадеш подршка на ваквите луѓе вреди за се живее. Јас отидов бемки да бројам.
    http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... o-minatoto

    Се радувам и за вас. Затоа што заслужувате.

    Си удирам две шлаканици затоа што заборавив.
    Среќен роденден Френки, моја несудена љубов освен ако во претходен живот не сум била Ева Гарднер
    http://www.youtube.com/watch?v=KIiUqfxFttM
     
    На bittersweet, Strumfeta93, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК дека некои мажи се палат на допири, бакнување, лижење, грицкање, секси долна облека, добар задник,големи ц*цки, црвен кармин,голи нозе итн.... а некои на
    мост :D
    http://www.zdravo.com.mk/skopjani-svrsh ... t-foto-18/
    .. коментарот на ЈасБеЈас :rock:
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Боли рамото, боли главата, боли желудникот, боли подлактицата, боли задникот... и не, не е тоа до болниот ми прст, туку од дупежи од игли, страдање од температура и себеоставање во тоалет. Ослабев неколку килца, ама арно, и на вирозата и беше потребен топол дом. :wasntme:
    За време на целодневниот престој во моето живеалиште ме фаќа предновогодишна еуфорија, која далеку се разликува од новогодишната еуфорија која сум ја имала на почетокот на наесет-годините. Мојава предновогодишна еуфорија опфаќа китки. :$
    И искрено, овојпат ќе ги опфатам сите можни украси, во сите можни бои кои можат да се изнајдат низ куќава, нека ми личат на Касандра малку празнициве, издвојувајќи ја драмата од целата приказна. :wasntme:
    Планот е подготвен, уште енергијата да порасне. Ред Бул ги дава крилјата само на оние кои не знаат да летаат.
    Јас знам да летам, ама не сакам да се докажувам... од прозор, од час, кон тебе, слободна ко птица... најмногу со мозокот ми напасен. И убаво е.

    Во Шангај новогодишната елка од 112 метри, била накитена со 320 велосипеди.
    ^_^
    За некои работи едноставно вреди да се укотвиш пред средствата за известување, макар и цркал од болка. :nod: ]:)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Sometimes love's not enough when the road gets tough.
     
    На x.Daisy.x и Ecii им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    СКД

    Be different
    [​IMG]
     
    На Marilyn-Monroe, Elennaa, Hiii и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    така е!
     

    Прикачени фајлови:

    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... луѓе разликувајте не ... некои упорно грешат, а и нас ни стварате забуни

    JuLleE е Јуле ... Julie е Џули т.е. јас

    Ве молам потрудете се :)
     
    На crazylady, MandyLane и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк happy anniversary mom and dad :l:

    After all ...19 години. (не е малку)

    И после се што поминавме оваа година им посакувам да се среќни колку толку, доволно да им е на нив.

    Знам дека на моменти не се трпам јас и моето однесување но фала им што ми одат по газенцето :tmi:
    Иако не се венчани во црква сепак ове 19 години во брак знам дека имале многу поводи и моменти исполнети со среќа.

    Им ветив т.е. си ветивме едни на други дека некогаш доколку е в ред да се венчаат во црква.
    Тоа би било навистина убаво.
    Доколку се остане во најдобар ред.
    СЕ НАДЕВАМ.

    ќе има тогаш и торта и се` она што немале можност пред 19 години да имаат.
    [​IMG]
     
    На zhap4e, crazylady, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Роденденот Ивкова слава испадна.Го славам од завчера вечерта после 00:00.Продужив вчера.Вечер ваљда ќе имам фамилијарен Д ЕНД.И после толку испиен алкохол чисто сумљам дека после пладнето ќе имам чиста крв,а па тек бистра глава.
    Како беше...Битно е за Убо.Епа нек се угоде! :D

    Јас сакам да ви се заблагодарам на вас фемники што у последните година и ипол и нешто више,од моето досегашно дваесет годишно искуство,ми ги направивте посебени.
    Толку реалнии форумџики со имагинарни ликови и карактери,ми го разубавуваа скоро секој ден од нашето запознавање.
    Ви благодарам што сте секогаш тука,да дадете совет,да послушате,да прочитате,да скролате,да се насмеете и да превртувате очи од мои постови.Ви благодарам зошто јас со вашите постови созреав,се збогатив и прoживеав ваши искуства како да се мои.
    И ви благодарам што ми го честитавте роденденот.А и да не го честитавте пак ќе ве сакав. :nod:
    Ве поздравува ваша ДВАЕСЕТ_ГОДИШНА_ПОЛУ_ПИЈАНА_РАЗЛИГАВЕНА Мисс. :*
     
    На Marilyn-Monroe, bittersweet, Strumfeta93 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Премногу обврски периодоооов...не се ни уклучувам на форумов, случајно симнувајќи проектни задачи од мејл видов дека ми стигнале лични пораки па се уклучив да вратам. Немам време, се надевам се е добро тука :)



    А и да, кога веќе дојдов да си кажам, едвај го чекам неговиот роденден, најубави поклони му купив :lol: :*
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова само мене може да ми се случи
    го изгубив или ми го украдоа мобилниот телефон(со сите контакти меморирани, а и неговите броеви беа таму :sweat: :worried: ова само мене може да ми се случува, кое проклетство ;(
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Од летово си живеам во некој бош филм кој уште го фурам. Не ми е веќе убаво, добро е што малце ми ги отвори очите вчера, ама.... пак.... пак нешто не ми штима. Ми фали нешто.
    Го гледам со очи полни со сомнежи, го сакам со резерва, ми стојат слики во глава од нашето минато, милион глупости си направивме, и искрено незнам дали вреди да продолжам да се мачам и него да го мачам, ама и ми фали таа храброст за да се дефинирам конечно.
    Никој неможе да ми помогне кога одлуките се во мои раце, кога јас сум таа што добива прекрасни шанси и можности, а сеуште стојам во место и тапкам, и тапкам..... премногу се плашам да не направам погрешна одлука. Тоа е можеби и најтешката состојба на човечкиот ум.
    А ми вика, немој со ум, одлучи со срце, но и тоа зборува во шифри што не ги разбирам.
    Само се молам да прекине ова чувство и од некаде да ми се појави знак и да ми каже што треба да правам, како е најпаметно да одиграм.
    Одсекогаш знаев многу добро што треба да правам, и никогаш не згрешив, а сега ..... немам зборови понатака.
    Само ги одложувам работите и чекам само по себе да се случи нешто, а веќе веќе неколку месеци ништо нема. На ништо не сум фокусирана.
    Останав празна.
     
    На Strumfeta93, Nymeria и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Постојаат моменти кога посакуваш само некој да те прегрне и да молчи.
     
    На smooch и Chocoholic им се допаѓа ова.
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Нема нешто на светов што повеќе го сакам од животните (поточно кучињата). Милион пати сум кажала дека ги сакам дури и повеќе од луѓето, за некои разбирлива љубов за некои не..
    Моите први другарчиња пред зграда, во парковите околу беа всушност тие. Прекрасни мили суштества, кои единствено бараат само љубов и малку храна, колку да преживеат. За возврат нудат бесконечно многу насмевки, непроценлива среќа.
    Се сеќавам на моето прво куче, знам дека се трескав од земја за да ми го купат. Бев многу мала, а желбата како желба на едно дете, нормално родителите гледаат да ја исполнат. Добив на подарок прекрасна пудлица, црна, со бело меше. И ете така започна сиот мој свет да се врти околу тие очиња во кои знам дека бев најдобра и единствена..
    Приказната нема баш добар крај, но траеше многу долго.
    После него, немав донесено куче дома, иако редовно ги хранев оние пред зграда. Болката откако ќе се разделиш со некој кој што ти е редовен лик во денот, не поминува лесно..
    Но, ете, потоа дојде Леа, ја спасив од немилосрдните роми кои ја тегнеа за уште неразвиеното опавче, па потоа и Џина, која што ја пуштиле „совесните“ сопственици на сред булевар, во најладното, да се снаоѓа и преживува сама. Сега денот не можам да го замислам без нив, толку се чисти и невини, што постојано ме тера да се прашувам како може да постојат луѓе кои мразат животни..

    Поттикот за да пишувам на оваа тема го добив скоро пред еден час. Се шокирав од глетката која што беше приложена, отруена трудна кучка, оставена да лежи покрај нечиј дом. Очињата и беа крвави, телото наместено во позиција како да го гушка каменот на кој што умрела. Вакви работи ми предизвикуваат солзи во очи, несовесноста, нечовечноста, омразата! ;(

    Сто пати сум рекла и дека ако имам пари кога ќе се осамостојам, најголема желба ми е да отворам стационар за животни. И ќе биде далеку од Вардариште.
    Ако тоа место асоцира на смрт, ова ќе асоцира на радост и живот. Немам коментар, најстрого би ги казнила луѓето што прават такви гадости.

    И за крај, слика од Џинче, ајде погледнете па кажете дали би имале срце да убиете некое вакво..
    [​IMG]
     
    На zhap4e, enca.69, Theodora и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.