Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Да не го направеја видеово со козите никогаш немаше да ја слушнам целосно евровизската песна.
    И сега, од кога го сторив тоа, би рекла да ја тргнат што е можно побрзо пред да ја чуе цела Европа (је рајт) и да добие рак на уши..и очи и се.

    Друго си мислам, толку претераа со проектов 2014 (и ова од кога го изгледав спотот и видов дека девојките што играат у позадина се облечени како божици) што ми се присака да застанам на страна од Грците.

    И трето, Кенадаааах!

    Ауууу да редактирам, и четврто - како е можно да има римејк на Футлуз после 20 години кога играњето веќе не е ни во мода а и никој не може да му се фати ни за левото кхм... на Кевин Бејкон?
     
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    И јас си се изнасмеав на паметот со кој одлучиле ова да го праќаат на Евровизија. :fubar:
    И жално е, што прво самите си се исмеавме на песнава, па после цел свет ќе ни се смее. Ама ако ни е, кога праќаат глупи песни само затоа што се лутела Есма оти не била пратена на Евровизија. |( А уште пожално е што странците коментираат на јутјуб дека песната е супер. :|
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска денов си го минав трчајќи од едно на друго место, па потоа на трето и така цел ден.
    Само сакам да си се наспијам и утре да си почнам со салам учење
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Бидејки денес имав најавено гости на ручек цел ден бев ваква.[​IMG]И знаете што -тие-не-дојдоа.Е сега со оваа количина на храна не готвам три дена.Е арно ама паднав од нога,и се преморив.Викај по децава ,носи разнесувај за на крај цврц.Па да имаа некоја вистинска причина да не доаѓаат ќе разберам,а тие-на Ѓуро не му се вози.Е како бе така :^)
    Денес не сум меланхолична без причина сум и по малку среќна [​IMG].Не се скарав со никого,завршив многу работа и сега дремам и се прашувам дали да си го фатам креветот со книга во рака.
    Изгледа планетиве ми се во добра комуникација [​IMG]
     
    На kravce, ilipili, Lov3 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Денес си се подновив од глава до пети..Абе живи радости, конечно моја е кошулата што ја меркав веке едно 1 месец.. хехех :rofl: :nod: Ајде вечер, јас частам :lol:
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не е до животот, до вас е.
    Не е до болката после смрт, до навикнувањето на живот без личноста и гласната празнина е.
    Не е до државата, никогаш не било, до тие што владеат со неа е! И тие отспроти што сакаат плус.

    Парите го вртат светот. А ако не парите, тогаш нека биде моќта.

    А извини, кој чесен не страда денес? И ретко кој чесен е награден доволно колку што треба!

    Да ми се живи и здрави најмилите мене, за се друго ќе се реди малку по малку.

    Моето најново мото деновиве, т.е месециве е дека после сонцето иде дожд...а после дождот иде најубавото сонце пак. :)
    И се така во круг, тоа ти е живот...
     
    На kravce, ilipili, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам разговорите со мајка ми, бидејќи додека зборувам, во очите и гледам дека е единствентата која внимателно го слуша мојот проблем до крај и искрено и од срце бара негово решение!
     
    На sweet-cherry, ines.h, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добра вечер Македонијо
    Денес за прв пат во мојот живот се плашев да чекорам по улица,за прв пат се плашев во моја матична држава да зборувам на мој јазик.
    После ова денес што се случи, првиот претек на пари јас одам правец Бугарија да си извадам пасош.
    Нема веќе што да се направи во оваа пропадната држава на апсолутна власт, каде луѓе што мавале по наш грб сега се во првите редови на владеење, држава каде новинарството работи во корист на власта,а не на народот.
    Фала, ја нејќум овде да седам, ја нејќум нереди да гледам.
    Денес ако не ја почувстував таа тензија на моја кожа ќе мислев дека Македонија е рајска градина.
    Не ми се прават муабети за соживот.
    Овдека немало соживот и никогаш нема да има.
    Можеби во потесна смисла меѓу две фамилии да,ама соживот генерално нема никогаш да има.
    Нема да се крени никаков глас. Никој не сака за ваква пропала држава да гини.
    И што да крениме глас кога дојде време кога немаме пари ни за леб,а не за да купиме калаши и да ги испукаме.
    Тешко е да трпиш,а уште потешко е да молчиш.
    А, сите молчиме зошто неможиме поинаку.
    И утре и задутре кога ќе го видат та СДСМ та ВМРО народот страден и гладен да им глуми на митинзи и да ги величат зборовите на одамна пропаднатите великани, нека бидат среќни зошто успеале да создадат илјадници марионети кои ги сакаат и ги обожаваат,а веќе вечерта кога ќе се вратат дома се караат со жените зошто немаат пари и дека не можат да живеат во заедница без пари.
     
    На anabel-a, OneDirection, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Добро бе, на 16 години мене ми беше срам да направам едно обично здраво со девојките од моето маало што имаа по 25-26-27 години :^) Овие мочкиве сега, потарашмалки се и од најголемите тарашмалки на светов бре алооооо |( Подмолно суштество, глупаво и просто подмолно суштество :puke: .

    Па и шо се чудам, кога тимски дремат на двете порти и трите тераси по цел Божји ден и оддалеку се дерат „Ееееееееееј, кааааај си мори денеска цел ден, од кај си идиш, шо купииииии?!“ !

    Неизживеани!
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Не можам бре луѓе не можам. Можеби ќе ви изгледам патетична но тишината во куќава ме убива. Потребно ми е да кажам некому, да си ја олеснам душичкава некому. Денес е ден што ќе го помнам секогаш. Нашите патишта се разделуваат. Којзнае дали повторно ќе не спојат.. Направив огромна грешка кога ни требаше уште еден чекор до совршенство. Еден чекор да избришам се што претходно се случи. Доволно ќе беше да одлучев спротивно.
    Немам желба за ништо, само лежам и гличам ко мало дете. И очиве ми застануваат на оние реченици што би ме потсетиле на она што го изгубив. Како намерно да сакаат да ме доуништат. Веќе се ми е матно.

    И повторно тука ќе раскажам сон.
    Беше волшебно, јас и тој се држиме за рака и одиме по пруга што водеше кон врв на една планина. Инаку јас се плашам од возови, но обожавам со него да одам по пруга, се запознавме на планина, буквално се во сонот беше на место, исполнет со нештата кои не поврзуваат.. Покрај пругата имаше прекрасни зимзелени дрва, небото над нас ни најавуваше изгрејсонце.. Кога се качивме на врвот беше како да го имаме светот на дланка, на небото од едната страна заоѓаше портокалова полна месечина, а на другата изгреваше бело сонце.. Сеуште ја помнам сликата со толку интензивни бои.. Ме држеше цврсто, како да не сака никогаш да ме пушти... Брзавме некаде, иако веќе стигнавме на посакуваната цел.. Се свртевме и продолживме по пругата, после кратко време видовме дека пругата се разделува. Без збор тој тргна по едната, јас по другата. Од околу дрвја, меѓу пругите - пустина. И се гледавме еден со друг додека чекориме различни патишта. После долго и тешко одење по пругите, тие се споија. Мојата и неговата.

    Дали навистина пругата ќе се спои повторно?
    А јас не можам да чекорам без него не.
    Помислувам на него, помислувам на вчера, помислувам на денес.. Боли, пече.
    Ама ако, нека е. Нека потсетува за мојата будалештина.
     
    На kravce, anabel-a, honorthyself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Со еден збор. Мизерија.
    Мизерија е она што се случува во мојата држава.
    Со мојот народ.
    Со владата.
    Со земјата.
    Со нас.
    Во мојата глава.
    Мојата иднина.
    До кога?
    Ах колку сум само изреволтирана..
    Лошо... мн лошо :/
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Добро е што постои форумов.Читам цело време мислам на темата која се дискутира и ми лета паметот наместо да се нервирам за тоа вчера.

    Неможам бре срцево ми се ќине.Толку бевме блиски,бев во неговата прегратка,бевме со часови заедно и после тоа вчера одеднаш само за миг се се сруши.Седевме на клупа прегрнати и баш во тој момент почуствував дека нешто ке се случи.Слушнавме викање и тргнавме.Кога се случи тоа морав да го оставам бидејки добро размислив.Ако бев со него ке останев без родители,а не сум сигурна дека он секогаш би бил покрај мене,а моите родители секогаш ке бидат покрај мене и затоа ги избрав моите родители.
    И нема да правам ништо споритвно.Јас сум Македонка,Христијанка,верувам во Бога,имам родители,роднини,топол дом.Тоа ми е доволно.Сватив,родителите се едни,а за машки можам да најдам колку сакам и тоа мн подобри од него.

    Ама сепак ми е жал,таква сум.Без разлика која вера е што е,каков е и да не сум заљубвена во него неможам да поднесам некој да го повредува,малтретира.Кој и да е.Посебно мали невини деца.Мразам малттретирање,навредување,понижување.Ете тоа неможам да го нподнесам.Но тоа го имало и секогаш го има.

    Денес е таков светот.Пазете со кој се запознавате,каде одите.Бидејки нема назад.А за лоши луѓе има мн.Денес ке те гледа во лице ке ти кажува дека те сака,ке те искористи и фрли.Треба да се внимава.Само неколку работи пазете да не изгубите,вашето здравје,себеси,родителите.Без тоа нема живот.

    Ке го заборавам и ке се обидам да мислам на учење,да учам.Утре цел ден над книга.Ветувам.Себеси си ветувам.Си ветувам дека ке се дружам само со другарки на моја возраст,ке излегувам до толку колку што треба,нема да се запознавам со постари или Албанци и нема да ги повредувам моите. :)
     
    На tessie, Katerinceee и H.VAGA им се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ми фали селото,иако за Водици беа само 5 дена,и од почетокот сакав одма да се вратам.Толку го мразев селото,подоцна ги сфатив неговите убавини.Јес да условите се минимални што е нормално за село,мене прекрасно ми беше..Ми фали и дедо Здраве,ми фали детето што ме зезаа за него...Ми фали домчето - најмирното и убаво место во кое имаше место за забава.Ми фали Старата куќа , најпознатата во селото на мајката на баба ми и ноќното претрчување покрај римските гробишта од една во друга куќа на полноќ со братучедка ми и плашењето и пиштењето...Толку малку денови,толку убави спомени..Прв пат почувствував замор,кога во 5 саат сабајле одиш во црква на женски водици искачувајки се сеуште нерасонет по височинките и потоа одиш во домчето да средиш зашто подоцна доаѓаат мажите да пијат и мезат вратени од по куќи...Ми фали и денот кога одевме по куќи и со братучедка ми им ги гледавме домовите,се топлевме на селските печки,и потоа бегавме во домчето да помагаме...Ми фалат долгите ноќи и крцањето,пукањето на дрвата што горат во печата близу мојот кревет,во малата собичка или како што ја викаа -одајата ,и сабајле кога ке не разбудеа кокошките во дворот...Ми фали и селскиот воздух...Како што кажав - ми фали селото..
     
    На Elichka, Markusa2 и Sunchild им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ми се оди на свадба.. :lol:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    СДК... не можам никаде на ФБ да го најдам настанот каде Куку Леле требаше да настапат во Colosseum вечерва.

    :?:

    Дечки, Ве молам ЛП ако имате било каква информација.

    :|
     
  16. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Конечно добитна на спорткса :) и одма да не закаснам одма ливче за утре, е неможе Недела без уплаќање... И така среќава ми ја крати утре станувањето рано за на работа :worried: Сите за понеделник се жалат а јас во Сабота и Недела ...
     
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    и мене истоо фери.... :worried: одам таму само за на лето и за водици 3 дена одвај чекам лето за пак да појдам да си ги видам другарките баба ми дедо ми ми фалат деновите кога со другарките собиравме печурки по ридовите седевме пред поштата до касно навечер се шетавме дури до другото село (зркле).. :lol: едноставо одвајј чекам пак да појдам .. :worried:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    ..И така јас си чекам да ми кажат да одам да си го земам сертификатот. Ги пукнав моиве дома. А што сертификат ќе да беше, појма немам. :D Денеска сестра ми ме праша и се мислев и мислев што ќе биде сертификатот за да и кажам едно:не знам. :^) Пратив важно есеј ја, па што биде нека биде. :tmi:
    Ама, и еден бел лист од 1 денар да ми дадат пак ќе се радувам. После толку конкурси што ги добија исфорсирани деца на некои де од завод, де доктори, де партиски поттрчковци стварно ќе ми значи. |(
    И аман, да почнат у оваа држава знаењето да го ценат веќе, не само кој бил татко му, која била мајка му. Ама ако им е, ќе даваат плати на кадри што си немаат појма.
    И се радувам кога ќе видам дека некое дете како мене, без дебели врски зад него успеало во животот, стигнало некаде. А за другите, што не подигнале потешко од лажица, во школо се најголемите шмизли, се прават дека се знаат, а уствари појма немаат; воопшто немам и нема ни да имам почит, па макар и претседателки и премиери да станат. :!:

    Премногу сум приврзана со моите, посебно татко ми, и ненормално тешко ми беше кога две вечери по ред легнував кажувајќи му добра ноќ само во мислите бидејќи ми се лутеше. :( Ама, колку и да ми се лутеше, без чоколада дома не ми дојде. Галеб 200 грама. Има за 2 секунди да ја смачкам.
    Поздрав :D

    Едит: senza parole еве го. http://cityevent.in/events/477357312323605
     
    На Katerinceee и hrcace им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    На kravce и pamelche им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Срцка мила :hug: И би сестри. :lol: :* макар и виртуелни. :)
    Привилегирана сум. :$
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.