Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    17.134
    Ништо немам за кажување.
    20 за 1, уште нема хороскоп.
    Го чекам него, па да си легнам.
     
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дека викендов ми беше преубав , со најмилиот мој во Охрид , долги прошетки покрај езеро, никој не, не будеше пред 12 , насабајле еден покрај друг мирис на свежина ,ветре и утринско кафе. Прекрасно чуство.
     
    На Springy и hermosa им се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Home Alone навечер и не е баш толку добро :?:
     
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    Е тоа истото се случува и со мене последниве неколку години. Затоа има многу луѓе кои ми пристапиле со мислење дека сум ладна (скоро сите имале таков прв впечаток). Не, во суштина јас сум многу емотивна личност која максимално ги вреднува чувствата на другите луѓе кон мене, но едноставно толку отидовме надолу и во поглед на морални вредности и во поглед на се` останато што, едноставно оладив.

    Знам и зошто. Цел живот се водев по онаа „однесувај се како што сакаш да се однесуваат со тебе“, но сите луѓе не се исти. Веќе луѓево се спремни мајка и татко у комплет да си продадат за некои ниски цели. Затоа се` додека не запознаам некого вистински, ќе наиде на студена фасада со која се бранам. Тоа е, идеалист кога ќе го прими еднаш шамаров на 21виов век во кој веќе ненормалното и нормалното си ги замениле местата, некако се` му е сеедно понатаму.

    Што е најинтересно, тој штит не ни знам кога точно го создадов. Дело на мојата потсвест дефинитивно и дело на шамарите на времето.

    А и подобро, барем покрај мене ќе останат личностите кои навистина вредат. Како викаше Мерлинка „ако не можеш да ме поднесеш во најлошото, не ме заслужуваш во моето најдобро светло“.

    Може сум досадна со изјавава, ама мислам дека го претераа. Ни мене не ми беше нешо посебно песната, самокритичност е многу добра работа, ама ова е веќе дно на невкусот. Најавија промени и наместо да ги поттикнеме, ние вака ги демотивираме.

    Ljubam, те избришав од цитатот од шо не сакам да мислиш дека нешо лично против тебе имам или сакам да ти реплицирам или да се расправам. :$
     
    На Hopeful, julie77 и lovely91 им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Добро за навечер да ама сепак мене ми беше убаво
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК Т.Е САКАМ ДА ПРАШАМ ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА ИМА НОВ ДЕЛ ОД ТРИ МЕТРИ НАД НЕБОТО И ДАЛИ ЗНАЕТЕ НА КОЈА СТРАНА МОЖАМ ДА НАЈДАМ ДА ГО ГЛЕДАМ.БЛАГОДАРАМ
     
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас освен за 1-2 дел незнам а ако не си го гледала 2 можеш на филмовизија јас таму го гледав
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ме победи а?
    Среќна си сега?
    Па се знаеше дека ќе победиш кога јас сум многу послаб противник од тебе...
    Мило ми е што победи навистина
    Сега види ја наградата што ја доби
    Убава вреќа внатре полна со измет :clap: :clap:

    Честитам ! Со здравје да си ја користиш
    И нареден пат кога влегуваш во борба, види за што се бориш и дали вреди наградата :)
    Сега доцна е
    Нема враќање
    Наградата ке ти смрди цел живот, бидејќи заслужуваш цар, а доби говедар.
     
    На Katerinceee и Westlife им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Како растам, поинаку ја перцепирам љубовта, што е нормално. Сепак, моите „критериуми“, кои не би рекла дека се високи, туку се повеќе специфични, многу се променија низ годините. Изгледот е при крајот на оваа моја листа. Важен е, но не пресуден. И онака убавината е минлива.

    Првото нешто кое ми е најважно (кога не сум пијана :D) е карактерот. Поклише муабет нема, ама јас и дотичниот мора да сме на слична бранова должина. Нема да набројувам карактеристики затоа што не знам кои би ги ставила, освен класичните добар, искрен, и верен, но само преку еден муабет можам да проценам дали личноста ќе ми биде само познаник, пријател, или можеби нешто повеќе.

    Втората работа е образованието. Знам, дипломата не значи и интелигенција, но сакам амбициозно момче кое се труди и учи и има некои цели во животот. Не сакам планктони кои плутаат наоколу, живеејќи од денес за утре. Едноставно сакам некој кој си ја знае работата, дали терал факултет или работел негде, Бонуес е ако е општествено активен во некоја организација, клуб, или нешто слично.

    Трето е музиката, по кој ли пат ја споменувам :D И овде сакам некој што знае што сака, не мора да слушаме буквално иста музика (секако со исклучок на турбо-фолкот)! Сепак, факт е дека сите мои симпатии ги сакаат Arctic Monkeys, еден од моите топ 3 бендови, и не би рекла дека тоа е коинциденција :D

    Некаде при крајот, изгледот. Само да е повисок од мене и да не е ќелав. Заеби бајкерски капи, плава косичка и да е во бенд. Само овие две работи, се` друго се поправа.

    И да има малку чуден смисол за хумор, како мене. И да не е прекрасен кога сме сами, а идиот пред другарите. И да ја нема МАМА на speed dial. И најважното, да не ме гуши, затоа што сум голем скитник и ми треба време сама. Да ме разбира. Се прашувате зошто се` уште сум сингл? :D
     
    На Springy, lunicka, Elichka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Оти нема хороскоп, уште?
     
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Домот е тоа што самата јас, заедно со мојот партнер го создавам. Многу сум среќна дека го најдов него и дека си имаме некакво домче.
    Знаете дека сега сме во процес на собирање на прибор за домаќинство. И многу ми е смешно. Не се препознавам самата себеси за се што правам и до каде сум стигната. Јас си признавам дека никогаш не мислев дека личност како мене, која е цвикле на жалопојки, ќе си го најде својот Брадосан. А не ни го барав, тој ме најде самиот.
    И доколку имате 25 и сте во ваква фаза на заеднички живот со вашата љубов знаете што зборувам. Абе јас сум девојче, а уште од сега треба да бирам чинии, чаши, лажичка. И како да не ми е смешно. Ама за бебе сеуште имам едно тврдокорно не. Ете тоа ама навистина нема.
     
    На kravce, anabel-a и ilipili им се допаѓа ова.
  12. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК се нервирам..Сакам хороскоп! :clap:
     
    На babyblond и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  13. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Кога ке погледнам длабоко во моето минато, гледам болка, грешки, скршено срце, солзи...
    кога ке погледнам во огледало гледам сила, научени лекции и гордост.
    Ќе се борам, ке стегам заби и нема да дозволам ниту еден дел од минатото да ме покори...
    за мене!
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Де бре, без хороскопов не ве фаќа сон ли? И утре го помните од кога ќе го прочитате?
    Не знам колку верувам во хороскоп, ама од кога ќе го прочитам, неговиот отпечаток во мојата меморија трае исто колку и гледање на кафе, значи, додека слушам како некој ме лаже, потоа ми дува силна промаја во мозоков и си оди сето сеќавање на хороскопот/кафето.

    Друго сакав јас да си кажам, многу ми оди да викам кога некој од странство ми зборува за ограничени избори, а не дошол тука да види во каков кафез живееме. Толкаво ропство за интегритет, прогрес и можности постои тука, што дури и сме малоумни и затворени во мозоците.
    А кога спомнав затворени мозоци, ми текна на иронијата од страна на најверојатно министерство за образование, кога не мотивира на МТВ со рекламата за напредок и такви срања достапни само за поданиците на моменталната владеачка партија (уште поголема иронија е да се употреби напредок во иста реченица со овие) која вели дека умот најдобро функционира кога е отворен, а после неа следи една контра реклама за дрога. Е сега, иронијата не е што во Македонија умовите се покрај затворени, и заклучени веќе, туку тоа што цитатот за умот е од најголемиот пропагатор да го наречам на ЛСД, халуциногена дрога. И после сето ова следува реклама знаењето е сила знаењето е моќ. Така е дечки што во собрание читате Теа Модерна, знаењето е сила и моќ, отворете го умот и внесете малку, и секогаш проверувајте си ги изворите. Ова една бесплатна лекција од мене, срцки сте.
     
    На kravce, Sunchild, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Нешто што не верував дека некогаш ќе го речам....ми смета тишината :o
    Седнав надвор во двор со кафенце и фемина мислејќи дека ќе уживам во мир и тишина ама изгледа се навикнав на галамата од син ми и сега ми смета оваа тишина.

    Пред некој ден го гледам мм буричка насекаде низ дома иако не признаваше си го бараше подарокот за роденден, му викам џабе бараш, јас како штедлива мома намерно те земав затоа што имаш роденден еднаш во 4 години, лани ти купив подарок, наредниот очекувај го 2016 година :D
    Не сум до толку штедлива му купив карти за F1 ама не е на одмет малку да се зезам на негова сметка затоа што е голем љутко :lol:
    Мајка му е опседната со добивање на прва внука, му го честита роденденот со искрени желби годинава ќеркичка да држел во раце :lol:
    Страв ми е ако родам женско свекрва ми ќе ми ја киднапира :D

    Вчера го носевме нудистчево во зоолошка, на секое животно му правеше муууууууу :rofl:
    Џабе устата пења ми фаќа објаснувајќи му ги сите видови на животни и нивните звуци тој упорно само муууууу им викаше а после дома на слики ги кажува скоро сите звуци кои ги прават животните ]:)
    Ете така со деца не се садат краставици :D

    Иако календарски почна есента, времето е преубаво, ќе го носам после нудистот да ужива малку на плажа, мора максимално да се искористи преубавото време додека трае.
     
    На sweet-cherry, kravce, kate21 и 34 други им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека се замарате за глупости за кои тој што треба не се замара, а вие се понашате ко од нив да ви зависи животот. Ајде олабавете малце, утре е недела, пролет иде, а-у.
     
    На kate21, prettyliar и Srekicka им се допаѓа ова.
  17. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ајдеее, 3 и пол саат дошло, а јас око неможам да склопам..
     
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Баш ме вадат од такт сите,кога че ми речат блазесити бе "живци од коњ имаш" ?
    Кои живци од коњ бе !?
    Или кои добри афинитети ги имам за одлична глума кога не ми се сите офци на број ?
    Како и дае..не е исто
    немам ни малку живци од коњ,ама знам и да не си ги губам нервите за најмалите ситници..!
     
  19. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    ЈАООО луѓенца , ме нервираат сите околу мене , неможам да ги поднесам :@ ме вадат од такт :devil: :envy:
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Временцево е убаво, ние бањатки, мекани. :sun:
    Тој ме прашува дали знам зошто Февруари има 28 дена, а јас замислена во фемина, па ме заебава демек, го гуглам. Ма, нема врска- дремам на фемина! :D

    И мислам дека е идеално за пикникче у парк. Скопје е весело, оти е сончево. :f: :sun:

    П.С. Она доле метроно со ливинг хелти шо е, не се важи баш. :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=6nrTUmJxfzM

    http://www.youtube.com/watch?v=euS2SlC68q8
     
    На kravce, Doozy, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.