Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро феминки :)
    се обидувам секој ден да бидам весела и позитивна колку и да ми е тешко и колку се да ме боли од да не ми е денот-во последно време некако се оди наопаку, немам време за ништо ама позитивната аура секогаш е присутна во мене :)
    и дознав тоа што сакав да дознаам-кога правната комисија има состаноци и едвај чекам да отидам таму-иако претседателот не сакаше да ми каже ама што познавам личност-правник е , ви имам пишувано за неа таа ми кажа, фала ти Господе што постојат фини луге на светот,а да бидам искрена уште од мала ме интересираше правото по малку и баш размислував да се распрашам ако би можело во иднина да се префрлам на нашиов универзитет вонредно-отом -потом
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    СДК
    Првата грешка се простува, првата оценка не е важна, првта солза се брише, но првата љубов е трајна!
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    На поклон добив украс кој што симболизира семејство. Ставен е на видно место и кога и да го погледам ме потсеќа на една случка.
    Живеам блиску до домот за деца без родители ,,11 октомври,, и кога бев мала често со моето друштво доаѓаше едно девојче од домот за да си играме. Дојде денот кога требаше да го земам првото свидетелство, се облеков во новото, жолто фустанче и тргнав со мајка ми и татко ми накај училиште фатени за раце. Од другата страна се појави девојчето и таа е сликата што ми е врежана во глава и ја гледам како вчера да било. Очи полни со тага, едвај успеа да развлече насмевка и да го подигне рачето за да ми мафне. Боже, колку им е тешко на децата што никогаш не ја вкусиле благодатта на семејството. Сите ние се нервираме кога мајките ни се јавуваат по сто пати да не прашаат да не сме го заборавиле клучот, дали сме јаделе, дали носиме веш маица во зима, или татко ми кога ме караше кога ќе добиев 3ка, а дали за овие деца се грижи некој така?

    Ден посветен на самата себе. Чупање, депилирање, лакирање, маска за лице и четвртина бурек со месо на маса. ]:)
     
    На bittersweet, kravce, Hopeful и 12 други им се допаѓа ова.
  4. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Има ли нешто поубаво од чиста и искрена љубов?
    Посебно онаа "почетна љубов-затресканост".

    Зарем не е прекрасно чувството кога си исполнет и тотално затрескан, кога забораваш да јадеш од среќа? :sun:
    Или кога целата трепериш, срцето ти чука забрзано :l: , а во стомакот имаш не пеперутки - туку цела зоолошка!
    Сите барем еднаш сме доживеале ваков период во својот живот.
    Кога копнееш да го видиш, кога денот ти завршува мислејќи на него, го сонуваш и одвај чекаш да дојде другиот ден за повторно да го видиш.
    Денот поминува, а ти веќе по 100ти пат се фаќаш како размислуваш за него, несвесно... :$
    Постојано си насмеана, повторно несвесно, а нема ништо поубаво од тоа да шириш позитивна енергија околу тебе.
    Секој момент поврзан со него, негов поглед или насмевка, негов збор или било што поврзано со него те доведува до лудило и ти доаѓа да си пукнеш од среќа :lol:
    А мозокот ти се пореметува и ти реагира само на неговото име, друго ништо не е важно :D

    Ахх колку го обожавам тоа чувство :inlove:
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    A да не ги храневме троловите, шо викате?
    Остајте ги Мr and Mrs Troll да си се дружат, кај и да е, досадно ќе им стане без нас.
    Заедно сме посилни! Поздрав.
     
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Од дома, од тросед. Стуткана меѓу куп перници и домашна атмосфера. Сурија луѓе и одвај отворени очи. И дома.

    Уште не ми е реално дека не бев тука речиси 6 месеци. Дека Скопје е исто но сепак сменето. Дека јас живеев сама, за прв пат. Си ги преслушувам сите глупости, среќни и помалку среќни моменти кои ми се случија и како ми влијае. Искуството секогаш не менува од тоа нема бегање. Дали на добро или на лошо останува да видиме. Имам една грутка во срце која вчера порасна три пати. Ни сама не знам зошто, ама тие 10 минути ми беа потешки од овие шест месеци.

    Сега и се вратив на реалноста. На проблемите и радостите кои таа ги носи со себе, на работи кој можам и не можам да ги средам колку и да сакам. Диши и издиши, доволно е за сега.
     
    На sweet-cherry, kravce, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  7. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=9pWgsQQI0qM КОШМАР!!! Недела е, а јас уште од 7 саат ја слушам..И ја слушам комшиката си пее, си смука, и еве вака започнува една моја недела..Тоа е :|
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
  9. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Леле преубаво е времето! Уште малку ќе излезам со дечко ми да прошетаме низ град, да јадеме пица,да уживаме во сонцето! Потоа во кино на некое добро филмче-акција и пуканки. СРЕЌНА СУМ иако утре треба да станам во 6 часот за во школо! :D
     
  10. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сакам да кажам дека лошото во недела е што утре е понеделник. |(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    Си ја пуштив: Каква е оваа ситуација од Игор.

    Почетоков на песнава целосно ме освои уште одамна. Колку само добро е вклопен делот од Волшебно самарче со оној почетен ритам и малку налудничавите фаци на Игор ...чуствувам како ритамот мине низ моите вени и ме придвижува.
    Ми делува мотивирачки, ме инспирира и поттикнува да ја мрднам ценетава позадина и да преземам нешто што ќе биде од поголемо значење.

    И јас си се запрашувам каква е оваа ситуација :rofl: .
    Ситуација чорба.
    Но секој си е кретор на својот живот и својата ситуација, само треба да си дозволи оние длабоки амбиции, сништа и копнежи да излезат на површина и да се почне да се работи на нивно остварување.
    Толку многу планови, соништа, амбиции.

    Боже да не сакам премногу?
    Да не пребарувам?
    Да не го губам привидот на она што веќе го имам во потрагата на она што сеуште не ми е на дофат?


    Многу прашања кои добро е што се поставени а не игнорирани. Самото нивно поставување и разгледувањето на опцијата за нивно евентуално постоење е добар.
    Се додека постојат црвсти темели и солиден материјал висококатницата може да се дига нагоре во висините.

    Лани годината беше катастрофа. Сите надежи беа свртени кон оваа, онаа пресвртната за мене.
    Ту ду, или ту гед листата беше одамна подготвена, мое е само да ги штиклирам нештата.
    Втора диплома, втор пасош, четврт јазик, преквалификација во работата ...сето тоа за остварување на мојот сон.
    Нов почеток далеку од тука.

    Таму некаде каде има море. Каде ќе седам на кеј стуткана во неговите прегратки и ќе набљудувам како под огромните мостови минат стотици бродови.

    Толку многу сакам, толку многу можам, толку многу ќе сторам.
    Животното мото е испишано во мојот потпис.
     
    На bittersweet, Trnche, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Откога ја добив пораката од Билката, дека јас играм задкулисни игри со Лилит, за форумов, затоа што имав став, и кажав дека ми смета модерирањето на Реин, и дека треба да се внимава на оние, кои им носат пари во џеб на администраторите. Не знам кој муабет сте го свртеле со Реин, ама сериозно жал ми е, кога не знаете да се носите со критиките, и што еве во овој случај не ве потапшав по рамо, и не ви реков дека форумов оди во нагорна линија, а не оди, јас ќе ви кажам извинете што ме доживувате како закана, и што не доживувате како бројка, не онака како што треба. И извинете што бев директна и не се обраќав во лични пораки, Билке од тебе очекував поинаков пристап. Многу добро знам што е социјална мрежа, профитабилност од нејзе. Ви благодарам за можноста да се искажам, и да се олеснам на форумов, да кажам што имам, да покажам се надевам и да поднаучам. Ама ова е дефинитвно моја последна порака на форумов. Фала богу, ако сакам да се искажам има и други форуми, каде не гледаат толку пристрасно кон своите модератори. И имаат поинаков пристап. Не бев закана, дадов забелешка, и не ја вжештував ситуацијата како што велиш ти. Значи треба да се потрудите да смените некои работи, а ако не поработите на тоа, ќе изгубите квалитетни форусмки имиња како што изгубивте досега.
     
    На Foreveryoungiwannabe, sweet-cherry, sesilija и 30 други им се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Нека си помислат или речат дека сум невоспитана, некултурна, дрска, дека немам почит за постари од мене и што и да е, ама јас само ќе кажам не можам да се сложам со нечиј апсурден начин на размислување. И ајде мани тоа, ама да ми го наметнува тоа на мене и да ми кажува како треба да биде... :x
    Може кај нив така треба да биде, ама не мора да значи дека и кај мене и моите дома така треба да е.
    Ми го крена притисокот, зоврев и уште малку да продолжеше да зборува ќе пукнев мислам од нервоза и немаше да се контролирам што да кажам и направам.
    Не сакам луѓе што се така напернати во моја близина. Едноставно многу се замислуваат и претеруваат.
    Што сакаш мисли си, јас си имам свој став. Ти наметни си го тој став на децата твои ]:) . И не соли толку памет. Ај мрш :smoke:
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Епа ете....денес е денот ^_^

    Куферот е скоро спакуван, мозочето (or what's left of it) уште од петокот од 16:30 остана во канцеларија и ќе си седи таму додека не ми заврши одморот, јакна, капчиња, шалчиња, ракавички, џемперчиња-спремни. Гледам на интернет дека не е ладно, ама сепак, не се на одмет :) Како и пред секое патување, ме фаќа некое малку шугаво расположение, има некоја грозна коинциденција секогаш кога сум некаде надвор од државава, нешто лошо и се случува на сестра ми или некое од двете мои среќички :worried: Само се надевам конечно еднаш ќе се прекине грдата традиција. Освен тоа, и мајка ми ја оставам испонастината и затната, со температура....Ама ај, во добри раце ја оставам, знае татко ми и тоа како да се погрижи за неа и да ја оздрави брзо :) Инаку, се радувам ко мало дете, еве ваква сум отприлика :)

    http://24.media.tumblr.com/97cde975f448 ... o1_500.gif

    Останете во добро здравје и прекрасно расположение, јас се одјавив :hai:


    Bis bald! :hai:
     
    На Elennaa, bittersweet, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Знам дека скоро секогаш сум ги ставала другите пред мене. А мене, не знам зошто, туѓата среќа ме прави уште посреќна. И ми беше совршено убаво.
    Другите ме опишуваа како нежничко, добро и повлечено суштество. Но, не знаеа ништо за мене. Не дека се претставував во друго светло, само никогаш не успеав да се искажам себеси зошто знаев дека ќе останам неразбрана.
    И нели, кога луѓето ќе видат некој таков, веднаш сакаат да го искористат. Мене ми беше смешно. Се гушеа во сопствените пориви. Копаа дупка, копаа бездна. И место да ме бутнат мене внатре, пропаднаа и сеуште паѓаат.

    И жал ми е за нив. Жал ми е, зошто знам дека никогаш нема да научат што значи да бидеш жив. Тие всушност, се најтажните луѓе што ги познавам.

    И да можев, пак ќе им помогнев. Им давав втора шанса. Пак пробуваа да ме заебат. И еднаш, една од ретките девојќи што можам да ја наречам пријател ми рече:
    - Па добро, нели ти е криво што пак им даде шанса, и пак излегоа истите гом*а како порано?
    - Не, реков - и никогаш нема да ми биде. Тие самите си докажа на себеси колку вредат како луѓе. Јас ништо не изгубив, а тие се губат себеси се повеќе и повеќе.

    Но и јас се сменив. Научив да не верувам секому. Научив дека најдобро е да работам на мојата среќа, на прво место. Научив да се воздржам. Некогаш и јас повредував, и ме гризеше совеста но некогаш мораме и ние да згазиме пред да бидеме згазени.

    Станав имуна. Низ толку поминав, и веќе чувствувам дека не ме допира скоро ништо. Претпоставувам дека пораснав.

    Порано знаев лесно да се расплачам, беше лесно човек да ме растажи.
    Научив дека моите солзи вредат многу повеќе и никој не ги заслужува.

    И веќе не плачам. Никогаш.
     
    На ana-girl, karenin, sadangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    СДК, од една страна ми падна огромен камен од срцето и ми се смири совеста, дека го правам несреќен и дека се однесувам со него како кон ѓубре, а од друга многу тешко ми паѓа за него, затоа што знам дека животот го посвети да ме направи среќна. Дефинитивно досега никогаш не сум ставила потежок крај од овој ;( Не заслужи, едноставно не заслужи, но неможам против себе :doh:
     
    На Trnche, anuskaNESTLE, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека направив нова тема : „Искомбинирај и Нашминкај“ па ајде пробајте :lol: :$
     
  18. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    СКД вчера бев на натпревар во Јахја Кемал и си дојдов со стипендиичка :inlove: :inlove:
     
    На Ana122, Sunchild, sadangel и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба одмор! :!:
     
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    3 Март денес, денот на лезбејките, со другарка ми си го изчеститавме празникот :rofl: Брливи сме бе.
    Ме радува времето денес, преубо е а јас баш денес треба да се затворам и да учам, аман бе која иронија, а уште поголема иронија дека колоквиумите ми се во најубото време од 18 до 22 март, ако е топло ќе се убијам, да не можи да прошета чоек на рает |(
    Missing someone + No text from them = worst feeling, Да, најгрдоо чувство евер.
    Во ПМС сум и се ми се јади, ги изедов пола крофни дома :lol: ,ги жалам мојте денес ако ги терам да купват се она шо ми се јади, ќе банкротират кутрите :lol:
    Како и да е ојдов јас да учам, белки ќе имам сила да поднаучам нешто ако не ми се приспие. :yawn:

    Кис4е.ком.мк :*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.