Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК колку е убаво временцево надвор :angel: :sun: хм.....милина, заминаа двата тмурни месеци у неповрат :D ]:) Ми се допаѓа кога е топло, летно време, колку е убаво, мож пеколот е, ама барем не се товарам со еден куп облека на мене, подобро е, полесно, а не зимно време со цел плакар на мене :D кај се носит цел плакар? :D Освен на некоја двоколка да се влечка истиот :D Е затоа е убаво топло кога е, не мора плакарот да се носи со себе :D
     
    На Elichka, Someonespecial, k.i.m и 2 други им се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Само што заклучив дека ако продолжам со ова темпо доста веројатно е дека никогаш нема да дојдам до Оскар. :o

    Па, добро.
    Сите имаме соништа.
    Многу ли барам?
    Го гледав оној Silver linings playbook.
    Зошто точно Џенифер доби Оскар?! Најдобра актерка?

    Штом таа има две номинации зад себе и еден Оскар на 22 години, јас со 19 страшно заостанувам.
    Сакам да се викам Delilah.
    Може да ми биде stage name со оглед на тоа што моето е типично македонско име.

    Што ако како Силвестер Сталоне напишам сценарио што ќе биде хит како Rocky Balboa?
    Некаде читав дека бил без скршен денар кога го напишал сценариото, дека бил актер без работа, па морал сам да си создаде.
    Како верувал толку во себе, дека тој е вистинскиот актер за таа улога?
    Како бил уверен дека после толку одбивања, тој се уште е способен, актер достоен за големи улоги?
    Си го продал кучето за да дојде до пари, ама не и сценариото доколку тој не го прифаќале неговиот услов тој да го глуми Роки.

    Вистина ли е сето тоа?!
    Ако тој можел, зошто не и јас?
    Се што треба е да создадам улога перфектна за себе.

    ^_^ :nod:
     
    На kravce, Hopeful, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Што е убав денов милина :D
    Мада човек ненаспан ко мене не може убаво да си го помине :/
    Стануваш во 1ипол и уствари сфаќаш дека имаш колоквиуми другата недела и мораш да учиш зошто не сум пипнала книга... а види го времево плаче за во парк :(
    Ама ако ова памет за у глава секогаш ветувам дека ќе си учам постепено и оп 1 недела пред колоквиуми учиш турбо и надежен си дека ќе положиш нешто :D
    Одовив 2 минути за да си се утешам ама тоа е ...
    Ај доста зборев ме чекаат книгичките нема смисла веќе
    Убав ден на сите феминки :)
     
  4. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Само продожи ти да живееш на туѓ грб. Ќе биде човек од тебе ;)
     
  5. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Што ли очекував јас, на што ли се надевав?
    Се срамам од себе си, се изневерив... самата си ја прегазив гордоста, љубовта ми ги замолчала разумот што веќе не слушам ништо друго освен лагите на срцето...
    И поради тоа останав скршена повторно, таа болка во срцето ми се вгнезди како во дом... почнав да се навикнувам на неа... почнав да се навикнувам на сета тага.. на солзите на мојата перница... на горчината во грлото кога ке се сетам на твоите зборови... се навикнав на се.
    И како сега кога пак го изневерив ветувањето кое го дадов кон себе дека нема да ти се вратам и нема да ризикувам да бидам повредена пак го прегазив и ти се препуштив пак ке се погледнам себеси пред огледало и ке речам не повеќе? Кога во себе сум убедена дека и илјада пати да си го ветам тоа нема да го исполнам..
    до кога вака, до кога сама ке се фрлам во огнот мислејки дека нема да изгорам?
    Сама си сум крива што ти верувам.. а јасно е дека ти нема никогаш да се промениш, од тебе никогаш нема да добијам вистинска љубов.... само ме користиш.. а јас секој нареден пат помислувам дека можеби си се променил..
    како да престанам и да побегнам од ова, ти си ми како дрога...
    на моменти чувствувам како да полудувам, како да немам излез освен да ти се вратам тебе..
    никој веќе не ме слуша, нити ме советува.... сите ми велат дека во љубовта нема правила и нема погрешен избор ако тоа те прави среќен.... ама каде сум јас овде? се изгубив и немам никој да ме утеши.. да ме сослуша.. да ми помогне... ;(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    На bumbi и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Многу ми се допадна мислава, па решив да ја споделам со вас...

    „Кога јас сакам да зборувам, никој не ме слуша, кога тие сакаат да зборувам, немам што да им кажам.“
    (Винстон Черчил)

    Мене често ми се случува..

    :hai:
     
    На Chica.Loca, sweet-cherry, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  8. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Денов - преубав! Колку ми само фалеше ваков ден со сино небо.. се е поубаво кога има сонце. Веднаш излетав на терасата да се печам ко некој гуштер :) Од денес имам нова цел - почнувам да вежбам, да си ја вратам енергијата оти зимава ме осакати.
     
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ziva e Ann, samo da ve izvestam :)
    Se izvinuvam za latinicava, od fon sum.

    Peperutki, baagi golemi vo stomacevo mi se naselija :$
    Srekjna sum, I na dusava mi e ubavo bas kakvo sto e ubavo vremencevo denes :sun:
     
    На Elennaa, kravce, kate21 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Убав ден денес, недела знае да биде и досадна, ама супер е денес (барем засега :lol: ) Full of energy :wasntme:
     
    На Glossy-girl, pamelche, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    се гордеам со тоа што мојов живот е олку динамичен и тоа ме прави среќна :*
     
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Не сакам кога во еден момент имам толку многу чувства,а уште помалку сакам кога тие се лоши.Не знам како ќе се справам со се :^) Би сакала да го имам волшебното стапче и со едно кружно движење да сменам се.Или би сакала да легнам да спијам и да ги преспијам наредниве 20тина часа.Ах колку ми е потребно да се извриштам и исплачам ,а не смеам.Не заради него и децата,а и не знам дали ќе ми помогне.Знам дека го чувствува мојот страв,а знае и дека јас го чувствувам неговиот. Денес цел ден си ги избегнуваме погледите, свесни сме дека ако ни се вкрстат ќе биде уште потешко.Се плашам,мислам дека никогаш не сум чувствувала ваков страв и тоа уште повеќе ме вознемирува,ми го крши срцето на ситни парчиња,ме боли,ме стега,ме гуши....
     
  13. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Помина неколку денови од мојот последен “флерт” со пишаниот збор, но токму денес добив интензивен набој на зборови во главата од кои морав да се ослободам или “жив” ќе ме растргнеа.Чекорам по патот размислувам колку може да биде прекрасен животот, воздухот душата ми ја исполнува а мојот поглед пламнува далеку некаде “зар сите се среќни секаде”?! Не знам ни каде одам но едно знам дека низ главата ми се мотаат безброј прашања на кој немам одговор, животот ми станува како една игра без граници.И тишината во мене станува бучна, мигот станува бескраен а јас станувам оксиморон. Да,моите чувства немаат смисла, сам сум потполно сам.Едниствено што ме повлече назад беа пријателите и нивните слатки зборови, кој ми беа единствена светлина во црнилото што го завладеа мојот живот.Понекогаш ме прашуваат, зошто не се смееам од срце како порано, зошто длабоко во душата имам голема тага?Не веќе нема да биде тоа! Не заборавајте, за се во животот има решение, можеби вие не можете да го видете тоа, а тоа е пред вашите нозе!Секој ден носи нов сјај со себе!Не мисли на вчера, помина...помини го денот убаво, затоа што утре можеби нема ни да дојде!Трагично е кога животот ти станува комедија затоа верувај, сакај живеј а за превентива земи си Б6, за секој случај :lol: .
     
    На glosipgirl, Ilusionist, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Сум станала голема сшанка , да се спие до 15:30 не е нормално.
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Толку многу ветуваме кога сме среќни, а колку малку исполнуваме.

    А, има и една интересна работа. Кога си среќен, сите околу тебе ти доаѓа просто да ги изнагушкаш, никој не ти смета.
    Кога си тажен, нервозен, сите ти се криви, сите ти сметаат.
    И не знам зошто е ова вака, ама дебилно е.
     
    На kravce, Mrs.Cuper, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Не постои нешто поточно од ова. :!: :|
    [​IMG]
     
    На butterfly33, Yipman2 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  17. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Махер сум за некои ствари :) браво за мене
    xoxo
     
  18. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Шо шема е да се мрази понеделник?? :^)
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете ме мене. Денеска се случи најубавото нешто во мојот живот до сега. Иако мислев дека го губам,дека ќе е крај меѓу нас тој ме запроси :inlove: :D.Не можам да го опишам чувството.Прво бев ваква :o :nod: :wasntme: па после цел ден сум ваква :D :inlove: :l: ;( од среќа.Никој и ништо не може да ми ја тргни насмевката од лицево. Сега знам дека тој ќе ме држи цел живот за рака,ќе си бидеме поддршка еден на друг. Веридбата наскоро ќе биде,скоро се е договорено :D.Не е важно каков е прстенот,дали има еден или повеќе дијаманти,ниту пак парите важна е слогата и разбирањето покрај љубовта. Мили на сите ви посакувам да доживеете ваква среќа бескрајна љубовна, неопислива.
     
    На sweet-cherry, honorthyself, tropix4e и 94 други им се допаѓа ова.
  20. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Честитки ilipili , се најдобро ! Многу ми е мило :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.